Мала станица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 09:37:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мала станица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ново издание од програмата „Совршениот уметник“ од 21 до 25 април во Мала станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/novo-izdanie-od-programata-sovrsheniot-umetnik-od-21-do-25-april-vo-mala-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/novo-izdanie-od-programata-sovrsheniot-umetnik-od-21-do-25-april-vo-mala-stanitsa/#respond Thu, 20 Apr 2023 09:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=825838

Почнува новото издание на дискурзивно – едукативната програма за млади уметници насловена „Совршениот уметник“. Во рамки на оваа програма, која ќе трае од 21 до 25 април во објектот Мала станица, учество ќе земат повеќе млади уметници а туторијали ќе имаат културните работници Ивана Васева, Оливер Мусовиќ, Верица Ковачевска, Виолета Качакова, Филип Јовановски и Амра Исмани. Програмата се одржува во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на наградата „Денес“ за млад/а визуелен/на уметник/чка и 75-годишнината од формирањето на Националната галерија на Северна Македонија, како и за објавувањето на повикот за наградата „Денес“ која од оваа година ќе се случува на годишно ниво. Повикот за доделувањето на престижната „Денес XVII“ е објавен од денеска до 31 мај, на линкот. Дискурзивно - едукативната програма „Совршениот уметник“ е практичен и теориски курс наменет првенствено за млади уметници, кој е организиран од кураторката Ивана Васева од здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ во рамки на наградата „Денес“ за млад/а визуелен/на уметник/чка. Идејата на оваа програма е да го прошири опсегот на интересите на уметниците, да создаде простор за критичка анализа и преиспитување на уметничката продукција во рамките на севкупниот општествен и политички контекст, како и да понуди практични алатки за негување на нивната уметничка практика. Програмата „Совршениот уметник“ вклучува голем број локални, регионални и меѓународни гости, таа првенствено се фокусира на млади уметници, но може да се приклучат и сите заинтересирани. Учеството во програмата е бесплатно. Дискурзивно - едукативната програма СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК за прв пат се одржа во 2017 година и е организирана во рамките на наградата „Денес“ за млади визуелни уметници до 35 години. Наградата „Денес“ е награда за млад/а визуелен/на уметник/чка до 35 години во Северна Македонија и е основана во 2002 година, а за прв пат доделена во 2003 година. Таа е дел од меѓународната мрежа Награди за млади визуелни уметници во Централна и Југоисточна Европа и се доделуваше како двомесечен престој во Њујорк, а од 2023 година вклучува нејзино годишно одржување и други новини и резиденции, покрај резиденцијата во Њујорк. „Совршениот уметник“ и наградата „Денес“ се во организација на здружението „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ а се поддржани од Trust for Mutual Understanding од Њујорк. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/novo-izdanie-od-programata-sovrsheniot-umetnik-od-21-do-25-april-vo-mala-stanitsa/feed/ 0
Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica/#respond Tue, 24 Dec 2019 07:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=281431

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица ќе ја отвори годишната изложба на која учествуваат 73 автори негови членови. Друштвото посочува дека овие годишни ревијални изложби се значаен дел од летописот на ликовната уметност во земјава и дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на овие изложби – од првата во 1945 година па сè до денес. -За да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност, ДЛУМ ја организира оваа ревијална изложба. На тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ, всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја презема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори, соопшти ДЛУМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica/feed/ 0
Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-mustakjlii-vo-mala-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-mustakjlii-vo-mala-stanica/#respond Thu, 14 Nov 2019 06:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=263849

Националната галерија вечер во Мала станица ќе отвори изложба насловена „Мустаќлии“ во контекст на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање мустаќи кај мажите – Movember што се организира секоја година во ноември. Изложбата е прво издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој ќе вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно поврзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со куратор од галеријата ќе работат на некоја тема инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта е од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно богатство. За првото издание Галеријата го покани д-р Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар, книжевен преведувач кој ја предложи темата „Мустаќлии“, а негов ко-куратор беше виш кустос Ана Франговска. Во текстот за изложбата д-р Мартиновски наведува дека во текот на XX век во македонската ликовна уметност се создадени низа впечатливи портрети на „мустаќлии“. -Преку избор од педесетина портрети на мажи со мустаќи од богатата колекција на Националната галерија на Македонија, реализирани во различни ликовни техники, изложбата „Мустаќлии“ има за цел да загатне низа естетски, семиотички, антрополошки, социолошки, културолошки и родови аспекти на овој феномен, наведува, меѓу другото, Мартиновски. Изложбата во мала станица ќе може да се посети до 8 декември 2019.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-mustakjlii-vo-mala-stanica/feed/ 0