малата јана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Jun 2023 13:24:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png малата јана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството го примило извештајот за Јана: Ќе одговара ли некој за смртта на малото девојче? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvoto-go-primilo-izveshtajot-za-jana-ke-odgovara-li-nekoj-za-smrtta-na-maloto-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvoto-go-primilo-izveshtajot-za-jana-ke-odgovara-li-nekoj-za-smrtta-na-maloto-devojche/#respond Wed, 14 Jun 2023 13:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=845640

Основното јавно обвинителство Битола го примило извештајот за случајот со смртта на малата Јана. „Основното јавно обвинителство Битола го прими извештајот од анализите за причинско-последична поврзаност меѓу смртта на девојчето и извршената интервенција што ги вршеше институтот за судска медицина. По разгледување, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“ – велат од обвинителство, пренесе Канал 5. Случајот покрена бура реакции во јавноста откако 6-годишното девојче почина неколку часа по приемот во битолската болница, а нејзините родители, тврдеа дека починала по примена инфузија. Комисијата за стручен надзор не констатираше пропусти во однос на третманот и опсервацијата на девојчето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvoto-go-primilo-izveshtajot-za-jana-ke-odgovara-li-nekoj-za-smrtta-na-maloto-devojche/feed/ 0
Петличковски за смртта на малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/#respond Fri, 07 Apr 2023 19:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=821676

Со оглед на фактот дека малата Јана најверојатно починала од миокардит, а вирусите се честа причина за миокардит, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција. Лекарите во битолската болница со консултирале и со клиниката во Скопје и биле на добар пат за поставување на дијагнозата, но за жал вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случува смртта. Не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се Аденовирусите, Парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот. - Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски. На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, тој одговори дека отоците на очните капаци, како што вели, веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул. - Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски. Исто така информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток. - Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешкорешлив, рече Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/feed/ 0
Се огласи Комисијата за стручен надзор: Која е причината за смртта на малата Јана? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-komisijata-za-struchen-nadzor-koja-e-prichinata-za-smrtta-na-malata-jana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-komisijata-za-struchen-nadzor-koja-e-prichinata-za-smrtta-na-malata-jana/#respond Mon, 03 Apr 2023 13:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=819533

Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. -Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката, се наведува во Извештајот од Комисија за стручен надзор за пациентката од КБ Битола. Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-komisijata-za-struchen-nadzor-koja-e-prichinata-za-smrtta-na-malata-jana/feed/ 0
Јовески: Работиме на обезбедување докази за случајот со шестгодишното девојче, се уште го немаме добиено извештајот од обдукцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-rabotime-na-obezbeduvane-dokazi-za-sluchajot-so-shestgodishnoto-devojche-se-ushte-go-nemame-dobieno-izveshtajot-od-obduktsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-rabotime-na-obezbeduvane-dokazi-za-sluchajot-so-shestgodishnoto-devojche-se-ushte-go-nemame-dobieno-izveshtajot-od-obduktsijata/#respond Thu, 30 Mar 2023 10:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=818100

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека Обвинителството работи на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница. Одговарајќи на новинарски прашања, Јовески посочи дека сеуште ги немаат добиено резултатите од обдукцијата, но дека се сослушани повеќе лица за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на овој случај. - Јавниот обвинител од надлежното Обвинителство во Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Се уште протоколот од извршената обдукција Обвинителството не го добило. Во исто време Обвинителството работи на обезбедување и на други докази, рече Јовески по потпишувањето на меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи. Шестгодишното девојче почина минатата недела во битолската Болница, а вчера во Битола и Скопје се одржаа протести со кои се побара целосно расветлување на овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-rabotime-na-obezbeduvane-dokazi-za-sluchajot-so-shestgodishnoto-devojche-se-ushte-go-nemame-dobieno-izveshtajot-od-obduktsijata/feed/ 0
Ковачевски: Ќе се утврдуваат причините за смртта на шестгодишната Јана, тврди дека имаме функционален здравствен систем со голем број на вработени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-se-utvrduvaat-prichinite-za-smrtta-na-shestgodishnata-jana-tvrdi-deka-imame-funktsionalen-zdravstven-sistem-so-golem-broj-na-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-se-utvrduvaat-prichinite-za-smrtta-na-shestgodishnata-jana-tvrdi-deka-imame-funktsionalen-zdravstven-sistem-so-golem-broj-na-vraboteni/#respond Wed, 29 Mar 2023 10:21:25 +0000 https://kurir.mk/?p=817684

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека треба да се почекаат фактите од извештаите за да се утврди причината за смртта на шестгодишното девојче во битолската болница. - Во однос на тој случај вие знаете дека истиот ден кога се случи беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Беше информирано и Обвинителството и извештаите, како што информираше вчера заменичката министерка за здравство, веќе се доставени до Министерството за здравство. Врз основа на нив ќе се утврди точната причина што се има случено. Јас не би можел да прејудицирам што точно се има случено, бидејќи пред се не сум медицинско лице. Меѓутоа, врз основа на сите факти ќе бидат носени одлуки во иднина, но прво да почекаме да бидат споделени фактите за точно што се има случено во битолската болница, рече Ковачевски денеска беше во фабриката „Везе Шари“. Премиерот смета дека ние имаме функционален здравствен систем, којшто има голем број вработени и за којшто се обезбедени финансиски средства на ниво од 0,8 милијарди евра во Буџетот за 2023 година. На забелешките дека нема доволно медицински кадар, Ковачевски рече дека во здравството е потребно да се направи прераспределба на кадрите. Како пример го посочи Скопје, каде според него, некаде има вишок на кадри. - И на Министерството за здравство и нормално на директорите на клиниките, е да ги распоредат кадрите во рамките на државата таму каде што имаат потреба, бидејќи се добива понекогаш впечаток дека во некои места има недостиг, а во некои места во принцип сакаат најмногу да работат сите работници. На пример, во градот Скопје некаде се јавуваат одредени вишоци на кадри така што треба да се направи добро распоредување на ресурсите и согласно тоа да функционира системот на уште подобро ниво, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-se-utvrduvaat-prichinite-za-smrtta-na-shestgodishnata-jana-tvrdi-deka-imame-funktsionalen-zdravstven-sistem-so-golem-broj-na-vraboteni/feed/ 0
Родителите со потресно сведоштво за смртта на малата Јана: Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-so-potresno-svedoshtvo-za-smrtta-na-malata-jana-situatsijata-se-vloshi-po-istekuvane-na-polovina-od-infuzijata-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-so-potresno-svedoshtvo-za-smrtta-na-malata-jana-situatsijata-se-vloshi-po-istekuvane-na-polovina-od-infuzijata-video/#respond Tue, 28 Mar 2023 18:56:20 +0000 https://kurir.mk/?p=817465

Вечерва на ТВ Сител се емитуваше интервју со Стојче и Кристина, родители на 6-годишната Јана која почина во битолската болница по примање на инфузија. Официјална причина за смртта сè уште нема бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка. Еве дел од потресната исповед на родителите: „Ја однесовме Јана на лекар. Докторката ѝ го прегледа грлото, кажа дека е црвено, ја наслуша со стетоскоп, нѝ рече само дека е бледа и дехидрирана заради повраќањето и не пушти да одиме во лабораторија да испитаме крв од прст и да се вратиме назад“, објаснува мајката Кристина. Како што појасни таа, малата Јана до вратата одела сама, потоа татко ѝ ја земал во раце бидејќи како што наведува таа, брзале да завршат работа во лабораторија. „Отидовме во лабораторија, почекавме бидејќи имаше гужва, влегов два пати за да кажам дека се работи за мало дете за да ја избегнеме гужвата бидејќи е дехидрирано девојчето. Почекавме 5 минути, ѝ земаа крв, рацете ѝ беа ладни и едвај ѝ земаа крв поради дехидратацијата. Ѝ го измерија шеќерот и тој беше 8,9. Потоа, нѝ рекоа да почекаме да ја известат докторката дека е шеќерот 8,9“, додава Кристина, по што Јана била хоспитализирана. „Си го легнав срцето на креветче, ја почекав сопругата да се врати од лабораторија бидејќи таму ја заборави книшката и откако дојде јас излегов во ходникот“, кажа Стојче, таткото на малата Јана за Сител. „Сестрите ѝ ставија инфузија. Инфузијата течеше нормално, девојчето лежеше и си заспа. По неколку минути ѝ се поврати бојата на лицето, ѝ се стоплија рацете, се беше во ред. Кога инфузијата стигна до половина, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи, па ја викнав сестрата да ѝ кажам дека девојчето го болат стомакот и нозете и дека не сака повеќе да лежи и бараше да ѝ се извади инфузијата. Таа рече дека е нормално да има грчеви од што повраќала. Раката ѝ отече. Инфузијата ѝ ја премести сестрата на другата рака и мислам дека ја поотпушти бидејќи ја замолив така да направи доколку смее затоа што не може да седи, а ако не смее, не смее. Јана се тресеше од болки. Медицинската сестра ми рече дека докторката ќе дојде, 'седете, не е ништо ова е грчеви во стомакот, нека дотече инфузијата'“, вели Кристина, додавајќи дека се додека течела инфузијата Јана велела дека не може да издржи, а докторката не се појавила ниту еднаш. На прашањето кога нагло дошло до влошување на ситуацијата на Јана, нејзината мајка кажа дека тоа се случило по истекување на половина од инфузијата. „Кога не можеше веќе, имаше тука деца на пракса од вишата медицинска школа и ги замолив да ја бараат докторката или да повикаат медицинска сестра да ја исклучат инфузијата, бидејќи девојчето навистина веќе не може и раката ѝ потече целосно. Дојде сестрата, ја извадија инфузијата и Јана поврати обилно, само вода и устата ѝ посини. Тогаш докторката дојде со трчање, јас ѝ ги држев нозете, а тие ѝ мереа шеќер кој беше 19,9. Претходно, кога докторката ги виде резултатите од крвта ми рече дека е во ред и дека шеќерот е покачен од повраќањето и дека тоа е нормално. Кажа дека треба да истече инфузијата и дека ќе прими уште една иста таква и да ги чекаме другите резултати да не треба да се стави некаков лек“, вели мајката. Како што објаснува Кристина, по ова Јана била преместена на полуинтензивна на детското одделение. „Прашував што е работата, а тие ме бркаа од внатре. Ми кажаа „излезете од тука, работиме. Пациентот е во тешка состојба“. Ѝ правеа ЕКГ и уште една инфузија во прстот“, вели Кристина. Откако стигнале резултатите од вена, докторката ѝ кажала на Кристина дека се покачени мускулните ензими и дека мора да заминат итно за Скопје, бидејќи станувало збор за вирус кој можел да стигне до срцевиот мускул. „Јана ги превртуваше очите. Ми кажаа дека има тахикардија. Кога ги прашував докторите како е Јана, ми кажаа дека бараат по телефон доктор за да не пуштат со комбе за Скопје, да почекаме малку додека се организираат. Да знаете дека состојбата е критична, ова изгледа е некој вирус што ги напаѓа мускулите и дека ќе ве пратиме во Скопје. Чекавме 15-20 минути и тогаш настана паника“, додава мајката на Јана. Целосното интервју погледнете го во видеото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-so-potresno-svedoshtvo-za-smrtta-na-malata-jana-situatsijata-se-vloshi-po-istekuvane-na-polovina-od-infuzijata-video/feed/ 0
ЛЕКАРИ ТВРДАТ ДЕКА ОД ШЕЌЕР НЕ СЕ УМИРА – од што почина тогаш малата Јана во битолската болница? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekari-tvrdat-deka-od-sheker-ne-se-umira-od-shto-pochina-togash-malata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekari-tvrdat-deka-od-sheker-ne-se-umira-od-shto-pochina-togash-malata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa-foto/#respond Fri, 24 Mar 2023 12:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=815964

Зошто почина 6-годишната Јана? Клиничката болница во Битола е под вонреден инспекциски надзор. Комплетната документација ја чешлаат од обвинителството, полицијата, но се чека и вонредна инспекција од посебно формирана комисија од министерството за здравство. Во меѓувреме се земаат изјави од инволвираниот персонал и се разговара со сите кои имале контакт со девојчето. Директорот на болницата во Битола Александар Обедниковски, побара од министерот да се испрати комисија од Скопје за да нема сомнеж дека нешто се крие. Веста ја вознемири јавноста, особено откако таткото на малата Јана обелодени дека според анализите на крвта таа имала шеќер 9, а потоа и дале и гликоза со инфузијата со што шеќерот дополнително се покачил на 19, по што починала. Причините за смртта ги коментираат и лекари на социјалните мрежи. Докторот Ненад Лазаров во статус на Фејсбук вели „Од гликемија 19 не се умира акутно“. На неговиот пост колеги лекари ја коментираат состојбата и велат: „Не се умира од гликемија, но се умира од кетоацидоза. Тешка загуба за родителите, но компликација на хипергликемија во детска возраст, акутна состојба каде се јавува и инсулинска резистенција има ваква компликација„ Со ова се сложуваат и други лекари. „ Дијабетски хиперосмоларен синдром помислив прво“. „Тоа е причината претпоставувам. Тоа се ургентни состојби во детска возраст кој може да завршат со егзитус за жал“. Сепак сите се сложни дека треба да се почека обдукцијата да ја покаже точната причина за смртта по што ќе се знае дали се работи за лекарска грешка или не. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekari-tvrdat-deka-od-sheker-ne-se-umira-od-shto-pochina-togash-malata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa-foto/feed/ 0
Да бидеме хумани: Апел за помош за малата Јана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-apel-za-pomosh-za-malata-jana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-apel-za-pomosh-za-malata-jana/#respond Fri, 29 Dec 2017 11:44:51 +0000 http://kurir.mk/?p=3969

На клиниката за детска онкологија во Скопје по примена хемо терапија Јана ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул. Целокупниот процес околу трансплатацијата ги покри фондот за здравство. Јана успешно ја помина трансплатацијата и моментално е пуштена на домашно лекување. Лековите кој што треба да ги прима малата Јана чинат 1000 евра, а контролите кој што треба да се прават на секој 2 месеци во истата болница во Турција чинат 2.500 евра поединечно. Ова се трошоци кои не ги покрива фондот, а за нејзините родители се премногу големи. Ве замолуваме кој сте во можност да донирате на донациската сметка на Јана и да го споделиме овој апел. Сметка за донации Тутунска банка. Денарска сметка: 210-7000006402-39 Девизна сметка: IBAN-MK07210501709358008 SWIFT-TUTNMK22]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-apel-za-pomosh-za-malata-jana/feed/ 0