Малата сирена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Apr 2023 14:44:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Малата сирена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тијана во улога на лошата Урсула од „Малата сирена“: Слушнете како звучи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tijana-vo-uloga-na-loshata-ursula-od-malata-sirena-slushnete-kako-zvuchi-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tijana-vo-uloga-na-loshata-ursula-od-malata-sirena-slushnete-kako-zvuchi-video/#respond Sun, 09 Apr 2023 14:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=822143

Наскоро долгоочекуваниот игран филм „Малата сирена“ според истоимениот цртан филм ќе се најде на кино екраните низ Србија. Локална екипа од актери и музичари им ги позајми гласовите на ликовите за да ја оживеат оваа креација на Дизни. Незаборавниот лик на Урсула и припадна на пејачката Тијана Дапчевиќ, додека улогата на забавниот галеб Скутла ја имаше пејачката Едита Арадиновиќ. Слушнете како звучи Тијана во улогата на лошата Урсула:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MCF - MegaCom Film (@megacomfilm)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tijana-vo-uloga-na-loshata-ursula-od-malata-sirena-slushnete-kako-zvuchi-video/feed/ 0
Трејлерот за „Малата сирена“ собра над 12 милиони прегледи https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/trejlerot-za-malata-sirena-sobra-nad-12-milioni-pregledi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/trejlerot-za-malata-sirena-sobra-nad-12-milioni-pregledi/#respond Wed, 14 Sep 2022 07:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=732499

Трејлерот за новиот филм на „Дизни“ – „Малата сирена“, беше објавен овие денови. Главната улога на принцезата на океанот – Ариел, ја толкува Хали Бејли, а трејлерот собра повеќе од 12 милиони прегледи и голем број позитивни коментари на исчекување. Пред Хали, имаше само една Афроамериканка принцеза на Дизни – Тијана од анимираниот филм „Принцезата и жабата“ од 2009 година. Кога 22-годишничката доби улога во новиот филм на „Дизни“, што е преработка на цртаниот од 1989., многу Афроамериканки и Афроамериканци се пресреќни поради тоа, наведуваат американските медиуми, па интернет-просторот е полн со радосни реакции на деца при првото гледање на трејлерот на претстојниот игран филм. „Кога твојата омилена принцеза на Дизни личи на тебе“, гласи описот на една видеоснимка со мало девојче. И самата Бејли сподели видео со натпис: „Со липање го гледав ова“. Во филмот глумат и Џона Хауер-Кинг како принц Ерик, Хавиер Бардем како морскиот крал Тритон, Давид Дигс како ракот Себастијан и Мелииса МекКарти како вештерката Урсула. Прикажувањето е закажано за 26 мај 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/trejlerot-za-malata-sirena-sobra-nad-12-milioni-pregledi/feed/ 0
Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе детската претстава „Малата сирена“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovskiot-teatar-premierno-kje-ja-izvede-detskata-pretstava-malata-sirena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovskiot-teatar-premierno-kje-ja-izvede-detskata-pretstava-malata-sirena/#respond Thu, 07 Mar 2019 10:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=172221

Кумановскиот театар утревечер со почеток во 18:30 часот, премирно ќе ја изведе преставата „Малата сирена“ по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, во режија на Бојана Краљевска. Ова е прва претстава наменета за најмладите во тековната година, информираа актерите на денешната прес-конференција. Режисерката Краљевска, посочи дека било предизвик да се работи и вклопи актерската игра со корографијата, сценографијата, со песна и игра. Публиката ќе може да ужива во двата света, морскиот и копнениот, светот на принцови, морнарите, на сирените рибите, школките, коралите. -Се надевам дека успевме и нема да ги разочараме најмладите, напротив ќе ги освоиме, изјави Краљевска. Актерката Русеска ја толкува улогата на малата сирена. -Приказната зборува за вистинска љубов која секогаш победува, рече Русеска. Нејзините колеги Јовановски и Дончевска Илиќ ги толкуваат улогите на рибата Ушко и на вештерката од морското дно. Тие ги повикаа најмладите да ја проследат претставата, да ги остават мобилните телефони, да уживаат во сплетките на рибите и ракчињата. -Во детските претстави секогаш има и добро и лошо и мора да кажам дека децата умеат да го одвојат доброто од злото, вели Дончевска Илиќ. Во претставата играат осум актери од театарот Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Никица Јовановски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ и  Владо Дојчиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovskiot-teatar-premierno-kje-ja-izvede-detskata-pretstava-malata-sirena/feed/ 0