малцинства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 06:39:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png малцинства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стејт департмент: Најсериозните проблеми на Косово се владината корупција, родовото насилство и заканите за малцинствата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-najserioznite-problemi-na-kosovo-se-vladinata-koruptsija-rodovoto-nasilstvo-i-zakanite-za-maltsinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-najserioznite-problemi-na-kosovo-se-vladinata-koruptsija-rodovoto-nasilstvo-i-zakanite-za-maltsinstvata/#respond Tue, 21 Mar 2023 06:39:23 +0000 https://kurir.mk/?p=814358

Сериозната корупција во Владата, недостиг на истрага и одговорност за родово засновано насилство и насилство или закани врз етничките малцинства и други маргинализирани групи се едни од најсериозните проблеми во Косово, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права. Во извештајот за 2022 година во делот за Косово се споменува дека законот предвидува кривични казни за функционери вмешани во корупција, но дека владата не го спроведува во целост. „Имаше неколку пријавени случаи на корупција на владино ниво. Службениците понекогаш се впуштаа во коруптивни практики неказнето. Недостигот на ефективен судски надзор и кревкоста на спроведувањето на законот доведоа до овој проблем“, се наведува во извештајот. Беше оценето дека некои случаи на корупција биле постојано обжалувани и дека судскиот систем повремено дозволувал застареност, пренесе Бета. Антикорупциската и Државната ревизорска служба беа спомнати и во извештајот како одговорни за борбата против корупцијата во владата. Во извештајот се забележува дека невладините организации во Косово, како и меѓународните организации, постојано укажуваат на неуспехот на правосудниот систем да ги казни случаите на корупција, така што многу малку случаи на високи функционери, вклучително и овие прекршоци, завршиле со казни. Беа спомнати и две големи истраги за корупција на границата меѓу Косово и Албанија. „Истрагата резултираше со апсење на 74 косовски полицајци, двајца косовски цариници и 34 албански полицајци“, се вели во извештајот. Во дел од извештајот се споменува дека процесот започнат во 2019 година против поранешниот министер за земјоделство Ненад Рикал се уште нема епилог. Тој и уште осум функционери во министерството беа обвинети за злоупотреба на службената положба, бидејќи наводно манипулирале со пари наменети за проекти. Во делот за недостигот на истраги за родово засновано насилство, извештајот споменува дека жртвите често не пријавуваат такви случаи, вклучително и сексуално и друго насилство, поради социјална стигма и недоверба во властите. До септември 2022 година, обвинителите истражија 160 случаи на силување и поднесоа 30 тужби. Во извештајот се споменува силување на 11-годишно девојче во Приштина, за кое се осомничени еден возрасен и четворица малолетници. Извештајот, исто така, заклучува дека помалку жени имаат лидерски позиции во бизнисите, полицијата или владата. Институцијата Народен адвокат извести дека жените често се изложени на дискриминаторски практики за вработување, како и на форми на дискриминација, вклучително и сексуално вознемирување на работното место во јавниот и приватниот сектор. Според наодите од извештајот, жените во Косово „не се доволно застапени на пазарот на трудот, бидејќи само една од пет жени е активен дел од формалниот пазар на трудот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-najserioznite-problemi-na-kosovo-se-vladinata-koruptsija-rodovoto-nasilstvo-i-zakanite-za-maltsinstvata/feed/ 0
Дуле: Без правата на малцинствата нема интеграција за Албанија во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dule-bez-pravata-na-malcinstvata-nema-integracija-za-albanija-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dule-bez-pravata-na-malcinstvata-nema-integracija-za-albanija-vo-eu/#respond Sun, 19 Jan 2020 08:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=291728

Лидерот на Партијата за заштита на човековите права, партија на грчкото малцинство во Албанија, Вангел Дуле, кој е и пратеник во албанскиот Парламент, обвини дека почитувањето на правата на малцинствата во Албанија и понатаму останува нереалзиран предизвик. На тркалезната маса организирана од партијата под мотото „Отфрли да преживееш,избери да живееш“, која присуствуваше и грчката амбасадорка во Тирана, Дуле се заканил со блокада на патот на евонтеграциите „доколку нема подобрување на условите за Грците кои живеат на албанската територија“. -Порано или подоцна почитувањето на правата на малцинствата ќе стане реалност бидејќи друг пат нема. Тоа е скала која доколку не се изгради не може да се постигне интеграција, изјави Дуле. Недостигот на соодевтна легислатива и дискриминацијата на малцинствата, според Дуле, се главните проблеми на малцинствата воАлбанија. -Зошто малцинствата во Црна Гора треба да ги имаат своите права, да ги слават своите национални празници, додека кај нас тоа не може да се регулира со закон. Не можеме да бидеме во улога на ној, кој ја нурнува главата во песок, потсетувајќи се дека другите не ја гледаат реалноста кај нас, реле Дуле. Пренесувајќи ја информацијата, медумите истакнаа дека „Дуле зборува со јазукот на официјална Атина“, која „постојано повторува дека на патот кон Европска Унија, Албанија ќе биде условена со правата на грчкото малцинство“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dule-bez-pravata-na-malcinstvata-nema-integracija-za-albanija-vo-eu/feed/ 0