малешевија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Aug 2022 17:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png малешевија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отсечени неколку мостови и патни правци во Берово по невремето во Малешевијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otsecheni-nekolku-mostovi-i-patni-pravci-vo-berovo-po-nevremeto-vo-maleshevijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otsecheni-nekolku-mostovi-i-patni-pravci-vo-berovo-po-nevremeto-vo-maleshevijata/#respond Sun, 21 Aug 2022 17:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=721761

Отсечени неколку мостови и патни правци по невремето кое ја зафати Малешевијата на територијата на Општина Берово, откако претходно се излеаа повеќе водотеци кај пехчевската турстичка населба Равна Река. На делови од делницата до Клепало регистрирани се возила кои со потешкотии се движат по однесената патна мрежа, но во моментот не се пријавени заглавени или повредени лица. -Поради обилниот дожд оштетен е патот до граничниот премин поточно од месноста Уливо до Клепало кој не е прооден. На лице место со сопствена механизација интервенираат наши екипи кои работат на расчистување на патот, информираа од ,,Македонија Пат”. Поради зголемениот водостојот на реката Брегалница оштетен и поплавен е мостот во туристичката населба “Абланица” во Берово кој и претходно во неколку наврати беше ,,жртва” на надојдените води. Нивото на водата во река Брегалница е критично и во централното градско подрачје каде се водата е при самиот врв на речното корито. Од општината најавија организирана акција за брза интервенција во најпогодените места од невремето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otsecheni-nekolku-mostovi-i-patni-pravci-vo-berovo-po-nevremeto-vo-maleshevijata/feed/ 0
Спречено ширењето на пожарот во малешевскиот крај, на терен 110 луѓе и 17 возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprecheno-shirenjeto-na-pozarot-vo-maleshevskiot-kraj-na-teren-110-lugje-i-17-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprecheno-shirenjeto-na-pozarot-vo-maleshevskiot-kraj-na-teren-110-lugje-i-17-vozila/#respond Fri, 22 Jul 2022 12:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=708936

Од 4 и пол часот утринава до 10:30 на пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци, дејствувал хеликоптер при што е постигнато пожарот да престане да се шири, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Берово. Во гаснење на пожарот се ангажирани 110 луѓе и 17 возила, а преку Дирекцијата за заштита и спасување е побарано во гаснењето да се вкучи и ЕР-трактор (авион). – На терен се следниве ДЗС со 30 луѓе и со четири возила, ТППЕ-Берово – шест луѓе и две возила, ТППЕ-Делчево – четири луѓе со едно возило. Доброволно ПП Д Кочани со пет луѓе и со едно возило, ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со три возила, ШС Равна река од Пехчево со осум луѓе и две возила, ШС од Радовиш со пет луѓе и едно возило, ШС Виница со пет луѓе и едно возило, ЈПКР Услуга со 10 луѓе и две возила и од населението – 15 луѓе, соопшти РЦУК – Берово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprecheno-shirenjeto-na-pozarot-vo-maleshevskiot-kraj-na-teren-110-lugje-i-17-vozila/feed/ 0
Над 50 хектари шума зафатени со пожарите во Малешевијата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-50-hektari-shuma-zafateni-so-pozarite-vo-maleshevijata-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-50-hektari-shuma-zafateni-so-pozarite-vo-maleshevijata-video/#respond Fri, 22 Jul 2022 10:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=708892

Во гаснењето на огнената стихија меѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско учествуваат хеликоптер на МВР и „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Над 50 хектари букова и дабова шума се зафатени со пожарите коишто го погодија малешевскиот крај. Во гаснењето на огнената стихија учествуваат полициски хеликоптер и „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Состојбата засега е под контрола. Во гаснењето на пожарот кој избувна во месноста меѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско се вклучени пет тима за гаснење на пожари, со вкупно 36 лица и осум возила. На терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово. Се најавуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово кои ќе помогнат во гаснењето на огнената стихија. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот е спречено ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел. Се истражуваат причините за пожарот. Топлото време предизвика пожари и во другите делови на земјата. Локализиран е пожарот помеѓу делчевските села Разловци и Тработивиште, а екипи на Шумско Стопанство ,,Голак” Делчево вршат обиколка на опожареното подрачје, со цел спречување на негово повторно избувнување. Проценките на Регионалниот центар за управување со кризи се дека е зафатена површина од 40 хектари претежно сува трева, дабова и борова шума, а од Општината најавија дека дополнително ќе се изврши проценка на опожареното подрачје. Во штипското село Долани, пак, изгоре свињарска фарма, во која настрадаа 100 свињи. Не се знае која е причината за настанатиот пожар. Во минатогодишните пожари во Малешевијата изгореа стогодишни шуми во високите делови на месноста викана Бајастепе, која се наоѓа на потегот меѓу Делчево и Пехчево. Штетите од огнените стихии беа огромни. Видеото погледнете го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-50-hektari-shuma-zafateni-so-pozarite-vo-maleshevijata-video/feed/ 0
Во пожарите што летото ја зафатија земјава изгореа 482.106 метри кубни дрва, штетата е 2.318.091.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pozarite-shto-letoto-ja-zafatija-zemjava-izgorea-482-106-metri-kubni-drva-shtetata-e-2-318-091-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pozarite-shto-letoto-ja-zafatija-zemjava-izgorea-482-106-metri-kubni-drva-shtetata-e-2-318-091-000-denari/#respond Sat, 25 Dec 2021 08:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=612883

Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11 420 хектари површината под шума. Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“. Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Северна Македонија изминатото лето. Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-pozarite-shto-letoto-ja-zafatija-zemjava-izgorea-482-106-metri-kubni-drva-shtetata-e-2-318-091-000-denari/feed/ 0
ОВАА СЛИКА Е ДОКАЗ ЗА КАТАСТРОФАТА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА ПО ПОЖАРИТЕ: Волци слободно се шетаат, немаат засолништа и бараат храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-slika-e-dokaz-za-katastrofata-vo-maleshevijata-po-pozarite-volci-slobodno-se-shetaat-nemaat-zasolnishta-i-baraat-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-slika-e-dokaz-za-katastrofata-vo-maleshevijata-po-pozarite-volci-slobodno-se-shetaat-nemaat-zasolnishta-i-baraat-hrana/#respond Mon, 09 Aug 2021 12:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=548389

Волци кои слободно шетаат во малешевските ниви барајки храна и засолниште од пожарите е само еден од примерите за огромната катастрофа која го снајде Малешевскиот регион. Димче Беќарски од село Умлена кој утрово ја забележа појавата, вели дека по пожарите волците шетаат слободно и се закана за сточарите и нивниот добиток. -Волкот го забележав утрово додека собирав „јонџа”. Стоеше мирно, бараше правец кон кој може да се упати. Синоќа татко ми забележал уште два волка во близина на селото. По пожарите веројатно бараат како да се скријат, но поради оголените дрвја сега немаат каде, рече Беќарски. Според него, сега претстои опасност за добитокот поради што сточарите треба да направат се за да го заштитат. -Тоа мора да го направат, бидејки волците се подготвени се да нападнат, а со тоа и да направат голема штета, додаде Беќарски. За огромната штета која е нанесена на животинскиот свет како што дополни, допрва ќе сведочат вакви и слични ситуации. Она што засега исто така е доказ за големата катастрофа се и пронајдените изгорени срни на територијата на Пијанечкиот регион чии остатоци ги пронајдоа ловџии од делчевскиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-slika-e-dokaz-za-katastrofata-vo-maleshevijata-po-pozarite-volci-slobodno-se-shetaat-nemaat-zasolnishta-i-baraat-hrana/feed/ 0
Во Малешевијата жителите со голи раце го гаснат огнот – хеликоптери цел ден ги лажат дека ќе пуштат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-maleshevijata-zitelite-so-goli-race-go-gasnat-ognot-helikopteri-cel-den-gi-lazat-deka-kje-pushtat-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-maleshevijata-zitelite-so-goli-race-go-gasnat-ognot-helikopteri-cel-den-gi-lazat-deka-kje-pushtat-video/#respond Wed, 04 Aug 2021 16:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=546248

Малешевијата втор ден се бори со неконтролираниот оган кој денеска започна да проголтува куќи во околните села помеѓу Делчево и Пехчево. Жителите на повеќе села и населени места со часови се на терен и сами се справуваат со огнената стихија, додека никој не мрднува со прст. Тие преку видео кое го снимаа во моментите кога сами ги гаснат пламените јазици за нашата редакција тврдат дека цел ден ги лажеле дека ќе пуштеле хеликоптери за да се угасне пожарот, но за жал од тоа засега нема ништо. Наместо тоа, тие самите со голи раце се обидуваат да спречат поголема штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-maleshevijata-zitelite-so-goli-race-go-gasnat-ognot-helikopteri-cel-den-gi-lazat-deka-kje-pushtat-video/feed/ 0
Се намалува бројот на активни случаи од Ковид-19 во Малешевијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-aktivni-sluchai-od-kovid-19-vo-maleshevijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-aktivni-sluchai-od-kovid-19-vo-maleshevijata/#respond Sat, 01 Aug 2020 16:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=384869

Во Берово денеска е регистриран еден оздравен пациент од Ковид-19, со што бројката на активни случаи на коронавирус во оваа општина е минимален. Лице на подоцнежна возраст, како што информираа надлежните од Здравствениот дом во Берово, е единствениот заболен од Ковид-19 во оваа Малешевска општина. – Имајки ги предвид годините пациентот добро се држи и засега прогнозите за неговото здравје се добри. Радува тоа што довчерашниот втор активен пациент е оздравен, со што стапката на случаи се намалува. Да се надеваме дека нема да имаме нови пациенти со позитивни наоди на болеста, истакнаа од Здравствен дом Берово. Во моментот освен во Берово, во соседната малешевска општина Пехчево нема активни пациенти на вирусот. Во соседните општини, исто така веќе неколку дена состојбата со вирусот е стабилна. Во Делчево веќе подолг период позитивни на коронавирус не се регистрирани, додека во Македонска Каменица се уште активни се четирите пациенти, кои добија позитивен наод на Ковид-19 во последната недела од јули 2020 година. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-aktivni-sluchai-od-kovid-19-vo-maleshevijata/feed/ 0
Во Малешевијата излезноста на гласачите до 20:30 часот надмина 60 проценти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-maleshevijata-izleznosta-na-glasachite-do-20-30-chasot-nadmina-60-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-maleshevijata-izleznosta-na-glasachite-do-20-30-chasot-nadmina-60-procenti/#respond Wed, 15 Jul 2020 19:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=376677

Заврши гласањето за предвремените парламентарни избори во општините од Малешевскиот регион. Според информациите на заменик претседателот на ОИК, Љупчо Бошнаковски, процентот на излезност во Берово до 20:30 часот изнесува 63,26 проценти. -Во Берово до 20:30 часот од вкупно запишаните 10797 гласачи излегле 63,26 проценти или 6823 гласачи. Гласањето помина во најдобар ред на сите 17 избирачки места, истакна заменик претседателот на ОИК Љупчо Бошнаковски. Слична е состојбата и во Пехчево каде до 20:30 часот гласале 65,35 проценти од гласачите. -Од вкупно запишаниот број на гласачи 4092, гласале 2674 или 65,35 проценти, истакна Андреј Каракашев претседател на ОИК Пехчево. На вкупно девет избирачки места во оваа малешевска општина, како што додаде Каракашев, гласањето поминало во најдобар ред. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-maleshevijata-izleznosta-na-glasachite-do-20-30-chasot-nadmina-60-procenti/feed/ 0
Во Малешевијата еден позитивен случај на КОВИД-19 и еден оздравен пациент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-maleshevijata-eden-pozitiven-sluchaj-na-kovid-19-i-eden-ozdraven-pacient/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-maleshevijata-eden-pozitiven-sluchaj-na-kovid-19-i-eden-ozdraven-pacient/#respond Sun, 28 Jun 2020 15:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=364525

По пауза од две недели во Малешевијата e регистриран нов пациент, кој е позитивен на коронавирус. Пациентот е од Пехчево и е вкупно шестиот позитивен на КОВИД-19 во оваа општина, каде во моментот има три активни случаи. Надлежните информираат дека пациентите се во добра состојба. -Двајцата сопружници кои до денеска веќе 8 ден се во самоизолација и понатаму се во добра здравствена состојба. На новиот пациент исто така му посакуваме побрзо оздравување, велат од пехчевскиот здравствен дом. Тројцата пациенти остануваат единствените случаи во Малешевскиот регион, откако денес и официјално беше соопштено дека пациентот од Берово кој беше позитивен на КОВИД-19, денес е регистриран како оздравен. -И понатаму апелираме на почитување на мерките за заштита од коронавирус. Како надлежни ќе продолжиме да правиме се да нема нови случаи на заразата, истакнаа од општина Берово. Во соседната општина Делчево во моментот нема пациенти кај кои е забележано присуство на вирусот Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата Македонска Каменица е единствената од овој крај во државата каде досега нема позитивни пациенти на коронавирус. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-maleshevijata-eden-pozitiven-sluchaj-na-kovid-19-i-eden-ozdraven-pacient/feed/ 0
Мицкоски вети нова термоцентрала со високи еколошки стандарди во Малешевијата за 1000 нови вработувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-veti-nova-termocentrala-so-visoki-ekoloshki-standardi-vo-maleshevijata-za-1000-novi-vrabotuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-veti-nova-termocentrala-so-visoki-ekoloshki-standardi-vo-maleshevijata-za-1000-novi-vrabotuvanja/#respond Sat, 22 Feb 2020 12:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=307369

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вети изградба на нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова ќе значи 1 000 нови вработувања од овој дел на земјата. -Се обрзуваме за обнова која ќе донесе нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова ќе значи 1 000 нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и останатите места, со добри плати. За целиот регион тоа ќе донесе 20 милиони евра обрт годишно и враќање на животот во овој крај, порача Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-veti-nova-termocentrala-so-visoki-ekoloshki-standardi-vo-maleshevijata-za-1000-novi-vrabotuvanja/feed/ 0