малезиски авион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Mar 2020 08:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png малезиски авион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Хаг почнува судењето за соборувањето на малезискиот авион над Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hag-pochnuva-sudenjeto-za-soboruvanjeto-na-maleziskiot-avion-nad-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hag-pochnuva-sudenjeto-za-soboruvanjeto-na-maleziskiot-avion-nad-ukraina/#respond Mon, 09 Mar 2020 08:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=313781

Пред суд во Холандија денеска почнува судењето на тројца Руси и еден Украинец, кои се обвинети за повеќекратно убиство заради нивната вмешаност во соборувањето на авионот на „Малејжа ерлајнс“  во 2014 година. Ова судење долго го очекуваат семејствата и пријателите на 298-те погинати лица на 17 јули 2014 година , кога ракета „Бук“  го погоди авионот на линијата МН17, над источна Украина. Семејствата вчера пред Амбасадата на Руската Федерација во Хаг поставија 298 бели столчиња во редови што потсетуваат на внатрешноста на авионот, за да го изразат својот протест заради тоа што Москва намерно се обидува да ја прикрие вистината за тоа што се случило. Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб судењето го нарече „важна пресвртница кон одговорноста за уривањето на МН17“ и смртта на 298 лица, вклучувајќи и 10 Британци. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави почетокот на судењето и Русија ја повика „да ги прекине континуираните агресивни  и дестабилизирачки активности во Украина“. По долгата и тешка истрага, која траеше неколку години, меѓународниот тим од истражители и обвинители минатата година именуваше четворица осомничени: Русите Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и Украинецот Леонид Харченко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hag-pochnuva-sudenjeto-za-soboruvanjeto-na-maleziskiot-avion-nad-ukraina/feed/ 0
Крај на потрагата по малезискиот авион МХ370 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-potragata-po-maleziskiot-avion-mh370/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-potragata-po-maleziskiot-avion-mh370/#respond Tue, 29 May 2018 07:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=59545

Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ МХ370, која 90 дена ја спроведуваше приватна американска фирма, денеска и официјално заврши. По малезискиот авион трагаше компанијата „Оушн инфинити“ со седиште во Хјустон. Авион со 239 патници и членови на екипаж исчезна од радарите на 8 март 2014 година на летот Куала - Лумпур-Пекинг, потесетува Би-Би-Си. Во авионот беа 153 лица од Кина, 38 од Малезија, а останатите од Иран, САД, Канада, Индонезија, Австралија, Индија, Франција, Нов Зеланд, Украина, Русија, Тајван и Холандија. Сите 12 членови на екипажот беа од Малезија. Ова беше една од најобемните потраги во историјата на авијацијата, а пребарани се повеќе од 120.000 километри квадратни од Индискиот Океан. Делови од урнатиот авион се пронадени дури во Мадакаскар, но никогаш не е пронајден трупот на авионот. Официјалната истрага, во која учествуваа тимови од Австралија, Малезија и Кина, заврши во јануари минатата година. Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите мистерии во авијацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-potragata-po-maleziskiot-avion-mh370/feed/ 0