мали авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Oct 2020 11:23:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали авиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судар на два мали авиона над Франција, најмалку 5 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudar-na-dva-mali-aviona-nad-francija-najmalku-5-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudar-na-dva-mali-aviona-nad-francija-najmalku-5-zaginati/#respond Sun, 11 Oct 2020 11:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=415050

Два мали авиона се судрија во воздух над западна Франција, при што загинаа пет лица, пренесе Би-Би-Си. Несреќата се случи вчера попладне југоисточно од градот Турс. Околу 50 пожарникари и спасувачка екипа пристигнале на местото на несреќата. Помалиот авион, во кој имало две лица, паднал врз ограда од една куќа во Лохес, место на околу 46 километри југоисточно од Турс. Сведок на настанот изјави дека авионот се запалил по падот. Поголемиот авион „Дијамант ДА40“ со тројца патници и двајца членови на екипажот, паднал 100 метри понатаму во ненаселена област. Сите пет лица од авионот загинале. Се уште нема официјални информации за причините за судирот, а не се знае ниту идентитетот на загинатите. Судири на авиони во воздухот се сметаат за многу ретки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudar-na-dva-mali-aviona-nad-francija-najmalku-5-zaginati/feed/ 0
Најмалку две жртви во судир на два мали авиони во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-sudir-na-dva-mali-avioni-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-sudir-na-dva-mali-avioni-vo-sad/#respond Mon, 06 Jul 2020 11:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=369837

По судирот во лет на два мали авиони во американската сојузна држава Ајдахо, две тела се извлечени од езерото над кое се случила несреќата, а се стравува дека во несреќата загинале уште шест лица, јавија американските медиуми. Кабинетот на шерифот на округот Кутенај, соопшти дека во авионите имало осум лица, меѓу кои и деца. Во моментот се верува дека нема преживеани, се наведува во соопштението и се додава дека делови од авионот, од кои едниот бил Цесна, а другиот Хавиленд, потонале на длабочина од 38 метри, што било утврдено со сонда. Локалните медиуми пишуваат дека истрагата ја води Федералната управа за воздушен сообраќај. Според локалните медиуми, канцеларијата на шерифот немала соодветна опрема да реагира итно, имајќи предвид дека делови од авионот завршиле на дното на езерото. Според очевидци, моторот на еден од авионите се запалил пред несреќата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zrtvi-vo-sudir-na-dva-mali-avioni-vo-sad/feed/ 0