мали бизниси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Apr 2020 09:12:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали бизниси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Словенија повторно се отвораат продавници и мали бизниси https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-povtorno-se-otvoraat-prodavnici-i-mali-biznisi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-povtorno-se-otvoraat-prodavnici-i-mali-biznisi/#respond Mon, 20 Apr 2020 09:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=334528

Во Словенија од денеска, по повеќе од еден месец, повторно се отворени повеќе продавници, салони и сервиси, јави дописникот на МИА од Љубљана. Словенците уште утрово, почитувајќи ги сите мерки, со заштитни маски и држејќи соодветна раздалеченост, ги наполнија салоните за мебел и продавниците за градежен материјал. Според планот на властите, оваа недела се отвораат и продавниците за градинарски работи, станиците за технички преглед, сервисите за автомобили и велосипеди, сервисите за хемиско чистење и малите работилници. Од денеска повторно се отворени и терените за тенис и голф, а сообраќаат и автобуските линии за организиран транспорт на работници. Набрзо ќе бидат отворени и фризерските и козметичките салони. Ваквото олабавување на мерките доаѓа откако податоците на Националниот институт за јавно здравје на Словенија покажуваат се помал број лица заразени со новиот коронавирус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-povtorno-se-otvoraat-prodavnici-i-mali-biznisi/feed/ 0