мали деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 09:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кучиња што не се за во семејства со мали деца https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kuchinja-shto-ne-se-za-vo-semejstva-so-mali-deca/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kuchinja-shto-ne-se-za-vo-semejstva-so-mali-deca/#respond Thu, 13 Oct 2022 09:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=744658

Со соодветно учење, надзор и дисциплина, повеќето раси кучиња се прекрасни миленичиња. Но, некои раси се попредизвикувачки од останатите и не се најсоодветниот избор за семејства со мали деца. Станува збор за кучиња кои бараат повеќе тренирање, време и внимание, па затоа не се препорачуваат за помалку искусни сопственици. 1. Ротвајлер Тоа е прекрасно, моќно животно, но може да реагира негативно, па дури и да нападне дете ако, на пр., детето вика и бега. Кучето може инстинктивно да истрча по детето бидејќи во неговата природа, во генетскиот код е да трча по плен, а уште поголем проблем е што тешко се запира. 2. Сибирски хаски Овие кучиња по природа се разиграни и многу енергични. Може да бидат пријателски расположени, но поради специфичните потреби, интелигенција и целосен недостаток на чуварски инстинкти, не е препорачливо да живеат во близина на деца. Оваа раса, исто така, може да предизвика и алергии кај децата. 3. Доберман Тоа е многу интелигентна, силна раса чии членови се одлични чувари. Имаат силен заштитен инстинкт што ќе ги натера туѓинците да размислат пред да им пријдат или да им наштетат на нивните сопственици. Сепак, поради нивната склоност да бидат крајно тврдоглави и поради нивната огромна енергија, доберманите не се за семејства со мали деца, како и за неискусни сопственици на куче. 4. Џек Расел териер Како мало куче кое сака да копа и лае, и Џек Расел териерот не е раса погодна за секој дом. Тие имаат многу изразена самоволја, поради што бараат цврста и доследна обука. Се одликува со природа на куче-чувар, поради што може да биде многу љубоморен на своето подрачје и може ненадејно да реагира на непознато лице, куче или некоја околност која не му е позната. Поголемите деца подобро ќе знаат како да „ја ценат“ интелигенцијата на кучето, но малите деца може само да го направат раздразливо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kuchinja-shto-ne-se-za-vo-semejstva-so-mali-deca/feed/ 0
Не пушете во близина на бебиња и деца – ги изложувате на огромни ризици! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-pushete-vo-blizina-na-bebinja-i-deca-gi-izlozuvate-na-ogromni-rizici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-pushete-vo-blizina-na-bebinja-i-deca-gi-izlozuvate-na-ogromni-rizici/#respond Tue, 22 Mar 2022 17:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=651456

Кога детето е пасивен пушач, се изложува на ризик од низа здравствени проблеми: астма, бронхитис, пневмонија, воспаление на ушите… Самиот дим содржи низа бројни токсични супстанци, скоро 4.000, вклучувајќи и 40 кои се потенцијално канцерогени. Постои и висока концентрација на штетните супстанци како катран и никотин, што преку димот ги вдишуваат и оние кои само се наоѓаат во иста просторија со пушачи. Детските бели дробови, кои допрва се развиваат, се особено чувствителни на влијанието на вдишување дим и тоа од многу причини. Најпрво поради физичкиот развој, но и затоа децата имаат поголема фреквенција на дишење од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на нивната телесната тежина, што значи и вдишуваат повеќе дим. Бебињата и малите деца кои се изложени на димот имаат зголемен ризик од појава на инфекции на системот за дишење, како што се воспаление на белите дробови и бронхитис. Исто така е зголемен и ризикот од инфекција на средното уво. Децата кои се изложени на дим од цигари побавно растат, а тој влијае и на промена на липидниот статус, па оние што дишеле дим како помало, во адолесцентската дома имаат проблеми со нивото на добриот и лошиот холестерол, што подоцна може да им го зголеми ризикот за развивање болести на срцето. Ако мислите дека е доволно само да отворите прозор во просторијата во која се пуши со цел да го решите проблемот – грешите! Дури и по гасењето на цигарата, остануваат траги во косата, кожата, ѕидовите, материјалите, теписите, мебелот и играчките…]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-pushete-vo-blizina-na-bebinja-i-deca-gi-izlozuvate-na-ogromni-rizici/feed/ 0
Малите деца имаат поблаги симптоми од омикрон отколку од делта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/malite-deca-imaat-poblagi-simptomi-od-omikron-otkolku-od-delta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/malite-deca-imaat-poblagi-simptomi-od-omikron-otkolku-od-delta/#respond Mon, 24 Jan 2022 10:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=622431

Кај многу мали деца, варијантата омикрон на коронавирусот предизвикува помалку тешка болест во споредба со варијантата делта, покажа нова американска студија. Научниците ги прегледаа податоците за речиси 80.000 американски деца под петгодишна возраст кои првпат биле заразени со коронавирус, вклучително и 7.201 дете заразено кон крајот на декември или почетокот на јануари, кога омикрон предизвика повеќе од 90 проценти од случаите. По разгледувањето на другите фактори на ризик, вклучително здравствените состојби и социоекономските фактори, истражувачите открија дека децата инфицирани за време на бранот на омикрон имаат 29 отсто помал ризик од посета на итна помош, 67 отсто помал ризик од хоспитализација, 68 отсто помал ризик да имаат потреба од интензивна нега и 71 отсто помал ризик од потреба од машини за дишење во споредба со децата заразени со делта. Сепак, „поради зголемената преносливост на омикрон, вкупниот број на посети на одделите за итни случаи, хоспитализации, интензивна нега и употреба на механички респиратори кај деца сè уште може да биде поголем“ со омикрон отколку со делта, според извештајот објавен на medRxiv пред да помине научна рецензија. Научниците, исто така, забележале дека стапките на инфекција биле несразмерно повисоки кај црните и децата од Латинска Америка и за омикрон и за делта за оваа возрасна група, а јазот се зголемил за инфекции со омикрон, рече водачот на студијата Ронг Ксу од Медицинскиот факултет на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв. Сè уште необјавени податоци покажуваат дека „децата под петгодишна возраст имале највисока стапка на инфекција со омикрон“ во споредба со постарите деца и возрасните во сите возрасни групи, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/malite-deca-imaat-poblagi-simptomi-od-omikron-otkolku-od-delta/feed/ 0