мали градови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jan 2021 12:32:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали градови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најдобрите мали градови за живеење во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najdobrite-mali-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najdobrite-mali-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot/#respond Wed, 13 Jan 2021 12:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=454807

Португалскиот град Порто е на прво место според листата „Смол сити индекс“, за релативно мали градови кои се доста погодни за пристоен живот. Рангирањето е составено од британското списание „Монокл“ и опфаќа 25 градови. Тука се проценуваат градовите со население до 250.000 луѓе од целиот свет според пет критериуми: пристапност до превозот во градот, ефикасност на управата (колку градоначалникот ги слуша жителите), пријатноста на граѓаните кон нови соседи, „зелена“ инфраструктура (паркови, плоштади во градот) и можности за развој на бизнис. Порто се искачи за осум места за една година, и тоа, пред сѐ, благодарение на помошта на тамошните власти за претприемачите во периодот на карантинот. Покрај тоа, Порто е една од стопански и индустриски најразвиените области во земјата. Во истовреме, местото е удобно за живеење и е блиску до океанскиот брег, како и до соседна Шпанија. Како дом на околу 220.000 жители, градот отсекогаш бил „деловното срце“ на Португалија. Второто место му припадна на белгиски Левен – главен град на покраината Фламански Брабант. Иако е на само 20-минутно возење со воз од Брисел и меѓународниот аеродром во главниот град, ова живописно белгиско гратче со малку повеќе од 100.000 жители има млада популација со глобален светоглед. Левен е дом на еден од најстарите и најпознати универзитети во Европа. Секторите за иновации и технологија напредуваат, а населението опфаќа 171 националност. Идеите на градоначалникот Мохамед Ридуани за урбанизам и силните идеи за одржливост му помогнаа на градот да ја добие титулата – европска престолнина на иновациите за 2020 година. Јапонскиот град Итошима е трет. Сместен на западниот крај на префектурата Фукуока, Итошима е град со околу 100.000 жители, кој нуди одличен квалитет на живот поради неверојатната пристапност и до природата и до урбаниот живот. Познат е по својата кујна – по свинското, телешкото и пилешкото месо, како и органските земјоделски производи. Тука напредуваат млади фармери и мали бизниси. Меѓу претставниците на Европската Унија, во првите десет се наоѓаат италијанскиот град Болѕано и дански Алборг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najdobrite-mali-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot/feed/ 0
Најмногу од новозаразените се од Скопје, по еден регистриран случај во неколку мали градови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-od-novozarazenite-se-od-skopje-po-eden-registriran-sluchaj-vo-nekolku-mali-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-od-novozarazenite-se-od-skopje-po-eden-registriran-sluchaj-vo-nekolku-mali-gradovi/#respond Fri, 24 Jul 2020 12:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=380856

Во последните 24 часа регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во Македонија, а по градови најмногу од новозаболените се од Скопје. Според Институтот за јавно здравје бројот на заразени по градови е следен: -Скопје 45 -Куманово 7 -Дебар 1 -Штип 25 -Прилеп 4 -Тетово 9 -Струга 5 -Битола 6 -Охрид 3 -Кавадарци 1 -Гостивар 9 -Кочани 3 -Демир Хисар 1 -Делчево 1 -Свети Николе 3 -Кичево 6 Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-od-novozarazenite-se-od-skopje-po-eden-registriran-sluchaj-vo-nekolku-mali-gradovi/feed/ 0