мали хидроцентрали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Apr 2022 13:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали хидроцентрали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во БиХ властите прекинуваат со издавање дозволи за изградба на мали хидроцентрали https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-vlastite-prekinuvaat-so-izdavanje-dozvoli-za-izgradba-na-mali-hidrocentrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-vlastite-prekinuvaat-so-izdavanje-dozvoli-za-izgradba-na-mali-hidrocentrali/#respond Thu, 28 Apr 2022 13:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=669312

Властите во Босна и Херцеговина одлучија да го суспендираат издавањето нови дозволи за изградба на мали хидроцентрали во државата по низа акции на домашни и меѓународни еколошки активисти. Сепак, одлуката нема да важи за веќе започнатите проекти или за оние за кои веќе се издадени дозволи. Владата на Федерацијата БиХ на денешната седница ги утврди измените на Законот за електрична енергија со кои се наложува прекинување на издавањето дозволи за нови мали хидроцентрали. - Со овој закон е дефинирано што се подразбира под поимот мала хидроцентрала, а вториот член го дефинира прекинот на изградбата на енергетските дозволи, изјави по седницата министерот за енергетика, индустрија и рударство на Федерацијата БиХ Нермин Џиндиќ. Тој објасни дека овие измени на законот, за кои ќе расправа Парламентот на Федерацијата БиХ, нема да важат за инвеститорите кои веќе имаат договори за концесија. Тие се должни барањето за енергетска дозвола да го комплетираат во рок од три години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-vlastite-prekinuvaat-so-izdavanje-dozvoli-za-izgradba-na-mali-hidrocentrali/feed/ 0
Еко-свест: При изградба на малите хидроцентрали затрупана Маркова Река, да се одземе концесијата и да се поправи состојбата на реката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/#respond Wed, 11 Aug 2021 07:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=549036

И покрај сите апели, барања и предупредувања од граѓанските организации да се почитуваат мерките за заштита на животната средина, Маркова Река деновиве ја затекнавме комплетно затрупана со камења, карпи и земја како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, информира НВО Еко-свест. Оттаму истакнуваат дека по алармирање од локалното население, деновиве излегле на терен и дека бараат Министерството за животна средина да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145, а концесионерот да ја поправи состојбата на реката. -Реката и речното корито се целосно уништени. Цели сегменти од реката се затрупани со материјал од градежните активности, при што е оневозможено нормално течење на реката и е уништен целиот екосистем. Според членот 44 од Законот за води „носителот на дозволата не ја врши дејноста согласно со условите утврдени со дозволата, односно врши битна и континуирана повреда на условите за вршење на дејноста од јавен интерес утврдени во дозволата“, и надлежниот орган треба да постапи. Според член 49 од истиот закон треба да се одземе водното право на концесионерот во случај кога е загрозено здравјето на луѓето и природната рамнотежа на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода, велат од Еко-свест. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест нагласува дека штетата која е направена не може да се надомести. -Живиот свет во и околу реката е загрозен, видливи беа мртви речни ракови кои едноставно останале заглавени во странични вирчиња оставени да пресушат. Штетата која е направена не може да се надомести, станува збор за страшно уништување на природата и комплетно игнорирање на секој постоечки закон и правило. Повеќе години водиме борба со институциите да запре ваквата уништувачка изградба на мали хидроелектрани особено во подрачја богати со ретки, загрозени и ендемски видови. И покрај ветувањата од институциите сепак се дозволува вистинска еколошка катастрофа, посочи Чоловиќ Лешоска. Што е уште пострашно, додаде, ова се случува во моменти кога земјата е соочена со продолжена суша и пожари кои ја опустошуваат територија на државата и се води борба да се стигне до капка вода повеќе. -За нас ова е трагедија со долготрајни последици. Ништо што е живо не може да преживее без вода, вклучително и човекот. Бараме од Министерството за животна средина веднаш да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145 на концесионерот Индиго Хидро Македонија – Скопје по основ на грубо прекршување на сите законски одредби за заштита на животната средина и за добра градежна пракса. Исто така, бараме да се задолжи концесионерот да ја поправи состојбата на Маркова Река до степен до кој тоа е возможно. На долг рок, бараме од Владата да ги заштити своите граѓани и нивните извори на вода и ова да биде висок приоритет, порачуваат од Еко-свест и нагласуваат дека е потребна итна реакција поради моменталната состојба со продолжениот топлотен бран и ризикот по човековото здравје и животната средина.вј/са/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/feed/ 0