мали партии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 13:40:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали партии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Помалите партии во Собранието се за една изборна единица, без изборен праг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomalite-partii-vo-sobranieto-se-za-edna-izborna-edinitsa-bez-izboren-prag/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomalite-partii-vo-sobranieto-se-za-edna-izborna-edinitsa-bez-izboren-prag/#respond Mon, 08 May 2023 13:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=831862

Пратениците од помалите партии- предлагачи на Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик на денешната прес-конференција во Собранието истакнаа дека треба да има една изборна единица без изборен праг, бидејќи, како што посочија, на овој начин ќе се демократизира земјата, но и ќе се зајакне одговорноста на носителите на јавни функции. - Сметаме дека на овој начин, Парламентот ќе биде реален односно определбата на граѓаните. Според анкетите околу 70 отсто од граѓаните се за една изборна единица и повеќето сметаат дека на тој начин ќе имаат можност за избор за кого ќе гласаат. Вака со шест изборни единици, со системските предности што ги имаат четирите партии, две од власта, две од опозицијата, нема еднакви шанси за политичките партии за да постигнат условно изборен резултат. Затоа предлагаме да биде Македонија една изборна единица, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, еден од предлагачите на ова законско решение, посочувајќи дека овој концепт нема ниту етничка, ниту било каква друга димензија. Според Трајанов, во оваа фаза многу тешко е да се направат сите промени. Клучното сега е да има една изборна единица, а сите други елементи може да се усогласуваат преку амандманите. За предлогот на ДУИ за една изборна единица со праг од пет отсто, Трајанов рече дека ниту ДУИ, ниту било која од албанските партии самостојно ќе го достигнат овој праг. Претседателката на ДОМ и пратеник Маја Морачанин истакна дека и тие се за една изборна единица без праг, отворени листи и 50 проценти на жените на листите. Морачанин услови дека ДОМ ќе ја напушти Владата ако до јуни претседателот на Собранието Талат Џафери не ги стави на пленарна седница измените на изборниот модел. Според пратеничката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, ако има потреба за изборен праг, тоа да не биде изборен праг со којшто лицитираат од пет отсто. Според неа, тоа во старт би било погубно за помалите партии. -Но и може исто да се разговара за промена на математичката формула на пресметување на гласовите, односно на место Донтовиот количник, да се воведе пропорционална формула која најсоодветна мислиме дека би била Харе квотата, но за сето тоа треба да разговараат и работните групи и да се отвори дискусија тука по Предлог-законот со цел во таа амандманска расрправа да може да ги коментираме сите овие работи, рече Зајкова. Бејџан Илјас, пратеник на Демократската партија на Турците на Македонија, смета дека овој закон е добра подлога и дека моменталната ситуација не го одразува етничкиот состав на општеството во Собранието. И пратеникот на ВМРО-Народна партија Љупчо Балковски рече дека се согласни за една изборна единици и посочи дека новиот изборен модел ќе придонесе за поголема демократизација. Ги повика поголемите политички партии да гласаат за законското решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomalite-partii-vo-sobranieto-se-za-edna-izborna-edinitsa-bez-izboren-prag/feed/ 0
Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада: Една изборна единица или предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malite-partii-ja-uslovuvaat-poddrshkata-za-novata-vlada-edna-izborna-edinica-ili-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malite-partii-ja-uslovuvaat-poddrshkata-za-novata-vlada-edna-izborna-edinica-ili-predvremeni-izbori/#respond Thu, 13 Jan 2022 14:52:33 +0000 https://kurir.mk/?p=618926

Пет мали парламенатарни партии ја условуваат натамошната поддршка на новата Влада барајќи во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот закони, објави Телма. Доколку тоа не се случи тие повеќе нема д абидат дел од владејачкото мнозинство што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори. Пратениците испратија и писмо до собранискиот спикер Талат Џафери од кој бараат да закаже седница на која ќе се расправа за предложените изборни правила. Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел без изборен праг. Доколку до 15 април не се донесат измените тие ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malite-partii-ja-uslovuvaat-poddrshkata-za-novata-vlada-edna-izborna-edinica-ili-predvremeni-izbori/feed/ 0
Директна закана од малите партии до Заев: Доколку се одвоиме од коалицијата и не гласаме за одлуките и законите во парламентот тој не може да функционира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktna-zakana-od-malite-partii-do-zaev-dokolku-se-odvoime-od-koalicijata-i-ne-glasame-za-odlukite-i-zakonite-vo-parlamentot-toj-ne-moze-da-funkcionira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktna-zakana-od-malite-partii-do-zaev-dokolku-se-odvoime-od-koalicijata-i-ne-glasame-za-odlukite-i-zakonite-vo-parlamentot-toj-ne-moze-da-funkcionira/#respond Fri, 08 Jan 2021 18:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=452964

Помалите политички партии овој пат цврсто се решени да ги истуркаат измените на Изборниот законик за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица, објавува А1он. Павле Трајанов од Демократски сојуз информира дека подготвуваат иницијативата зад која ќе застанат над 30 пратеници, а се очекува да ја поднесат до крајот на јануари. Трајанов додава дека доколку не се прифати нивниот предлог малите партии имаат механизам да го блокираат носењето на одлуките и да го доведат во прашање функционирањето на Парламентот. „Во моментот работиме да обезбедиме единство и цврсто да стоиме на нашето барање. Сакаме да издејствуваме иницијативата да помине со консензус со договор и останува да видиме дали ќе прифатат или може да блокираме. Доколку десетина пратеници се одвоиме од коалицијата и не ги гласаме за одлуките и законите во Парламентот, тој не може да функционира. Еве нека си ги гласаат сами без нас. Но, ниту СДСМ самостојно со ДУИ може да носи одлуки, ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ на кој било начин ќе може да функционира. Затоа очекуваме разговор и заеднички договор за нашето барање“, рече Трајанов. Од партијата ДОМ, која со години се залага да се затвори ова прашање, велат дека решението треба да се договори на маса со сите партии по пат на консензус. За нив клучно е што над 50% од граѓаните даваат поддршка за промена на изборниот модел, па оттука не гледаат проблем политичарите да се договорат и следните парламентарни избори да се организираат во една изборна единица. Целиот текс прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktna-zakana-od-malite-partii-do-zaev-dokolku-se-odvoime-od-koalicijata-i-ne-glasame-za-odlukite-i-zakonite-vo-parlamentot-toj-ne-moze-da-funkcionira/feed/ 0