мали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 17:34:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот за безбедност на ОН ја прекинува мировната мисија во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-ja-prekinuva-mirovnata-misija-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-ja-prekinuva-mirovnata-misija-vo-mali/#respond Fri, 30 Jun 2023 17:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=851342

Советот за безбедност на ОН гласаше за завршување на децениската мировна мисија во Мали. Одлуката доаѓа по повикот од пред две недели на воената хунта во оваа западноафриканска земја за „итно повлекување“ на 13.000 странски војници. Инсистирањето беше дадено преку министерот за надворешни работи на Мали, Абдулаје Диоп на 16 јуни. На крајот на мисијата на ОН во Мали, MINUSMA, претходеа повеќегодишни тензии и ограничувања од страна на локалната власт, што ја попречи мировната операција по копно и воздух, особено откако африканската земја се здружи со руската приватна воена групација Вагнер во 2021 година. Советот за безбедност на ОН усвои резолуција подготвена од Франција, според која утре, сабота, треба да започне „престанокот на операциите како и уредното и безбедно повлекување на воениот персонал со цел да се заврши целиот процес до 31 декември 2023 година." САД изразија загриженост за дестабилизирачките активности на „Вагнер“ во Африка и го обвинија Евгениј Пригожин дека придонел за протерувањето на силите на ОН од Мали. Во Вашингтон имаа информации дека преодната влада на африканската земја од крајот на 2021 година на „Вагнер“ му платила повеќе од 200 милиони долари. Ова за медиумите го изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-ja-prekinuva-mirovnata-misija-vo-mali/feed/ 0
Во Мали 49 војници од Брегот на Слоновата Коска обвинети за „поткопување на државната безбедност“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mali-49-vojnici-od-bregot-na-slonovata-koska-obvineti-za-potkopuvanje-na-drzavnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mali-49-vojnici-od-bregot-na-slonovata-koska-obvineti-za-potkopuvanje-na-drzavnata-bezbednost/#respond Sun, 14 Aug 2022 19:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=718447

Четириесет и девет војници на Брегот на Слоновата Коска, кои повеќе од еден месец се во притвор во Бамако, се обвинети за „поткопување на државната безбедност“ на Мали. „Војниците од Брегот на Слоновата Коска беа обвинети во петокот за „обид за поткопување на државната безбедност“ и ставени под налог за егзекуција“, јавија француски медиуми повикувајќи се на извор во судството во Мали. Брегот на Слоновата Коска ги негира обвинувањата. Земјата тврди дека нејзините војници биле дел од мисијата на Обединетите нации и бараат нивно ослободување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mali-49-vojnici-od-bregot-na-slonovata-koska-obvineti-za-potkopuvanje-na-drzavnata-bezbednost/feed/ 0
Терористички напад во Мали, има 21 жртва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristichki-napad-vo-mali-ima-21-zrtva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristichki-napad-vo-mali-ima-21-zrtva/#respond Tue, 09 Aug 2022 07:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=715908

Дваесет и едно лице загина во терористички напад во Мали, соопшти националната армија, јави ДПА. Меѓу жртвите имало четворица цивили и 17 војници од Мали. Уште 22 лица се ранети во нападот во неделата попладне во близина на градот Тесит, кој е во близина на границата со Нигер и Буркина Фасо. Малиската армија исто така соопшти дека убила најмалку седум терористи и дека напаѓачите однеле повеќе од нивните ранети и мртви од бојното поле. Бамако ја обвини за нападот Исламската држава во Голема Сахара (ИСГ), велејќи дека нападот бил добро координиран и добро опремен и вклучувал употреба на беспилотни летала. IDGS е главен огранок на Исламската држава. Главно се обвинува за напади во земјите Нигер, Буркина Фасо и Мали. Други вооружени групи дејствуваат и во Сахел, област која се протега јужно од Сахара од Атлантскиот Океан до Црвеното Море. Мали, со население од околу 20 милиони луѓе, доживеа три воени удари од 2012 година и се смета за крајно нестабилна земја. Од последниот државен удар во мај 2021 година, земјата е управувана од привремена воена влада. Западните сили ги преиспитуваат своите обврски кон земјата во услови на непријателство од воените владетели. Франција и другите европски земји неодамна ги повлекоа војниците вклучени во антитерористичките операции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristichki-napad-vo-mali-ima-21-zrtva/feed/ 0
Џихадистите ја нападнаа најголемата воена база во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzihadistite-ja-napadnaa-najgolemata-voena-baza-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzihadistite-ja-napadnaa-najgolemata-voena-baza-vo-mali/#respond Fri, 22 Jul 2022 16:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=709072

Џихадистите денеска ја нападнаа воена база Кати во Мали, лоцирана во близина на Бомако. Бунтовниците првпат по повеќе од 10 години бунт ја нападнаа најголемата воена база во Мали. Според армијата на Мали, во близина на базата експлодирале две возила, а двајца напаѓачи се елиминирани. Во Мали вчера се случија серија координирани напади на џихадистите. Во еден од нив била нападната полициска база северно од Бамако, а биле убиени двајца припадници на војската на Мали. Лидерот на воената хунта, која е на власт во Мали, полковникот Асими Гоита, често престојува во базата Ката, од каде што почна државниот удар во 2020 година, по што армијата ја презеде власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzihadistite-ja-napadnaa-najgolemata-voena-baza-vo-mali/feed/ 0
Најмалку 27 загинати во терористички напад на воен камп во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-27-zaginati-vo-teroristichki-napad-na-voen-kamp-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-27-zaginati-vo-teroristichki-napad-na-voen-kamp-vo-mali/#respond Sat, 05 Mar 2022 09:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=641357

Најмалку 27 војници се убиени, а 33 други се повредени, од кои некои и потешко, во терористички напад врз воен камп во Мали, јави ДПА. Седуммина војници сè уште се водат за исчезнати, доцна синоќа соопшти владата на воената хунта. Нападот се случил вчераутро во близина на селото Мондоро. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Слични напади во минатото извршуваа исламистичките групи. За време на потерата што следела, 70 од напаѓачите биле „совладани“, се наведува во соопштението, пренесено од ДПА. Во оваа проблематична западноафриканска држава, која од 2012 година претрпе три воени удари, со години наназад има активни терористички групи, од кои дел им ветија верност на Ал Каеда или Исламска држава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-27-zaginati-vo-teroristichki-napad-na-voen-kamp-vo-mali/feed/ 0
Вооружен напад врз германски контингент во Мали, повредени 15 војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-germanski-kontingent-vo-mali-povredeni-15-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-germanski-kontingent-vo-mali-povredeni-15-vojnici/#respond Fri, 25 Jun 2021 13:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=528001

Во западноафриканската држава Мали извршен е напад на патрола на германски војници, членови на мисијата на ООН. Мировната команда од Бундесверот потврди дека биле нападнати германски војници. „Билд“ тврди дека во нападот биле повредени 15 германски војници, од кои тројца се здобиле со потешки повреди. Бундесверот испрати авион до Мали за да ги евакуира повредените војници. Нападот се случил на околу 155 километри западно од Гао, каде германски контингент сини шлемови бил стациониран во кампот „Кастор“. Според „Билд˝, нападот бил извршен од бомбаш-самоубиец кој активирал автомобил-бомба во близина на војниците. Бундесверот издаде забрана за објавување информации за нападот, бидејќи семејствата на повредените сè уште не се информирани. Најавено е дека министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ќе и се обрати на нацијата за овој настан. Мисијата на ОН „Минусма“ во Мали има мандат да ја стабилизира состојбата во земјата. Инаку, „Минусма“ преку Твитер соопшти дека во нападот се повредени 15 војници, без да ги наведе националностите на повредените. „Минусма остро го осудува овој напад со желба повредените брзо и целосно да се опорават“, беше наведено на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-germanski-kontingent-vo-mali-povredeni-15-vojnici/feed/ 0
Вонреден самит на земјите од Западна Африка заради кризата во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/#respond Mon, 31 May 2021 06:10:51 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517046

Лидерите на регионалната Економска заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) синоќа се собраа во Гана на вонреден самит заради Мали, бидејќи последната политичка криза во оваа земја ја загрозува нејзината стабилност. Самитот го отвори претседателката на Гана, Нана Акуфо-Адо, која рече дека ЕКОВАС „мора да остане решен да го поддржува народот во Мали на патот кон изнаоѓање мирно решение и враќање на демократијата и стабилноста во земјата“. Уставниот суд на Мали во петокот го назначи полковник Асими Гоита за шеф на владата, неколку дена откако тој ја презеде власта со воен удар, принудувајќи ги привремениот претседател и премиерот да си поднесат оставки. Двајцата, кои во понеделникот беа уапсени од армијата, на највисоките државни позиции беа назначени по воениот удар од август 2020 година, предводен исто така од Гоита, против поранешниот претседател на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита. Тогаш беше формирана преодна влада, со Гоита како заменик претседател на државата, а изборите беа договорени за февруари и март 2022 година. По преземањето на власта минатата недела, Гоита изјави дека изборите ќе се одржат според планот, но засега е нејасно каква улога ќе има армијата во владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/feed/ 0
Опозицискиот лидер на Мали почина од последици од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opoziciskiot-lider-na-mali-pochina-od-posledici-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opoziciskiot-lider-na-mali-pochina-od-posledici-od-kovid-19/#respond Fri, 25 Dec 2020 18:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=448430

Лидерот на опозицијата на Мали, Сумаил Цисе, кој шест месеци беше во заложништво на џихадистите и се сметаше за водечки кандидат на изборите во 2022 гдина, почина во Париз. Неговото семејство.соопшти дека 71-годишниот Цисе починал откако се инфицира со Ковид-19. Тој во март беше заробен од џихадистите поврзани со Ал Каеда. Владата на Мали во октомври издејствува негово ослободување, заедно со француските и италијанските заложници, во замена за ослободување на околу 200 џихадисти од затворите во Мали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opoziciskiot-lider-na-mali-pochina-od-posledici-od-kovid-19/feed/ 0
Убиени десетици џихадисти во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-desetici-dzihadisti-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-desetici-dzihadisti-vo-mali/#respond Sat, 14 Nov 2020 09:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=429359

Неколку десетици џихадисти се убиени во операција на француската армија во близната на Ниаки, во Мали, објави доцна синоќа штабот на француската армија, јави дописникот на МИА. – Околу триесет членови на ГАТ (вооружена терористичка група) кои припаѓаат на РВИМ (Собир за победа на исламот и муслиманите, исто така наречена ГСИМ,) беа неутрализирани за време на воздушна и хеликоптерска акција.Тие беа цел „на воздушните напади на авионите „Мираж 2000 “, хеликоптерите „Тигар“ и планинските командоси, соопшти портпаролот на штабот, полковник Фредерик Барбри. Франција вчера соопшти дека од страна на нејзините сили во мали е убиен Бах Аг Муса, познат како „воен водач“ на Групата за поддршка на исламот и муслиманите (ГСИМ), поврзана со Ал Каеда. По забележувањето на сомнителен логор во близина на Ниаки, на 180 километри источно од Мопти, четири авиони Мираж 2000 полетаа од воздухопловната база Нијами, се вели во соопштението на француската армија. Четири борбени хеликоптери „Тигар“ и три транспортни „Кајман“ беа исто така вклучени заедно со планински командоси. По првите воздушни напади врз логорот, командосите поддржани од борбени авиони и хеликоптери, воделе „копнена борба од околу еден час“, прецизира полковник Барбри. Запленети и уништени се и околу 20 мотоцикли и оружје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-desetici-dzihadisti-vo-mali/feed/ 0
Убиени 12 војници од заседа во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-12-vojnici-od-zaseda-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-12-vojnici-od-zaseda-vo-mali/#respond Tue, 13 Oct 2020 15:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=415846

Најмалку 12 војника се убиени во напад извршен во централниот дел на Мали, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти војската. Нападната е воена позиција од заседа во Сокура, каде војниците загинале во експлозија на импровизирана бомба. Војската наведува и дека се „убиени девет терористи“. Централниот дел на Мали е често мета на насилство, особено од 2015 година, кога се појави џихадистичка група, предводена од припадник на етничката заедница Фулани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-12-vojnici-od-zaseda-vo-mali/feed/ 0