малмед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 12:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png малмед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malmed-izdade-odobrenie-za-uvoz-na-lekot-trikafta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malmed-izdade-odobrenie-za-uvoz-na-lekot-trikafta/#respond Mon, 20 Feb 2023 12:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=802671

Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза, потврди за МИА директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани. Тој истакна дека се завршени сите процедури за одобрување на увозот на лекот и сега останува уште да се реализира постапката. Согласно претходните најави од Владата, во случајов станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ наменет за осумтемина најкритични пациенти заболени од цистична фиброза, додека за обезбедување на редовно снабдување со лекот за сите останати заболени потребни се законски измени. Владата информира дека веќе е подготвен Предлог-закон за измена на правилата за јавни набавки, со кои би се овозможиле директни преговори меѓу државата и компанијата единствен производител лекот „Трикафта“ и кој треба да биде усвоен од страна на Собранието.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malmed-izdade-odobrenie-za-uvoz-na-lekot-trikafta/feed/ 0
Директорот на МАЛМЕД бара време за утврдување на наодите согласно законите и прописите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-malmed-bara-vreme-za-utvrduvanje-na-naodite-soglasno-zakonite-i-propisite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-malmed-bara-vreme-za-utvrduvanje-na-naodite-soglasno-zakonite-i-propisite/#respond Wed, 20 Jul 2022 10:18:58 +0000 https://kurir.mk/?p=707827

Да се даде време за утврдување на наодите за клиниката „Жан Митрев“ согласно законите и прописите. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите, рече денеска директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Лирим Шабани. Шабани на прес-конференцијата во врска со случајот „Брезев“ и работењето на клиничката болница „Жан Митрев“ на која присуствуваат министерот за здравство Беким Сали, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) Иринка Сотровска Бухова, како и претседателката на Лекарската комора Калина Кривчева Старделова, порача дека никој не е над законот и дека тој што згрешил, ќе одговара за своите постапки. Тој информира дека веќе се закажани две комисии, етичка и комисија за клинички испитувања кои ќе работат на случајот. -Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување. Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите. Во меѓувреме тече состанокот меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите, истакна Шабани. Според него, не може ништо да се тврди ад-хок, ако претходно не се докаже. -Ако вели некој дека нема изјава од пациенти, не можеме да кажеме дали има или нема. Ги викнавме луѓето да достават документација. Агенцијата за лекови прати инспекција пред да се објави документарецот, им даде пет дена рок, до вчера попладне доставија дел од документацијата, денеска се дојдени за објаснување. Закажана е Комисија за клинички испитувања, а ќе заседава и Етичка комисија. Дајте барем малку време да се потврдат наодите. Што и да се утврди, ќе се постапи соодветно, рече Шабани. Претходно, директорката на ДЗСИ соопшти дека во клиниката „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори. Министерот Сали, пак, порача дека случајот „Брезев“ ќе се тера до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-malmed-bara-vreme-za-utvrduvanje-na-naodite-soglasno-zakonite-i-propisite/feed/ 0
Непотизмот се шири како вирус низ државата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepotizmot-se-shiri-kako-virus-niz-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepotizmot-se-shiri-kako-virus-niz-drzavata/#respond Fri, 22 Feb 2019 09:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=166787

Според информациите на порталот НОВАТВ.мк Стефанија Чакаровска, ќерка на Гоце Чакаровски кој е советник за здравство на премиерот Заев од пред една недела работи како секретарка-советник на заменик директорот во Агенцијата за лекови, Роберт Бекировски. Оваа информација ја потврдило и раководството на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД). Чакаровска на ова работна место е со договор на дело, со оглед на тоа што се стопирани сите конкурси заради претседателските избори. Според изворите за НОВА од Агенцијата велат за вакво работно место воопшто немало потреба, а нејзиното вработување било побарано од „горе“. Во МАЛМЕД немаат реална потреба од заменик директор, а не пак од негов советник или секретарка. Гоце Чакаровски, советникот на Заев за здравство, вели дека неговата ќерка работи по договор на дело само на неколку месеци, а потоа ќе се повлече и ќе се врати во Словенија каде што студира. „Не се работи за непотизам. Мојата ќерка заради „икс“ причини се врати на неколку месеци во државата и потоа ќе се врати пак во Словенија каде што студира. Работи по договор на дело во МАЛМЕД, не е во редовен работен однос“, изјавил за НОВА, Чакаровски. Покрај Чакаровска во МАЛМЕД е примен и еден шофер, информатичар, архивар, еден фармацевт(иако како што велат, имало потреба од двајца), но во Агенцијата тврдат дека за нив имало реална потреба, а ќе биде распишан конкурс за редовен работен однос веднаш штом за тоа се создадат услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepotizmot-se-shiri-kako-virus-niz-drzavata/feed/ 0