мамки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Oct 2018 14:57:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мамки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од утре ќе се фрлаат мамки за вакцинација на лисиците, граѓаните да не ги допираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-kje-se-frlaat-mamki-za-vakcinacija-na-lisicite-gragjanite-da-ne-gi-dopiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-kje-se-frlaat-mamki-za-vakcinacija-na-lisicite-gragjanite-da-ne-gi-dopiraat/#respond Wed, 10 Oct 2018 14:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=113437

Утре почнува 13. есенска кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за вакцинација на лисиците против беснило. На целата територија на Република Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови заклучно со 19 октомври, од спортските аеродроми во Скопје и Штип  ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки. АХВ апелира граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило, како и биолошки маркер - тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата. - Како одговорна институција апелираме мамката да не се допира,но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно истата да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе, велат од АХВ. Агенцијата ги потсетува сопствениците на домашни миленици кучиња и мачки дека имаат законска обврска да ги вакцинираат животните против беснило иако болеста во Македонија последен пат е регистрирана во 2012 година. По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација. Кампањата за вакцинација се реализира со финансиска поддршка на Европската унија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-kje-se-frlaat-mamki-za-vakcinacija-na-lisicite-gragjanite-da-ne-gi-dopiraat/feed/ 0