мамографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 12:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мамографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗ: Продолжува националниот мамографски скрининг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-prodolzuva-nacionalniot-mamografski-skrining/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-prodolzuva-nacionalniot-mamografski-skrining/#respond Fri, 11 Nov 2022 12:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=759155

Министерството за здравство од 1 ноември продолжи со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура. Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед. Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ: Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип, Клиничка болница Битола , Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Општа болница со проширена дејност Гевгелија, Општа болница со проширена дејност Кочани, Општа болница Охрид, Општа болница Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш. Закажувањето почна со жени на возраст од 45 години. До сите се испратени СМС пораки на бројот со кој се евидентирани во системот Мој термин. Во пораките кои се испратени - се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба. Исто така, кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство. Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри. Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас. За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција. Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата, информира Министерството за здравство. Тие посочуваат дека за жените кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба. - Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле. Инаку, преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени, се додава во нивното соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-prodolzuva-nacionalniot-mamografski-skrining/feed/ 0
Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/#respond Thu, 10 Nov 2022 06:52:30 +0000 https://kurir.mk/?p=758302

Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин. На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството за здравство не даде конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники. -Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи како на пример ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи, стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство. Оттаму информираа дека со Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, која започна овој месец, од 1 до 4 ноември се направени скрининг мамографии кај 156 жени. Со оваа скрининг програма треба да бидат опфатени жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44 години кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор. МИА го контактираше и Здружението на приватни лекари. На прашањето како матичните лекари се справуваат со термините и издавањето упат за мамографија, претседателката на здружението д-р Лилија Чолакова-Дервишова, вели дека Скопје е голем регион и тешко се наоѓаат термини, додека на пример во Велес после еден месец може да се најде термин. – Жените во најголем процент заради нивното здравје и брзата дијагноза мора да одат на приватни специјалисти за да може тоа брзо да се придвижи и да се дојде до отстранување на тие туморозни формации што ги откриваме во нашите ординации, истакнува д-р Чолакова-Дервишова. Од друга страна, таа појаснува дека кога матичниот лекар, користејќи ги сите методи во однос на ниво на примарен доктор ќе забележи дека нешто не е во ред, веднаш се издава итен упат со цел брза реакција. Решение за регулирање на термините, според д-р Чолакова-Дервишова е регулирањето на неограничениот број на услуги што ги нуди здравствениот систем со ограничени средства. Додава дека честопати сигнализираат до Министерството и потребно е да се воведе основен пакет на услуги. – Здравствениот систем ни е оптоварен, здравствен кадар има се помалку во внатрешноста на Македонија. Сите се во „брнаут“ и крајно време е да се воведе основен пакет и да се знае за колку пари, кој колку може да направи. Таква практика има секаде во светот и се знае колку пати треба да се направи преглед за одредена работа, апелира докторката. Вината за овие проблематики не е само на едно место. Честопати се случува пациентот кој веќе има термин да не го искористи, земајќи го местото на друго лице. Свеста останува колективно на општеството, но и на ресорните институции да одредат точно и конкретно колкупати едно лице и во колкав временски период може да закаже термин за одреден здравствен проблем, користејќи ги разумно здравствените услуги. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/feed/ 0
Грција: Направени над 40.000 бесплатни мамографии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-napraveni-nad-40-000-besplatni-mamografii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-napraveni-nad-40-000-besplatni-mamografii/#respond Tue, 25 Oct 2022 12:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=750187

Преку програмата „Фофи Генимата“ за превенција од рак на дојка, воведена во јуни годинава во спомен на починатата лидерка на ПАСОК, во Грција досега се направени над 40.000 бесплатни дигитални мамографии, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерствата за здравство и дигитална политика на Грција соопштија дека биле испратени смс пораки со упат за мамографија до сите жени на возраст меѓу 50 и 69 години, веќе се направени над 40.000 мамографии, кај 17.605 жени бил дијагностициран бениген наод, за 5.104 жени било потребно дополнително испитување со негативен резултат, а кај 2.411 жени навремено бил дојагностициран рак на дојка и за мнозинството од нив не била потребна мастектомија или хемотерапија. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис рече дека ја спроведуваат „најголемата програма за превентивни прегледи што постои“, додека пак министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис исакна дека „за помалку од пет месеци програмата „Фофи Генимата“ стана сојузник на сите жени на возраст од 50 до 69 години“. Програмата, која е финансирана од Фондот за закрепнување, беше официјално промовирана на почетокот на јуни и е за превенција и предсимптоматски прегледи за рак на дојка за жени од 50 до 69 години, програма што го носи името на починатата претседателка на ПАСОК-Движење на промена, која пред точно една година ја згуби биката со ракот. На презентацијата на програмата , сопругот на Генимата, Андреас Цунис рече дека прашањето со превенцијата на рак на дојка, „беше прашање кое Фофи Генимата се обидуваше да го истакне преку сите позиции што ги имаше и во политиката и во животот“. На денешен ден пред една година почина лидерката на ПАСОК-Движење на промена Фофи Генимата, која долги години се бореше со ракот, а неколку дена по нејзината смрт грчкиот премиер ја најави програмата, истакнувајќи дека „државата со специјална програма за превенција од рак, што ќе го носи нејзиното име, го чествува споменот на Фофи Генимата, онака како што и таа ќе сакаше“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-napraveni-nad-40-000-besplatni-mamografii/feed/ 0
Се воведува двојно читање на мамографските слики за рано откривање рак на дојка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-voveduva-dvojno-chitanje-na-mamografskite-sliki-za-rano-otkrivanje-rak-na-dojka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-voveduva-dvojno-chitanje-na-mamografskite-sliki-za-rano-otkrivanje-rak-na-dojka/#respond Wed, 09 Oct 2019 11:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=249650

Првпат од функционирањето на мамографски скрининг Министерството за здравство воведува значајна новина за двојно читање на мамографските слики, со што мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози. Како што информира Министерството за здравство, овој начин на работење е воведен во шест центри во земјата, односно во трите мамографски центри во Скопје – ГОБ „8 ми Септември“, Институт за радиологија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (стара градска), како и во болниците во Тетово, Прилеп и Охрид за што е направена надградба на националниот електронски систем МојТермин. Оваа новина, додаваат од министерството, е воведена со цел максимално да се зголеми бројот на лица заболени во рана фаза од болеста. Истовремено, Националната комисија за спроведување на скринингот на рак на дојка повеќе од една година работи согласно европските насоки за обезбедување квалитет во насока на потребна апаратура, начин на снимање и читање на сликите, како и зајакнување на човечките ресурси. -Радиолозите што ќе прават двојно читање ќе треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки. Со новата софтверска програма ќе се следи техничкиот квалитет на сликите, квалитетот на мониторите на кои што се прикажуваат и радијациските дози што ги добиваат пациентите. Токму месец октомври е месец за превенција од рак на дојка, за таа цел потсетуваме да направите самопреглед на дојка, да закажете ЕХО на дојка преку вашиот матичен лекар, а доколку сте на возраст од 50 до 69 години јавете се на бесплатниот телефон 0800 15 444 и закажете мамографски преглед, се вели во соопштението од Министерството за здравство. За пријавените жени од оваа возрасна група, кои ќе бидат опфатени со скринингот, мамографскиот преглед ќе биде бесплатен, а средствата се обезбедени преку Програмата за рана детекција на малигни заболувања при Министерството за здравство. Со ова, Велат од Министерството за здравство, Северна Македонија ќе биде единствена држава во регионот која има вакви процедури за контрола на квалитетот, како што има во Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска, Словенија, кои се лидери по успешност на мамографскиот скрининг. Од Министерството апелираат сите жени на возраст од 50 до 69 години, кои ќе бидат поканети на скринингот да се јават на закажаниот преглед, бидејќи раната дијагностика е клучна и спасува животи. Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жената, но доколку се открие во рана фаза значително се намалува процентот на смртност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-voveduva-dvojno-chitanje-na-mamografskite-sliki-za-rano-otkrivanje-rak-na-dojka/feed/ 0
Здравство: Најрано мамографија во Скопје може да направите во декември, ако сакате деновиве може да одите во Ресен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-najrano-mamografija-vo-skopje-moze-da-napravite-vo-dekemvri-ako-sakate-denovive-moze-da-odite-vo-resen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-najrano-mamografija-vo-skopje-moze-da-napravite-vo-dekemvri-ako-sakate-denovive-moze-da-odite-vo-resen/#respond Mon, 08 Oct 2018 11:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=112238

Во Скопје за да би направиле мамографија би требале да чекате околу 2-3 месеци. Од вкупно 25 јавни здравствени установи во Република Македонија од 7 здравствени установи каде се прави мамографија, моментално во ниту една клиника нема термин порано од декември, пишува здравство.мк. Во градовите Битола, Вевчани, Велес, Струмица, Радовиш, Струга и Ресен може во било кое време да закажете термин за преглед. Пред неколку години на специјализација за радиологија се запишани 2 лица кои одат на работа и во соодветна установа, во 2016 се запишани уште двајца, но тие не се ни почнати бидејќи надлежниот бара да одат на работа во итна помош. Втор пример, е во самата Клиника за радиологија во Скопје каде што исто така има 4, од кои една е на одмор, 2 се на боледување, а моментално еден е на работа. Поради нестручност, несоодветен кадар и одлив на доктори во странство страдаат граѓаните на Република Македонија. Вчера во Република Македонија се одбележа и меѓународниот ден за борба против рак на дојка. Кај нас статистиката покажува дека во 2018 година се регистрирани вкупно 1.356 нови случаи на заболени жени од рак на дојка. Во периодот од први јануари 2017 година до крајот на септември годинава закажани се над шеесет илјади прегледи за повеќе од осум илјади пациенти заболени од малигна неоплазма на дојка. Најмладата пациентка е на 17-годишна возраст, а највозрасната има 97 години. За проблемот на кој се пожалија жени што биле оперирани од рак на дојка, дека бараат иновативните лекови да бидат ставени на позитивна листа и да се намали чекањето за преглед кое трае до 2,3 месеци, за мамографија или за ехо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-najrano-mamografija-vo-skopje-moze-da-napravite-vo-dekemvri-ako-sakate-denovive-moze-da-odite-vo-resen/feed/ 0