манастир „Пресвета Богородица“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Jan 2018 15:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png манастир „Пресвета Богородица“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косовски Албанци го блокирале влезот во манастир во Ѓаковица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovski-albanci-go-blokirale-vlezot-vo-manastir-vo-gjakovica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovski-albanci-go-blokirale-vlezot-vo-manastir-vo-gjakovica/#respond Sat, 06 Jan 2018 15:49:38 +0000 http://kurir.mk/?p=7395

Група косовски Албанци го блокираа денеска во Ѓаковица пристапот до манастирот „Пресвета Богородица“, иако српските верници ја откажаа најавената посета поради закани и безбедносната ситуација, напиша отецот Сава Јањиќ на својот Фејсбук профил. Четири монахињи останале заклучени во манастирот, литургија не била служена, ниту можел некој да донесе бадникови гранчиња. - Наводните мирни протести се само продолжување на етничкото чистење на Ѓаковица од Срби, кое се случува по 1999 година, со уништување на српските цркви и куќи, наведува Јањиќ. Тој тврди дека „Србите долги години се соочуваат со негирање на основните верски и човекови права, а овој пример покажува дека христијаните во Косово не можат да го прослават слободно ниту Божиќ“. - Ќе видиме дали меѓународните претставници во меѓувреме ќе успеат да ја гарантираат безбедноста, истакнува Јањиќ, потсетувајќи дека манастирот бил запален и изгорел до темел во 2004 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovski-albanci-go-blokirale-vlezot-vo-manastir-vo-gjakovica/feed/ 0