манастир „Света Марена“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 10:48:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png манастир „Света Марена“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците од Пустец го одбележаa патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-pustec-go-odbelezaa-patronot-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-pustec-go-odbelezaa-patronot-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminec/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=383679

Македонците од општина Пустец, Мала Преспа го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во селото Туминец. Поради актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19 и препораките да се избегнуваат масовни собирања, одблежувањето на празникот посветен на Света великомаченица Марина-Марена-Огнена Марија, присуството на верници беше многу помало, споредено со претходните години, со запазување на мерките за заштита. -Ја продолжуваме вековната традиција на одбележување на овој голем празник. Поради познатата состојба со коронавирусот присуството беше помало а во мал број беа и верниците од другите села на нашата област, Мала Преспа, потоа од подрачјето на Корча, Ресен и Прилеп, кои во голем број доаѓаа за овој празник, велат од локалната власт на општина Пустец. Додаваат дека богослужбата во манастирската црква ја отслужиле свештениците Алексо Темелко и Роти Арѓир, по што верниците кусо останале во дворот на црквата. Годинава изостанало и присуството на музичари, кои во измнатите години ги веселеа Македонците а орото се виеше до доцна попладне. На ланското одбележување заедно со Македонците беше и претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој го честиташе, како што рече овој свет ден и запали свеќа за здравје. -Вие сте прекрасна заедница, мирољубива и трудољубива, која заслужува една подобра иднина. Да ни е напомош на сите нам за подобра иднина Светата великомаченица Марена. За Пустец, за Албанија, за Македонија и за нашиот прекрасен соживот. Убавини и добрини секогаш, порача тогаш Мета. Манастирот датира од 18 век а обновен е 1926 година.Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, локација која самата по себе дава дополнителна убавина и првлечност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-pustec-go-odbelezaa-patronot-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminec/feed/ 0