манчестер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 19:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png манчестер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО МАНЧЕСТЕР: Полицијата и пожарникарите на нозе поради закана за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-na-aerodromot-vo-manchester-politsijata-i-pozharnikarite-na-noze-poradi-zakana-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-na-aerodromot-vo-manchester-politsijata-i-pozharnikarite-na-noze-poradi-zakana-za-bomba/#respond Tue, 17 Oct 2023 19:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=890002

Британската полиција и пожарникарските екипи ја преполнија пистата на аеродромот во Манчестер по закана за бомба. -Летот на Емирати од Дубаи бил опколен од службите за итни случаи откако слетал нешто по 19 часот, пишува Мирор. Полицијата на Манчестер потврди дека се извршени безбедносни проверки и дека досега не се пронајдени сомнителни предмети. Од аеродромот во Манчестер вечерва потврдија дека авионот слетал и потврдија дека полицијата се занимава со инцидентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-na-aerodromot-vo-manchester-politsijata-i-pozharnikarite-na-noze-poradi-zakana-za-bomba/feed/ 0
На охридскиот аеродром ТАВ ги пречека првите летови од Манчестер и Лондон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/#respond Wed, 31 May 2023 13:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=840888

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, денеска на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници од Манчестер и од Лондон (Гетвик), со што го означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ. Почнувајќи од денес, 31-ви мај, охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе служи како врска за редовни сезонски летови меѓу Манчестер и Лондон (Гетвик), и прекрасниот град Охрид. На летовите ќе лета британската компанија TUI UK. Директните воздушни врски што ги обезбедуваат овие чартер-летови ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања меѓу транзитни или трансфери летови кои одземаат многу време, нудејќи им на британските патници беспрекорно и практично искуство на патување покрај волшебното Охридско Езеро. -Возбудени сме што можеме да го објавиме почетокот на новите сезонски летови, што ги поврзуваат Манчестер и Лондон со аеродромот во Охрид, а на кои лета TUI UK. Како ТАВ, среќни сме што им посакуваме добредојде на патниците на овие нови рути. Со двете нови дестинации од Велика Британија до Охрид ќе се подобрат опциите за патување и ќе отворат можности за странските туристи да ја истражуваат неверојатната убавина и богатото културно наследство на живописниот Охрид. Охрид долго време се смета за скриен скапоцен камен, кој нуди волшебен спој на природни чуда и историски знаменитости. Со воведувањето на овие чартер-летови од Манчестер и Лондон, имаме за цел да ја направиме оваа извонредна дестинација лесно достапна, давајќи им можност на нашите гости да го откријат Стариот град кој што е на листата на УНЕСКО, да ги посетат античките манастири и цркви и да се нурнат во локалната традиција и топлото гостопримство. Ги покануваме патниците од Манчестер и Лондон, и пошироко, да тргнат на незаборавно патување во Охрид, градот кој нуди по нешто посебно за секого. Со посветеност да обезбеди одлични аеродромски услуги, ТАВ Македонија преку Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, се стреми да ги подобри искуствата од патувањето, да го промовира туризмот и да го поддржи регионалниот развој.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Новововедените сезонски летови од Манчестер и Лондон ќе сообраќаат со по 1 неделен лет, во периодот од 31-ви мај до 20-ти септември, а TUI UK ќе лета со Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта. Како што велат од ТАВ Македонија, околу 6.000 британски патници се очекува да пристигнат во Охрид од овие две нови дестинации во текот на летната сезона. -Северна Македонија е помалку позната дестинација за туристите во Обединетото Кралство, но тоа почнува да се менува, а TUI се уверени дека штом нашите клиенти ќе се вратат дома, ќе се прошири и распространи информацијата на пријателите и семејството за и самите да ја искусат оваа единствена дестинација. Ќе испраќаме два лета неделно до охридскиот аеродром за време на летната сезона, и од Манчестер и од Лондон Гетвик, давајќи им одличен избор на клиентите во северниот и јужниот дел на Обединетото Кралство, изјави Крис Логан, Извршен директор на ТУИ Велика Британија за скијање, езера и планини. Патниците можат да ги резервираат своите авиобилети за овие возбудливи нови чартер летови преку веб-страницата на TUI и ќе имаат можност да го приспособат своето патување според нивните преференции и да го искористат максимумот од нивната посета на Охрид. ТАВ Македонија го заврши првиот квартал од 2023 година (јануари-април) со 753.377 патници на двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е за 44% зголемување во однос на истиот период од 2022 година и зголемување од 9% во однос на 2019 година. која се смета за референтна година во воздухопловството, со оглед на кризата со Ковид-19. Во истиот период, јануари-април 2023 година, бројот на летови на двата македонски аеродрома изнесува 6.010 со годишен пораст од 35% и 4% зголемување во однос на 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/feed/ 0
Се фалел дека живее луксузно, па полицијата му тропна на врата: Поради тоа што го пронајдоа кај него, осуден е на 37 години затвор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-falel-deka-zivee-luksuzno-pa-policijata-mu-tropna-na-vrata-poradi-toa-shto-go-pronajdoa-kaj-nego-osuden-e-na-37-godini-zatvor-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-falel-deka-zivee-luksuzno-pa-policijata-mu-tropna-na-vrata-poradi-toa-shto-go-pronajdoa-kaj-nego-osuden-e-na-37-godini-zatvor-video/#respond Sat, 12 Jun 2021 15:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=522431

Судот во Манчестер го осуди нарко босот Арам Шеибани, на 37 години затвор за криминален заговор за  дрога, затајување данок, перење пари и слични прекршоци во последната деценија. Судот го осудил 40-годишниот мигрант од Ирак врз основа на докази од двегодишната истрага што ги опфатила сите гореспоменати криминални активности. Шеибани се обидувал да го прикрие богатството што го стекнал незаконски со „легална“ работа во секторот на недвижнини, па затоа во Алтринкам изградил империја вредна пет милиони фунти. Една од причините за почеток на истрагата за нарко босот бил фактот дека за единаесет години тој законски ги пријавил своите приходи пет пати, но за прв пат тоа го сторил со помош на фалсификувана документација. Во неговиот стан во луксузното одморалиште во Алтринкам се пронајдени 167 илјади фунти готовина, а заедно со парите пронајдени на различни локации во негова сопственост, таа сума се искачила на милион и двесте илјади фунти. Покрај тоа, кај него биле откриени криптовалути во вредност од милион и триста илјади фунти, како и уметнички дела од Бенкси и Енди Ворхол. Во претресите, полицијата пронашла количини на кокаин, екстази, кетамин, како и уреди за броење пари. Шеибани имал и два луксузни Бентли, Мерцедес и Порше. Наркобосот водел многу гламурозен начин на живот, кој покрај автомобилите вклучувал и егзотични патувања, забави на јахти, но и естетска хирургија. Тој потрошил повеќе од триесет илјади фунти само на трансплантација на коса во 2013 година во Лос Анџелес. Токму луксузот што им „ги удираше сите во лице“ била една од причините за покренување истрага против него. Високиот инспектор за истраги Луси Пирсон е задоволна од пресудата и вели дека „Шеибани е криминалец и измамник кој се претставувал како успешен бизнисмен, користејќи лаги и измама“. Петерсон додаде дека пресудата е „лекција за сите што живеат нечесен живот на криминалци и мислат дека можат да уживаат во луксуз засекогаш на штета на обичните граѓани“. Дрогата што ја набавувал преку неговите колумбиски врски не биле насочени само кон Велика Британија, туку и кон пазарите ширум Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-falel-deka-zivee-luksuzno-pa-policijata-mu-tropna-na-vrata-poradi-toa-shto-go-pronajdoa-kaj-nego-osuden-e-na-37-godini-zatvor-video/feed/ 0
Без голови на дербито во Манчестер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bez-golovi-na-derbito-vo-manchester/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bez-golovi-na-derbito-vo-manchester/#respond Sat, 12 Dec 2020 21:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=442529

Градското дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заврши вечерва без голови и без преголеми возбудувања на теренот. Сити влезе во пресметката со градскиот ривал како фаворит, но остана само на двата обиди на Габриел Жезус и Ријад Марез во првиот дел. Јунајтед во второто полувреме се понадева на пенал по прекршокот на Кајл Вокер над Маркус Рашфорд, но одлуката беше поништена по консултација со ВАР собата поради офсајд. По некомплетнто 11. коло во Премиерлигата, Јунајтед во моментов е на 7. позиција со 20 бодови, место погоре и бод повеќе од Сити. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bez-golovi-na-derbito-vo-manchester/feed/ 0
Сане нема да го обнови договорот со Манчестер сити https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sane-nema-da-go-obnovi-dogovorot-so-manchester-siti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sane-nema-da-go-obnovi-dogovorot-so-manchester-siti/#respond Fri, 19 Jun 2020 16:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=359973

Напаѓачот на Манчестер сити, Лирој Сане ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, изјави селекторот на тимот Јосип Гвардиола. Така, 24-годишниот Германец ќе го напушти тимот како слободен играч следното лето, доколку не биде продаден по крајот на оваа сезона. – Лирој рече дека нема да го обнови договорот. Ова значи дека тој ќе го напушти Манчестер сити. Ова ќе се случи или ова лето или следното кога ќе заврши неговиот тековен договор. Ние предложивме тој да го продолжи договорот два или три пати, но тој секогаш одбиваше, затоа што сака да игра за друг клуб. Јас сум вознемирен, навистина сакаме да го задржиме. Лерој е млад фудбалер со голем потенцијал. Се обидовме да дојдеме до договор по неговата повреда и по операцијата, но тој има и други амбиции паралелно со нашите. Ја почитуваме одлуката на Лирој. Тој само сака нов предизвик во неговата кариера, соопшти Гвардиола. Претходно беше објавено дека Сане е близу до преселба во Баерн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sane-nema-da-go-obnovi-dogovorot-so-manchester-siti/feed/ 0
ВИДЕО: Аријана Гранде се врати на местото на злосторството, две години по терористичкиот напад на нејзиниот концерт https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-arijana-grande-se-vrati-na-mestoto-na-zlostorstvoto-dve-godini-po-teroristichkiot-napad-na-nejziniot-koncert/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-arijana-grande-se-vrati-na-mestoto-na-zlostorstvoto-dve-godini-po-teroristichkiot-napad-na-nejziniot-koncert/#respond Mon, 26 Aug 2019 07:42:01 +0000 https://kurir.mk/?p=233368

Аријана Гранде признала дека е нервозна пред настапот во градот во кој на нејзин концерт беа убиени 22 лица. Таа пред две години одржа концерт во Манчестер, а бомбаш самоубиец се разнесе пред салата убивајќи 22 лица, додека стотина беа повредени. Аријана собра сили и само две недели по нападот одржа хуманитарен концерт за семејствата на жртвите. Сега повторно се врати на „местото на злосторството“. -Многу сум возбудена, ве сакам. Ви благодарам што повторно ме повикавте да дојдам. Го обожувам Манчестер, секогаш во моето срце, истакна пејачката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-arijana-grande-se-vrati-na-mestoto-na-zlostorstvoto-dve-godini-po-teroristichkiot-napad-na-nejziniot-koncert/feed/ 0
Старица од Манчестер посака да биде уапесени барем еднаш пред да умре- причината ќе ве остави стаписани (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/starica-od-manchester-posaka-da-bide-uapeseni-barem-ednash-pred-da-umre-prichinata-kje-ve-ostavi-stapisani-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/starica-od-manchester-posaka-da-bide-uapeseni-barem-ednash-pred-da-umre-prichinata-kje-ve-ostavi-stapisani-foto/#respond Wed, 26 Jun 2019 06:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=212846

Полицијата во британскиот град Манчестер уапси старица без никаков повод. А, причината е тоа што таа, просто, сакала да биде уапсена барем еднаш пред својата смрт. Внуката на Џози Брдс, Пем Смит срдечно ѝ заблагодари на полицијата за исполнувањето на една од последните желби на баба ѝ. – Ѝ благодарам на полицијата што ја приведе Џози. Таа има 93 години и здравјето брзо ѝ се влошува, но таа посака да биде уапсена пред да стане предоцна за тоа. Таа има златно срце и ѝ беше многу забавно при апсењето, објави Пем на Твитер. Занимливо е тоа што ова не е првиот ваков случај. Во март, 104-годишната Ен Броукенбрау од Бристол, која била сместена во старечки дом, исто посакала да ѝ бидат ставени лисици барем еднаш пред да го напушти овој свет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/starica-od-manchester-posaka-da-bide-uapeseni-barem-ednash-pred-da-umre-prichinata-kje-ve-ostavi-stapisani-foto/feed/ 0
Викал „Алаху Акбар“ и бодел луѓе со нож: Најмалку тројца повредени во Манчестер (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikal-alahu-akbar-i-bodel-lugje-so-noz-najmalku-trojca-povredeni-vo-manchester-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikal-alahu-akbar-i-bodel-lugje-so-noz-najmalku-trojca-povredeni-vo-manchester-video/#respond Tue, 01 Jan 2019 08:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=147109

Најмалку тројца луѓе се повредени и пренесени во болница, откако маж ги избоде на сред улица во Манчестер, пренесуваат британските медиуми. Како што изјавиле очевидци, луѓе бегале и вриштеле додека напаѓачот ги бодел со нож. Повредените се маж и жена на околу 50 годишна возраст и еден полицаец. Нивните повреди се опишани како сериозни, но не опасни по живот. Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека полицијата го приведувала. Нападот се случил на станицата Викторија во Манчестер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikal-alahu-akbar-i-bodel-lugje-so-noz-najmalku-trojca-povredeni-vo-manchester-video/feed/ 0
Десет лица повредени при оружен напад во Манчестер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-povredeni-pri-oruzen-napad-vo-manchester/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-povredeni-pri-oruzen-napad-vo-manchester/#respond Sun, 12 Aug 2018 07:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=86953

Најмалку десет лица се повредени синоќа при оружен напад во англискиот град Манчестер, јави ДПА. Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во квартот Мос Сајд во 02:30 часот по полноќ, по добиена информација за пукотници. Настраданите, кои биле веднаш хоспитализирани, имаат различен степен на повреди. Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал, кој се одржувал во квартот. Други детали за случајот засега не се соопштуваат, а истрагата е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-lica-povredeni-pri-oruzen-napad-vo-manchester/feed/ 0
Британски воен брод го спасил терористот Абеди три години пред да се разнесе во Манчестер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-voen-brod-go-spasil-teroristot-abedi-tri-godini-pred-da-se-raznese-vo-manchester/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-voen-brod-go-spasil-teroristot-abedi-tri-godini-pred-da-se-raznese-vo-manchester/#respond Tue, 31 Jul 2018 06:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=82962

Британскиот весник „Дејли Мејл“ пишува дека исламистот Салман Абеди, кој пред една година уби 22 лица, кога се разнесе при концерт на Аријана Гранде во Манчестер, во 2014 година бил спасен во Либија од страна на британската воена морнарица. Според весникот, Абеди и неговиот брат Хашем биле во Либија кога британската воена морнарица го испратила бродот Ентерпрајз да евакуира стотина британски државјани од завојуваната држава. Двајцата браќа биле безбедно пренесени до Малта, од каде се вратиле во Велика Британија и почнале да го подготвуваат терористичкиот напад во кој половина од жртвите беа деца. Двајцата браќа Абеди имаат британско државјанство, како деца на либиски доселеник во Велика Британија. Нивните родители Рамадан и Самија се вратиле во Либија во пресрет на граѓанската војна во 2011 година. Британската полиција смета дека двајцата браќа се радикализирале преку исламистичка пропаганда достапна на интернет. Се уште не е со сигурност утврдено дали во 2014 година тие биле во Либија со цел да се борат во некоја од исламистичките единици или само ги посетувале своите родители, но утврдено е дека британската полиција го испитувала постариот брат Абеди неколку месеци пред да воената морнарица да го спаси од Либија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-voen-brod-go-spasil-teroristot-abedi-tri-godini-pred-da-se-raznese-vo-manchester/feed/ 0