мандатар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Sep 2022 18:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мандатар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шведска: Лидерот на Умерена партија, Кристерсон именуван за мандатар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-liderot-na-umerena-partija-kristerson-imenuvan-za-mandatar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-liderot-na-umerena-partija-kristerson-imenuvan-za-mandatar/#respond Mon, 19 Sep 2022 18:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=734922

Лидерот на третата по големина партија во Шведска, конзервативната Умерена партија, Улф Кристерсон денеска и официјално е назначен за мандатар за состав на новата влада. На изборите во Шведска, што се одржаа на 11 септември, четири партии од десниот центар освоија 176 места од вкупно 349, додека коалицијата на левиот центар во која беа вклучени и владејачките социјалдемократи освои 173 места. Претседателот на шведскиот Парламент, Риксдаг Андреас Норлен денеска му го врачи мандатот за формирање на влада на Кристерсон. Норлен изјави дека не е одреден датум пред кој Кристерсон треба да предложи нова влада. Мојата порака е дека сè оди добро. Сакам да формирам влада која обединува, а не дели, изјави Кристерсон по средбата со Норлен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-liderot-na-umerena-partija-kristerson-imenuvan-za-mandatar/feed/ 0
Брнабиќ: Името на мандатарот познато за седум до осум дена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-imeto-na-mandatarot-poznato-za-sedum-do-osum-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-imeto-na-mandatarot-poznato-za-sedum-do-osum-dena/#respond Mon, 08 Aug 2022 13:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=715681

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека денеска ќе почнат консултациите на Српската напредна партија (СНС) за избор на новиот премиер и новата влада на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Консултациите во СНС ќе траат два дена, по што ќе има консултации со другите партии, истакна Брнабиќ, додавајќи оти очекува за седум до осум дена да се знае името на мандатарот за состав на новата Влада на Србија. Според Брнабиќ Србија сè уште нема влада бидејќи само што е конституиран Парламентот, како и дека тоа што ќе бидат приоритетите и темите на новата влада ќе остане за новиот мандатар. Таа одговарајќи на новинарски прашања во Лапово за иницијативата „Отворен Балкан“, изјави дека е важно тоа што ќе се изработат идентификациски картички за граѓаните на земјите учеснички во иницијативата – Отворен Балакан ИД картички. – Тие идентификациски картички ќе служат за преминување на границите без чекање, да можете да работите без никаква работна дозвола и во оваа смисла, сè станува пофлексибилен пазар на труд, што мислам дека многу ќе придонесе за Србија, Албанија и Северна Македонија. Верувам дека само поради ова ќе има дополнителен прилив на инвестиции за овој регион и за овие земји, кои се членки на иницијативата. Се надевам дека и другите ќе се приклучат на иницијативата, рече Брнабиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-imeto-na-mandatarot-poznato-za-sedum-do-osum-dena/feed/ 0
Пендаровски: Не можам да го дадам мандатот на економот на „Бихаќка“, ми треба име и презиме на кандидатот за премиер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-mozam-da-go-dadam-mandatot-na-ekonomot-na-bihakjka-mi-treba-ime-i-prezime-na-kandidatot-za-premier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-mozam-da-go-dadam-mandatot-na-ekonomot-na-bihakjka-mi-treba-ime-i-prezime-na-kandidatot-za-premier/#respond Thu, 23 Dec 2021 18:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=612255

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва беше гостин на телевизијата Канал 5, каде се осврна на уставно пропишаниот процес за формирање на новата влада на земјата. Откако Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, претседателот примил формално известување дека таа е констатирана и сега течат уставните рокови, а новата влада се очекува да биде формирана за десетина дена. Запрашан за новиот мандатар, Пендаровски рече дека тој мора да добие официјално име и презиме од партијата за да одлучи за таквата позиција. - Не можам мандатот да го дадам на економот на „Бихаќка“. Треба да ми кажат на кој треба да го дадам мандатот. Ќе побарам потписи, видувања еден со друг. Ми треба име и презиме за кандидатот за премиер. Тоа ќе се случи во текот на следната седмица, рече Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ne-mozam-da-go-dadam-mandatot-na-ekonomot-na-bihakjka-mi-treba-ime-i-prezime-na-kandidatot-za-premier/feed/ 0
Алијанса за Албанците прифаќа Африм Гаши да биде нов мандатар – се чека уште само ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-prifakja-afrim-gashi-da-bide-nov-mandatar-se-cheka-ushte-samo-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-prifakja-afrim-gashi-da-bide-nov-mandatar-se-cheka-ushte-samo-dui/#respond Fri, 17 Dec 2021 13:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=609820

Алијанса за Албанците го поддржува предлогот на Мицкоски Африм Гаши да биде нов мандатар на Владата, потврди денеска на прес конференција партискиот потпретседател Елми Азири -И ние повикуваме на формирање на експертска или техничка влада за што побрзо да имаме предвремени избори поради лошото менаџирање на кризата. Што се однесува до предлогот на господинот Мицкоски, претпоставувам дека господинот Мицкоски кај господинот Гаши видел капацитети за справување со сите кризи што се случуваат во Македонија но и со решавање на евроинтегративниот процес, односно деблокирање на тој процес, така да ние го поддржуваме тој предлог, зошто да не, изјави Елми Азири, потпретседател на Алијанса за Албанците. Мицкоски попладнево предложи Африм Гаши да биде нов мандатар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-prifakja-afrim-gashi-da-bide-nov-mandatar-se-cheka-ushte-samo-dui/feed/ 0
Мицкоски: Гаши наместо Ковачевски да биде мандатар на владата до предвремените избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gashi-namesto-kovachevski-da-bide-mandatar-na-vladata-do-predvremenite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gashi-namesto-kovachevski-da-bide-mandatar-na-vladata-do-predvremenite-izbori/#respond Fri, 17 Dec 2021 12:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=609805

Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер. Мицкоски тоа го посочи и како одговор на обвинувањата на соработникот на Али Ахмети во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила Албанец технички премиер на владата. - Ние одговоривме дека ова не треба да се третира како етничко прашање, туку како прашање на компетенции и вештини, и дека ние немаме никаков проблем да подржиме ако определена личност која ги поседува компетенциите и има план и визија да работа за добро на сите граѓаните. Ако таквата личност биде предложена од најголемата партија во парламентот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и ако биде Албанец, очекуваме ДУИ да го поддржи, но стигна реакција од ДУИ дека тие ќе поддржеле ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и предложи Албанец. Тоа можеме да го видиме ако се охрабрат и излезат на избори, рече Мицкоски додавајќи дека еве им можност и на Гаши да се покаже но и ДУИ и Али Ахмети да го поддржат него наместо Ковачевски за мандатар на владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gashi-namesto-kovachevski-da-bide-mandatar-na-vladata-do-predvremenite-izbori/feed/ 0
Груби: За нас е прифталив секој мандатар кој ќе го предложи СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-za-nas-e-priftaliv-sekoj-mandatar-koj-kje-go-predlozi-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-za-nas-e-priftaliv-sekoj-mandatar-koj-kje-go-predlozi-sdsm/#respond Mon, 06 Dec 2021 13:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=604797

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска истакна дека ДУИ смета оти Зоран Заев треба да остане на позицијата премиер додека да се стабилизира парламентарното мнозинство, да заврши процесот на реконструкција на Владата и секако за да се решат клучните стратешки прашања. Сепак, додава тој, за ДУИ е прифатлив и друг мандатар, кој ќе го предложи СДСМ. – Зошто не би бил прифатлив нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на СДСМ, кого и да изберат тие за претседател, кого и да го предложат за мандатар секако, изјави денеска Груби, одговарајќи на новинарско прашање. Во врска со влегувањето на Алтернатива во Владата и прераспределбата на министерствата, а на прашањето зошто ДУИ отстапила толку важни позиции, Груби нагласи дека при услови на преговарања меѓу постоечките коалициски партнери и нови коалициски партнери коишто ќе дојдат, „сите отстапуваат места коишто ги имаат дотогаш“. – Ние всушност во Владата отстапивме од МИОА, но го добивме ресорот земјоделие, којшто е многу голем и каде што имаме многу, многу значајни проекти, коишто ги имаме зацртано во нашата програма и за коишто ни е многу значајно да ги имплементираме, посочи Груби. Тој најави дека деновиве ќе се разговара за соработката со Алтернатива на локално ниво и изрази надеж дека таква соработка ќе има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-za-nas-e-priftaliv-sekoj-mandatar-koj-kje-go-predlozi-sdsm/feed/ 0
Од денеска почнуваат разговори за новата влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuvaat-razgovori-za-novata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuvaat-razgovori-za-novata-vlada/#respond Tue, 04 Aug 2020 06:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=385681

По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска да ги интензивираат напорите околу обезбедување мнозинство во новиот парламентарен состав и формирање нова влада. Лидерот на СДСМ Зоран Заев како што најави и по изборите, преговорите за нова Влада официјално ќе ги почне по Илинден. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски завчера во обраќањето по повод двата Илиндена од Ташмаруништа, Струшко, повтори дека „ќе учествуваат во натпреварот за формирање влада, којшто се игра до последна минута“. Мицкоски минатата недела рече дека не поддржува широка коалиција и смета оти таквата Влада ќе биде неефикасна, бидејќи тоа се докажало и со техничката влада. Мицкоски тогаш истакна дека нема ништо конкретно околу преговорите за нова Влада и оти досега се сведува на „мерење на политичките сили“. Тој оцени дека не би се изненадил ако никој не успее да формира влада, не ја исклучува можноста за нови парламентарни избори наесен. Претседателот Пендаровски минатата недела најави дека мандатот за состав на идната влада ќе му го довери на оној ќе го увери дека стасал до мнозинство во Собранието. Посочи дека уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор. -Најконкретно, ќе го доделам мандатот на кој било претставник на која било од 6-те изборни листи кои освоија пратеници во парламентот, кој ќе ме увери дека има мнозинство од 61 пратеник, потенцира Пендаровски во минатонеделното интервјуто за „Фокус“. Според Уставот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата. На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuvaat-razgovori-za-novata-vlada/feed/ 0
Хоти ќе ја претстави владината програма пред пратениците на Демократскиот сојуз на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kje-ja-pretstavi-vladinata-programa-pred-pratenicite-na-demokratskiot-sojuz-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kje-ja-pretstavi-vladinata-programa-pred-pratenicite-na-demokratskiot-sojuz-na-kosovo/#respond Thu, 21 May 2020 10:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=348678

Мандатарот за состав на нова косовска влада од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти ќе ја претстави денеска својата владина програма пред пратеничката група на неговата партија, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за агенцијата КосоваПрес ја потврди шефот на пратеничката група на ЛДК Арбен Гаши, не изнесувајќи детали за најавената средба. Агенцијата дознава дека состанокот ќе се одржи во Собранието на Косово, со почеток во 13 часот. Претседателот на државата Хашим Тачи на 30 април му го додели мандатот за премиер на Авдулах Хоти, меѓутоа неговата одлука пред Уставниот суд ја оспори Движењето самоопределување (ВВ) на премиерот во оставка, Албин Курти. ВВ смета дека единствено решение за состојбата во земјата, откако на 25 март беше изгласана недоверба на кабинетот на Курти, е одржување нови избори, откако ќе се создадат услови за тоа, односно откако ќе помине пандемијата на Ковид-19. Уставниот суд најави дека ќе одлучи по барањето на ВВ до 29 мај, до кога има мораториум на сите активности околу формирањето нова влада. ЛДК, која беше второрангирана на изборите од октомври минатата година, веќе има постигнато договор за владина коалиција со опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај и Социјалдемократска иницијатива (Нисма) на екс-вицепремиерот Фатмир Лима, како и со најголемата партија на Србите во Косово, Српска листа (СЛ) и со партиите на другите немнозински етнички заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kje-ja-pretstavi-vladinata-programa-pred-pratenicite-na-demokratskiot-sojuz-na-kosovo/feed/ 0
Јанез Јанша и официјално е мандатар за состав на новата словенечка Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/janez-jansha-i-oficijalno-e-mandatar-za-sostav-na-novata-slovenechka-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/janez-jansha-i-oficijalno-e-mandatar-za-sostav-na-novata-slovenechka-vlada/#respond Tue, 03 Mar 2020 16:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=311623

Со 52 гласови „За” словенечкото Собрание го изгласа Јанез Јанша за нов мандатар за состав на Влада. Гласањето беше тајно, а беше по предлог на претседателот на државата Борут Пахот, откако по состаноците со парламентарните партии беше јасно дека е формирана нова мнозинска коалиција меѓу СДС (Словенечка демократска партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) и НСИ (Нова Словенија). – Нема да губиме многу време и веднаш по формирањето на Владата ќе се зафатиме со решавање на проблемите на граѓаните, изјави Јанша по гласањето. На гласањето му претходеше и собраниска дебата во која пратениците од новата коалиција го поддржуваа Јанез Јанаш за нов мандатар, а другиот блок партии беа категорично против. Пратениците на ЛМШ (Листа на Марјан Шарец) кажаа дека помалите коалициски партнери на СДС се виновни што според нив, Словенија добива популистичка Влада и дека го прекршиле своето ветување дека никогаш нема да направат коалиција со СДС и Јанша. Од ДеСУС изјавија дека треба да и се даде простор да ги убеди граѓаните дека ќе работи за нивно добро и се убедени дека новата Влада позитивно ќе изненади. Јанша сега има законски рок од 15 дена да ја состави новата Влада. Словенечките медиуми информираат дека тој нема да чека две недели, а новиот владин состав ќе го објави веќе на почетокот на следната недела. Новата Влада ќе има мандат од две и пол години, што е периодот до следните редовни парламентарни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/janez-jansha-i-oficijalno-e-mandatar-za-sostav-na-novata-slovenechka-vlada/feed/ 0
Заев бега од предлогот на Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно кажа дека ќе биде мандатар, екс-премиерот сака да се крие зад имунитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-bega-od-predlogot-na-mickoski-liderot-na-vmro-dpmne-javno-kaza-deka-kje-bide-mandatar-eks-premierot-saka-da-se-krie-zad-imunitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-bega-od-predlogot-na-mickoski-liderot-na-vmro-dpmne-javno-kaza-deka-kje-bide-mandatar-eks-premierot-saka-da-se-krie-zad-imunitetot/#respond Fri, 10 Jan 2020 08:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=287729

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од ноември говорејќи за претстојните парламентарни избори посочи дека најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носите на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат. -Мислам дека е многу важно тие европски стандарди да ги пресликаме во Македонија. Вие се сеќавате, имаше Европски избори, не така одамна, повторно победи ЕНП и Европската народна партија имаше таканаречен шпицен кандидат, односно мандатар. Ајде да воведеме во Македонија, мандатар, односно носител на мандатот на идната Влада, мандатар кој што практично ќе биде носител на кампањата која што треба политичките партии да ја спроведуваат, додаде тој. Ваквиот механизам, кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го предлага да се вметне во Изборниот законик, е дел од европските искуства. -Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот, забележа тој во тогашното гостување на емисијата на Јанко Илковски. Ова менува многу, потенцираше Мицкоски, бидејќи оној чија политика ќе биде поразена од граѓаните веќе нема да може да се крие зад пратеничкиот мандат и зад имунитетот. -Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити, вели тој.

Заев продолжува со калкулантските игри- прифати шпицен мандатар, но после поразот не сака да се откаже од имунитетот

По предлогот на Мицкоски, Заев молчеше доста време. Мораше да одговори кога на јавна собраниска седница ова прашање му беше поставено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. На прашање од пратеникот Ѓорчев, дали премиерот Заев ќе го прифати предизвикот на лидерот на опозицијата Мицкоски за воспоставување на како што го велат во Европа „шпицен кандидат“, односно кандидат за мандатар за состав на следната влада по изборите на 12 април следната година, премиерот Заев пропушти да одговори дали ќе си даде оставка и ќе си замине од политиката. -Дали вие како лидер на СДСМ, како претседател на владата сте подготвени пред граѓаните на Македонија да излезете со јасна понуда и да се каже кој е кандидатот за премиер и доколку победи тој ќе ја води владата, дали вие господине Заев макар и да имате еден глас помалку од ВМРО-ДПМНЕ сте подготвени да ја напуштите политиката и да поднесете оставка од претседателското место во СДСМ, затоа што граѓаните се тие коишто го имаат последниот збор ?-праша пратеникот Ѓорчев. Премиерот Заев од собраниската говорница одговори дека тој ќе биде кандидатот за премиер и ќе „играл“ како што вели на сите позиции. Тој вели дека очекува победа на СДСМ со убава разлика за да добијат еден цел мандат од четири години и да се посветат на внатрешните трансформативни процеси. Но, Заев не собра храброст директно да застане зад предлогот на Мицкоски. -Јас се согласувам да имаме кампања каде што двата премиерски кандидати ќе бидат истакнати, ќе бидат видливи, ќе бидат отворени, ќе бидат транспарентни, дуел ќе прифатам во било кое време на секој медиум, на секоја можност, се надевам вашиот лидер тоа ќе го прифати затоа што тоа е дел од обврската наша како кандидати – вели Заев, но пропушти да одговори дали доколку при неуспех на престојните избори ќе се повлече од политиката и од претседателското место во СДСМ.

Мицкоски јавно го повика Заев да се изјасни

Две недели по јавно кажаниот предлог, Мицкоски му се обрати и директно на Заев барајќи од него јавно да се изјасни за предлогот за мандатар. -Предложив да се направат измени на изборниот законик, согласно европските искуства, со кои ќе се воведе кандидат мандатар за новата влада, со што граѓаните ќе ги знаат пред изборите, а воедно тие што ќе загубат, односно нема да добијат доверба од граѓаните да си заминат од политиката, а со цел да имаме еден демократски циклус на нови ликови и нова енергија. Молкот на власта кажува две работи, прво Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите, и второ тој планира да се крие позади имунитетот како пратеник, истакна Мицкоски на својата прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка Мицкоски да биде кандидат за мандатар по изборите во април

Централниот и извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на 26-ти декември одлучија лидерот на партијата, Христијан Мицкоски да одбере кој ќе биде кандидат за идни министри во техничката влада. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, кажа дека кандидатите избрани од Мицкоски ќе треба да се погрижат да има фер и демократски избори на 12 април. Мицкоски добил поддршка тој да биде мандатар по изборите. -Комитетите дадоа поддршка на Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12-ти април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа, рече Јанушев.

Мицкоски мандатар, Заев се крие зад имунитетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ однапред кажа дека ќе биде мандатар. Тоа значи дека доколку ја добие довербата на народот ќе формира Влада, а доколку не-ќе се повлече. Но, Заев се крие зад својот пратенички мандат и ваквиот чесен предлог на Мицкоски, не е во негова корист.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-bega-od-predlogot-na-mickoski-liderot-na-vmro-dpmne-javno-kaza-deka-kje-bide-mandatar-eks-premierot-saka-da-se-krie-zad-imunitetot/feed/ 0