мандати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Nov 2021 16:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мандати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Верификувани мандатите на новите шест пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verifikuvani-mandatite-na-novite-shest-pratenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verifikuvani-mandatite-na-novite-shest-pratenici/#respond Fri, 05 Nov 2021 16:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=591464

Собранието денеска попладне на пленарна седница ги верификуваше мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата. „За“ гласаа 83 пратеници, немаше против и воздржани. На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски. На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки. Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова, а Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа. Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски. Панчо Минов, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) за преземените работи согласно член 153 од Изборникот законик за прифаќање на остатокот на мандатот на пратеник во Собранието. Минов рече дека Комисијата му предлага на Собранието да се верифицира мандатот на избраните пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот – Тони Јаревски, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Љубица Спасова, Грација Бакрачевска и Драгољуб Филиповски. Пратеникот на Левица Димитар Апасиев се осврна на верификацијата на мандат и смета дека нема потреба да постои. Според него, претседателот на Собранието Џафери направил, како што рече, „каша попара“ на почетокот со осумте пратеници кои ги верификуваше Верификациската комисија, која според нашиот Деловик е ад кох комисија составена од пет члена и таа ги верификува мандатите на првите матично избрани пратеници. Појасни дека во тие осум случаи се направило грешка и место Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, како што е сега случајот, нивните мандати ги верификувала Верификациска комисија и со тоа се направило проблем во понатамошното делување. Посочи дека има жалба до виш Управен суд и додаде оти отвориле управен спор против Собранието. Реплицирајќи Џафери рече дека Апасиев прави „каша и попара“ со правниот систем во оваа држава и оти манипулира со јавноста. Според него Апасиев се повикува на состојба пред една ипол година кога во Собранието немало избрано работни тела, а Верификационата комисија била избрана и била во функција се додека не се избере соодветно работно тело. -Неумесно е да манипулирате со јавноста, нагласи Џафери и додаде дека верификацијата на мандат е пропишана со Деловникот и оти има и Закон за Собрание. Посочи дека Апасиев како и секој граѓанин може да покрене постапка пред Уставен суд ако смета дека не треба Закон за Собрание. Нагласи дека одлуките на Собранието според нашиот Устав не потпаѓаат под управна постапка или под надлежност на управен суд. Џафери образложи дека секој граѓанин и Апасиев ако има проблем со одлуките на Собранието може да покрене соодветна постапка пред Уставен суд. По верификацијата новите пратеници влегоа во собраниската сала и седнаа на своите места. На денешната седница на Собранието пратениците ја поддржаа Предлог- одлуката за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. На дневен ред на 51-седница се повеќе предлог-законите, како за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање. Пратениците треба да дискутираат и за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање. Продолжението на 51. седницата дополнително ќе биде закажано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verifikuvani-mandatite-na-novite-shest-pratenici/feed/ 0
Констатирани оставките од пратеничките места на идните министри и верификувани мандатите на новите пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konstatirani-ostavkite-od-pratenichkite-mesta-na-idnite-ministri-i-verifikuvani-mandatite-na-novite-pratenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konstatirani-ostavkite-od-pratenichkite-mesta-na-idnite-ministri-i-verifikuvani-mandatite-na-novite-pratenici/#respond Wed, 26 Aug 2020 05:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=395427

По повеќе од 12 часа со паузи доцна синоќа Собранието ги констатираше оставките од пратеници на идните министри и ги верификуваше мандатите на новите пратеници. За секоја оставка и верификација на мандатот на новиот пратеник беше одржана посебна седница. Седниците се одржаа без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците од Левица, кои ја напуштија собраниската сала со образложение дека процедурата е неделовничка и оти Верификационата комисија нема мандат да решава. Според нив, верификацијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија. Ваквиот потег на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го оцени како обид да се создаде ситуација во која нема да може да се верификуваат мандатите на идните пратеници што би значело нефункционално собрание и нова криза. Доцна попладнето собраниската сала ја напуштија и пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива со барање верификацијата на мандатите да продолжи утре во 9 часот. На почетокот на денешната работа, Собранието ја констатираше и оставката на Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој пак е предложен да го води ресорот финансии. На местото на Флорин Бесими, во Собранието беше верификуван мандатот на Бедри Фазлиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konstatirani-ostavkite-od-pratenichkite-mesta-na-idnite-ministri-i-verifikuvani-mandatite-na-novite-pratenici/feed/ 0
ДИК со неофицијални резултати: ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати, СДСМ 46, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-so-neoficijalni-rezultati-vmro-dpmne-44-mandati-sdsm-46-dui-15-aa-a-12-levica-dva-dpa-eden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-so-neoficijalni-rezultati-vmro-dpmne-44-mandati-sdsm-46-dui-15-aa-a-12-levica-dva-dpa-eden/#respond Thu, 16 Jul 2020 06:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=376819

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат. Првичните резултати од изборите се уште се само повремено видливи на веб сајтот на Државната изборна комисија, кој синоќа падна поради, како што кажа првиот човек на комисијата Оливер Дерковски, надворешни хакерски напади. ДИК најави дека денеска по прибирањето и обработката на сите пристигнати материјали ќе ги соопшти првичните резултати од изборите и распределбата на пратеничките мандати. На  десеттите парламентарни избори, кои првпат во актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, правото на глас го искористија околу 923 илјади граѓани или приближно 51 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-so-neoficijalni-rezultati-vmro-dpmne-44-mandati-sdsm-46-dui-15-aa-a-12-levica-dva-dpa-eden/feed/ 0