Манеул Сарацин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 10:48:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Манеул Сарацин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски на средба со специјалниот претставник Сарацин: Владата врши злоупотреба на европското знаменце за историски криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-spetsijalniot-pretstavnik-saratsin-vladata-vrshi-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-za-istoriski-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-spetsijalniot-pretstavnik-saratsin-vladata-vrshi-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-za-istoriski-kriminal/#respond Tue, 16 May 2023 10:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=834763

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски остварија средба со Манеул Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан. Мицкоски и специјалниот претставник Сарацин разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека државата се соочува со големи предизвици како на внатрешен така и на надворешен план, истакнувајќи дека додека граѓаните тонат во се поголема сиромаштија, високите владини функционери се богатат на сметка на граѓаните, бидејќи има висок степен на криминал и корупција од страна на владата на СДСМ и ДУИ. -Воедно, Мицкоски го информираше Сарацин и за злоупотребите во собранието кои што ги прави власта во однос на користење на европското знаменце за законите кои се однесуваат за договорот со Бехтел и Енка за историски криминал, додавајќи дека на тој начин не и се дозволува на опозицијата да може да дискутира по однос на забелешките на законите. Претседателот Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата во однос на евроинтегративниот процес и започнување на преговорите, додавајќи дека граѓаните на Македонија час поскоро треба да бидат дел од ЕУ, но процесот да се води исклучиво на европски процеси и принципи, а не на уцени и закани од соседна Бугарија. Соговорниците се согласија за унапредување и интензивирање на соработката, а Мицкоски се заблагодарил за поддршката од Сојузна Република Германија, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-spetsijalniot-pretstavnik-saratsin-vladata-vrshi-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-za-istoriski-kriminal/feed/ 0