Манфред Вебер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Jan 2023 07:38:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Манфред Вебер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на ЕПП е за подигнување ограда на надворешните граници на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-epp-e-za-podignuvane-ograda-na-nadvoreshnite-granitsi-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-epp-e-za-podignuvane-ograda-na-nadvoreshnite-granitsi-na-eu/#respond Mon, 30 Jan 2023 07:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=793535

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, се залага за построга европска имиграциска политика и меѓу другото, предлага да се подигне ограда на надворешните граници на Европската унија. „Оградите се секогаш последно средство, но тие се неопходни секаде каде што шверцерите на луѓе ги прекршуваат европските закони. Онаму каде што не е можно да се спречи илегалната миграција, потребни ни се огради“, изјави претседателот на ЕПП и потпретседател на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) за медиумската група „Функе“. Како места каде што би можела да се примени оваа мерка ги спомена источните граници на ЕУ, Медитеранот, а особено границите на Бугарија и Грција со Турција, пренесува Хина. Вебер е и за „темелна промена“ во процедурата за поднесување барање за азил. што не треба по секоја цена да се случи во рамките на ЕУ. „Мислам дека мора да биде можно на надворешните граници да се изврши брза проверка дали некој има право на азил или не. Ако мигрантите доаѓаат од трети, безбедни земји, како што е Турција, тогаш мора да биде можно да се извршат овие проверки и таму“, смета Вебер. Тој предложи и формирање канцеларии на ЕУ во земји како Тунис или Египет, каде ќе се проверат условите за добивање азил за бегалците од Африка. По повод вонредниот самит на Европскиот совет на почетокот на февруари, Вебер порача дека ЕУ мора да ја врати контролата врз Медитеранот. „Со сета почит кон приватниот ангажман за спасувањето бегалци на море, тоа е домен на државните органи. Не смееме да ја приватизираме миграциската политика“, рече тој. Тој додаде дека овие теми, во поглед на изборите за Европскиот парламент следната година, не смеат да бидат препуштени на „десничарските агитатори“. Од втората половина на 2022 година, Германија повторно се соочува со зголемен прилив на илегални мигранти од земји како Сирија, Авганистан, Ирак и Турција. Во некои делови од земјата се засилува и отпорот на граѓаните за изградба на нови прифатни објекти за бегалци. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-epp-e-za-podignuvane-ograda-na-nadvoreshnite-granitsi-na-eu/feed/ 0
Манфред Вебер е новиот лидер на Европската народна партија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/manfred-veber-e-noviot-lider-na-evropskata-narodna-partija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/manfred-veber-e-noviot-lider-na-evropskata-narodna-partija/#respond Wed, 01 Jun 2022 06:05:24 +0000 https://kurir.mk/?p=684610

Германскиот демохристијанин Манфред Вебер на синоќа одржаниот конгрес во Ротердам со поддршка на 89 отсто од гласовите беше избран за претседател на Еврпоската народна партија, најсилната политичка групација во Европарламентот. „Ние сме камен-темелник за безбедноста и иднината на Европа“, рече Вебер во обраќањето по објавувањето на резултатите. „Ние ѝ требаме на Европската унија“, додаде Вебер кој е долгогодишен член на баварската Христијанско-социјална унија. Новиот партиски лидер смета дека во време на економска криза и војна на границите на ЕУ, Европската народна партија ги нуди најдобрите решенија за европските проблеми. Тој ги критикуваше Левицата и десните популисти заради нивната погрешна политика кон Русија. „Во Германија можеме да видиме дека попуштањето е лош пристап, а опозицијата е во право“, рече Вебер додавајќи дека германската Влада предводена од социјалдемократите чиј поранешен претседател Герхард Шредер е близок со Владимир Путин, не зазела тврд став кон Русија. Истовремено тој ги критикуваше Зелените за спротивставувањето кон вооружување, додека за Левицата дека „сака да го ослабне НАТО“. За десничарските популисти како оние на Марина Ле Пен, тој рече дека тие се срам за Европската Унија заради, како што рече, потврденото нивно финансирање од руската Влада и поради нивното претходно спротивставување на проширувањето на ЕУ кон исток. Европската народна партија, како што рече Вебер, е посветена на „иновации, а не на ограничувања“ во борбата против климатските промени и не сака деиндустријализација и економски неефикасни политики. Европската народна партија (ЕПП) е политичка групација од десниот центар со најбројна пратеничка група во Европскиот парламент, со свои членови за претседатели на Европскиот парламент и на Еврокомисијата. Вебер е претседател на парламентарната група на ЕПП од 2014 година преземајќи ја функцијата од поранешниот полски премиер Доналд Туск кој реши да се повлече од лидерската позиција на ЕПП откако ја презеде лидерската функција во Граѓанската платформа, најголемата опозициска партија во Полска. Вебер немаше противкандидати на вчерашниот партиски конгрес иако во медиумите кон крајот на минатата година се шпекулираше и со други кандидатури, меѓу кои грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и ЕУ преговарачот за Брегзит, Мишел Барниер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/manfred-veber-e-noviot-lider-na-evropskata-narodna-partija/feed/ 0
Вебер повторно избран за претседател на ЕПП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-epp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-epp/#respond Wed, 13 Oct 2021 12:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=578289

Германскиот демохристијанин Манфред Вебер денеска по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент. – Горд сум и благодарен на моите колеги што ме избраа повторно да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа, рече Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови. Тој најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ. – Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП е водечка сила за силна и стабилна Европа блиска до народот, рече Вебер. Вебер (49) е претседател на Христијанско – социјалната унија (ЦСУ), најсилната партија во Баварија, и ја предводи парламентарната група на ЕПП од 2014 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-epp/feed/ 0
Вебер: ЕУ да ги прекине преговорите со Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-eu-da-gi-prekine-pregovorite-so-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-eu-da-gi-prekine-pregovorite-so-turcija/#respond Thu, 09 Jul 2020 09:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=372379

Европска Унија е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција, изјави лидерот на најголемата партија во Европски парламент, Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер. Тој истакна дека преговорите со Турција се историска грешка. – Преговорите за членство на Турција се покажаа како историска грешка, што во Турција предизвикува незадоволство и не ја доближи земјата до ЕУ. Должни сме да ги прекинеме преговорите на Турција со ЕУ и да разработиме нова правна основа за нашите односи со таа земја, истакна Вебер пред ЕП. Анкара аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а кандидатски статус доби во 1999 година. Европскиот совет во декември 2004 година оцени дека Турција ги исполнува критериумите за отпочнување на преговори, а истите почнаа во октомври 2005 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-eu-da-gi-prekine-pregovorite-so-turcija/feed/ 0
Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-epp-ima-mandat-za-sostav-na-nova-evropska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-epp-ima-mandat-za-sostav-na-nova-evropska-komisija/#respond Mon, 27 May 2019 07:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=202322

Водечкиот кандидат на Европската народна партија за функцијата претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, изјави дека ЕПП по европските избори, и покрај загубите, и понатаму останува најголема група во Европскиот парламент. -Не постои стабилно мнозинство во Европскиот парламент без Европската народна партија. ЕПП денес е најважната група ако ги погледнеме бројките, рече Вебер. По објавувањето на прелиминарните резултати од европските избори, тој истакна дека најважниот резултат е дека „европската демократија е жива”, што се гледа во излезноста од над 50 проценти. Водечкиот кандидат на европските конзервативци вели дека ветил стабилност за граѓаните на Европа за време на кампањата и потврди дека ЕПП ќе работи за таа цел во следниот петгодишен мандат. Вебер ги повика сите да разговараат за мандатот за иднината на ЕУ, истакнувајќи дека соработката нема да биде со леви и десничарски екстремисти и ја истакна поддршката за водечките лидери на групите на изборите за претседател на Европската комисија. Тој посебно го поздрави успехот на Зелените, оквалификувајќиу ги како „големи победници“ и најави пеговори со нив за создавање мнозинство. Според проекциите за идниот состав на Европарламентот, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, два најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку отколку во досегашниот состав). Либералите (АЛДЕ) се трета политичка сила, кои заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, односно 12 повеќе од досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-epp-ima-mandat-za-sostav-na-nova-evropska-komisija/feed/ 0
Вебер до Мицкоски: Со нетрпение очекувам да продолжиме на овој пат заедно со вас, заедно можеме да победиме на европските избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veber-do-mickoski-so-netrpenie-ochekuvam-da-prodolzime-na-ovoj-pat-zaedno-so-vas-zaedno-mozeme-da-pobedime-na-evropskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veber-do-mickoski-so-netrpenie-ochekuvam-da-prodolzime-na-ovoj-pat-zaedno-so-vas-zaedno-mozeme-da-pobedime-na-evropskite-izbori/#respond Fri, 22 Feb 2019 13:40:42 +0000 https://kurir.mk/?p=166911

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, и кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија на изборите на пролет 2019 година со писмо се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за поддршката што ја добива од него. -Се надевам дека имавте добар почеток во Новата Година. Ви посакувам се најдобро за предизвиците што ги очекувате во 2019 година. Сакав да ви се заблагодарам за вашето писмо и за вашите желби за мојата кампања што ја испративте по мојата номинација во Хелсинки како главен кандидат на ЕПП. Вашите зборови ме уверија дека го правам вистинскиот пат во мојата кандидатура за претседател на Европската комисија, вели Вебер во писмото и додава: „Сепак, мојата номинација беше само првиот чекор. ЕПП е конструктивна и сигурна политичка сила. Нашите идеи за следниот законодавен термин се амбициозни. Сега е важно да ги убедиме нашите граѓани да ни веруваат со нивниот глас во мај. Европската идеја е вредна за напор. Впрочем, му должиме толку многу: просперитет, безбедност и што е најважно, мир, се тоа се големи достигнувања.“ -Неделите и месеци пред нас ќе одлучат дали ќе успееме да добиеме силен мандат за вистинско заминување за да ја градиме нашата централно-десна Европа. Затоа би бил исклучително благодарен ако продолжите да ја поддржувате мојата кандидатура за претседател на Комисијата. Групата на ЕПП може да биде силна сила само во Европскиот парламент, ако заедно постигнеме добар изборен резултат. Ви благодарам уште еднаш за вашата поддршка и со нетрпение очекувам да продолжиме на овој пат заедно со вас. Заедно можеме да победиме на европските избори, подвлекува во писмото Манфред Вебер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veber-do-mickoski-so-netrpenie-ochekuvam-da-prodolzime-na-ovoj-pat-zaedno-so-vas-zaedno-mozeme-da-pobedime-na-evropskite-izbori/feed/ 0
Мицкоски во Брисел оствари средби со Мекалистер, Вајгл и Вебер: Заев сака да ги украде претстојните претседателски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-brisel-ostvari-sredbi-so-mekalister-vajgl-i-veber-zaev-saka-da-gi-ukrade-pretstojnite-pretsedatelski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-brisel-ostvari-sredbi-so-mekalister-vajgl-i-veber-zaev-saka-da-gi-ukrade-pretstojnite-pretsedatelski-izbori/#respond Tue, 05 Feb 2019 14:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=160509

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски втор ден ја продолжува посетата на Брисел на политичкото Собрание на Европската Народна Партија. Тој најпрвин оствари средба со  Дејвид Мекалистер кој што е претседател на Европската Народна Партија и истовремено претседавач на Комитетот за надворешна политика при ЕП. Потоа со Иво Вајгл кој што е известувач за Република Македонија во ЕП и веднаш по завршувањето на пленарната седница на политичкото Собрание реализираше средба со Манфред Вебер кој што е претседател на парламентарната група на Европската Народна Партија и истовремено кандидат за претседател на ЕК од редовите на Европската Народна Партија. По средбите Мицкоски посочи дека владеењето на правото и правната држава се загрозени во Македонија. Во текот на средбите се разговараше за актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија. Практично разговараа за сите оние неуспешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги реализираат во Република Македонија. -Ги запознав моите соговорници за отсуството на владеење на право и на изгубената правна држава, изгубената доверба на граѓаните на Република Македонија, која што практично е основен мотив истите да ја напуштат земјата. При средбата ги илустрирав оние последни 4 случаи кои што се случија пред некој ден, а тоа е гранатирањето на дуќан во центар на Скопје, запалените 2 угостителски објекти, едниот во старата скопска чаршија, а другиот во Општина Бутел. И оној вооружен грабеж кој што исто така се случи во главниот град на Република Македонија, потенцираше Мицкоски. Тој посочи дека постои оправдан сомнеж Зоран Заев сака да ги украде престојните претседателски избори. -Побарав организирањето на фер и демократски избори биде еден од условите за отпочнување на преговори со ЕУ. Истовремено не ја испуштив можноста да лобирам, доколку се исполнат сите овие критериуми да биде овозможен напредок во европските интеграции на земјава, истакна тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-brisel-ostvari-sredbi-so-mekalister-vajgl-i-veber-zaev-saka-da-gi-ukrade-pretstojnite-pretsedatelski-izbori/feed/ 0
Вебер: Можно е одлагање на Брегзит ако Лондон достави план за продолжување на процесот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-mozno-e-odlaganje-na-bregzit-ako-london-dostavi-plan-za-prodolzuvanje-na-procesot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-mozno-e-odlaganje-na-bregzit-ako-london-dostavi-plan-za-prodolzuvanje-na-procesot/#respond Thu, 17 Jan 2019 10:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=153275

По одлуката на британскиот Парламент за отфрлање на Договорот за Брегзит, ЕУ би можела да се согласи на одлагање на истапувањето на Велика Британија од Унијата, доколку Лондон предложи план за продолжување на целиот процес, изјави кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) за нов претседател на Еврокомисијата, Манфред Вебер. – Актуелните прашања се одлагаат само ако сакате да купите време. Тоа го правевме пречесто во иминативе месеци и години.  изјави Вебер за германското радио Дојчландфунк. Вебер, кој е актуелен претседател на Пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент, оцени дека сега на потег е Лондон. – Кажете ни што сакате, па тогаш ќе бидеме подготвени да разговараме, истакна Вебер. Претходно денеска, во изјава за Би-Би-Си и поранешниот британски премиер Тони Блер оцени дека по отфрлањето на Договорот за Брегзит, неизбежно треба да следи одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ. – Тоа сега практичено е неизбежно… Да сум јас сега Влада, веќе би разговарал со Европа за условите за одлагање, изјави Блер. Британската премиерка Тереза Меј синоќа, откако Парламентот и изгласа доверба на нејзината Влада, ги повика лидерите на парламентарните партии на разговори за излез од ќорсокакот по отфрлањето на договорот, нагласувајќи дека политичарите треба да ги остават на страна своите лични интереси. Меј има рок до понеделник на Парламентот во Лондон да му достави „план Б“, при што на располагање има неколку опции, меѓу кои како најверојатни се одлагање на „разводот“ со Унијата или Брегзит без договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veber-mozno-e-odlaganje-na-bregzit-ako-london-dostavi-plan-za-prodolzuvanje-na-procesot/feed/ 0
Мицкоски со честитка до Вебер: ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на Европска интеграција напред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-veber-enp-odbral-idealen-kandidat-za-da-go-dvizi-procesot-na-evropska-integracija-napred/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-veber-enp-odbral-idealen-kandidat-za-da-go-dvizi-procesot-na-evropska-integracija-napred/#respond Fri, 09 Nov 2018 12:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=125729

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка до Манфред Вебер, кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија и Претседавач на Групата на ЕНП во Европскиот Парламент. Во честитката Мицкоски изразува уверување дека со Вебер како кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија, ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на Европска интеграција напред во следните години. -Ми беше задоволство повторно да се сретнеме во Хелсинки и да дискутираме за прашања кои се од значење на само за нашето политичко семејство, туку и за просперитетот и стабилноста на целиот Европски континент. Со нетрпение очекувам дека ќе работиме заедно во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија - процес на кој нашата политичка партија има длабока посветеност, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ., Мицкоски посочува дека посветеноста кон силна, стабилна, безбедна и просперитетна Европа секогаш била споделена во рамките на ЕНП. -Заедно ќе се придржуваме кон оваа обврска и повторно ќе докажеме дека темелите врз кои Европската унија е изградена и развиена се навистина највисоко достигнување на современата демократија. Ви посакувам се најдобро и секако успешна кампања, стои во честитката која Мицкоски му ја испрати на Вебер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-veber-enp-odbral-idealen-kandidat-za-da-go-dvizi-procesot-na-evropska-integracija-napred/feed/ 0
Манфред Вебер избран за кандидат на ЕПП за претседател на ЕК https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/manfred-veber-izbran-za-kandidat-na-epp-za-pretsedatel-na-ek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/manfred-veber-izbran-za-kandidat-na-epp-za-pretsedatel-na-ek/#respond Thu, 08 Nov 2018 12:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=125243

Германскиот европратеник и актуелен шеф на пратеничката група на Европската Народна Партија (ЕПП), Манфред Вебер, е избран за кандидат на ЕПП за претседател на Европската Комисија со 79,2 отсто гласови. Неговиот противник, Финецот, Александар Стуб освоил 127 гласови. Победата на Вебер беше очекувана во европските кругови. Германецот важи за близок на германската канцеларка Ангела Меркел. Европските партии бираат „шпиценкандидати“, односно главен кандидат пред изборите за Европскиот Парламент. Теоретски, кандидатот на партијата што ќе победи на мајските избори за Европскиот Парлмент треба да биде назначен за претседател на Европската Комисија. Оваа пракса беше воспоставена на последните европски избори во 2014, кога Жан-Клод Јункер беше кандидатот на ЕПП, и потоа беше назначен за претседател на ЕК. Меѓутоа, останува нејасно дали оваа пракса ќе се почитува и на овие избори. Повеќе европски челници, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, не го поддржуваат системот и сметаат дека претседателот на ЕК треба да биде резултат на постизборни преговори помеѓу политичките групи. Партијата на Макрон не е дел од ниту едно европско политичко семејство иако Европски Либералдемократи (АЛДЕ) би сакале тој да им се придружи. Конгресот на АЛДЕ ќе се одржи за неколку дена. Социјалдемократите пак својот кандидат ќе го бираат во декември во Лисабон. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/manfred-veber-izbran-za-kandidat-na-epp-za-pretsedatel-na-ek/feed/ 0