манифестација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 05:15:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png манифестација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-na-manifestacijata-deset-dena-krushevska-republika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-na-manifestacijata-deset-dena-krushevska-republika/#respond Mon, 01 Aug 2022 05:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=712340

Манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република“ ќе биде отворена вечер на Гумење во Крушево во организација на општината. На манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден. Претходно, коњаницата ќе дојде пред столбот на Крушевската Република, ќе се формира поворка, по што делегацијата за полагање цвеќе со коњаницата ќе се упати кон Гумење. Ќе биде положено цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на илинденските востаници. Во рамки на програмата на манифестацијата, предвидена е посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев. По отворањето на манифестацијата пред споменикот „Илинден“ ќе настапат Националната филхармонија и хорот на Национална опера и балет, ансаблот „Танец“ и балерината Ивана Коцевска. На платото кај Гумење ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и ќе се обрати претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, м-р Томе Христоски. Според програмата, на крајот од вечерта концерт ќе одржи Камерниот оркестар, а ќе настапат и неколку македонски пејачи. Централната манифестација по повод Илинден ќе се одржи утре на Мечкин Камен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoranje-na-manifestacijata-deset-dena-krushevska-republika/feed/ 0
Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/megjunarodna-poetska-manifestacija-praznik-na-lipite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/megjunarodna-poetska-manifestacija-praznik-na-lipite/#respond Tue, 28 Jun 2022 05:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=696581

Традиционалната Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија. На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол” на поетите Аднан Озер (Турција) и Гордана Михаилова Бошнакоска (Северна Македонија). Беседи за добитниците ќе одржат Ерол Туфан, проф.д-р Христо Петрески и академик Влада Урошевиќ. На свеченоста ќе биде врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа” на македонскиот поет Стефан Марковски. Наградите ќе ги врачи проф.д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а покровители на Манифестацијата се: Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре” – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/megjunarodna-poetska-manifestacija-praznik-na-lipite/feed/ 0
Пукал со пиштол на манифестација, уапсено 36 годишно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pukal-so-pishtol-na-manifestacija-uapseno-36-godishno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pukal-so-pishtol-na-manifestacija-uapseno-36-godishno-lice/#respond Sun, 22 May 2022 16:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=680180

На 21.05.2022 во 16,34 часот во с.Црвена Вода, oпштина Студеничани од полициски службеници од Полициска станица Драчево е приведен Н.Р.(36) затоа што за време на одржување на манифестација од пиштол испукал три проектили во воздух. Од полициски службеници на местото на настанот се пронајдени три чаури и огненото оружје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pukal-so-pishtol-na-manifestacija-uapseno-36-godishno-lice/feed/ 0
Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mladi-od-10-zemji-od-regionot-na-manifestacijata-balkanot-e-srceto-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mladi-od-10-zemji-od-regionot-na-manifestacijata-balkanot-e-srceto-na-evropa/#respond Tue, 10 May 2022 07:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=674330

Со театарската претстава „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг, во режија на Теодора Сиљаноска и во изведба театарски уметници од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, денеска, ќе отпочне годишниот настан: „Балканот е срцето на Европа” – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата. На настанот, во организација на ACADEMIA BALKANICA EUROPEANA, со поддршка на Министерството за култура, и во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје со свои изведби и дела – фотографска изложба, филмски презентации, тетарски претстави и други културни и уметнички перформанси, ќе се претстават повеќе млади уметници од регионот. -Academia Balkanica Europeana (www.ab-europeana.org) обединува повеќе значајни творци од областа на културата, науката и уметноста од десет балкански земји, со цел да им овозможи на културната јавност и младите луѓе од регионот да ги откријат темите и предизвиците на уметничкиот и културниот свет во својот оригинален контекст. Од повеќето содржини на манифестацијата, вреди да се издвојат театарската изведба „Плеј Чехов“, на студентите од класата на проф. Дејан Пројковски и настапот на младите музички уметници од класите на проф. Александар Трајковски и проф. Дарко Мариновски, наведуваат организаторите. Во текот на трите дена во кои што ќе се одвива манифестацијата, ќе бидат оранизирани и мастер клас по фотографија на проф. Елена Бојаџиева-Цвековска, како и мастер-клас по актерска игра од проф. Дејан Пројковски. Исто така, во рамките на манифестацијата ќе се одржи и меѓународна онлајн конференција со наслов “Балканот е срцето на Европа – Академија балканика еуропеана – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата “, на која ќе учествуваат повеќе значајни интелектулци и творци од Македонија и регионот како, проф. Јордан Плевнеш, проф. Александар Прокопиев, проф. Елизабета Шелева, проф. Башким Шеху, проф.Хачиф Мулиќи итн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mladi-od-10-zemji-od-regionot-na-manifestacijata-balkanot-e-srceto-na-evropa/feed/ 0
Манифестација во чест на Блаже Конески во НУБ „Св. Климент Охридски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestacija-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-nub-sv-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestacija-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-nub-sv-kliment-ohridski/#respond Fri, 10 Dec 2021 07:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=606402

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата „Небрегово“, денеска организира манифестација во чест на Блаже Конески. Поздравно обраќање ќе има на в.д. директорката Јелисавета Костадинова, по што д-р Марина Мијаковска, виш библиотекар ќе даде осврт за изложбата „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ којашто ја подготви тим од библиотеката. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др. Изложбата ќе биде претставена во три формати: на плакати, дел од оригиналите ќе бидат изложени во холот на НУБ и виртуелно. На неколкуте таблети поставени во холот, посетителите ќе може да ја погледнат дигиталната изложба со мултимедијални содржини, (со истиот наслов „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“). Целта на дигиталната изложба е поширока презентација на Конески и приближување на неговата поезија, проза, стручните дела и ликот во целина до јавноста, како и поттикнување на нови идеи за истражување на неговиот богат и разновиден опус. Изложбата е широко достапна преку интернет и можат да ја видат сите заинтересирани на следниве веб-сајтови: – www.nubsk.edu.mk (НУБ „Св. Климент Охридски“); – www.dlib.mk (Дигитална библиотека на РСМ). Во рамки на денешниот настан, членови на Друштвото на пистелите ќе читаат песни од Блаже Конески, а членови од Фондацијата Небрегово ќе упатат поетски пораки. НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамки на Националната програма за одбележување на 2021 година како година во чест на Блаже Конески, со неколку комплементарни активности ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на Конески. Проектите од Националната програма за одбележување на 2021 година – Година во чест на Блаже Конески се реализираат со поддршка на Министерството за култура и на Министерството за образование и наук. Овие настани се запишани и во календарот на значајни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, а се под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestacija-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-nub-sv-kliment-ohridski/feed/ 0
Одобрена атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odobrena-atletskata-manifestacija-ohrid-trchat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odobrena-atletskata-manifestacija-ohrid-trchat/#respond Thu, 13 Aug 2020 11:33:11 +0000 https://kurir.mk/?p=390196

Комисијата за заразни болести даде дозвола за одржување на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ која е закажана за 28 до 30 август. – Голема благодарност до Комисијата за заразни болести за начинот на комуникација и посветеноста заедно да го направиме тоа што е најголем приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот. Одговорноста е голема. „Охрид трчаТ“ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре наше, на Охрид и на Македонија, изјави директорот на трката, Иван Цветкоски. Вкупниот број на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе имаат право да си имаат име и презиме на стартниот број. Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odobrena-atletskata-manifestacija-ohrid-trchat/feed/ 0
Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otvorena-manifestacijata-10-dena-krushevska-republika/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otvorena-manifestacijata-10-dena-krushevska-republika/#respond Sun, 02 Aug 2020 07:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=384992

Со почит за Илинденците и значајните крушевчани, со подигнување на бајракот на Крушевската Република на Гумење, со читањето на Манифестот на Крушевската Република, со испукување на црешовото топче пред Македониумот и со мерки за заштита за присутните, синоќа во Крушево, пред Македониумот беше означен почетокот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“. Обраќајќи им се на крушевчани и на гостите пред Македониумот, крушевскиот градоначалик и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска република“ Томе Христоски, нагласи дека Илинден е празник на сите нас, празник на минатото, сегашноста и иднината. Го одбележуваме во несекојдневни услови на пандемија, но тоа, рече, не нѐ спречува да го чествуваме достоинствено. – Продолжуваме да го негуваме Илинденското наследство, наследство кое е основата на нашето постоење. 117 години достоинствено одбележуваме херојство, жртва, победа за Македонија, 117 години минато за светла иднина на Крушево. Во несекојдневни услови го одбележуваме овој Илинден. Коронавирусот го обзема нашето секојдневие, но не нѐ спречува достојно да го одбележиме овој голем празник на Македонците и сите граѓани, сите народи, основоположници на нашата држава, рече Христоски. Илинденското востание игра голема улога во историјата, културата и традицијата на Крушево и државата. Врз основа на тоа ги базираме нашата работа, многу од нашите манифестации, перспективите за иднината. – Тоа е основата на нашето мултиетничко живеење. Илинден е празник на борбата за подобро утре, за светла иднина на нашите деца, за зачувување на нашиот јазик, нашиот идентитет, нашата држава. Нешто што успеавме да го запечатиме во меѓународни рамки за денес да бидеме партнери со напредокот. Ова е празник на меѓусебно почитување, толеранција и прифаќање на различностите.Денес го живееме сонот на Илинденците, а нивната жртва нѝ дава обврска да се потрудиме да создадеме подобро утре за општината, за сите наши граѓани, за најмладите, за повозрасните на кои им должиме подеднакво, порача Христоски. Христоски смета дека патриотизам е почитување на соседот, на различниот од нас, како и работата на проекти за развојот на Крушево. Само така ќе се почитува Манифестот на Крушевската Република. За заштитата на присутните се грижеа 25 редари одредени од општината. Низ градот и на Гумење поминаа Илинденските коњаници од Охрид, Лисиче, од Бигорски поздравени од присутните. Делегации на општината и на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република почит им оддадоа на Питу Гули, на хероите на Партизанските гробушта, на Тоше Проески. Свежо цвеќе положија во Криптата и пред спомен обележјето на Веле Марков. Инаку, вчера беше отворен и четвртиот по ред летен фестивал „Кога си во Крушево“. Се пријавија преку 200 учесници кои наредните 10 дена ќе може да рекреираат преку богатите содржини на Фестивалот: планинарење, возење велосипед, пешачење, виртуелни трки со примена на сите мерки за заштита. Во Крушево за празникот има посетители од повеќе градови од земјава. Денеска, на празникот, од 10,30 часот државни делегации и делегации на Општината, на политички партии и здруженија ќе се поклонат пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот, пред спомен-обележјето на Слива, а централното чествување е напладне на Мечкин Камен каде ќе се обрати потпретседателот на собранието Горан Мисовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otvorena-manifestacijata-10-dena-krushevska-republika/feed/ 0
„Зборува Скопје“- четиридневна манифестација за одбележување 55 години од земјотресот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zboruva-skopje-chetiridnevna-manifestacija-za-odbelezuvanje-55-godini-od-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zboruva-skopje-chetiridnevna-manifestacija-za-odbelezuvanje-55-godini-od-zemjotresot/#respond Thu, 19 Jul 2018 08:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=78627

Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата. Манифестцијата ќе почне в понеделник, 23 јули, кога од 20 часот на источната страна на Музејот на Град Скопје ќе бидат откриени вратените букви од пораката на Јосип Броз Тито. - Пораката која долго беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес, и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро, повторно ќе се врати на своето место. Овој настан симболично наречен „Солидарноста се враќа дома“ ќе биде проследен со активности во Музејот на град Скопје, соопшти Град Скопје. Настаните во рамки на манифестацијата во четирите дена ќе се одржуваат во Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, Културно-информативниот центар, Музејот на современата уметност, платото пред Младинскиот културен центар. - „Тивка реконструкција на земјотресот“, перформанс на Билјана Радиноска, и „Сонува Скопје“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на нашите млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ,  Потоа ќе следува концертот „Разговор со смисла“ на Mammoth & Yashem, настап во живо на Тодор Караколев и затворен џем сешн со музичари од новата скопска сцена. Освен визулено изненадување за посетителите, со овие настани сакаме да ја потенцираме и архитектонската важност на ГТЦ за градот Скопје и да го вратиме урбаниот дух во централното градско подрачје, наведува Град Скопје. Организацијата на жените на Град Скопје ќе ja одбележи 55-годишнината со поетско читање, а на 26 јули со почеток во 5:17 часот, времето кога се случил земјотресот, граѓаните ќе бидат потсетени на трагичниот настан со аудиоакција на пет различни локации низ градот, во организација на Група урбани уметнички акции и Центар за современи уметности. Традиционално ќе се одржи и крводарителската акција, а организациски одбор ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта во Бутел. Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање акцијаши на територијата на општина Гази Баба ќе организираат работни акции во периодот од 23-ти до 28 јули, како и богата едукативна културна програма во акцијашкиот камп во студентскиот дом „Стив Наумов“. - „Зборува Скопје“ ги повикува граѓаните заедно да ги проследиме настаните, да се потсетиме на трагедијата која го разори нашиот град, и да упатиме порака дека не сме ја заборавиле поддршката што пред 55 години ја добивме од целиот свет и дека го сакаме нашиот град, неговата култура и уникатната урбаност која ќе ја негуваме во иднина, истакнува Град Скопје во најавата на програмата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zboruva-skopje-chetiridnevna-manifestacija-za-odbelezuvanje-55-godini-od-zemjotresot/feed/ 0
2,4 милиони денари од Mинистерството за култура за манифестација што треба да се одржи во празен стан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/2-4-milioni-denari-od-ministerstvoto-za-kultura-za-manifestacija-shto-treba-da-se-odrzi-vo-prazen-stan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/2-4-milioni-denari-od-ministerstvoto-za-kultura-za-manifestacija-shto-treba-da-se-odrzi-vo-prazen-stan/#respond Sat, 17 Feb 2018 10:24:30 +0000 http://kurir.mk/?p=22385

Реакциите за годишната програма на Министерството за култура не запираат. Досега на површина излезе многу незадовоство од актери, институции, издавачи, музичари. На својот Фејсбук профил социјалдемократот Ивор Мицковски открива дека се дале пари на личноста која воопшто не живее во Македонија, а манифестацијата за која се одобрени средства треба да се одржи во неговиот дом во Скопје кој е празен бидејќи личноста живее во Америка. За оваа постапка на Министерството има и многу реакции по пишувањата на Фејсбук од страна на поранешниот функционер од СДСМ. Граѓаните коментираат: „Ние сме му дале пари“, „Во трула банана држава како наша, вакви работи биле и ќе бидат константа против која никој ништо не може да стори“. Некои и се мајтапат дека тоа е „техничка грешка“ што би рекле од министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/2-4-milioni-denari-od-ministerstvoto-za-kultura-za-manifestacija-shto-treba-da-se-odrzi-vo-prazen-stan/feed/ 0