манипулатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 07:32:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png манипулатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Препознајте го навреме: Голем романтичар или опасен манипулатор? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/prepoznajte-go-navreme-golem-romantichar-ili-opasen-manipulator/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/prepoznajte-go-navreme-golem-romantichar-ili-opasen-manipulator/#respond Tue, 19 Sep 2023 07:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=879381

Понекогаш во врската сите аларми се вклучени и сите ги гледаат и слушаат, се чини само вие сте слепи и глуви, во име на љубовта. Бидејќи сме заљубени и сакаме врската да опстои, тешко и е да ги видиме и прифатиме овие предупредувачки знаци. Прочитајте ги овие знаци на чиста манипулација што партнерите кои се вешти манипулатори ги претставуваат како невидена романтика и љубов. Овие партнери се токсични и не се добри за вас, без разлика колку добри и романтични работи прават за вас. Секогаш мора да знае каде си Сосема е ок партнерот да биде известен за твоите планови, но ако го следи твојот дневен распоред до минута и сака да знае точно каде си, со кого и што правиш, тоа е веќе знак на опсесивност и параноја, а не љубов. Ти не си нечија сопственост, а со постојана контрола не се гради доверба, туку златен кафез. Постојано се јавува и праќа пораки Комуникацијата е клучна во секоја врска. Јавувањето и праќањето пораки обично е поинтензивно на почетокот на врската и е разбирливо дека сакате да ја чуете саканата личност. Но, кога тие повици и пораки почнуваат да стануваат алатка за контрола и следење, тоа е знак за обид за манупулација, а не љубов базирана на доверба. Ако се наоѓаш во позиција постојано да се објаснуваш зошто не си одговорила веднаш на порака или не си кренала по првото ѕвонење, време е за сериозен разговор, а можеби и прекинување на врската. Наметнува теми на разговор Секој има свои граници и конфор зона. Ако партнерот те притиска да му кажеш работи кои ти не сакаш да ги споделиш, тоа е јасен знак на емоционално малтретирање. Овие манипулатори најчесто сакаат да извлечат информации за тебе или за твоите блиски, за да може подоцна да ги злоупотреби против вас. Ова е далеку од романтично однесување. Овој човек не те сака тебе, сака да поседува некој кој ќе му се плаши. Само вие двајца Убаво е чувството да знаеш дека си нечиј приоритет и дека сака да поминува време со тебе. Но, се раѓа сомнеж кога ќе сфатиш дека тој нема пријатели, не е близок со семејството, не го сакаат колегите... Другата крајност може да биде дека не сака да те запознае со нив. Јасен знак за неговата посесивност, а не љубов, е инсистирањето поретко да се гледаш со твоите пријатели, членови на семејството, колеги и колешки, додека тоа не се сведе на само на официјални средби на кои по можност и тој ќе присуствува. Те „прогонува“ на социјалните мрежи Неговата „љубопитност“ не застанува на испрашување каде си и со кого си. Тој го анализира секој твој чекор на социјалните мрежи, кои ти се пријатели на Facebook, чија фотографија си лајкнала на Instagram, што си напишала на Twitter… И потоа следат долги дискусии по секоја точка за твојата активност на социјалните мрежи. Што е следно? Да побара лозинка за твоите профили?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/prepoznajte-go-navreme-golem-romantichar-ili-opasen-manipulator/feed/ 0
Ќе ви го уништи животот и ќе ве отуѓи од сите: Четири знаци дека имате работа со емотивен МАНИПУЛАТОР https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kje-vi-go-unishti-zivotot-i-kje-ve-otugji-od-site-chetiri-znaci-deka-imate-rabota-so-emotiven-manipulator/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kje-vi-go-unishti-zivotot-i-kje-ve-otugji-od-site-chetiri-znaci-deka-imate-rabota-so-emotiven-manipulator/#respond Mon, 28 Nov 2022 14:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=767691

Многу е тенка линијата меѓу партнер кој се однесува заштитнички кон вас или е доминантен и презема контрола над вашиот живот, без да сте свесни за тоа. Препознајте ги на време знаците кои откриваат дека сте во врска со манипулатор. „Иако жените умеат да бидат посесивни, мажите се склони да бидат насилни ако почувствуваат дека им е загрозен љубовниот живот“, тврди д-р Луен Бризендин, професорка по клиничка психологија на Универзитетот во Калифорнија. Проблемот обично почнува со нежни предупредувања, па по некое време се претвораат во преземање контрола, а партнерот може да стане и насилен. Вака мажот манипулира со вас, ги открива вашите слаби и болни точки па кога ќе ве фати во момент на слабост ќе се постави како најпрекрасната личност во светот и ќе ве увери дека сите се против вас, а тој единствено ве штити. Важно му е да ве изолира, па целосно да зависите од него, често ќе ги оцрнува вашите најблиски и пријателите, за да ве оддалечи од нив. Кога ќе сфатите дека не е воопшто фин, ќе биде доцна. Но, постојат знаци кои откриваат вакво однесување. Првиот и најсомнителен знак е ако ги прислушува вашите разговори или ве испитува за бројот кој ве повикал или на кој сте се јавиле. Сомнително е и ако постојано ве набљудува како се однесувате во друштво и често ве обвинува дека флертувате со некој кој ве насмеал со шега. Постојано ве обвинува дури и ако поразговарате со пријател од детството. Бидете внимателни, не е нормално да очекува дека целиот ваш живот постојано се врти околу него. Овие четири знаци говорат дека си имате работа со манипулатор: Колку вам ви е полошо, нему му е подобро Колку вам ви е понезгодно во друштво, тој е позадоволен и се чувствува сакано. Тој е вашиот човек за сè. Сè што прави ве збунува Еден момент е грижлив, веќе во следниот миг е бесен бидејќи не е по негово и се уверувате себеси да го занемарите тоа, бидејќи многу „ве сака“. Или сте со него или сте против Ако одлучите да минете време со некој друг ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи го „игнорирате“. Емоционална манипулација Ако вашиот партнер е некој покрај кого се чувствувате лошо, се плашите да го прашате нешто или да му кажете бидејќи не знаете како ќе реагира, можеби станува збор за емоционален насилник. Таквиот човек без причини ќе ви одржи предавање во кое ќе ги наброи вашите маани и ќе ве прогласи за глупави или неспособни, сакајќи да ја уништи вашата самодоверба. Ако сакате да го напуштите може да падне на колена и да се извини за повторно да ве придобие. Но, тоа ќе трае кратко и до првата прилика за ново емоционално манипулирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kje-vi-go-unishti-zivotot-i-kje-ve-otugji-od-site-chetiri-znaci-deka-imate-rabota-so-emotiven-manipulator/feed/ 0
Препознајте го МАНИПУЛАТОРОТ: ОВИЕ извинувања се лажни, не им верувајте! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prepoznajte-go-manipulatorot-ovie-izvinuvanja-se-lazni-ne-im-veruvajte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prepoznajte-go-manipulatorot-ovie-izvinuvanja-se-lazni-ne-im-veruvajte/#respond Sun, 09 Oct 2022 20:18:58 +0000 https://kurir.mk/?p=743228

Тој вели едно, а тоа значи нешто сосема друго. Не е лесно веднаш да препознаете манипулатор, бидејќи секогаш имајте на ум дека тој внимателно се подготвува и ги користи сите можни тактики за да ве држи под негова контрола. Лажењето е друго име за него, а по некое време ќе забележите дека партнерот често ви се извинува, но во пракса ништо не се менува во неговото однесување. Затоа, многу е важно да ја разберете природата на лажните извинувања и како манипулаторот ги користи против вас. Извинување каде што всушност вие сте виновни Ова е сигурна тактика што ја користат многумина кои се склони кон манипулативно однесување за да ја прикријат својата вина. Извинувањето на вашиот сопруг е навистина само реченица во која ве обвинува за се. На пример, може да каже „Жал ми е што се чувствуваш така“ или „Жал ми е што ги повредив твоите чувства“. Ова извинување е манипулативно затоа што вината ја префрла на вас, наместо тој да ја преземе одговорноста за своите постапки. „Не оставај ме“ вид на извинување Ова е последниот адут во ракавот на личност која навистина не знае како правилно да се извини некому. Ако добивате ваков вид извинување од вашиот сопруг, тоа е доказ дека тој е некој кој има многу ниска самодоверба и не знае како да го живее животот без вас. Ќе ви каже „извини“ за нешто што ве навредило, за да ве убеди да останете со него, иако навистина не му е жал што нешто се случило. Само да простите Личноста која користи ваков тип на извинување ќе направи да се чувствувате виновни доколку не му простите. Всушност, тој ќе направи се само за да ја добие вашата прошка. Како таков, кога конечно ќе му простите, вашиот сопруг ќе продолжи да прави се што правел до сега, знаејќи дека може да манипулира со вас како што сака. Во овој тип на извинување ќе слушнете „Ќе направам се за тебе, само прости ми“, но овие молби не се искрени. „Око за око„ извинување Овој тип на извинување изгледа како детска игра, само што не е воопшто смешно. Ако го слушнете вашиот сопруг како вели „Ќе се извинам ако го направиш тоа и тоа“, треба да знаете дека ова е манипулативна акција и дека извинувањето нема да биде искрено. Оваа негова постапка е всушност компромис, те тера на компромиси таму каде што не би требало да има. Мора да ми се извиниш и ти мене Ова е веројатно најчестиот тип на извинување што го користат оние на кои им е тешко да преземат одговорност за своите постапки. Донекаде се подготвени да ги сносат последиците, но доколку некој друг се вклучи во целата приказна. Ако вашиот сопруг ви каже дека ќе се извини ако го сторите истото, сметајте дека тој се обидува да ве натера да се чувствувате виновни таму каде што не треба да имате вина. Ако знаете дека сте во право и дека тој не бил фер, не се согласувајте со ваквите предлози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prepoznajte-go-manipulatorot-ovie-izvinuvanja-se-lazni-ne-im-veruvajte/feed/ 0
Заштитете се од манипулатори: Психолозите ги предлагаат овие тактики https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zashtitete-se-od-manipulatori-psiholozite-gi-predlagaat-ovie-taktiki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zashtitete-se-od-manipulatori-psiholozite-gi-predlagaat-ovie-taktiki/#respond Thu, 02 Jun 2022 06:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=685338

Тешко е да се одолее на манипулација, тоа бара ваша согласност, ја отежнува ситуацијата, ве спречува да кажете „не“. Како да се спротивставиме на манипулацијата? 1. Обележете ги границите. „Не можеш така да зборуваш со мене.“ Ова е добро, но тактика на која треба да бидете подготвени. Ако личноста продолжи да манипулира после ова, бидете спремни да ја напуштите просторијата, спуштите слушалка, изолирајте се. Кога се дистанцирате, јасно и давате до знаење на личноста дека не може да манипулира со вас. 2. Разговарајте за чувствата. „Повреден сум и навреден што го правиш ова.“ Не очекувајте личноста веднаш да реагира на овие ваши зборови. Тој користи манипулација затоа што не знае да комуницира на друг начин, има комплекси, несигурности, стравови, но тоа не значи дека треба да страдате. Ако оваа личност сè уште не покажува интерес за вашите чувства, тогаш треба да размислите дали навистина вреди да останете во таа врска. 3. Кажете јасно – “Дали сега ме манипулираш? Зошто?” Манипулаторот се плаши да не биде разоткриен. Затоа, таквите зборови ќе го збунат, па дури и ќе го натераат да се повлече. И ако не, тогаш прашањето „зошто“ ќе ви помогне да ја разберете ситуацијата и да извлечете заклучоци. Кога ќе забележите манипулација, секогаш бидете отворени и кажете што чувствувате за тоа. Не ги потиснувајте емоциите во себе и размислете – дали манипулаторот вреди вашето време, љубов и внимание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zashtitete-se-od-manipulatori-psiholozite-gi-predlagaat-ovie-taktiki/feed/ 0
Овие луѓе се најголеми манипулатори, држете ги подалеку од себе https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-lugje-se-najgolemi-manipulatori-drzete-gi-podaleku-od-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-lugje-se-najgolemi-manipulatori-drzete-gi-podaleku-od-sebe/#respond Tue, 12 Apr 2022 20:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=661931

Тие се студени, лукави и пресметани манипулатори кои ќе направат да мислите дека сте им најважната личност во светот, а потоа ќе се свртат против вас и ќе ве издадат на најлош можен начин. Девиците постојано калулираат со мислите и емоциите. Доколку не се вклопувате во она што им е цел, тие ќе ве држат покрај себе некое време додека не ве искористат, а потоа ќе ве отфрлат и ќе се свртат кон оние прилики што им нудат повеќе. Тие се лажговци и ситничари, постојано приговараат, критикуваат. Припадниците на овој знак не се караат и не го креваат тонот, туку со цинизам ќе ве погодат токму таму кај што ве боли, затоа што пред тоа, добро ве изанализирале и ве проучиле. Опседнати со своето здравје и постојано со себе носат купче разновидни лекови, нешто од аптека, нешто по рецепт од весници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-lugje-se-najgolemi-manipulatori-drzete-gi-podaleku-od-sebe/feed/ 0
Како да препознаете дека сте во врска со манипулатор? Овие три реченици го издаваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-prepoznaete-deka-ste-vo-vrska-so-manipulator-ovie-tri-rechenici-go-izdavaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-prepoznaete-deka-ste-vo-vrska-so-manipulator-ovie-tri-rechenici-go-izdavaat/#respond Wed, 19 May 2021 20:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=512648

Решавањето на конфликтите бара разбирање на туѓа перспектива, емпатија и самосвест, три работи што може да му недостасуваат на емоционално недостапен партнер. Таквите партнери често не се во состојба да се справат со непријатните чувства во врската, имаат изразени одбранбени механизми и когнитивни нарушувања. Тие не гледаат во длабочина и тешко е да признаат грешки, вели психотерапевтот Ерин Леонард. Според неа, честопати може да се слушнат три реченици од емоционално недостапни партнери. 1. „Не знам“ Таквите луѓе честопати се дистанцираат од подлабоки, непријатни емоции, како да имаат изградено невидлив ѕид и тој не ги достигнува до нив. - Тие имаат потешкотии во препознавање, идентификување и коментирање на тешките емоции. Овој недостаток е најизразен во жарот на расправија - вели психотерапевтот. - Способноста да се разберат непријатните емоции ја подобрува свеста на една личност и му помага да расте и да се развива. Исто така, оваа способност го спречува да ги повторува истите грешки во врската. Кога ќе го прашате вашиот партнер зошто направил нешто бесчувствително или повредил некого, а тој одговори со „Не знам“, тоа може да значи дека не е во можност да препознае и да зборува за важни емоции - објаснува Ерин. Исклучок од ваквиот став е склоноста на емоционално достапниот партнер да користи проблем од минатото за да го оправда своето неправилно однесување и евентуално да предизвика симпатија и да отстапи од темата, наместо да се погледне во себе и да размисли дали проблемот е сè уште во него. 2. "Јас не го сторив тоа" - Поради потребата на емоционално недостапна индивидуа да го заштити своето кревко его со сите сили, тој или таа маневрира со неколку несвесни механизми за одбрана. Отстапувањето од темата му овозможува на таквата личност автоматски да ги отстранува „заканувачките“ информации. Негирањето на неправдата е вообичаено однесување, бидејќи таквите луѓе несвесно го менуваат сценариото во својот ум. Екстремните когнитивни нарушувања, исто така наречени грешки на мислата, потоа му овозможуваат на поединецот да ја препише историјата и да се постави како жртва или херој, вели Ерин Леонард. Изобличувајќи ја реалноста, играјќи улога на херој или жртва, емоционално недостапните партнери создаваат своја алтернативна реалност во која тие се постојано невини, без оглед на нивното манипулативно и нељубезно однесување. - Потребата да се биде постојан спасител во врската е начин емоционално незрелата личност да се чувствува моќно. Сепак, стекнувањето моќ на овој начин ја обесхрабрува саканата личност. Во многу случаи, емоционално интелигентен партнер, заглавен во ваква врска, почнува да има силни сомневања во себе затоа што неговиот здрав разум постојано се доведува во прашање и тој се соочува со искривени сценарија - вели Ерин. 3. „Ти си тој што ...“ За време на конфликт, вообичаено е емоционално недостапниот партнер да ја префрли вината на лицето што го започнува разговорот за проблемот. - Игнорирањето на проблемот и неправедно обвинување на другата страна за што било е соодветен начин да се избегне одговорноста. На пример, може да звучи вака: "Ти си тој што е себичен! Дали се сеќаваш како ме игнорираше во средата кога ми требаше? Што беше тоа, објасни ми дали можеш" - даде пример психотерапевтот. - Неправедното префрлување на вината или лудилото честопати е ефикасно оттргнување на вниманието од проблемот, бидејќи нападнатото лице е шокирано и повредено поради неправедни обвинувања. Речиси е невозможно да се одржи трезвеноста во такви околности, а првиот импулс е одбраната. Емоционално недостапен партнер на тој начин успешно ја префрла вината и дискусијата за проблемот од него на некој друг - објаснува Ерин. Според неа, разбирањето на манипулациите што се случуваат за време на конфликтот може да и помогне на емоционално интелигентната личност да управува со дисфункционална динамика и да го зачува сопственото ментално здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-prepoznaete-deka-ste-vo-vrska-so-manipulator-ovie-tri-rechenici-go-izdavaat/feed/ 0
Мицкоски за изјавата на Шекеринска: До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-izjavata-na-shekerinska-do-koga-vakvi-manipulatori-kje-ja-navreduvaat-nashata-inteligencija-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-izjavata-na-shekerinska-do-koga-vakvi-manipulatori-kje-ja-navreduvaat-nashata-inteligencija-video/#respond Thu, 28 Jan 2021 10:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=460943

Несериозни луѓе одлучуваат за сериозни работи, реагира преку социјалната мрежа ан Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по скандалозната изјава на Шекеринска околу набавката на вакцините против корона вирус. Во продолжение интергрално ви ја пренесуваме реакцијата на Мицкоски: Несериозни луѓе одлучуваат за сериозни работи. До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? Додека тие го тестираат заедничкото трпение, 2800 луѓе починаа од корона. „Шекеринска: Ние можевме први да набавиме вакцини, но народот ќе си помислеше дека ги тестираме на нив, затоа чекавме до сега да се увериме во нивната безбедност.", вели во сојата објава Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-izjavata-na-shekerinska-do-koga-vakvi-manipulatori-kje-ja-navreduvaat-nashata-inteligencija-video/feed/ 0