Манолис Андрулакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 19:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Манолис Андрулакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конечно: Успешно завршена евакуацијата на грчкиот конзул од Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konechno-uspeshno-zavrshena-evakuacijata-na-grchkiot-konzul-od-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konechno-uspeshno-zavrshena-evakuacijata-na-grchkiot-konzul-od-mariupol/#respond Fri, 18 Mar 2022 19:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=649757

Генералниот конзул на Грција во Мариупол Манолис Андрулакис и 11 лица од грчката дијаспора вечерва ја поминале украинско – молдавската граница, со што успешно заврши операцијата за нивна евакуација, како што соопшти на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас уште еднаш му се заблагодари на конзулот Андрулакис, како и на сите оние „кои помогнаа во успешното завршување на оваа особено тешка операција“. Генералниот конзул, пред почетокот на евакуацијата беше засолнат во објектот на ОБСЕ во Мариупол заедно со персоналот на организацијата, а според грчките медиуми, Андрулакис е последниот дипломат од ЕУ што го напушти Мариупол. Евакуацијата започна во вторникот, а од разбирливи причини, не беа соопштени детали околу операцијата и која рута ќе се следи, дали кон Романија или кон Молдавија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konechno-uspeshno-zavrshena-evakuacijata-na-grchkiot-konzul-od-mariupol/feed/ 0
Продолжува евакуацијата на грчкиот конзул од Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-evakuacijata-na-grchkiot-konzul-od-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-evakuacijata-na-grchkiot-konzul-od-mariupol/#respond Wed, 16 Mar 2022 14:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=648337

Втор ден во тек е евакуацијата на генералниот конзул на Грција во Мариупол, Манолис Андрулакис, кој требаше да пристигне во Запорожје, но поради бомбардирањето, планот бил променет, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од Парламентот денеска информираше дека конзулот е на пат да ја напушти Украина, но сè уште не ја има напуштено државата. -Предвидено беше да оди во Запорожје, како што ви кажав вчера. Запорожје беше бомбардирано утрово. Потребна беше промена на планот, но во секој случај се надеваме дека најдоцна до утре вечер ќе биде во европските граници, о бјасни Дендиас. Генералниот конзул во изминатиот период беше засолнат во објектот на ОБСЕ заедно со персоналот на организацијата, а нивната евакуација, како што соопшти шефот на грчката дипломатија, започна вчера. Според грчките медиуми, конзулот Андрулакис е последниот дипломат од ЕУ што го напушти Мариупол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-evakuacijata-na-grchkiot-konzul-od-mariupol/feed/ 0