ману – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Aug 2023 15:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ману – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коцарев: Насушно ни треба трет Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/#respond Tue, 01 Aug 2023 15:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=862415

Македонската државност почива на темелите на Илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање, е негирање на македонството, беше истакнато на денешната прва научна конференција организирана од Матицата на иселениците од Македонија во Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден. Научната конференција е насловена „120 години од Илинденското востание“. - Се знае, македонската државност почива на темелите на Илинденското востание, на Илинденската револуција, и ако сакате прецизно-на двата Илиндена, од 1903-тата и од 1944-тата година. Конференцијата е во чест на 120 години национална меморија за Илинденското востание и ние им се оддолжуваме на сите оние кои нас не задолжија ние да имаме слободна држава. Темелот е, буквално овде, во Крушево. Илинденското востание и АСНОМ-ските решенија на идните генерации им го даваат чувството на припадност и ние им пркосиме на сите кои сакаат тоа да го избришат. Македонија не е и нема да биде држава за поткусурување, изјави Катерина Тодороска, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје. Илинденското востание има свое значење во сите периоди: и во 1903-тата, во 1944-тата и во поново време кога ја оствариме македонската државност.-Востанието е темелот на македонската државност. Ако ги анализираме Илинден 1903-тата и Илинден 1944-тата кога на АСНОМ се донесени државотворните акти, тоа значи дека македонскиот народ има своја историја, своја содржина во двете востанија, во двата Илиндена. Тоа е врвен чин, не само на слободарските пориви на македонскиот народ, бидејќи Вапцаров е прв кој вели дека со Илинденското востание внесовме народна содржина, со крвта на народот. Тоа значи дека македонскиот народ создава своја историја кога е дел од македонската колективна меморија. Обидот да не се прослават или одбележат овие два моменти, значајни од македонската историја, да се негираат научноста или македонската меморија, одат во насока да се опонира или избрише македонството. Македонскиот народ создаваше своја историја. Народот ја создаде целокупната меморија за двата Илиндена, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје. Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев смета дека е потребен трет Илинден. -Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење, поточно би рекол дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја. Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци, рече Коцарев. Македонското малцинство во Бугарија ги продолжува своите настојувања за признавање. - Ние бараме поддршка од македонската влада да застане зад нас и во Бугарија да нè признаат како Македонци. И покрај сите одговори од Судот за човекови права од Стразбур, ништо не е променето, вели Стојан Герасимов, Македонец од Бугарија. Илинденско Крушево сака да ги зацврсти врските со дијаспората, но и да го реши најголемиот проблем на денешното време – иселувањето. - Општина Крушево како општествено одговорна институција, а и јас, како претседател на Научно културните средби „10 дена Крушевска република“, се грижиме за своите иселеници. Ги негуваме традицијата, историјата, културата. Токму Крушево е град на традиција, историја и на култура. Сме во насока на унапредување на врските со дијаспората. Општина Крушево секогаш е отворена за соработка и да ги засилиме врските со дијаспората и татковината. А во ова време, да ја запреме најголемата болка, иселувањето, рече крушевскиот градоначалник Томе Христоски. На конференцијата е промовиран и зборникот на трудови на 11 еминентни научници и историчари за прашањето за значењето на Илинденското востание. Поддржувачи на научната конференција за Илинден се општините на Крушево, Карпош, Куманово, Прилеп и Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/feed/ 0
Редовно годишно собрание на МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-godishno-sobranie-na-manu-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-godishno-sobranie-na-manu-2/#respond Wed, 22 Feb 2023 06:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=803424

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи редовно годишно собрание. Како што е најавено, на седницата обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев на тема „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2022 година и предизвици на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сѐ во 2023 година“. Во тие рамки ќе бидат презентирани остварената работа на МАНУ во текот на минатата година, како и планираните активности на Академијата во 2023 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-godishno-sobranie-na-manu-2/feed/ 0
Штрајк на вработените во МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajk-na-vrabotenite-vo-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajk-na-vrabotenite-vo-manu/#respond Thu, 09 Feb 2023 10:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=798345

Вработените во Секретаријатот и стр­учните единици на МА­НУ,​ од денеска ста­пуваат во штрајк и бараат од Претседател­ството на МАНУ зголе­мување на пла­тите. -​Стапувањето во штр­ајк, како основна и легитимна алатка за остварување на нашите работнички права, меѓу другото, произл­езе и од незаинтерес­ираноста на Претседа­телството на МАНУ, како работоводен орга­н, да изнајде решение за нашата неповолна и недостоинствена положба. Ја информираме јавно­ста дека академиците немаат статус на вр­аботени лица во МАНУ, туку тие добиваат академска награда, на месечно ниво, со која им се оддава опш­тествено признание за нивната дејност во областа на науката и уметноста. Нашите плати, односно платите на стручно­-административните и техничките работници во МАНУ, кои изнес­уваат, во просек, ма­лку повеќе над миним­алната плата во држа­вата, воопшто не се зголемени во последн­ите 15 години и тие останаа несразмерно ниски, а со тоа драс­тично се наруши и по­веќедеценискиот уста­новен сооднос меѓу платите на вработените во МАНУ и висината на академската нагр­ада и платите на нау­чните соработници. Овој проблем стана ос­обено неиздржлив во последните две години кога, поради еконо­мската криза и инфла­цијата, вредноста на нашите и онака ниски плати стана уште повеќе девалвирана. Во овој период, во повеќе наврати, се об­идовме да изнајдеме решение за зголемува­ње на платите, но до­сега не наидовме на разбирање кај Претсе­дателството на МАНУ. За жал, Претседател­ството на МАНУ, а ис­то така и другите ак­адемици, не покажаа нималку загриженост за состојбата во која се наоѓаме, вешто избегнувајќи одговор­ност за преземање ко­нкретни дејства за решавање на нашите ос­новни егзистенцијални потреби, се вели во соопштението.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajk-na-vrabotenite-vo-manu/feed/ 0
„Платите ни се недостоинствени“: Дел од вработените во МАНУ најавија штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-ni-se-nedostoinstveni-del-od-vrabotenite-vo-manu-najavija-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-ni-se-nedostoinstveni-del-od-vrabotenite-vo-manu-najavija-shtrajk/#respond Wed, 01 Feb 2023 09:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=794576

Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Како што се наведува во известувањето, ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк. -Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата - соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Во штрајкот нема да учествуваат академиците на МАНУ, ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-ni-se-nedostoinstveni-del-od-vrabotenite-vo-manu-najavija-shtrajk/feed/ 0
Почина Владимир Костов, почесен член на МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-vladimir-kostov-pochesen-chlen-na-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-vladimir-kostov-pochesen-chlen-na-manu/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=783531

Во Битола почина Владимир Костов (1932 г.), професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток“. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември“, и награда за животно дело, како и на републичките награди „11 Октомври“, „1 Мај“, наградата „Рациново признание“; наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески“; „Гоцева повелба“ за литературна дејност; наградите на Сојузот на здруженијата на наставниците по македонски јазик и литература и „Феникс“. За литературна дејност одликуван е со орден „Заслуги за народ со златен венец“. Владимир Костов има објавено 17 романи, 10 збирки новели и раскази и осум книги за деца и млади. Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во светот. Во 2015 година Костов, член на МНД-Битола, беше избран и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-vladimir-kostov-pochesen-chlen-na-manu/feed/ 0
Академик Коцарев: Во историјата, само Султанот Абдул Хамид II и Маричиќ ја имаат забрането „Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-vo-istorijata-samo-sultanot-abdul-hamid-ii-i-marichikj-ja-imaat-zabraneto-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-vo-istorijata-samo-sultanot-abdul-hamid-ii-i-marichikj-ja-imaat-zabraneto-makedonija/#respond Wed, 28 Dec 2022 19:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=781840

Денешните односи меѓу Бугарија и Македонија историски гледано се обременети од три работи: Прво, трите изгубени вооружени војни за освојување на територијата на денешна Македонија, второ, неуспешните обиди за асимилација на македонскиот народ во минатиот век и трето - тековната четврта (психолошка/хибридна) војна започната од Република Бугарија против истиот народ и територија, посочува претседателот на МАНУ, Академик Коцарев во интервју за „Што не е јасно“ на ТВ Алфа. . „Пред речиси еден век, во статијата „Самоопределението на Македонците“, објавена на 25 март 1925 година, Мисирков ќе напише: „Мислам дека само во слогата, во соработката помеѓу Србите, Македонците и Бугарите е спасот на сите нас... Најважниот услов за соработката помеѓу Србите, Бугарите и Македонците е, меѓутоа, полната слобода во самоопределувањето на Македонците“ Каква е состојбата денес? Србија одамна го призна просторниот и милениумскиот континуитет на македонскиот јазик и идентитет. Неодамна,  Светиот Собор на СПЦ едногласно ја прифати автокефалноста на МПЦ – ОА. Што се однесува до Бугарија, таа има проблем со историјата и со јазикот на македонскиот народ, додека Грција  со терминот „Македонија“ и нејзините деривати. Нивните проблеми денес се решени. Грција го постигна тоа што го бараше токму со Преспанската спогодба: термините „Македонија“ и сите нејзини деривати во меѓународната употреба се резервирани само за Грција, што, впрочем, е потврдено и во ООН. Бугарија, пак, го постигна тоа што го бараше со Протоколот: Бугарија да ја надгледува и пишува историјата на македонскиот народ, а како последица на тоа, македонскиот јазик да стане дел од бугарскиот, тргнувајќи од официјалниот став на Бугарија: „Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признавања од страна на бугарската страна на постоењето на т.н. ‘македонски јазик’, одвоен од бугарскиот“, посочува академик Коцарев во интервјуто со новинарот Љупчо Цветановски. Термините „Македонија“ и сите нејзини деривати во меѓународната употреба се резервирани само за Грција. Но, за жал, не само за меѓународна употреба. Мене ми се познати само два државни документа со кои се забранува употребата на терминот Македонија. Првиот документ, од 25 март 1903 година, е наредбата на султанот Абдул Хамид II со која се забранува употребата на називот „Македонија“. По повод цензурирањето на Библијата, на пример, весникот „The Times Dispatch“ од 5 јули 1903 година, на страница 3, пишува: „Американската библиска издавачка куќа, задолжена за печатење на Светата книга, официјално беше спречена од турскиот цензор, кој го забрани зборот ‘Македонија’ во посланијата на апостолот Павле и инсистира истиот тој да биде заменет со ‘Вилаетите Солун и Монастир’ за да дозволи да се печати Библијата“. Вториот документ е Решение на министерот за правда на Република Македонија со кое се забранува употребата на името „Македонија“ при регистрација на правни субјекти. Така, на пример, во Република Македонија, стотина години подоцна, Министерството за правда забрани невладиното здружение „Млади за Македонија“ од Гевгелија да го содржи името „Македонија“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-vo-istorijata-samo-sultanot-abdul-hamid-ii-i-marichikj-ja-imaat-zabraneto-makedonija/feed/ 0
Академик Коцарев: На лукративните, самобендисани, арогантни и неуки македонски политичари нема да им биде едноставно да се откажат од власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-na-lukrativnite-samobendisani-arogantni-i-neuki-makedonski-politichari-nema-da-im-bide-ednostavno-da-se-otkazat-od-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-na-lukrativnite-samobendisani-arogantni-i-neuki-makedonski-politichari-nema-da-im-bide-ednostavno-da-se-otkazat-od-vlasta/#respond Wed, 28 Dec 2022 18:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=781834

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев,  на македонските политичари во 2023-та им посакува соочувајќи се со желбите на сите Македонци, да увидат, еднаш засекогаш, дека само ние, Македонците, можеме да се избориме за нас, Македонците. „Оттука, обединувањето на македонските политички партии е единствената можност за остварување на посакуваниот сон: вековно опстојување на Македонија. На лукративните, самобендисани, арогантни и неуки македонски политичари, знам, нема да им биде едноставно да се откажат од власта, меѓутоа, сѐ друго води кон пропаст и изумирање на оваа држава, на Македонија. Со цел да престанат уцените и однатре и однадвор, повикувам на обединување на Македонците и на македонските политички партии, меѓутоа, притоа зборувам за вистинско обединување, а не за онакво какво што досега го искусуваме во реалноста, декларативно и привидно“ посочува академик Коцарев во интервјуто за емсијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа. „Обединувањето за коешто јас се залагам, ќе доведе, прво, Македонците да бидат почитувани од другите народи; второ, Македонците да имаат достоинствен, квалитетен и исполнет живот, и трето, ваквото обединување ќе овозможи да се намали афективната поларизација што на моменти прераснува во омраза меѓу Македонците“ вели академик Коцарев во интервјуто со новинарот Љупчо Цветановски. „Сведоци сме дека, во Македонија, партиските следбениците ги дискриминираат своите македонски противници до степен што го надминува разумното однесување и води кон разградување на демократијата, кон арогантно и насилно владеење и кон уривање на институциите во државата. Иако изгледа неостварливо и, во овој момент, речиси безнадежно, можеби е најдобро време да го собереме сиот преостанат оптимизам во нас и, сепак, да го промениме македонското општество, најпрво менувајќи го нашиот однос кон самите себеси, а потоа и кон другите и кон Македонија. Во таа насока, ние, Македонците, треба да бидеме солидарни, отворени и подготвени за промени, за обединување, за соживот, за соработка, но и непоколебливи во одржувањето, негувањето и заштитата на македонизмот како нитка што го условува нашиот опстанок на ова парче земја. Македонијо, ти посакувам среќна Нова 2023 година и нека трае вечно твоето опстојување!“ вели во својата честитка до македонскит граѓани претседателот на МАНУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-na-lukrativnite-samobendisani-arogantni-i-neuki-makedonski-politichari-nema-da-im-bide-ednostavno-da-se-otkazat-od-vlasta/feed/ 0
Академик Коцарев: Со договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во Македонија и во соседните држави! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-so-dogovorite-so-grcija-i-so-bugarija-se-odviva-kulturen-genocid-vrz-makedoncite-vo-makedonija-i-vo-sosednite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-so-dogovorite-so-grcija-i-so-bugarija-se-odviva-kulturen-genocid-vrz-makedoncite-vo-makedonija-i-vo-sosednite-drzavi/#respond Fri, 07 Oct 2022 13:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=742520

Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев. Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо на интегративните процеси во ЕУ во однос на земјите на Балканот, што се уште не се дел од Унијата, се до противењето на некои нејзини членки, во блокот да се вклучат нови земји со право на вето. Тој исто така ги повтори своите ставови во однос на општествената состојба во државата при што рече дека со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија „се одвива културен геноцид врз Македонците“. Пред воопшто да се пристапи кон потпишување на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, вели првиот човек на МАНУ. Коцарев смета дека стремежот за помирување на различните гледишта за историјата на Балканот е клучен фактор на актуелниот преговарачки пристап за влезот во ЕУ, но како што потенцираше, процесот постојано наидува на нови пречки, кога „отсуствува искреното покајување како чин на хуманост“. – Со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава Македонија, како и врз Македонците во соседните држави, но и насекаде каде што живеат и опстојуваат како народ, рече Коцарев. Коцарев смета дека пред воопшто да се пристапи кон пишување, па потоа и потпишувањето на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, кои, како што рече, „многу години, па и децении вршеа геноцид на Македонците и не го признаваа постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик“. Според академикот Коцарев, Академијата треба да очекува јавно покајание од сите оние институции кои со години промовираат радикални и неправедни ставови што го загрозуваат и го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, што претставува основен услов за натамошна плодна и конструктивна меѓуакадемска соработка. Тој напомена дека во време кога не очекува висока инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза, потребна е Стратегија за национален развој и договор за економски реформи, политики и мерки, кои треба да се спроведуваат во следните најмалку 20-тина години. Ова, како што рече, треба да биде остварено во соработка со МАНУ, универзитетите, коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, а притоа, потенцираше, „надминувајќи ја клиентелистичката и партиска агенда на дејствување во општествените сфери“. Коцарев информираше дека МАНУ во 2023 година, во соработка со сите други општествени фактори, ќе пристапи кон изработка на Националната стратегија за развој на Македонија во следните 20 години. Во однос на состојбата со Академијата, Коцарев рече дека МАНУ денес е само слика на она што се случува во образованието, науката и уметноста, па затоа е целосно маргинализирана институција, доведена до работ на опстојувањето, со недоволно вработени на клучни места, неопходни за непречено институционално дејствување во делот на административната дејност и со вработени кои имаат најниски плати во однос на сите други вработени во јавните институции во државата. Сепак, како што напомена, без разлика на негрижата за „храмот на науката и уметноста“, бројот на научноистражувачки и уметнички проекти, финансиски поддржани од меѓународни институции, според индикаторот, поделен со вкупниот број академици и вработени во МАНУ, Академијата е меѓу водечките научни и образовни институции во светот. – Едноставно кажано, МАНУ, иако мала и целосно маргинализирана од владејачките елити во државата, и по квалитетот и по квантитетот, е светски препознатлива институција, додаде Коцарев. По повод денот на Академијата, по обраќањето на академикот Коцарев, денеска на академиците Павол Жиго и Каролин Снајвели им беше доделено меѓународното признание „Блаже Конески“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-so-dogovorite-so-grcija-i-so-bugarija-se-odviva-kulturen-genocid-vrz-makedoncite-vo-makedonija-i-vo-sosednite-drzavi/feed/ 0
Ден на Македонската академија на науките и уметностите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/den-na-makedonskata-akademija-na-naukite-i-umetnostite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/den-na-makedonskata-akademija-na-naukite-i-umetnostite/#respond Fri, 07 Oct 2022 05:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=742157

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одбележан Денот на академијата. Во рамки на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на споменикот на Блаже Конески, а пригодна реч ќе има академик Љупчо Коцарев. По повод Денот на Академијата на годинашните добитници Павол Жиго и ќе им биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/den-na-makedonskata-akademija-na-naukite-i-umetnostite/feed/ 0
Дебата во МАНУ по повод 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-vo-manu-po-povod-100-godini-od-ragjanjeto-na-krste-crvenkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-vo-manu-po-povod-100-godini-od-ragjanjeto-na-krste-crvenkovski/#respond Tue, 07 Jun 2022 05:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=687539

Расправа „Афирмација на македонската држава во југословенската федерација – по повод 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски“ ќе се одржи денеска во МАНУ, во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поздравни обраќања, како што е најавено ќе имаат академик Владо Камбовски и академик Драги Ѓоргиев. За Крсте Црвенковски и неговите активности во борбата за македонскиот идентитет, јазик и култура во односите на СФРЈ со Грција и Бугарија, ќе зборуваат проф. д-р Далибор Јовановски, Филозофски факултет при УКИМ и проф. д-р Људмил Спасов, Филолошки факултет при УКИМ. Во првиот дел повеќе професори од Институт за национална историја при УКИМ ќе зборуваат за дејствувањето на Крсте Црвенковски во ослободен Дебар во 1943 година, за учеството на Крсте Црвенковски во нападот на Прилеп на 11 октомври 1941 година, за местото на Крсте Црвенковски во македонската историографија… Во вториот дел акадимик Таки Фити ќе зборува за либерализмост и југословенските стопански реформи од средината на 1960-тите години, додека професорот Светомир Шкариќ ќе зборува за суверенитетот како вредност во Македонија и поранешна Југославија, професорката Ана Чупеска за мултикултурниот континуитет од АСНОМ до Преспа, а професорот Ненад Марковиќ за либералниот капацитет на современата македонска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-vo-manu-po-povod-100-godini-od-ragjanjeto-na-krste-crvenkovski/feed/ 0