марадона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Dec 2022 09:28:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марадона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве што му вети Пеле на Марадона кога тој почина пред две години! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-mu-veti-pele-na-maradona-koga-toj-pochina-pred-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-mu-veti-pele-na-maradona-koga-toj-pochina-pred-dve-godini/#respond Fri, 30 Dec 2022 09:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=782478

Синоќа си замина уште една од најголемите фудбалски легенди, Пеле, многумина се потсетуваат на неговата изјава по смртта на Марадона. Диего Марадона почина пред две години, тогаш Пеле му даде почит со твит на социјалните мрежи: „Еден ден, се надевам дека заедно ќе играме со топката во рајот“. Дојде тој ден, сега и двајцата се таму.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-mu-veti-pele-na-maradona-koga-toj-pochina-pred-dve-godini/feed/ 0
Дресот на Марадона од финалето на СП 1986 вратен во Аргентина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-finaleto-na-sp-1986-vraten-vo-argentina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-finaleto-na-sp-1986-vraten-vo-argentina/#respond Fri, 21 Oct 2022 09:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=748866

Дресот кој Диего Армандо Марадона го носеше во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико во кое Аргентина ја победи Германија е вратен на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА). Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги замени дресовите со Марадона, 36 години подоцна му го подари на аргентинскиот народ, јавија локалните медиуми. Претходно оваа година, дресот кој Марадона го носеше во четвртфиналето против Англија, кога го постигна прославениот гол наречен „Божја рака“ беше продаден на аукција за рекордни 7.1 милиони долари.
Тој дрес на аукција го стави поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, но и покрај астрономската цена која ја достигна маицата, Матеус во изјава за британскиот весник „Дејли Мејл“ рече дека воопшто не помислувал да заработи на дресот на Марадона. -Ова е приказна за германскиот капитен кој за пријател имаше аргентински пријател. И како и сите пријатели, го разменија најдоброто што го имаа – прегратка, совет и дрес, наведе АФА во видеопорака по повод „подарокот од Матеус за аргентинскиот народ“.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-finaleto-na-sp-1986-vraten-vo-argentina/feed/ 0
Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-mundijalot-1986-na-aukcija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-mundijalot-1986-na-aukcija/#respond Wed, 06 Apr 2022 15:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=659296

Дресот, кој аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона го носеше кога постигна гол во четвртфиналето против Англија на Мундијалот 1986, две години по неговата смрт ќе биде понуден на продажба, објави денеска аукциската куќа „Сотби“, изразувајќи надеж оти предметот ќе може да достигне цена од над пет милиони долари. Повеќе од 35 години сопственик на легендарниот дрес со бројот 10 е поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по завршувањето на четвртфиналето го размени својот дрес со Марадона. Победата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година е една од најконтроверзните во историјата на мундијалите токму поради голот што Марадона го постигна со рака. Поранешниот англиски репрезентативец, кој својата автобиографија ја наслови „Човекот со дресот на Марадона“, дресот му го довери на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за таму да биде изложен и вети по смртта на Марадона во 2020 година дека предметот нема да се продава, бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“. Во меѓувреме, Хоџ очигледно се предомислил. „Сотби“ објави дека дресот ќе биде понуден на онлајн аукција од 20 април до 4 мај за почетна цена од четири милиони фунти (5.2 милиони долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-mundijalot-1986-na-aukcija/feed/ 0
Статуа на Марадона на стадионот во Неапол https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/statua-na-maradona-na-stadionot-vo-neapol/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/statua-na-maradona-na-stadionot-vo-neapol/#respond Thu, 18 Nov 2021 15:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=597038

Статуа во природна големина на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона ќе биде поставена на стадионот во Неапол, кој го носи неговото име, на 28 ноември, три дена по годишнината од неговата смрт. Статуата ќе биде претставена пред првенствиот натпревар меѓу Наполи и Лацио и поставена на подвижен постамент ќе мине по атлетската патека за да биде поздравена од присутните на стадионот. Трајното место на кое ќе биде поставен споменикот ќе биде во рамки на стадионот, објавија денеска италијанските медиуми. Марадона во Неапол има статус на икона и само неколку денови по неговата смрт во ноември минатата година, стадионот „Сао Паоло“ на кој Наполи ги игра своите натпревари беше преименуван во стадион „Диего Армандо Марадона“. Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња го носеше дресот на Наполи од 1984 до 1991 година и на клубот од Неапол му донесе две шампионски титули во Серија А, еден италијански куп и трофеј во Купот на Уефа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/statua-na-maradona-na-stadionot-vo-neapol/feed/ 0
Седум лица обвинети за смртта на Марадона: Им се заканува затворска казна од 25 години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sedum-lica-obvineti-za-smrtta-na-maradona-im-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-25-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sedum-lica-obvineti-za-smrtta-na-maradona-im-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-25-godini/#respond Thu, 20 May 2021 13:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=512975

Обвинителството во Сан Исидра покрена обвинение против дури седум лица обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона (Диего), пренесува ЕСПН. Неврохирург кој ја оперирал фудбалска икона, психијатар, психолог, друг лекар и три медицински сестри се товарат за „едноставно убиство со можна намера“. Според аргентинските медиуми, истрагата наводно покажала дека Марадона „починал во агонија“ и дека неговата состојба одеднаш се влошила пред неговата смрт. Покрај тоа, се наведува дека работата на здравствените работници во овој случај била „несоодветна, полна со недостатоци и непромислена“. Обвинителството исто така побара забрана за напуштање на земјата на седум медицински лица. Судењето треба да започне на 31 мај, а доколку бидат обвинети, им се заканува затвор од осум до 25 години. Легендарниот Марадона почина на 25 ноември минатата година. Аутопсијата покажа дека причина за смртта е акумулација на течност во белите дробови што на крајот доведе до срцев удар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sedum-lica-obvineti-za-smrtta-na-maradona-im-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-25-godini/feed/ 0
„Не умре, го убија“: Аргентинците излегоа на улица поради Марадона, ја бараат вистината за неговата смрт (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-umre-go-ubija-argentincite-izlegoa-na-ulica-poradi-maradona-ja-baraat-vistinata-za-negovata-smrt-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-umre-go-ubija-argentincite-izlegoa-na-ulica-poradi-maradona-ja-baraat-vistinata-za-negovata-smrt-foto/#respond Thu, 11 Mar 2021 09:46:41 +0000 https://kurir.mk/?p=480605

Аргентинците, обожаватели на ликот и делото на славниот Диего Марадона, во средата масовно излегоа на улиците на Буенос Аирес, барајќи правда за нивниот идол, кој почина на 25 ноември минатата година. Многу сомнежи сè уште се вртат околу причините за смртта на големиот човек, обожавателите ја бараат вистинската вистина додека истрагата за неговата смрт сè уште не даде никакви дефинитивни одговори. - Не умре, го убија! - можеше да се слушне од толпата за време на протестот пред Обелиск во Буенос Аирес, каде неговите обожаватели вееја знамиња и пееја песни во знак на почит кон идолот на нацијата. Поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафан и неговите две ќерки Далма и Џанина исто така беа присутни на собирот. „Правда за Диего“, „Сакаме судење и казна за виновните“, беа само дел од транспарентите што се издвојуваа во бесконечната толпа луѓе, следбеници на одличниот фудбалер. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој има скоро божествен статус во Аргентина, почина во својот дом додека се опоравуваше од операцијата на главата. Официјалната причина сè уште е срцев удар, но истрагата што треба да го потврди или побие сè уште трае. Неговото семејство верува дека тој починал поради лошата грижа на лекарот и неговите помошници. Обвинителството на Сан Исидра ја истражува причината за смртта на Марадона, а во моментов се обвинети седум лица. Според аргентинските медиуми, под истрага се лекарот на Марадона, Леополдо Лук, психологот Карлос Дијаз кој имал терапии со Марадона пред неговата смрт и медицинските сестри Дахијана Гизела Мадрид и Рикардо Алмирон и уште три лица. Марадона беше еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, легенда, икона на Наполи и Бока јуниорс. Кариерата ја започна во 1976 година во Аргентинос јуниорс. Во кариерата играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс Олд Бојс, а заврши во 1997 година во дресот на Бока јуниорс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-umre-go-ubija-argentincite-izlegoa-na-ulica-poradi-maradona-ja-baraat-vistinata-za-negovata-smrt-foto/feed/ 0
Фановите на Марадона се спремни да платат цело богатство: Се продава неговото сребрено „порше“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-maradona-se-spremni-da-platat-celo-bogatstvo-se-prodava-negovoto-srebreno-porshe/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-maradona-se-spremni-da-platat-celo-bogatstvo-se-prodava-negovoto-srebreno-porshe/#respond Tue, 02 Mar 2021 20:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=476290

Со почетна цена од 200.000 евра утре на аукциска продажба преку интернет ќе биде понуден автомобилот од марката „Порше 911“ кое во минатото го поседуваше аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона. Сребреното „порше“ се поврзува со последната сезона која Марадона ја играше во Европа, како член на шпанската екипа Севиља, откако отслужи 15-месечна забрана поради позитивен тест на дрога. Марадона со автомoбилот доаѓаше на тренинзите и натпреварите на Севиља, а таа сезона прославениот аргентински фудбалер со своето „порше“ се најде и на насловните страници, откако беше запрен од полицијата минувајќи на црвено светло со брзина од 180 километри на час во центарот на градот. -Автомбилот го возеше само Марадона и никој друг и поради тоа ова „порше“ веројатно би можело да чини двојно или три пати повеќе од реалната вредност на оваа марка, изјави Грегори Тујтенс, експерт за автомобили при белгиската аукциска куќа „Bonhams“. Автомобилот се нуди на продажба со 120.000 поминати километри, а аукцијата ќе трае до 10 март. Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Диего Марадона почина на 25 ноември минатата година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-maradona-se-spremni-da-platat-celo-bogatstvo-se-prodava-negovoto-srebreno-porshe/feed/ 0
Се уште се попишува наследството на Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-ushte-se-popishuva-nasledstvoto-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-ushte-se-popishuva-nasledstvoto-na-maradona/#respond Wed, 06 Jan 2021 15:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=452441

Светските медиуми објавија детали од извештајот на аргентинскиот адвокат Себастијан Батлието, кој со овластување на локалните власти, започна пред еден месец да работи на утврдување на имотот што по својата смрт, во ноември лани, го остави еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња Диего Армандо Марадона. Нецелосниот извештај на угледниот аргентински адвокат покажува дека Марадона оставил голем движен и недвижен имот за кој се очекува долга судска постапка за распределба меѓу наследниците, чии број сè уште не е докрај утврден. Според документацијата што досега ја обезбедил Батлието, славниот аргентински фудбалер имал побарувања од властите во Венецуела во износ од 50 милиони долари со вклучени камати, од позајмици на локалните нафтени компании, вклучени во програмата „нафта за храна“. Марадона поседувал и фабрика за брашно и шпагети во близина на Каракас, мала трговска фирма во Неапол, четири банкарски сметки, како и седум автомобили, вклучувајќи ги моделите „Ролс ројс гост’“ (Rolls Royce Ghost), проценет на 300.000 евра и „Бе-Ем-Ве и8“ (BMW i8), вреден околу 145.000 евра. Марадона поседувал и дел од заработките на американската компанија „Флотинг казино“ (Floating Casino), како и две други американски и една британска компании за продажба на облека со неговата заштитна марка, синџир фудбалски академии во Кина, како и колекција од уметнички слики од познати светски сликари. Марадона, исто така, поседувал и дел од хотел со пет ѕвезди во Хавана, како и луксузна куќа во кубанската престолнина. Според весникот „Марка“, куќата била издавана под закуп, а на Марадона лично му ја подарил поранешниот кубански лидер Фидел Кастро. На името на Марадона се водат и неколку недвижности во Јужна Америка, вклучувајќи и два луксузни апартмани во Буенос Аирес. Поранешната аргентинска фудбалска легенда имаше и доживотни договори за соработка со производителот на спортска опрема „Пума“ американската мултинационална компанија за пијалаци „Кока-Кола“, производителот на луксузни часовници „Хаболт“ (Hublot), како и јапонската компанија за видеоигри „Конами“ (Konami). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-ushte-se-popishuva-nasledstvoto-na-maradona/feed/ 0
Објавен обдукцискиот наод на Марадона – лекарствата и пороците си го направиле своето https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/objaven-obdukciskiot-naod-na-maradona-lekarstvata-i-porocite-si-go-napravile-svoeto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/objaven-obdukciskiot-naod-na-maradona-lekarstvata-i-porocite-si-go-napravile-svoeto/#respond Wed, 23 Dec 2020 17:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=447357

Диего Марадона, кој почина на крајот од ноември од срцев удар, срадал од проблеми со срцето,  црниот дроб и бубрезите, а наодите од извршната аутопсија покажуваат дека тој не примал лекарстава за кардиковаскуларната болест. Според резултатите, што ги соопшти Јавното обвинителство во Сан Исидро, едно од предградијата во Буенос Аирес, токсиколошките испитувања не утврдиле присуство на алкохол и наркотични дроги во крвта и урината. Утврдени се траги од коктел лекарства што се издаваат само на рецепт и се користат за лекување на широк дијапозон, вклучувајќи депресија, шизофренија, нервно растројство и напади на паника. Марадона, кој почина на 60 години, имаше долга историја на лекување од зависност од алкохол и дрога Аргентинското обвинителство издаде наредба за обдукција врз неговото тело, во рамки на истрагата што треба да покаже дали смртта на славниот фудбалер настанала како последица на медицинска негрижа. „Резултатите што ги добивме од лабораториските испитувања докажуваат дека на Марадона му биле давани психотропни супстанци, но не и лекарства за срцевата болест“, изјави анонимен претставник на Обвинителството за аргентинската агенција Телам. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/objaven-obdukciskiot-naod-na-maradona-lekarstvata-i-porocite-si-go-napravile-svoeto/feed/ 0
Наскоро банкнота со ликот на Марадона https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/naskoro-banknota-so-likot-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/naskoro-banknota-so-likot-na-maradona/#respond Tue, 08 Dec 2020 18:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=440572

Аргентинскиот Конгрес наскоро ќе расправа за барање ликот на покојниот легендарен фудбалер Диего Армандо Марадона да биде ставен на националната банкнота од 1.000 пезоси. Според подносителот на барањето, сенаторката Норма Дуранго, банкнотата од едната страна треба да го носи ликот на Марадона, додека на другата страна би била поставена фотографија од легендарниот гол, познат како „Божја рака“, што Аргентинецот го постигна против Англија на Мундијалот во 1986 година. – Идејата не е само да му се оддаде почит на нашиот најголем идол, туку има и економска заднина. Сметам дека голем број туристи на заминување ќе сакаат да го „понесат“ Марадона со себе. Независно дали бил добар или лош, тој е најпознатиот Аргентинец во светот, изјави Дуранго. Идејата, сепак, уште пред да се најде на расправа во Конгресот наиде на отпор кај дел од Аргентинците, кои сметаат дека поставувањето на „Божјата рака“ на банкнота ќе значи одобрување на незаконитоста, со оглед дека прославениот гол Марадона го постигна со рака. Банкнотата од 1.000 пезоси, која според курсот со денешен датум има вредност од 12,27 долари, сега го носи ликот на црвениот печкар, националната птица во Аргентина од родот колибри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/naskoro-banknota-so-likot-na-maradona/feed/ 0