Маргарита Цаца Николовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 09:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маргарита Цаца Николовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николовска: Утре на дневен ред е усвојување на деловникот на работната група за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-utre-na-dneven-red-e-usvojuvane-na-delovnikot-na-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-utre-na-dneven-red-e-usvojuvane-na-delovnikot-na-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/#respond Thu, 18 May 2023 09:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=835747

Претседателката на Работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска изјави дека утре на дневен ред е усвојувањето на деловникот за работа на работната група која треба да го подготви текстот за иницијативата за измени на Уставот на државата. - Утре, на дневен ред ни е усвојување на деловникот којшто е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден, два дена многу работи да се завршат. Одиме постепено, рече Николовска. Таа посочи дека никој нема поставено рокови по однос на нивната работа. - Откога ќе почнеме да работиме на суштината на проблемот, откога ќе почнеме да ги разгледуваме можностите за Нацрт-предлогот за иницијатива за промена на Уставот, тогаш ќе можеме малку повеќе да зборуваме и за рокови. Меѓутоа, можам да ве уверам дека сите ние сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа. И во таа насока откога ќе почнеме и да работиме на суштинската расправа ќе добивате информации и транспарентноста ќе биде застапена без каков било проблем, рече Николовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-utre-na-dneven-red-e-usvojuvane-na-delovnikot-na-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Николовска: Заврши расправата по Деловникот, ќе го гласаме идниот петок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-zavrshi-raspravata-po-delovnikot-ke-go-glasame-idniot-petok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-zavrshi-raspravata-po-delovnikot-ke-go-glasame-idniot-petok/#respond Thu, 11 May 2023 14:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=833114

Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок. -Го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот. Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече повтори дека не би шпекулирала со време. -Комисијата е составена од 23 членови, секој ќе сака нешто да каже, има право нормално. Сето тоа треба да се разгледува, да се сумира и во зависност од сето тоа ќе оди драфтирање на предлог нацрт амандманите, рече Цаца Николовска. Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, ја сочинуваат 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-zavrshi-raspravata-po-delovnikot-ke-go-glasame-idniot-petok/feed/ 0
Николовска: Апсолутно може да се утврдат слабости во случајот бегство на Мијалков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-apsolutno-moze-da-se-utvrdat-slabosti-vo-sluchajot-begstvo-na-mijalkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-apsolutno-moze-da-se-utvrdat-slabosti-vo-sluchajot-begstvo-na-mijalkov/#respond Fri, 19 Mar 2021 19:11:11 +0000 https://kurir.mk/?p=484959

Судијата Маргарита Цаца Николовска во своето гостување во вестите на Сител ТВ зборуваше за тоа дали може да се утврдат слабости во случајот бегство на Сашо Мијалков и посочи дека апсолутно може да се утврдат затоа што тоа не се такви ситуации да не може се приберат докази и да не може да конструира фактичката состојба таква каква што била. -Апсолутно може, тоа не се такви ситуации да не може се приберат докази и да не може да конструира фактичката состојба таква каква што била. Прашање е на активност на одредени служби кои според мене барем сега за сега не покажаа голема спремност да ја известат македонската јавност и на тој начин барем делумно да ја повратат довербата кај сите. Еве вие гледате и во целиот тој случај се обиде судството да биде единствениот виновник, а ние тука имавме однесувања на многу други личности од други органи кои ако ништо друго барем заедно требаа да сносат некаква одговорност која што ќе се детектира. Без детектирање на одговорност мислам дека не е во ред. Затоа мислам дека многу треба да се прави во оваа насока секој во рамките на своите обврски да одговара за она кое го сторил или пропуштил да го стори, рече таа во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-apsolutno-moze-da-se-utvrdat-slabosti-vo-sluchajot-begstvo-na-mijalkov/feed/ 0
Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gordan-kalajdziev-i-margarita-caca-nikolovska-podnesoa-ostavki-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gordan-kalajdziev-i-margarita-caca-nikolovska-podnesoa-ostavki-vo-sobranieto/#respond Sun, 14 Jun 2020 10:33:21 +0000 https://kurir.mk/?p=357695

Правните експерти Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието, во телото составено од стручњаци од граѓански сектор кое имаше функција да го надгледува прислушкувањето во Македонија, односно да врши надзор. „По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС поздрав до Прибе“, објави Калајџиев на својот профил на Фејсбук. Советот за граѓански надзор беше под надлежност на Собранието, но беше дисфункционален и работеше само на хартија околу една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gordan-kalajdziev-i-margarita-caca-nikolovska-podnesoa-ostavki-vo-sobranieto/feed/ 0