Маргарита Роблес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 13:33:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маргарита Роблес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Роблес: ЕУ изразува поддршка на Украина и на вредностите што таа ги застапува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-eu-izrazuva-poddrshka-na-ukraina-i-na-vrednostite-shto-taa-gi-zastapuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-eu-izrazuva-poddrshka-na-ukraina-i-na-vrednostite-shto-taa-gi-zastapuva/#respond Wed, 30 Aug 2023 13:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=872584

Европската Унија уште еднаш ја реафирмира својата апсолутна и целосна поддршка за Украина, изјави денеска шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес на неформалниот состанок со нејзините колеги од земјите членки на ЕУ, што се одржува во Толедо. - Овој министерски состанок е многу важен во контекст на ситуацијата во Украина по долгиот период на сурова војна. На оваа средба јасно ќе ја искажеме посветеноста на ЕУ за поддршката на Украина, која се соочува со масакри што ги извршува Владата на Путин, рече Роблес, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. Според најавите, главни теми на состанокот во Толедо се актуелните настани поврзани со руската агресија врз Украина и нејзините глобални и регионални последици, како и ситуацијата во Нигер по воениот удар. Роблес, која заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел претседава со состанокот, нагласи дека шпанскиот град Толедо има симболично значење за Украина затоа што во него се наоѓа Пешадиската академија во која се обучуваат украински војници. - Оттука, сакам да ја изразам поддршката и посветеноста на ЕУ на Украина и на вредностите што таа ги застапува, истакна Роблес. Таа додаде дека на состанокт ќе се разговара и за случувањата во реонот на Сахел поврзани со воениот удар во Нигер. Потсетувајќи дека Шпанија има стационирано свој воен контингент во Мали во рамки на една од мисииите на ЕУ во регионот, Роблес истакна дека нејзината земја е целосно посветена на безбедноста и мирот и сака да им изрази почит на сите војници во мисиите во странство. Роблес се осврна и на, како што рече, „вчерашните дисквалификации, критики и закани“ упатени кон Борел, нагласувајќи дека ЕУ изразува солидарност и поддршка со нејзиниот висок претставник и дека тие закани и навреди се однесуваат и на Европската Унија во целина, без при тоа да посочи од чија страна биле тие упатени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-eu-izrazuva-poddrshka-na-ukraina-i-na-vrednostite-shto-taa-gi-zastapuva/feed/ 0
Шпанската министерка за одбрана не ја отфрли можноста за испраќање модерни тенкови на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-ministerka-za-odbrana-ne-ja-otfrli-moznosta-za-isprakjanje-moderni-tenkovi-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-ministerka-za-odbrana-ne-ja-otfrli-moznosta-za-isprakjanje-moderni-tenkovi-na-ukraina/#respond Mon, 06 Jun 2022 13:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=687329

По написот на весникот „Ел Паис“ дека Шпанија разгледува опција за да испорача борбени тенкови и противвоздушни системи на Украина, реагираше и министерката за одбрана Маргарита Роблес, која не ја потврди, но не ја ни отфрли иницијативата. – Не можам ниту да ја потврдам, ниту да ја демантирам вистинитоста на веста, изјави Роблес кога и беше побарано да го коментира тврдењето на Ел Паис. Роблес ги опиша испораките на оружје за Украина по руската инвазија како „исклучително деликатно прашање“ кое бара „најголема дискреција“ во изјава за локална телевизија, пренесува ДПА. Таа истакна дека Русија постојано се заканува на земјите кои испорачуваат оружје на Украина. Сепак, Роблес, исто така, рече дека Шпанија ќе дејствува „во рамките на своите можности и во координација со своите партнери“ за да направи се што може за да ја поддржи „херојската храброст“ на Украинците. Вчера, весникот „Ел Паис“ објави дека Шпанија планира да ја снабди Украина со околу 40 главни борбени тенкови произведени во Германија, обезбедувајќи ѝ на земјата модерни западни тенкови за првпат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-ministerka-za-odbrana-ne-ja-otfrli-moznosta-za-isprakjanje-moderni-tenkovi-na-ukraina/feed/ 0