Мариа Спираки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 09:13:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мариа Спираки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова демократија го суспендираше партиското членство на Спираки, нема да биде кандидатка за пратеничка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-go-suspendirashe-partiskoto-chlenstvo-na-spiraki-nema-da-bide-kandidatka-za-pratenichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-go-suspendirashe-partiskoto-chlenstvo-na-spiraki-nema-da-bide-kandidatka-za-pratenichka/#respond Fri, 16 Dec 2022 09:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=776460

Европратеничката Мариа Спираки нема да биде кандидатка за пратеник на Нова демократија на следните парламентарни избори во Грција, а паралелно ѝ е суспендирано и партиското членство со одлука на претседателот на владејачката партија Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа откако европската обвинителка побара одземање на пратеничкиот имунитет и на Спираки по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти. -Со одлука на претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, суспендиран е статусот член на Нова демократија на европратеничката Мариа Спиракис до завршување на истрагата за случајот. Се додека трае горенаведената одлука за суспензија, Марија Спираки нема да биде кандидат за пратеник на Нова Демократија во изборната единица еден во Солун на следните национални избори, соопштија од Нова демократија. Спираки е поранешна новинарка, а во 2014 година, по 22 години го напушти новинарството и беше кандидатка за европратеник на Нова демократија, кога доби мнозинство од гласовите и беше прва на листата. На евроизборите во 2019 година одново ја доби довербата на граѓаните и по втор пат беше избрана за европратеничка. Кон крајот на ноември Спираки се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кога беше соопштено дека на следните парламентарни избори во 2023 година, ќе биде кандидатка за пратеничка на Нова демократија во изборната единица во Солун. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-go-suspendirashe-partiskoto-chlenstvo-na-spiraki-nema-da-bide-kandidatka-za-pratenichka/feed/ 0
Европската обвинителка бара одземање на пратеничкиот имунитет и на европратеничка од Нова демократија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-obvinitelka-bara-odzemanje-na-pratenichkiot-imunitet-i-na-evropratenichka-od-nova-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-obvinitelka-bara-odzemanje-na-pratenichkiot-imunitet-i-na-evropratenichka-od-nova-demokratija/#respond Fri, 16 Dec 2022 08:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=776437

Европратеничката од Нова демократија, Мариа Спираки, изјави дека нема никаква поврзаност со аферата „Qatargate“, ниту има некаква поврзаност со било кој друг случај,  откако европската обвинителка побарала одземање на пратеничкиот имунитет не само на сменетата потпретседателка на ЕП, Ева Каили, туку и нејзиниот, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите, барањето на обвинителката е по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти. Европратеничката од Нова демократија објасни дека прашањето е поврзано со нејзин поранешен соработник, кој имал сериозен личен проблем и отсуствал од седниците на Европскиот парламент, но и додаде дека прифаќа да и биде одземен пратеничкиот имунитет за да се расчисти целиот случај. Паралелно, говорејќи утрово за грчките медиуми, Спираки истакна дека ќе побара суспензија на нејзиниот пратенички статус. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање на прес конференцијата во Брисел доцна синоќа рече дека нема целосна слика за случајот, но „станува збор за сериозен случај“, кој ќе го разгледа штом се врати во Атина.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-obvinitelka-bara-odzemanje-na-pratenichkiot-imunitet-i-na-evropratenichka-od-nova-demokratija/feed/ 0
Спираки: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spiraki-nova-demokratija-nema-da-go-ratifikuva-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spiraki-nova-demokratija-nema-da-go-ratifikuva-dogovorot-od-prespa/#respond Thu, 03 Jan 2019 10:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=147796

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, Мариа Спираки, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во овој, ниту во следниот парламент. -Мислам дека не постои нешто друго околу ова прашање. Ова им го имаме кажано на сите наши соговорници и во и надвор од Грција, го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство, вели Спираки. Во однос на најавите на коалициониот партнер во владата и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, дека ќе се повлече од владата кога договорот ќе дојде во грчкиот Парламент, Спираки вели дека тоа ќе создаде нова ситуација и Ципрас ќе мора да побара доверба од парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. -Повлекувањето на господниот Каменос и неговите министри од владата, неопходно е да го одведе господниот Ципрас во парламентот за да побара ново мнозинство. Во спротивно, за нас нема никаков легитимитет, вели портпаролката на Нова демократија во интервјуто за грчкото радио. За можноста Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, Спираки уште еднаш повтори дека „сите парламентарни оружја се на маса“, а кое ќе го искористат „е одлука на лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spiraki-nova-demokratija-nema-da-go-ratifikuva-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Кусиот кафе-разговор меѓу Заев и Спираки и натаму предизвикува реакции во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusiot-kafe-razgovor-megju-zaev-i-spiraki-i-natamu-predizvikuva-reakcii-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusiot-kafe-razgovor-megju-zaev-i-spiraki-i-natamu-predizvikuva-reakcii-vo-grcija/#respond Fri, 05 Oct 2018 14:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=111282

Наводната средба меѓу европратеничката и портпаролка на Нова демократија, Мариа Спираки, со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел и натаму е во фокусот на вниманието во Грција, пред се преку соопштенија од кабинетот на грчкиот премиер и обвинувања до опозициската партија. Дека Спираки се сретнала со Заев беше објавено во стенограмите од лидерските средби во Македонија, а портпаролката на Нова демократија тврдеше дека случајно се сретнала со македонскиот премиер. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на Ципрас, велат дека тајни средби имало, по наредба на Мицотакис. - Вчера Нова демократија не најде збор да каже за тоа што беше откриено дека од премиерот на ПЈРМ побара да не бара решение со денешната влада, туку во подоцнежна фаза, ако Мицотакис дојде на власт, за предизбирно да не се подели Нова демократија. Денес се открива дека “случајното кафе” на портпаролката на Нова демократија било договорено до последен детаљ од дипломатската канцеларија на Нова демократија, а средбата не била толку “случајна”, туку била во хотелот “Courtyard by Mariott Brüssels” каде што престојуваше официјалната делегација на Зоран Заев, соопштуваат од кабинетот на Ципрас, од каде што преку соопштение реагираа и вчера, додека пак од Нова демократија нема никаков одговор. Кога беа објавени стенограмите од лидерските средби, Мариа Спираки, за грчките медиуми тврдеше дека случајно додека одела на кафе во Брисел, го сретнала македонскиот премиер. Од македонската влада велат дека немало официјално закажана средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и госпоѓа Мариа Спираки, или кој било друг член на грчката опозиција. За време на својот престој во Брисел, минатата година, премиерот Заев и Спираки имале кус кафе  разговор, како што тој има со многу пратеници од Европскиот Парламент или со политичари од различни земји, за време на своите посети на Брисел, наведуваат владини извори во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusiot-kafe-razgovor-megju-zaev-i-spiraki-i-natamu-predizvikuva-reakcii-vo-grcija/feed/ 0
Европратеничка од Нова демократија бара одговор од ЕК за ставовите на Туск по средбата со Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenichka-od-nova-demokratija-bara-odgovor-od-ek-za-stavovite-na-tusk-po-sredbata-so-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenichka-od-nova-demokratija-bara-odgovor-od-ek-za-stavovite-na-tusk-po-sredbata-so-zaev/#respond Mon, 30 Apr 2018 07:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=47773

Ставовите и поддршката за Македонија од претседателот на Европскиот совет, но и употребата на македонскиот јазик од страна на Доналд Туск, се темите во прашањата што европратеничката од грчката опозициска Нова демократија, ги упатува до претседателот на Европската комисија по средбата во Скопје на Доналд Туск и Зоран Заев. Мариа Спираки, која воедно е и портпарол на Нова Демократија, во писмениот допис, поставувајќи ги прашањата до претседателот на ЕК, ги зема предвид изјавите на министерот за надворешни работи на Македонија дека „еден од столбовите во преговорите со Грција е прифаќањето од страна на Грција дека јазикот што го говорат во соседната земја е т.н. македонски јазик“. Оттука, како што јави дописничката на МИА од Атина, европратеничката од Нова демократија го прашува претседателот на Комисијата: Прашања пратеничка - Дали смета дека изјавите се израз на солидарност на Советот кон држава членка на ЕУ која што е во преговори со земја кандидат за членка? Дали смета дека конкретниот став позитивно придонесува во преговарачкиот процес? Безусловната поддршка кон ПЈРМ, како што кажа, важи и во случај да нема решение на проблемот со Грција? Кои се фактите што му даваат за право да го предвиди признавањето на јазикот на ПЈРМ, од страна на Грција во рамките на континуираните преговори?, се прашањата што европратеничката од Нова демократија ги упати до Европската комисија, пренесе МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenichka-od-nova-demokratija-bara-odgovor-od-ek-za-stavovite-na-tusk-po-sredbata-so-zaev/feed/ 0