Маричиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Jun 2023 13:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маричиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Северни шибицари https://arhiva.kurir.mk/kolumni/severni-shibitsari/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/severni-shibitsari/#respond Sat, 17 Jun 2023 09:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=846725

Додека Јотова, госпожата со фризура од 1970-те и световни погледи од 19-от век, го демантираше Бугар Османи дека уставните измени ќе бидат последната софијска антимакедонска зезалица во преговорите со ЕУ, Стево глумеше државник и жалеше што не можеле да бидат со одложена примена, Маричиќ кукаше по возот кој пак му избегал, а Таче го правеше она што најдобро го знае. Се силеше и продаваше тестиси за бубрези. Неуспешно и под цена, како и секогаш.. Во тоа македонско секојдневие/нова ненормалност, воопшто не зачудува ренесансата на уште една ступидна ретро-појава, атавизам од минатото. Се шетам така по Камени мост, кога... Верувале или не, шибицари вртат тоа ќибричињата и викаат: „Где је лопта, где је лопта! Ајмо, пробајте си ја среќата! Ајде народе, два-еден за оној кој ќе погоди! Ајмоооо, газда полудео!““ Триеш очите, ама не, шибицарите се’ уште се таму. Ги загледуваш, се приклучуваш на два-тројцата „заинтересирани“,  глумејќи дека те привлекла „играта“ и им ги загледуваш фацките. И што да видиш, истите оние фацки кои минативе триесет години си ги гледал на истата локација (мора да е нивна територија), саде малу остарени, побелени, обезабени и здебелени. Не бадијала, уште „где је лопта“ викаат. По навика. Занает си е занает... И кога мислиш дека никој веќе не паѓа на овие прастари финти,  гледаш една будала која наседнува на „спектаклот“ кој претходно го изведоа и во кој соучесникот (децениски уигран со побратимот шибицар од екипата) „ќари“ 500 евра. Прва помисла ти е, абе, да не е продолжение на навлекувањето, зарем уште постојат вакви шапшали? Арно ама, човечето губи 300 евра по што тие се пакуваат и фаќаат магла по викањето „иде полиција, магла“. По фацката кисела му гледаш дека му се плаче и дека не е дел од екипата белосветски измамници кои децении обитаваат во околијава... Враќајќи се накај дома, ти светнува дека шибицарите кои по долги години повторно се кај Камени, имаат соодветен пандан на политичката ни сцена. Во СДССССС. Таму шибицарите и измамниците се на сцена и во елитата цели 32 години. Финтите се исти, а тие ѓоамити калапени... И во северното дувло, исто како кај шибицарите, преовладуват најбезобразните, најагресивните и најупорните. Така, по Бранко/Папа, Бучко/Гаргамел и Рада/Прада, тронот се почесто го преземаат најдно-дна шибицарчиња. Нивото им падна исто ко и рејтингот на СДСССС, во минус. Време на искомплексирани и инфантилни преваранти без скрупули и чест, а срам уште помалку. И така, по Муртинхаузен, би Ќуран. Истата уиграна измамничка екипа политикантски шибицари која цели три децении ја уништува Македонија , македонските светии и идентитетските одредници. И не чудете се кои будали гласаат за нив. Исто како и кај шибицарите, секогаш и во СДСССС ќе се најде/приклучи некој нов абдал желен за брза заработувачка. Разликата со оригиналните шибицари е што нивните жртви секогаш остануваат со кратки ракави. Комуњаро-северџганистанските „жртви“  и не се така жртви, им останува работа „на државно“, унапредување или, макар, најава за истото. А мотивот за влез во северната шибицарија е ист како и на оние од Камени, како и во првата професија во историјата, да направат парички без мака... Уште една работа ги спојува двете „жртви“. На оние на оригиналните шибицари им е срам да кажат кој и како ги заебал, па и кога ќе дојде полиција, гледат во небо и се прават недоветни. А во нив, длабоко во себе им се плаче од мака, би рикале и кукале на цел глас измамените ајвани, ама не смеат. Срамота е... Така и „жртвите“ на северните политички шибицари. Ќе ги излажат со вработување или унапредување, ќе си гласаат ко попчиња, ги донеле политичките шибицари на власт, и оп, сега? Е сега после онакво нема каење. Оти, северџганистанците не им кажале дека ќе менуваат име на држава, дека ќе внесуваат Бугари во устав, дека ќе дигнат цени 102 насто. И така, шарените „жртви“ на северните шибицари од срам ќе си молчат, ќе се кријат, исто како вистинските шибицарски несреќници од Камени. Или од мака ќе рикаат ко магариња и ќе тврдат дека ги излажале, дека шарената дееволуција не била со тие премиси, дека идејата била сосема друга, итн., итд. и др... А вистината е дека бевте глупави, ко ноќ. Вистински резил. За фамилија, за нацијата, за државата... И затоа, армијо за една употреба, следниот пат не паѓајте на финтата „Где је лопта?“ Аман. Топчето, никогаш и не било во кибритчињата. Секогаш е во рачето на шибицарот. На Таче, Заев, Стево, Маричиќ, Спасовски и на останатите политикантски шибицари и  измамници. Ја местат во „кибритчето“ кое им одговара, а вие секогаш губите, ајвани. Со вас и МАКЕДОНИЈА. Време е да го сфатите тоа, крајно...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/severni-shibitsari/feed/ 0
Дудуци, дилајли и дунстери https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dudutsi-dilajli-i-dunsteri/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dudutsi-dilajli-i-dunsteri/#respond Thu, 02 Mar 2023 09:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=807018

Од секое гранче, свирче не бива. Исто, како што од секое „дрво“ не бива политичар, премиер уште помалку. Така, информацијата дека пи-ар службите на владата, СДСССС и бандата потрошиле цели 26.000 евра за ФБ и инстаграм промоција на Таче и неговиот лик, злодело и постови е само потврда за кажаното. Државата која благодарение на тапоста на власта остана без леб, сега сведочи и на најлошо и најглупо потрошени 26.000 евра во историјата, пари фрлени во ветер за промоција на Таче кого ни Вардар не го пере, не пак Забрчанец. Резултатот нула, веројатно и во минус. Бадијала фрлени над 1.5 милиони денари, подобро на Павле и Пендиков за бело да им ги дале или на Димова за нови тренинзи на магариња, на Маричиќ за ручеци со ајкули, китови и делфини, па дури можеби и Рашко со нив ќе ја подобрел својата „програма“. Груби, најверојатно, најдобро би ги потрошел да му ги дале, гарант ќе му биле доволно за да си купи нов дуќан од половина милион евра со 26-те илјади, оти кај него работи ДУИ мултиплицирачката магија, та кога тој купува се’ по багателни, дампинг цени му даваат, а потоа еврињата се множат ли множат со аритметичка прогресија. Вака, пари фрлени во бездна. Вистинскиот проблем е што ова се само сумите за кои северните суртуци се фатени дека ги потрошиле за промоција на Ќуран, вистинската цифра сигурно е помножена со десет, со сто. Да, ефектот и со 2 милиони евра поарчени за Таче би бил ист. И 10 милиони би го постигнале истото. Од тоа „дрво“ политичар не бива, а имиџот на шовинистичко маже кое со сељачки мачо чаршиско-кумановски финти им се обраќа на пратенички и тресе глупости на секој втор збор не го оправа ни Мерлин волшебникот, џабе би била и најдобро платената светска пи-ар агенција, не пак дудуци без факултет како Забрчанец и медиумската провладина банда која секој понеделник кмичи со главите надолу кај него и ги впива насоките кои сороспијата број еден им ги дава на армијата уредници и новинари. Мислите дека не знаеме, а? Ццццц, ова  е Македонија суртуци, се’ се дознава за 5 до 10 минути, така што вашите нео-гебелс-состаночења одамна протекоа во јавноста... И доста се кочоперите со таа стара влада со нови корисни идиоти за една употреба, сега со ликот на Алијанса. Пак сте стакленоножни. Вистината е очебијна, две третини од народов смета дека не водите во бездна, исто беше и на референдумот пред скоро пет години, тоа е константа. Симптоматично, нели?Јок.  Не е сомнително, ама ич. Тоа е грдата вистина за реалната поддршка, дел немакедонци, дел опортунистички сдссссссмовци, дуевци и бројката на гласачи ви завршува на околу една третина лукративни северџганистанчиња. Две третини се константно против вашите злодејанија и повраќаници. Јасно ви е дека местењето избори умре со новите машини за отпечатоци при гласање, видовме на локалните избори. Кај и да е, во најава ви следува едно јако траскање од земја, а местењето на ќерки, синови и партијци по судовите и обвинителствата нема да ви помогне за ублажување и помеко атерирање од височините во кои летнавте со умот. Ќога ќе траснете, надалеку ќе се чуе, ќе летаат пердуви на сите страни. Царот одамна е гол, Таче е и бос, а вие идолопоклоници на СДСССС несветото тројство. Дудуци, дилајли и дунстери, на секое можно поле. Проблемот со кој се соочуваат хохштаплерите од несветото ДДД тројство е што во Македонија се’ уште има многу луѓе кои преферираат да живеат на нозе отколку да умрат на колена...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dudutsi-dilajli-i-dunsteri/feed/ 0
Македонците од Германија со реакција до Маричиќ околу употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-germanija-so-reakcija-do-marichikj-okolu-upotrebata-na-terminite-makedonija-i-makedonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-germanija-so-reakcija-do-marichikj-okolu-upotrebata-na-terminite-makedonija-i-makedonski/#respond Sun, 14 Feb 2021 20:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=468713

Во името на Централниот совет на Македонците од Берлин, кој ја застапува Македонската заедница во Германија, жестоко реагираме по повод информациите во јавноста дека се оспоруваат називите „Македонија” односно „македонски” при регистрација на здруженија односно компании во Македонија. Уставот на Македонија и самиот таканаречен „Преспански Договор” не предвидува такви рестрикции. Доколку овие информации се точни, ги повикуваме оштетените да ги преземат сите можни правни мерки во рамките на македонскиот судски систем. Тоа би значело кршење на основните човекови права, истовремено би се кршел Уставот на Македонија и би се излегувало од рамките на таканаречениот „Преспански Договор”. Дури и самиот „Преспански Договор” вели дека секое трговско здружение, здружение на граеани, и други организации кои не се финансирани од државата, може непречено да го користи називот „Македонија” односно „македонски”. Се прашуваме кој е поводот и причината што очигледно некој сака да го спречи користењето на овие називи кои лежат во срцето на секоја Македонка и секој Македонец, дали во матичната држава, така и во дијаспората? Ја повикуваме македонската влада, наместо да го ограничува користењето на името „Македонија”, да го поддржува слободното изразување на македонските граеани, и да го попикнува и понатаму користењето на името „Македонија” бидејКи тоа е нашето вековно наследено историско име. Секое ограничување е неприфатливо и Ке предизвика силни реакции кај македонскиот народ, реагираат од Централниот совет на Македонците од Берлин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-germanija-so-reakcija-do-marichikj-okolu-upotrebata-na-terminite-makedonija-i-makedonski/feed/ 0
Маричиќ и Спасовски без НАТО сертификати – Едниот поради соработка со служби, а другиот поради корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-i-spasovski-bez-nato-sertifikati-edniot-poradi-sorabotka-so-sluzbi-a-drugiot-poradi-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-i-spasovski-bez-nato-sertifikati-edniot-poradi-sorabotka-so-sluzbi-a-drugiot-poradi-korupcija/#respond Sat, 13 Feb 2021 09:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=468163

НАТО алијансата без безбедносен сертификат остави и двајца министри од владата на Заев, а речиси и да нема човек од СДСМ и во владата на кој НАТО може да му додели ваков сертификат. Имено, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ се без НАТО сертификати. Се поставува прашањето од кои причини истите не можат да добијат таков сертификат. Дали кај едниот станува збор за корупција а другиот поради соработка со други служби? Ова прашање вчера го покрена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој дирекно ги повика министрите Спасовски и Маричиќ да одговорат дали се без НАТО сертификат поради тоа што едниот имал соработка со странска служба, а другиот поради корупција. Во вчерашната изјава пред судот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски околу не добивањето на НАТО сертификати за министрите Спасовски и Маричиќ истакна дека станува збор за голем скандал и истите треба да си поднесат оставка. -Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка еве една јавна провокација, јас не сакам да бидам досаден во изјави, значи една јавна провокација до двајцата дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби кои што не се дел од НАТО алијансата вториот заради корупција, кажа Николоски. Инаку, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-i-spasovski-bez-nato-sertifikati-edniot-poradi-sorabotka-so-sluzbi-a-drugiot-poradi-korupcija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Маричиќ да поднесат оставки, а владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-marichikj-da-podnesat-ostavki-a-vladata-da-kaze-koi-drugi-funkcioneri-nemaat-nato-bezbednosen-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-marichikj-da-podnesat-ostavki-a-vladata-da-kaze-koi-drugi-funkcioneri-nemaat-nato-bezbednosen-sertifikat/#respond Fri, 12 Feb 2021 08:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=467678

Спасовски и Маричиќ признаа дека немаат НАТО безбедносни сертификати и тоа го криеле од јавноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски е министер за внатрешни работи, и самиот факт што нема НАТО безбедносен сертификат е опасност и за Македонија и за Алијансата. Што е тоа што спречува Спасовски да има сертификат? Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО? Маричиќ како министер за правда, и доаѓа во допир со безбедносно сензитивна материја исто така нема сертификат. Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија? Спасовски и Маричиќ се опасност по државата. И треба да си поднесат оставки. Владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат, и зошто?, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-marichikj-da-podnesat-ostavki-a-vladata-da-kaze-koi-drugi-funkcioneri-nemaat-nato-bezbednosen-sertifikat/feed/ 0