Марија-Антоанета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jan 2022 10:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марија-Антоанета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Есцајгот на Таче Антоанета https://arhiva.kurir.mk/kolumni/escajgot-na-tache-antoaneta/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/escajgot-na-tache-antoaneta/#respond Mon, 10 Jan 2022 11:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=617533

Велат дека по утрото денот се познавал. Докажана, стара вистина. Премиерот СДССССовски, пак, да ти се познавал по есцајгот. Што поскап, тоа повеќе ќе ја чинел Македонија. Не есцајгот, премиерот... Утрото, пак, на Таче Ковачевски, звани Ќуран во Куманово, да ти започнало со есцајг од саде 37.000 евра. „Сиќа“ во услови на 10-на илјади останати без работа, енергетска, корона криза и мега економска на повидок. Па, ако е бал, нека биде маскенбал, нели, а шефот му Зоче обожава да се маскира. Подобар старт, здравје. Фер, зарем би било океј Таче да руча во чинија поевтина од 88 евра? Зар може пустиот да јаде од нешто вредно помалку од 5.500 денари? Не, разбира се. Човечето го послуша Заев, не ни бекна кога тој го стокми за замена, се шеташе со него по домашни и меѓународни средби ко Мис Муртино, абе збор не кажа. Го наместија и преЦедник на СДСССС да биде, не зуцна пустиот. Па сега и мандат му дадоа, премиер го стокмија, а тој не гукна ништо против. Се’ што му рекоа се’ направи, се’ што му дадоа зема, се’ што треба и во иднина ќе прави, без збор, оком-скоком. И, зарем, по сето тоа не треба да се награди? Не треба ли „Таче звани Ќуран да ручаф од златне чиније и да пиеф из кристалне чаше?“ што би рекле негови кумановци? Треба, него што. Малку му е. Малку ни е. Да се поднесе иницијатива и да почнеме со петиција СОЗР да му дадат есцајг од барем 370.000 евра. Па „могуќе“ ли е Заевиот протеже и наследник да не јаде со нож посипан со дијаманти или да не става во уста златна лажица со ЗЗ иницијали и со грбот на Заевци во филигран? Не смее така, Таче „мораф да ги имаф сви погодности и лезети“ и да се чува како национално богатство, во регистер на загрозени видови да се внесе, со рисот, пастрмката и моликата да се смести. Описот би бил: „Ендемски вид на наметнат премиер, кој „ничим изазваним“ премиерот кој се однесуваше ко муртински крал и никогаш не победи на избори за да биде премиер го намести да биде негов престолонаследник.“ Пократко и појасно, здравје... И што да очекувате од премиер чие СОЗР гарант лапнало 5 илјадарки рушвет, со влада во која од старт е најкатастрофалниот министер за внатрешни работи („Рекет“, Рашко, „Планина“, Димова, „Мафија“, Димова, марихуана во полициски гепек итн. итд. и др.) кој загуби на избори во свое маало (ама кумановско)  и министерот за правда кој од толку министерување успеа да „качи“ само 40-на килограми на себе и за нас 20-на полоши места на листите за корупција и недостиг на правна држава, па сега ќе го награделе со вицепремиерлук за евроинтеграции?!?! Веројатно, убаво е кога стартувате со влада од која никој, ама ич и ништо не очекува. Односно, искуствено се очекува да не работите ништо или да работите катастрофално и со многу глупости и криминалии. Старт од соништата... Марија Антоанета „мудро“ препорачала народот кој нема леб да јаде колачи. Кој знае што за неколку месеци отсега ќе препорача Таче Антоанета со еден, единствен сет за ручавање во вредност од најмалку 4 просечни плати? Не грижете се, лесно му е на Ковачевски, тој најмалку се „секира“, нема што да се мачи и мисли пустиот. Заев ќе му каже што да каже... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/escajgot-na-tache-antoaneta/feed/ 0
Алки на Марија Антоанета продадена за 7,45 милиони швајцарски франци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/alki-na-marija-antoaneta-prodadena-za-7-45-milioni-shvajcarski-franci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/alki-na-marija-antoaneta-prodadena-za-7-45-milioni-shvajcarski-franci/#respond Wed, 10 Nov 2021 10:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=593536

Пар алки кои и припаѓале на француската кралица Марија Антоанета е продаден на аукција за 7,46 милиони швајцарски франци, што е неколку пати повеќе од проценкаѕа, објави аукциската куќа Christie's. Меѓународниот директор во одделот за скапоцени камења во аукциската куќа, истакна дека алките речиси 200 години биле во семејството. Името на купувачот не е објавено. Се работи за две алки, секоја има по три низи дијаманти, вкупно 112. Марија Антоанета од затворот во Париз пратила писмо во кое навела дека дрвениот ковчег со накит треба да биде пратен во Австрија. Нејзината ќерка Марија Тереза го примила ковчегот, објави аукциската куќа. Алките му припаѓале на европско кралско семејство и се очекувало да бидат продадени по цена од два до четири милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/alki-na-marija-antoaneta-prodadena-za-7-45-milioni-shvajcarski-franci/feed/ 0
Бисерно-дијамантски приврзок на Марија-Антоанета продаден за 32 милиона долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/biserno-dijamantski-privrzok-na-marija-antoaneta-prodaden-za-32-miliona-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/biserno-dijamantski-privrzok-na-marija-antoaneta-prodaden-za-32-miliona-dolari/#respond Thu, 15 Nov 2018 08:50:43 +0000 https://kurir.mk/?p=128021

Сто парчиња накит кои ѝ припаѓале на француската кралица Марија-Антоанета, односно на семејството Бурбон-Парма беа продадени за 53,2 милиона долари на аукција на Сотби’с во Женева. Тоа е светски рекорд за кралска колекција накит. Од нив, еден голем приврзок од бисери и дијаманти, како и десетина други предмети, ѝ припаѓале на Марија-Антоанета, сопруга на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Првичната цена била три милиони долари, а крајната – 43 милиони. Само приврзокот на крајот чинел речиси 36,5 милиони франци, износ речиси 20 пати повисок од првичната понуда. Наддавањето траело 10 минути, а купувачот претпочитал да остане анонимен. Некои од скапоцените предмети не се видени во јавност над 200 години, откако кралот и кралицата во 1793 година беа убиени во Француската револуција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/biserno-dijamantski-privrzok-na-marija-antoaneta-prodaden-za-32-miliona-dolari/feed/ 0