Марија Апостолова Николовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 May 2020 12:25:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марија Апостолова Николовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Првите пет најважни на свет! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-prvite-pet-najvazni-na-svet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-prvite-pet-najvazni-na-svet/#respond Thu, 07 May 2020 12:25:28 +0000 https://kurir.mk/?p=342999

Секогаш пред да почнете да градите куќа, неопходно е да поставите темели кои ќе ја држат! За децата, пред да се запишат во основно училиште треба да бидат поставени силни и цврсти темели во најважниот период за нив, раното детство. Затоа не треба да се преземаат мерки кои би биле по цена на нивното здравје. Потребна е разумна стратегија и безбедни протоколи! Имено, првите пет се најважни на свет е девиза која го појаснува целиот фундамент на воспитание и образование. Oбразованието е темел на секое здраво општество! Нездраво е да се жонглира со него, а ниту со децата. Предучилишниот период е период кој ги опфаќа првите пет најважни години за животот и развојот на една личност. Тоа е периодот во кој се воспоставуваат првите контакти, период кога се остваруваат најнепосредните контакти на детето со другите исти или слични по возраст со него во непосредната околина, со кои тоа се дружи, разменува информации, игра, соработува, учи преку непосредното искуство, период на социјализација, период на брз моторички развој, период во кој играта е основниот облик на учење. Како ќе им објасните на децата да не си играат одблиску со нивните пријатели? И токму затоа, неопходна е здрава и безбедна средина. Одговорност e на надлежните, обезбедување на здрава средина, зошто децата се нашите потомци! Воспитувањето за физички и психички здрави деца треба да е примарна задача на секоја развиена држава, насочена кон просперитет! Предучилишниот период е одлучувачки период во формирање на навики кај детето и основа за животот понатаму, а пред сѐ во формирање на детската личност. Без здраво тело, нема ниту здрав ум, ниту здрав разум, ниту способност за живот воопшто. Посебно во овие моменти, треба да се потенцира и значењето на здравственото воспитание и образование кај децата од предучилишна возраст, примарна задача и цел на сите фактори во нашето општество! Затоа што децата се нашата иднина! Ако сакаме да создадеме здраво општество, мора да бидат создадени здрави услови во кои ќе ги одгледаме нашите идни генерации! Марија Апостолова-Николовска, доктор по педагошки науки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-prvite-pet-najvazni-na-svet/feed/ 0
Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Неопходност од воспитна стратегија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-neophodnost-od-vospitna-strategija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-neophodnost-od-vospitna-strategija/#respond Wed, 29 Apr 2020 11:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=339251

    И септември доаѓа и затоа не ни требаат,,брзи чекори", туку план и стратегија за воспитно-образовен систем кој знае како да ги надмине и овие предизвици. Сега не е моментот да пробаме што ќе направиме, туку е време за вистински воспитно-образовни решенија за надминување на оваа реалност. Затворените училишта наметнуваат исклучително значајна потреба за подготовка на план за обновување на образованието и воспитна стратегија која треба да биде основа на ,,идните" училишта за децата, затоа што тие се нашите идни судии, како што вели големиот Горки. Некои земји веќе започнуваат со повторно отворање на воспитно-образовните институции и со целосна реорганизација на условите за учење во нив и надвор од нив. Додека пак, други се уште се прилагодуваат на дигиталните услови и на учењето на далечина. Нашиот воспитно-образовен систем мора да покаже  подготвеност за периодот којшто доаѓа. Изработка на стратешки план со добра организација се клучни, за да може да се направи прилагодување на новите услови кои треба да придонесат за здрава и безбедна средина за учење. Летниот период како никогаш досега треба да биде работно посветен за обезбедување и прилагодување на услови кои ќе значат место каде нашите деца ќе можат повторно да бидат заедно со нивните пријатели. Во воспитно-образовната стратегија треба да бидат вклучени протоколи и процедури за здрава средина за учење, интегрирано поврзани со воспитни активности, како и образовни активности со елементи за воспитен развој на учениците. Почитувањето на стандарди во сите воспитно-образовни институции е есенцијално од секој аспект и воспитен, образовен, здравствен, социјален, финансиски. Ова подразбира и обезбедување на дополнителни финансиски средства но, само со една и единствена цел здрава и безбедна средина за нашите идни генерации. Затоа во училиштата неопходно е да се почитуваат стандарди посебно за бројот на ученици и да се практикува почесто согласно условите, настава на отворено. Хигиената секогаш да биде на највисоко ниво и да се направат услови за безбедни училишни дворови за сето ова да резултира со безбедни училишта. Како ќе ги отвориме училиштата!? Франција, Данска, Норвешка, Јапонија  - сите подготвуваат план за враќање на учениците во училиштата и нивно повторно отворање. Ретки неколку - особено Шведска - никогаш и не ги затворија своите училишта. Дали ние имаме план? Прво, севкупната наша цел и надеж треба да биде првенствено здравјето на децата, а потоа  план за отворање на училиштата. И второ, месеците од мај до август треба да бидат за подготовка на тој план како да го направиме тоа. Ова треба да биде универзален пристап кој целосно ги зема предвид и медицинските ризици и идната благосостојба и едукација на нашите деца. Сепак доколку ова е остварливо, училиштата мора да бидат соодветно опремени и здравјето и безбедноста мора да бидат во центарот. Вработените кои се во првите редови треба да бидат обезбедени и целосно да бидат заштитени. Училиштата не се втори во никој случај во справувањето со неизвесноста и на дневна основа, сите гледаме оригинални акти на хероизам од професијата од страна на воспитно-образовниот кадар кој се справува со предизвикот со кој се соочува. И ова треба да продолжи. Но, треба да имаме сеопфатен  план и стратегија. Она што сега ни треба се  одлуки не за тоа кога, туку како. Воспитно-образовниот систем и идните училишта  мора да се во чекор со сите предизвици, затоа што тие се темелот на општеството.   Марија Апостолова-Николовска, доктор по педагошки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-neophodnost-od-vospitna-strategija/feed/ 0
Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Дигитално ,,вреднување” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-digitalno-vrednuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-digitalno-vrednuvanje/#respond Wed, 15 Apr 2020 08:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=332495

Треба ли и сега?! Неопходно ли е и во овие моменти кога ни се случува една ,,заедничка реалност''? И кога сите мораме да се прилагодиме на големата промена во начинот на кој живееме. Продолженото затворање на училиштата секаде во светот и кај нас носи нови предизвици на сите. Но, и притисоци, стрес, вознемиреност, различни искуства и ситуации и на наставниците, родителите, учениците, децата. Ефектите и последиците од оваа реалност можат да се прошират и до крајот на учебната година и ќе се почувствуваат во срцето на системите за образование, но и во срцата на учениците. Затоа и прашањата во врска со дигиталното вреднување, со оценувањето и проценката на напредокот, како и организирање на завршни испити или национални тестови се есенцијален предизвик и во оваа вонредна состојба. Притоа, дигиталните оценки може ќе бидат доделени, заслужени, наградени, изградени... Дали е потребна и оваа ,,реалност" и како ќе се одреди влезот во високото образование, доколку учениците во последната учебна година не се во можност да учат соодветно или да бидат проценети и оценети правилно? Истовремено, дали сите родители можат ефективно и ефикасно да го поддржат учењето на нивните деца? Или пак и ова е, или ќе биде ,,брза" подготовка и за нас и за нашите деца, за да можат да се соочат со дигиталниот свет кој носи и низа опасности - почнувајќи од загрозување на приватноста, преку измама, па сѐ до злоупотреба и онлајн насилство. Оттука, и дигиталното вреднување сепак ќе остави простор и за многу различни правилни или неправилни чекори кои ќе имаат влијание врз понатамошните скалила на образовниот систем.   Марија Апостолова-Николовска, доктор по педагошки науки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-marija-apostolova-nikolovska-digitalno-vrednuvanje/feed/ 0
Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Триаголникот стана „изместен” четириаголник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/triagolnikot-stana-izmesten-chetiriagolnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/triagolnikot-stana-izmesten-chetiriagolnik/#respond Sun, 05 Apr 2020 10:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=327565

Дете, родител, наставник беше некогаш триаголник. А, денес е чуден четириаголник, дополнет со дигитализацијата во образованието. Променета  улога на наставникот, променета улога на родителот, влијанието на интернетот и сите социјални медиуми резултираат со промена на однесувањето кај нашите деца, а и кај сите нас. Наставникот, професорот сега е во улога на медиум, презентер, а изгубената воспитна компонента воопшто и ја нема. Родителот пак, сега во овие услови се труди да биде наставник но, оваа тешка задача е голема воспитна потреба за сите. А, третата страна во случајов компјутерот и интернетот за жал  ги преземаат улогите на родителот и наставникот. Далечинското учење се претвора во домашно учење. Но, прашањето е кој кого дома учи? И како се учи дома? Наставниците ги учат децата? Родителите ги учат децата? Или децата ги учат родителите со компјутерите или пак обратно? Истовремено, дали секој може да учи дома? Дали видео лекциите се исти за сите? Дали ги разбираат сите? Кој ќе биде ефектот од сето ова и како ќе заврши? Или мораме, како и сите други и ние?! Зошто секогаш се мора, а не колку и дали е неопходно? Во овие услови, учењето на далечина за децата станува „лепење" за компјутерите, таблетите, телевизорите, за да видат можеби некој другар, пријател, за да испратат некоја слика, текст. Навистина тешко на очите, тежок период во кој улогите се променети и можеби само компјутерот не зборува и со него е најлесно ние луѓето да се разбереме. Улогите се променија, вредностите уште повеќе. Учењето на далечина во нормално време е нешто кое треба да ни биде предизвик но, само тогаш кога ќе бидат обезбедени подеднакво услови за сите. Кога и Марко во Чучер ќе има компјутер како и Мартин во Центар, кога и Елена во Држилово ќе има интернет како Ерхан во Липково, кога ќе можат да бидат обезбедени сите можности и ресурси и за оние на кои им е најнеопходно. Сите имаат право на образование! Колумна на Марија Апостолова Николовска, доктор по педагошки науки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/triagolnikot-stana-izmesten-chetiriagolnik/feed/ 0