марија хаџи лега – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Jan 2018 15:58:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марија хаџи лега – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хаџи-Лега: Новите раководни структури на ГАК ја укинаа методата за рано откривање на патолошка бременост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hadzi-lega-novite-rakovodni-strukturi-na-gak-ja-ukinaa-metodata-za-rano-otkrivanje-na-patoloshka-bremenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hadzi-lega-novite-rakovodni-strukturi-na-gak-ja-ukinaa-metodata-za-rano-otkrivanje-na-patoloshka-bremenost/#respond Thu, 11 Jan 2018 15:58:37 +0000 http://kurir.mk/?p=9586

Новото раководство на скопската Клиника за гинекологија на родилките им го скрати правото да знаат дали носат здраво дете. За жал, поради политичката промена на раководните структури како на Клиниката така и на одделот за високо ризична и патолошка бременост, методата од причини познати само на новата директорка др. Викторија Јовановска од јули 2017 не се употребува, со што намерно се оставени реагенсите да бидат при крај со рокот на употреба. Скандалот го обелоденува екс-директорката на ГАК, Марија Хаџи-Лега. Директорката Јовановска за медиумите изјави дека се работи за криминогено воведување на оваа метода што била откриена од странана таканаречената Дисциплинска комисија за одредување на факти која направила стручна анализа. Според поранешната директорка  Хаџи–Лега таква дисциплинска комисија е нешто непостоечко во терминологијата на клиниката. Исто така таа потенцираше дека комисијата била  составена од еден професор од областа на урогеникологија, еден субспецијалист од областа на урогинекологија и субспецијалист од областа на перинатологија, кои немаат ниту еден ден работно искуство на одделот за патолошка и високоризична бременост и пренатална дијагностика, а еден од „мериторните“ членови на посочената комисија дури е и потписник на документот на комисијата за набавките за „спорната“ дијагностичка метода. За обвинувањата од директорката Јовановска дека екс-директорката ја оштетила клиниката за 150.000 евра за набавка на апарат и тестови во функција „само за истражувачки цели“, Марија Хаџи-Лега вели дека Клиниката не само што не би била оштетена туку и ќе остварувала профит. Имено, Фондот за здравствено осигурување овој вид на тест го покрива во висина од околу 70.000 денари, а тестот клиниката ја чини околу 25.000 денари и таквата услуга е предвидена во системот за „Мој термин“. Инаку, набавката и имплементацијата на овој вид на лабораториска метода бил предвидена во планот за набавки за 2017 година и истиот бил одобрен од Управниот одбор на ЈЗУ „Клиника за гинекологија и акушерство“, а набавката била спроведена според позитивната законска регулатива.Според мислењето на медицинарите жално е во 21 век нешто што е за напредок на медицината и научната мисла да биде исфрлено, а посебно поради тоа што се работи за услуга која е покриена од Фондот за здравствено осигурување. Се работи за високо софистицирана метода со која всушност се откриваат таканаречени микроделеции и микродупликации во хромозомите а кои всушност резултираат во генетски синдроми кои понатаму се манифестираат со пречки (психомоторни и интелектуални) во развојот на новороденчињата како и аутизам. Впрочем тоа право е и дел од кампањата на УНИЦЕФ, а чиј подржувач е и Владата на Република Македонија - „Биди фер, за детство без пречки“. Имплементирањето на оваа метода исто така е согласно Guidelines на најзначајните здруженија на гинеколози и акушери, на перинатолози и генетичари (ACOG-American College of Gynecology and Obstetrics, RCOG-Royal College of Obstetricians and Gynecologysts, Italian Society of Perinatal Medicine, Канадското Здружение на Гинеколози и акушери итн) и согласно Медицина базирана на докази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hadzi-lega-novite-rakovodni-strukturi-na-gak-ja-ukinaa-metodata-za-rano-otkrivanje-na-patoloshka-bremenost/feed/ 0