Марија Пејчиновиќ Буриќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 13:31:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марија Пејчиновиќ Буриќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генералната секретарка на СЕ ги отфрли така наречените референдуми на окупираните украински територии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-sekretarka-na-se-gi-otfrli-taka-narechenite-referendumi-na-okupiranite-ukrainski-teritorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-sekretarka-na-se-gi-otfrli-taka-narechenite-referendumi-na-okupiranite-ukrainski-teritorii/#respond Wed, 21 Sep 2022 13:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=735811

Генералната секретарка на Совет на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ги отфрли така наречените референдуми на окупираните украински територии, јави дописникот на МИА од Стразбур. – Најавените така наречени референдуми на украинските територии окупирани од руските сили е натамошна ескалација на конфликтот и тековно нарушување на територијалниот интегритет на Украина, истакна Пејчиновиќ Буриќ. Таквите „референдуми, одржани под закана од окупаторските сили и во непочитување на основните демократски принципи, не можат ниту да се прифатат ниту да се признаат. Го отфрламе ова исмејување на демократијата и ја потврдуваме нашата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја-членка Украина во нејзините меѓународно признаени граници, истакна Пејчиновиќ Буриќ. Таа уште еднаш повикува на прекин на огноти на враќање на мирот во Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-sekretarka-na-se-gi-otfrli-taka-narechenite-referendumi-na-okupiranite-ukrainski-teritorii/feed/ 0
Пејчиновиќ Буриќ апелира за поголемо почитување на слободата на медиумите во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pejchinovikj-burikj-apelira-za-pogolemo-pochituvanje-na-slobodata-na-mediumite-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pejchinovikj-burikj-apelira-za-pogolemo-pochituvanje-na-slobodata-na-mediumite-vo-evropa/#respond Wed, 28 Apr 2021 10:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=503237

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ги повика владите на државите-членки да покажат посилна политичка волја за заштита на новинарите и независното новинарство со цел да се запре влошувањето на слободата на медиумите во Европа. – Слободата на медиумите е клучен столб на нашите демократии што премногу често се зема за здраво за готово. Почитувањето на слободата на медиумите опаѓа во многу земји. Во последниве години, бевме сведоци на зголемување на случаите на насилство и заплашување на новинарите, се наведува во соопштението на СЕ по повод Светскиот ден на слободата на медиуимите – 3 мај. СЕ истакнува дека за време на пандемијата Ковид-19 има зголемување на извештаите за насилство врз новинари, како и за цензури и репресии. Исто така се наведува дека медиумите се соочиле со сериозни економски предизвици и многу новинарите останале без работа поради пандемијата. – Време е да се запомни дека државите се должни да обезбедат услови новинарите да ја извршуваат својата работа без насилство и заплашување и да ја исполнат улогата на јавен чувар, што вклучува одговорност на јавните власти за одлуки и активности, нагласи Пејчиновиќ Буриќ. Според неа, СЕ е подготвен да ги поддржи земјите-членки во создавање и негување на средина во која плуралните, разновидни и независни медиуми можат да ја играат својата улога и да придонесат за зајакнување на демократиите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pejchinovikj-burikj-apelira-za-pogolemo-pochituvanje-na-slobodata-na-mediumite-vo-evropa/feed/ 0
Марија Пејчиновиќ Буриќ нов генерален секретар на Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marija-pejchinovikj-burikj-nov-generalen-sekretar-na-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marija-pejchinovikj-burikj-nov-generalen-sekretar-na-sovetot-na-evropa/#respond Thu, 27 Jun 2019 06:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=213177

Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја  избра Марија Пејчиновиќ Буриќ (Хрватска) за генерален  секретар на Советот на Европа со петгодишен мандат, што почнува од 18 септември 2019 година, јавува дописмикот на МИА од Стразбур. Наспроти сите очекувања, вицепремиерот и министер за надворешни и европски прашања на Република Хрватска беше избрана уште при првиот круг на изборите. Марија Пејчиновиќ Буриќ освои 159 гласови (апсолутно мнозинство), додека  вицепремиерот и министер за надворешни и европски прашања на Белгија Дидие Рејндерс  105 гласови. Во тајното гласање учествуваа 264 пратеници од 47-те земји членки на Советот на Европа. Марија Пејчиновиќ Буриќ е втора жена на оваа функција во 70-те години на постоење на Советот на Европа, пред неа беше Катрин Ла Лумиер (Франција). Марија Пејчиновиќ Буриќ е исто така прв генерален секретар кој доаѓа од земјите од Централна и ЈИЕ, таа е прва на оваа функција од земјите од поранешна Југославија. На двете најпрестижни функции во Советот на Европа се наоѓаат личности кои доаѓаат од поранешна Југославија, Дуња Мијатовиќ (Босна и Херцеговина) во моментов ја врши функцијата Комесар за човекови права на Советот на Европа. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marija-pejchinovikj-burikj-nov-generalen-sekretar-na-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Иванов оствари средба со Марија Пејчиновиќ Буриќ, заменик претседател на хрватската Влада и министер за надворешни и европски работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-marija-pejchinovikj-burikj-zamenik-pretsedatel-na-hrvatskata-vlada-i-minister-za-nadvoreshni-i-evropski-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-marija-pejchinovikj-burikj-zamenik-pretsedatel-na-hrvatskata-vlada-i-minister-za-nadvoreshni-i-evropski-raboti/#respond Tue, 13 Mar 2018 14:46:43 +0000 http://kurir.mk/?p=29609

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ја прими Марија Пејчиновиќ Буриќ, заменик претседател на Владата и Министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Двајцата соговорници, соопштуваат од Кабинетот на македонскиот претседател, констатираа дека двете земји имаат пријателски односи со висок степен на меѓусебна доверба и заеднички заложби за унапредување на регионалната соработка, мир и стабилност во регионот.

На средбата беа разменети мислења за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за актуелните состојби во однос на исполнување на стратешките цели на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Претседателот Иванов се заблагодари за отворената поддршка од Република Хрватска за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и оцени дека новата Стратегија за проширување на Европската комисија е позитивен сигнал за преземање на одлучувачки чекори за Република Македонија и определување на датум за почеток на преговори за членство на Советот на ЕУ во јуни.

Во таа насока, претседателот Иванов се заблагодари за конструктивниот став на Хрватска дека билатералните спорови не треба да бидат пречка кон евроатлантскиот пат.

Македонскиот претседател посочи дека двете земји треба да се фокусираат на проекти од значење за економскиот развој и изрази очекување дека успешната и континуирана соработка во одбраната, како и соработката за справување со мигрантската криза, ќе продолжат и во иднина.

-Во насока на интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, претседателот Иванов изрази задоволство од претстојната официјална посета на претседателот на Република Хрватска, г-а Колинда Грабар Китаровиќ на Република Македонија и нејзиното учество на состанокот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи на 28 април во Скопје. Процесот Брдо-Бриони, потенцираше претседателот Иванов, е конкретна потврда за посветеноста на Хрватска кон јакнење на регионалната соработка и поддршката на евроатлантските интеграции за земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ostvari-sredba-so-marija-pejchinovikj-burikj-zamenik-pretsedatel-na-hrvatskata-vlada-i-minister-za-nadvoreshni-i-evropski-raboti/feed/ 0
Шефицата на хрватската дипломатија Пејчиновиќ Буриќ во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheficata-na-hrvatskata-diplomatija-pejchinovikj-burikj-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheficata-na-hrvatskata-diplomatija-pejchinovikj-burikj-vo-makedonija/#respond Tue, 13 Mar 2018 08:01:27 +0000 http://kurir.mk/?p=29418

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопшти МНР, Пејчиновиќ Буриќ и Димитров ќе имаат тет-а-тет средба со министерот Димитров по која ќе следат разговори во состав на длегациите на двете земји. Таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на економската соработка. Исто така, ќе бидат разгледани можностите и чекорите за натамошен напредок на регионалната соработка во контекст на европската интеграција, наведуваат од МНР. Пејчиновиќ Буриќ, синоќа, според хрватското МНР, имаше средби со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија и со хрватски стопанственици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sheficata-na-hrvatskata-diplomatija-pejchinovikj-burikj-vo-makedonija/feed/ 0