Марија Петровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 17:16:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марија Петровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните да ги користат летовите за евакуација од Израел, апелира црногорската амбасадорка Петровиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-da-gi-koristat-letovite-za-evakuatsija-od-izrael-apelira-tsrnogorskata-ambasadorka-petrovik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-da-gi-koristat-letovite-za-evakuatsija-od-izrael-apelira-tsrnogorskata-ambasadorka-petrovik/#respond Fri, 13 Oct 2023 17:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=888638

Во ситуација на влошена безбедносна состојба апелираме граѓаните да ги користат летовите за евакуација од Израел, затоа што не знаеме кога ќе бидеме во прилика да го организираме следниот лет и со која динамика ќе биде тоа, порача Амбасадорката на Црна Гора во земјава Марија Петровиќ, по пристигнувањето на авионот од Тел Авив со патниците кои се пријавија на повикот за евакуација од Израел. Петровиќ изрази благодарност до македонската Влада и МНР за, како што рече, исклучителната соработка. - Во овие тешки моменти нашето пријателство се продлабочува и заедно покажуваме и хуманост и грижа за нашите граѓани. Ова се тешки моменти и сите ние сме секогаш тука за нашите граѓани, изјави Петровиќ. Организирањето на овие летови, посочи Петровиќ е особено тешко, и како што рече, граѓаните треба да бидат свесни, дека владите преземаат се што е во нивна моќ. - Постојат и финансиски и безбедносни ризици и нашите граѓани треба да бидат свесни за тоа. Нашите влади прават се што можат. И црногорските и македонските дипломатско-конзуларни претставништва и сите ние даваме се што можеме во овие моменти, изјави Петровиќ. Прашана за бројот на црногорски граѓани, кои се уште чекаат да бидат евакуирани од Израел, Петровиќ, рече дека се уште не се знае точната бројка. - Знаете како, луѓето размислуваат од денеска за утре. Се пријавуваат дека ќе дојдат, потоа се откажуваат. Сметаат дека безбедносната состојба е подобрена и тој број не е конечен. Се уште не знаеме. Уште еднаш ќе упатам апел да се користат овие летови кои ги организираме и да се вратат додека ситуацијата не се смири, изјави Петровиќ. Црна Гора, посочи таа, веќе организираше еден лет за евакуација, на кој беа и државјани на Северна Македонија и од регионот. - Се надевам дека во следниот период ќе успееме сите наши граѓани да го вратиме безбедно, изјави Петровиќ. Македонската Влада денеска организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел, со чартер лет во соработка со „Air Serbia“од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, до аеродромот во Скопје. Како што соопшти вчера Владата трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-da-gi-koristat-letovite-za-evakuatsija-od-izrael-apelira-tsrnogorskata-ambasadorka-petrovik/feed/ 0
Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-petsakov-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-petsakov-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-tsrna-gora/#respond Tue, 13 Jun 2023 13:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=845280

Развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, биле во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ. На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, биле потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор. - Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за можностите за соработка во делот на подготвување на проекти, како и за економска соработка со организирање на регионални економски форуми меѓу малите бизниси од Македонија и Црна Гора, стои во информацијата. Двајцата соговорници се осврнале и на соработката што Охрид ја има со црногорската општина Котор и за размената на искуства со УНЕСКО. Заеднички се согласиле дека Организацијата на градови со светско културно наследство (OWHC) треба да продолжи со своите активности и да се организира средба во Охрид меѓу градоначалниците од градовите кои се дел од оваа организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-petsakov-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-tsrna-gora/feed/ 0