Марија Склодовска-Кири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 13:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марија Склодовска-Кири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Програма за стипендии „Марија Склодовска-Кири“ на Меѓународната агенција за атомска енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programa-za-stipendii-marija-sklodovska-kiri-na-megjunarodnata-agencija-za-atomska-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programa-za-stipendii-marija-sklodovska-kiri-na-megjunarodnata-agencija-za-atomska-energija/#respond Mon, 22 Aug 2022 13:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=722121

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) доделува стипендии од Програмата  „Марија Склодовска-КириЌ (МСЦФП) – континуирана иницијатива чија цел е да ги охрабри младите жени да продолжат со својата кариера во областа на нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје. Стипендиите ќе се доделуваат за магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука, со можност за продолжување на практикантска работа со помош на МААЕ до 12 месеци. Kандидатките може да аплицираат за овие стипендии за академските години 2022/2023 и 2023/2024. Процесот на аплицирање за циклусот МСЦФП 2022 е отворен на 15 јули 2022, a крајниот рок за пријавување е 30 септември 2022. Како што објави Министерството за образование и наука, оваа година Програмата  „Марија Склодовска-Кири“ ќе стипендира до 150 избрани кандидатки, во зависност од расположливите средства.  При нивното доделување ќе се води сметка за географската застапеност, јазичната разноликост и дали апликантката претходно има добиено стипендија од МААЕ. Повеќе информации за МСЦФП и за начинот на аплицирање се достапни на www.iaea.org/MSCFP . (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programa-za-stipendii-marija-sklodovska-kiri-na-megjunarodnata-agencija-za-atomska-energija/feed/ 0
ФОТО: Полска сака да јa купи летната куќа на Марија Кири во Париз https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-polska-saka-da-ja-kupi-letnata-kukja-na-marija-kiri-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-polska-saka-da-ja-kupi-letnata-kukja-na-marija-kiri-vo-pariz/#respond Wed, 12 May 2021 08:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=509312

Полската Влада сака да ја купи летната куќа на Нобеловката Марија Склодовска-Кири, што се продава во париското предградие Сен Реми-ле-Шевро. – Ова место е дел од полската историја!, истакна полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Идејата за купувањето се појави откако куќата беше ставена на продажба по почетна цена од 790.000 евра. Според „Ле Паризиен“, на имотот ќе му треба реновирање во вредност од најмалку 200.000 евра. Полскиот научник Марија Склодовска-Кири и нејзиниот сопруг Пјер го користеле имотот како летна куќа меѓу 1904 и 1906 година, но Мари се откажала од неа кратко откако Пјер загинал во сообраќајна несреќа. Доколку полските власти ја купат куќата, таа ќе служи како музеј на научните достигнувања на Склодовска-Кири и нејзините сонародници, рече портпаролот на полската Влада. Марија Склодовска е родена 1867 година во Варшава. Во 1891 година таа почнала да студира на Сорбона во Париз, а подоцна станала и француска државјанка. Таа беше првата жена што ја доби Нобеловата награда, во 1903 година – за физика, заедно со нејзиниот сопруг и Анри Бекерел, за пионерската работа во областа на радиоактивноста. Осум години подоцна, таа повторно ја доби Нобеловата награда, овојпат за хемија. Тaa е првата личност што освоила Нобелови награди во две различни категории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-polska-saka-da-ja-kupi-letnata-kukja-na-marija-kiri-vo-pariz/feed/ 0