марија спасовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 12:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марија спасовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Минатата година пееше со дебитантите, овој „Макфест“ е една од главните фаворити: Марија Спасовска во сабота ќе го даде својот максимум! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/minatata-godina-peeshe-so-debitantite-ovoj-makfest-e-edna-od-glavnite-favoriti-marija-spasovska-vo-sabota-ke-go-dade-svojot-maksimum/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/minatata-godina-peeshe-so-debitantite-ovoj-makfest-e-edna-od-glavnite-favoriti-marija-spasovska-vo-sabota-ke-go-dade-svojot-maksimum/#respond Wed, 18 Oct 2023 12:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=890335

Има уште неколку дена до одржување на музичкиот фестивал „Макфест“, а младата пејачка Марија Спасовска се подготвува како и минатата година кога дебитираше, повторно да ги освои симпатиите на публиката. Овој пат со песната „Темперамент“. Ако за разлика од минатата година младата музичка ѕвезда настапи во првата, односно натпреварувачка вечер, овој „Макфест“ ќе ја видиме во втората вечер, односно сцената ќе ја дели со нејзините искусни колеги како што се: Владо Јаневски, Ламбе Алабаковски, Александар Тарабунов, Вера од Љубојна, Огнен Здравковски и други... Марија и нејзиниот тим веќе неколку дена работат под полна пареа и се подготвуваат за настапот во Штип. Исто така, младата пејачка и својот тим од соработници пред неколку дена го завршија и снимањето на спотот за песната макфестовската нумера со која ќе настапи и истиот ќе се објави по завршувањето на фестивалот, односно во недела на 22-октомври. „Едвај чекам да дојде сабота, долго се подготвував за овој настап, а да бидaм искрена и снимањето на спотот добро ме измори мене и сите од мојот тим. Се надевам дека публиката ќе го награди нашиот труд, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – изјави накусо Спасовска. Инаку таа беше дел и од проектот „Македонијо во срце те носиме“, со кого настапи во повеќе градови низ нашата земја и урнаа рекорди во посетеност... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/minatata-godina-peeshe-so-debitantite-ovoj-makfest-e-edna-od-glavnite-favoriti-marija-spasovska-vo-sabota-ke-go-dade-svojot-maksimum/feed/ 0
Добродојде во светот на возрасните: Пејачката Марија Спасовска го прослави својот роденден, на гостите им приреди и мини-концерт https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobrodojde-vo-svetot-na-vozrasnite-pejachkata-marija-spasovska-go-proslavi-svojot-rodenden-na-gostite-im-priredi-i-mini-kontsert/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobrodojde-vo-svetot-na-vozrasnite-pejachkata-marija-spasovska-go-proslavi-svojot-rodenden-na-gostite-im-priredi-i-mini-kontsert/#respond Fri, 06 Oct 2023 13:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=886005

Во светот на возрасните вчера зачекори младата музичка ѕвезда Марија Спасовска и официјално стана полнолетна. По тој повод таа организраше голема голема роденденска забава во еден од најпознатите хотели во нашата метропола, на која присуствуваа голем број нејзини пријатели, соработници и роднини. Забавата почна нешто пред 21 часот и траеше до еден час по полноќ. Многубројните гости покрај диџејот, ги забавуваше и токму Марија, која настапи со својот бенд и одржа мини-концерт, пеејќи ги нејзините песни, но и песните на нејзините повозрасни колеги. Некаде на средина од забавата, за Марија пристигна и специјално изненадување, за кое „виновни“ беа момците од нејзиниот бенд. Имено, на големиот проектор се појави видео-честитка од омилената пејачка на Марија, поп-дивата Калиопи Букле која и испрати искрени желби по повод нејзиниот роденден. „Драга Марија, среќен ти роденден од срце. Блескај така како што само твоето срце умее да сака и токму така биди и наградена од страна на животот. Полнолетството е нешто прекрасно, преубаво. Ти посакувам само најубави и најискрени желби за се она што те очекува како авантура на патот наречен живот. Те сака Калиопи“ – беа зборовите на нашата дива. Помеѓу гостите на роденденот беше и еден од најпознатите композитори на овие простори, Дарко Димитров во друштво на неговата сопруга. „Јас си поминав прекрасно на роденденот, а се надевам дека одлично поминале и гостите. Добив многу подароци и сите до еден ми се допаѓаат, им благодарам многу. Инаку ме очекуваат многу обврски периодов, искрена да бидам не знам како ќе постигнам, но не се жалам, уживам во се што ми се случува на професионално поле“ – изјави младата и сега возрасна пејачка. Инаку овој период за Марија е буквално „турбо“. Таа во понеделник започнува со снимање на нејзиниот најнов видеоспот за песната со која ќе настапи на овогодишниот „Макфест“ во Штип, а таа е и дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, со кој настапуваат низ повеќето градови во нашата земја. https://youtube.com/shorts/0xG_scxpxU4?si=6o5sc2GpzsJsxpXD  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobrodojde-vo-svetot-na-vozrasnite-pejachkata-marija-spasovska-go-proslavi-svojot-rodenden-na-gostite-im-priredi-i-mini-kontsert/feed/ 0
Ова беше нејзина година: Младата Марија Спасовска објави уште една нова песна- „Венера“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-beshe-nejzina-godina-mladata-marija-spasovska-objavi-ushte-edna-nova-pesna-venera-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-beshe-nejzina-godina-mladata-marija-spasovska-objavi-ushte-edna-nova-pesna-venera-video/#respond Tue, 27 Dec 2022 07:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=781042

Пред само два дена новата надеж на македонската музичка сцена, младата Марија Спасовска ја промовираше најновата песна со наслов „Венера“. Таа пред помалку од три месеци дебитираше на фестивалот „Макфест“, каде успеа да ги освои уште една симпатиите на домашната јавност. Таму настапи со песната „Осамен“, која од тогаш, па досега се емитува на скоро сите радио-станици... Инаку како и на претходните, така и на најновата „Венера“, Марија се потпишува како автор на песната, додека аранжманот е на познатиот Иван Јованов - Ивајо. Исто така Спасовска не ја промени и екипата со која го работеше претходниот спот, па и ова видео го изработија момците од „Urban Records“. „Презадоволна сум од сработеното. Одамна ја имав компинрано оваа песна и го чекав вистинскиот момент. Соработував со продуцентот Ивајо, кој навистина се потруди и ги даде сите потребни украси за финалниот продукт да звучи вака. Планот за следната година ми е да бидам уште повеќе активна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови..“ – изјави накусо младата Марија. Да не должиме многу, ве оставаме да ја слушнете и да го видите спотот за „Венера“. Уживајте:
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ova-beshe-nejzina-godina-mladata-marija-spasovska-objavi-ushte-edna-nova-pesna-venera-video/feed/ 0
Да ја поддржиме нашата Марија која ќе пее на Јуниорскиот Евросонг- еве како може да гласа цела Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/da-ja-poddrzime-nashata-marija-koja-kje-pee-na-juniorskiot-evrosong-eve-kako-moze-da-glasa-cela-makedonija-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/da-ja-poddrzime-nashata-marija-koja-kje-pee-na-juniorskiot-evrosong-eve-kako-moze-da-glasa-cela-makedonija-video/#respond Fri, 09 Nov 2018 14:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=125804

Јуниорскиот Евросонг е манифестација на која секој може да гласа за секого, што пак значи дека и ние, како сограѓани на македонската претставничка Марија Спасовска, може да гласаме за песната „Дома“. Марија Спасовска ќе ја пее евровизиската песна „Дома” на сцената на Македонската филхармонија пред публиката на Златните славејчиња во Скопје на 16.и 17 ноември. Не пропуштајте ги овие два дена, затоа што Марија веќе на 18.11.18 е во Минск, Белорусија, а на 25.11.18 на големата сцена во Минск арената ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2018. Не заборавајте: На 23.11.18 и 24.11.18 Македонија може да гласа за Марија Спасовска на online линкот кој дополнително ќе го објавиме. Еве го процесот за online гласањето: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/da-ja-poddrzime-nashata-marija-koja-kje-pee-na-juniorskiot-evrosong-eve-kako-moze-da-glasa-cela-makedonija-video/feed/ 0
Тринаесет годишната Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/trinaeset-godishnata-marija-spasovska-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-detskata-evrovizija-2018/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/trinaeset-godishnata-marija-spasovska-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-detskata-evrovizija-2018/#respond Wed, 17 Oct 2018 09:11:52 +0000 https://kurir.mk/?p=116064

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје, ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ што е закажана за 25 ноември во Минск, Белорусија. Песната испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров. Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“. Лани, на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји учеснички, завршивме на 12 – то место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/trinaeset-godishnata-marija-spasovska-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-detskata-evrovizija-2018/feed/ 0
Талентираната Марија ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/talentiranata-marija-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/talentiranata-marija-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-video/#respond Fri, 24 Aug 2018 10:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=91574

Марија Спасовска, ученичка во осмо одделение од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје ќе ја претставува Македонија на 16-то издание на Јуниорскиот Евросонг кој се оддржува на 25 ноември во Минск, Белорусија. Како што информира Македонската радио телевизија, на 18 август се одржала аудицијата за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Јуниорски Евросонг 2018. На аудицијата се пријавиле 11 кандидати, а настапиле десет. Комисијата, како што се наведува, по преслушувањето на сите кандидати едногласно ја избра Марија Спасовска. Според мислењето на комисијата, Марија имала најдобар настап, потврдила дека поседува извонедни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Македонија во Минск. Марија има богато музичко искуство. Има издадено свое ЦД со вкупно седум соло песни и освоено и две втори награди на настапи во Минск, Белорусија и во Струга. Ја доби наградата за трето место на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи. Марија има освоено и други награди и признанија на европската музичка сцена за млади таленти, а има настапувано и во неколку познати шоу програми за млади таленти во регионот каде има постигнато забележителни успеси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/talentiranata-marija-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-video/feed/ 0
Младата Марија Спасовска продолжува да нижи успеси: Успеа да го освои интернационалното жири на фестивалот Тра-ла-ла (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mladata-marija-spasovska-prodolzuva-da-nizi-uspesi-uspea-da-go-osvoi-internacionalnoto-ziri-na-festivalot-tra-la-la-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mladata-marija-spasovska-prodolzuva-da-nizi-uspesi-uspea-da-go-osvoi-internacionalnoto-ziri-na-festivalot-tra-la-la-foto-video/#respond Mon, 20 Aug 2018 12:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=89911

Марија Спасовска повторно го освои интернационалното жири на Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла кој се одржа во Охрид и Битола од 14.08.2018 до 18.08.2018 Од 105 учесника од 18 различни земји од Европа, Марија Спасовска пред 18 членото жири успеа да се претстави во најдобро светло.
Таа на 18.08.18 на Гала концертот кој се одржа во Битола свечено беше прогласена за Best Voice од Претседателот на Интернационалното жири, кој покрај Пехарот Ѕвезда што ѝ го додели ѝ додели и школарина за вокална техника во Романија. Марија во Април 2019 ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники.

Пресреќна сум ❤ На Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла Охрид/Битола го предизвикав вниманието на 18 -членото жири и освоив 1. Специјална награда Диплома и Пехар ? 2. Награда BEST VOICE ? 3. Стипендија за школување на вокал во Романија (април 2019 година) од претседателот на Интернационалното жири 4. Акредитација за фестивал во Швајцарија каде ќе ја претставувам Македонија 5. Покана за претставување на Македонија на Интернационален фестивал во Полска ❤ ❤ ❤ ❤

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska_official) on

Покрај ова Марија Спасовска освои Специјална награда Пехар и Диплома во својата категорија во која се натпреваруваше и дополнително веќе со доделена акредитација ќе ја претставува Македонија на нови два фестивала во Швајцарија и Полска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mladata-marija-spasovska-prodolzuva-da-nizi-uspesi-uspea-da-go-osvoi-internacionalnoto-ziri-na-festivalot-tra-la-la-foto-video/feed/ 0
Големо освежување: Талентиранта Марија Спасовска ја буди македонската тинејџ сцена со песната „Играј со срце“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/golemo-osvezuvanje-talentiranta-marija-spasovska-ja-budi-makedonskata-tinejdz-scena-so-pesnata-igraj-so-srce-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/golemo-osvezuvanje-talentiranta-marija-spasovska-ja-budi-makedonskata-tinejdz-scena-so-pesnata-igraj-so-srce-video/#respond Thu, 31 May 2018 15:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=60696

Марија Спасовска со песната „Играј со срце“ конечно ја раздвижува тинејџ сцената во Македонија. Вчеравечер на 30. мај во „Public room“ во Скопје се одржа промоцијата на првиот видео запис на Марија Спасовска, за тинејџерската песна „Играј со срце“. „Играј со срце“ е песна која освојува уште на првото слушање и ги буди најискрените емоции кај секој од нас. Иако е наменета за младата тинејџ популација, никој не останува рамнодушен на ритамот на песната и извонредниот вокал на Марија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/golemo-osvezuvanje-talentiranta-marija-spasovska-ja-budi-makedonskata-tinejdz-scena-so-pesnata-igraj-so-srce-video/feed/ 0
ВИДЕО: Слушнете го ангелскиот глас на Марија Спасовска, една од најталентираните млади пејачки во Македонија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushnete-go-angelskiot-glas-na-marija-spasovska-edna-od-najtalentiranite-mladi-pejachki-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushnete-go-angelskiot-glas-na-marija-spasovska-edna-od-najtalentiranite-mladi-pejachki-vo-makedonija/#respond Fri, 04 May 2018 20:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=50061

Марија Спасовска е 12 годишно девојче кое плени со својот моќен глас. Иако е само седмо одделение, со сигурност можеме да кажеме дека и претстои убава и светла музичка кариера. Нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга. Марија има добиено награда за трето место во Витебск, Белорусија на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи. Марија на пошироката јавност и стана позната со своите настапи на шоуто за млади музички таленти „Пинкови Ѕвездички“. Последно нешто од младата Марија е одличната преработка на песната победник на Евровизија „Euphoria“ од Швеѓанка Лорен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushnete-go-angelskiot-glas-na-marija-spasovska-edna-od-najtalentiranite-mladi-pejachki-vo-makedonija/feed/ 0
И Леонард Коен би се гордеел: 12-годишната Марија Спасовска ја препеа „Халелуја“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/i-leonard-koen-bi-se-gordeel-12-godishnata-marija-spasovska-ja-prepea-haleluja-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/i-leonard-koen-bi-se-gordeel-12-godishnata-marija-spasovska-ja-prepea-haleluja-video/#respond Sun, 31 Dec 2017 11:50:47 +0000 http://kurir.mk/?p=4481

Младата девојка глумеше дете-ангел во мјузиклот „Тајно моја“, награди за лауреат на фестивалите „Езерски Бисери“ и „Ѕвездички“, на интернационалниот натпревар „Зорнија кветки“ во Минск, Белорусија, но и на „Славјански базар“. Марија во март следната година ја очекува уште еден меѓународен натпревар, „Откритија Европа“ во Москва каде ќе ја претставува Македонија како единствен кандидат од нашата земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/i-leonard-koen-bi-se-gordeel-12-godishnata-marija-spasovska-ja-prepea-haleluja-video/feed/ 0