Маријан Миленковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Oct 2021 15:54:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маријан Миленковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Миленковски: Затворен пазар во Злетово и решавање на проблемот со колекторскиот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-zatvoren-pazar-vo-zletovo-i-reshavanje-na-problemot-so-kolektorskiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-zatvoren-pazar-vo-zletovo-i-reshavanje-na-problemot-so-kolektorskiot-sistem/#respond Wed, 27 Oct 2021 15:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=586601

Мислеа дека се семоќни, но и покажавме дека не се најдобро за вас, рече кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Маријан Миленковски на вечерашниот митинг.

Според него требаше да им е јасно дека  треба да работи градоначалникот секој ден 4 години.

„Затоа е време за промени, за нов тим кој ќе работи секој ден. Само за во Злетово имаме многу работа ќе направиме затворен пазар, ќе ја реконструираме главната улица Македонија, ќе го реконструираме фудбалското игралиште, ќе го решиме проблемот со колекторскиот систем. Промени и многу проекти ќе има не само во Злетово, туку и во Пробиштип. За сите ќе направиме по нешто“, рече Миленковски.

Тој укажа дека општината ќе биде тука за граѓаните.

„Во нареднбите 4 години општината ќе субвенционира јавен превоз од Злетово до Пробиштип, бидејќи вие го побаравте тоа“, рече Миленковски.

Тој укажа дека до промените остана уште малку.

„Остана уште многу малку, малку не дели до промените. Знам дека ви се закануваат,  тие не ве почитуваат. Тоа не е дозволиво. Затоа во недела ќе ја добијат казната“, заклучи Миленковски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-zatvoren-pazar-vo-zletovo-i-reshavanje-na-problemot-so-kolektorskiot-sistem/feed/ 0
Миленковски: Изградба на нова велосипедска и трим патека Злетово – Пробиштип https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-izgradba-na-nova-velosipedska-i-trim-pateka-zletovo-probishtip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-izgradba-na-nova-velosipedska-i-trim-pateka-zletovo-probishtip/#respond Tue, 28 Sep 2021 10:14:23 +0000 https://kurir.mk/?p=569357

Едно од барањата особено на помладите, на оние кои треба да градат здрава иднина е барањето за велосипедска и пешачка патека. Пробиштип е град на кого спортот сега му е потребен повеќе од кога и да е. Од овде сметам дека е потребно да ја смениме визијата на локалната самоуправа, истакна Маријан Миленковски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Потребно е да погледнеме надвор од традиционалниот автоцентричен модел на планирање. Со изградбата на оваа патека, не се задоволуваат само потребите на велосипедистите и рекреативците. Со неа ќе се поттикнат и оние што не ги практикуваат велосипедите како превозно средство да ги сменат своите навики и да се одлучат да го користат како превозно средство. Велосипедизам и пешачење за рекреација, спортување, дружење и авантура, истакнува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-izgradba-na-nova-velosipedska-i-trim-pateka-zletovo-probishtip/feed/ 0
КУРИР ИНТЕРВЈУ со Маријан Миленковски: Приоритет во Пробиштип ќе ставам на заштита на животната средина и економскиот развој https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-marijan-milenkovski-prioritet-vo-probishtip-kje-stavam-na-zashtita-na-zivotnata-sredina-i-ekonomskiot-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-marijan-milenkovski-prioritet-vo-probishtip-kje-stavam-na-zashtita-na-zivotnata-sredina-i-ekonomskiot-razvoj/#respond Sun, 29 Aug 2021 09:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=556175

КУРИР: Кој е мотивот на еден лекар да влезе во градоначалничка трка? -Мотивот за да влезам во оваа трка е желбата за поубав град. Желба да го видам мојот Пробиштип повторно издигнат на местото што го заслужува. Или да го парафразирам тоа со други зборови кои често се употребуваат во Пробиштип: „Затоа што ми е гајле!“. Навистина голема грижа ми е каде ќе се движи, каде ќе оди мојот град. Поврзано со мојот професионален – докторски ангажман до сега имав понуди за надвор од Пробиштип, но сето тоа го пуштив низ вода, затоа што одлучив да продолжам да живеам и да го градам мојот живот и животот на мојата фамилија овде, во ова мало гратче, кое за мене претставува сè. Свесен сум за сите последици кои може да се отсликаат на мојот иден професионален ангажман,пред се од политичката репресија која лебди над градот, но од друга страна желбата за подобро утре на мојот град и моите сограѓани е најголемиот мотив за да го прифатам овој пат исполнет со многу предизвици. КУРИР: На што најмногу се жалат граѓаните во Пробиштип? -Секој жител на Пробиштип се соочува со одредени, поединечни проблеми, но најголемиот проблем со кој сите се соочуваме е неажурност и лошото менаџирање со локалната самоуправа. Начинот по кој денес тоа го работи актуелната локална власт предводена од СДСМ е навистина големо разочарување. За сите! Нетранспарентното работење, поделеноста по наши и ваши, удоволувањето и работењето исклучиво за одредени кругови и нивните бизнис интереси е она на што најмногу се жалат пробиштипјани. Повторно ќе ја споменам транспарентноста, на која актуелната власт изгуби толку многу зборови, а во реалноста не спроведе ништо. Не можеше да спроведе ништо, затоа што начинот на кој што го постави своето владеење беше погубен за целиот град. Овде како пример би го споменал начинот на управување со локалната власт во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, поточно од 2009-2017 година. Во тој период општина Пробиштип се најде на високото 6 место во Македонија според индексот на активна транспарентност, за денес општина Пробиштип да биде на ниското 64-то место. Во тоа време општинскиот буџет се креираше на отворен и транспарентен начин, заедно со жителите на општина Пробиштип, преку организирање на буџетски форумски сесии, кои беа отворени за сите заинтересирани граѓани и здруженија, преку средби со Претседателите на месните заедници и содржеа проекти кои ги бараа жителите за време на посетите на тогашната локална власт на сите населени места. Се организираа отворени денови за сите жители, средби на кои секој имаше право слободно да си го искаже своето мислење. За разлика од тогаш, денес, со локалната и централната власт предводена од СДСМ на толку фалење и „заложби” за транспарентно работење на сите институции, сведоци сме на крајно нетранспарентни постапки на секое поле. Затворени како работно единица, не пристапни за сите кои јавно им опонираат. Видете, луѓето во Пробиштип важат за исклучиво скромни луѓе, луѓе кои во себе носат огромно разочарување од сите политики кои актуелната локална и централна власт им ги наметнува и токму тоа разочарување ќе биде пресудно за резултатот на овие локални избори. КУРИР: Кои проблеми ќе бидат приоритет за решавање? -Проблеми за решавање има многу, но најголем приоритет ќе дадеме за заштита на животната средина и економскиот развој. Бидејќи многу добро знаеме какво е влијанието на старата јаловишна депонија врз животната средина потребно е во целост и сите заеднички да се посветиме на решавање на овој проблем. Знаејќи дека овде има измена на целото законодавство, односно уредбите и начинот на кој што ќе се регулира ремедијацијата на контамиранотоземјиште, предизвикано со рударските активности, потребно е целата работа да се разгледа студиозно и да се имплементираат сите мерки, со цел да се изнајде ефикасно решение за санација, а не ситни дневни популистички методи со кои денес се служи локалната власт од СДСМ. Секако треба да ги споменеме и жителите на помалите места, кои овие 4 години се буквално запоставени. Во сите помали населени места, како таму да не живеат луѓе. Проблем кој навистина секојдневно ги мачи пробиштипјани се пречистителните станици за отпадни води по течението на Злетовска река. Дислокација на локалната депонија Озрен, која во последните години константно го труе градот Пробиштип и околните населени места. Непосветеното ангажирање и комплетната одговорност која со себе не ја носи локалниот инспекторат за животна срединае исто така сериозен проблем. Најпрост пример е тоа што локалната самоуправа се уште ги нема мапирано изворите на загадување на животната средина: локалните диви депонии, дивите ѓубришта, загадувачите, а да не зборување за нивно отстранување или санкционирање на прекршителите. КУРИР: Го споменавте и економскиот развој, што ќе направите на тој план за градот? -Економски силна општина е клучна за развој на животниот стандард. Главна цел за економски развој ќе ни биде општината да ја претвориме во атрактивно место за домашните и странските инвестиции(нови индустриски зони и нивна постојана промоција). Впрочем тоа и го покажавме на дело со изградбата и заживувањето на индустриските зони и целосната инфраструктура во нив. Покажавме дека тоа не е само парче хартија и парче земја, туку реален простор за развој на стопанството. За разлика од тогашниот економскиот развој и трите нови индустриски зони, кои беа оставени во наследство од локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сегашната локална власт успеа да „издејствува“ само еден мал објект, се разбира за марихуана, но и тој никако да проработи! Нула нови индустриски зони. Нула нови инвестиции! Е тоа е главниот проблем во сегашноста! КУРИР: Од кои начела ќе се водите во работата? Транспарентност, принципиелност и отчетност. Можеби звучи како клише, но сепак, тоа се трите столба кои оваа локална власт во целост ги заборави овие 4 години. Овие три столба требаше да бидат надградени, а не целосно отфрлени. Ќе се навратам малку наназад и ќе кажам дека се заборавија буквално сите ветувања. Ветувањата за нови индустриски зони, за нови производни капацитети и за нови работни места! За 4 години имаме само празни ветувања и лаги. Во мојата благодарност кон граѓаните на социјалните мрежи истакнав и цврсто стојам на тој став дека навистина, не ми е ниту најмалку желба утре да бидам градоначалник по шаблон, туку важно ми е каде ќе оди овој град! Само со лична чест и посветеноста, кои ги обединуваат мислата, зборот и делото се решаваат проблемите на граѓаните и само така можеме да ја придвижиме нашата Општина кон својот развој и подем. КУРИР: Оттука, кои цели очекувате да ги постигнете? -Нашата главна цел ќе биде да понудиме реални проекти, за реалните и вистински потреби на граѓаните. За разлика од нив, нашите изборни програми се наменети за реалните потреби на граѓаните! Мора да го вратиме градот на тие што им припаѓа, да го вратиме на граѓаните. Граѓаните ја воочуваат разликата и после 4 години слободно може да се каже дека граѓаните знаат да проценат кој водел грижа и кој може да води грижа за нив со издржана понуда, а кој манипулира! Силно сум убеден дека заеднички можеме да ја вратиме светлоста на општината, а ние да бидеме горди граѓани на општина Пробиштип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-marijan-milenkovski-prioritet-vo-probishtip-kje-stavam-na-zashtita-na-zivotnata-sredina-i-ekonomskiot-razvoj/feed/ 0
Миленковски: Со досегашната локална самоуправа во Пробиштип има само пустош, ни 20% од ветената програма не ја исполнија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-so-dosegashnata-lokalna-samouprava-vo-probishtip-ima-samo-pustosh-ni-20-od-vetenata-programa-ne-ja-ispolnija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-so-dosegashnata-lokalna-samouprava-vo-probishtip-ima-samo-pustosh-ni-20-od-vetenata-programa-ne-ja-ispolnija/#respond Tue, 24 Aug 2021 15:37:29 +0000 https://kurir.mk/?p=554556

Деновите на локалната власт во Пробиштип и нивниот градоначалник се избројани! Човекот кој ветуваше чист воздух, чиста вода и живот за сите, донесе само пустош и направи хаос со партиските вработувања во сите институции, истакна Маријан Миленковски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Човекот кој во овие четири години успеа на дело да ја покаже својата неспособност и незаинтересираност за решавање на проблемите на граѓаните, има едвај 20% реализација на изборната програма за која граѓаните му ја дадоа својата доверба. Оправдан е стравот кој го има Анастасов и неговите сопартијци за средби со граѓаните, затоа што знаат дека ќе се соочат со гневот на народот! А народот е гневен затоа што беше излажан. Ги нема ветените улици и патишта, канализации и водоводи во селата. Ја нема ветената гасификација, го нема ниту економскиот развој. Не само што нема нови паркови и зелени површини, туку и старите се уништени. Едноставно нема ништо. Човекот ги помина овие 4 години работејќи само за личен интерес и за интересите на неколку фамилии. Општина Пробиштип изгуби многу во овие 4 години, но со голем труд ќе го надополниме изгубеното. Затоа, мојата цел е да понудиме реални проекти, за реалните и вистински потреби на граѓаните. Ветувам локална самоуправа исклучиво во служба на јавниот интерес, а не на интересите на групи, фамилии и поединци. Локална самоуправа без корупција и непотизам. Да бидеме во чекор со европскиот модел на водење на локалните заедници. Да бидеме општина – сервис на граѓаните. Ветувам целосна отвореност и транспарентност на општината и сите локални институции. Ниту еден годишен буџет и програма за работа на општината нема да бидат донесени без активно учество на граѓаните и бизнис секторот. Конечно дојде времето да се преземе нешто конкретно и да го запреме трендот на иселувањето, особено на младите бидејќи тие се нашата иднина. Од овде ја претставувам и мојата прва идеја, а тоа е да почнеме со изградба на населба за млади со целосна комунална инфраструктура ослободена од најголемите давачки. Паралелно со тоа ќе обезбедиме и поддршка на младите за отпочнување со сопствен бизнис. Воедно ќе овозможиме и субвенции за изградба на енергетско ефикасни фасади на постарите станбени згради. Бидејќи многу добро знам како и колку влијае животната средина врз здравјето на граѓаните, ветувам конечно решавање на проблемот со старото јаловиште, а Пробиштип и Злетово конечно ќе добијат пречистителни станици за отпадните води. Лесново и Пониква се нашите туристички центри на чиј развој ќе посветиме големо внимание. Нови спортски терени, нови зелени површини, нови детски катчиња за најмладите ќе станат реалност, а не само букви на лист хартија. Ветувам дека граѓаните повеќе нема да бидат заборавени од надлежните. Во периодот што следи, заедно со сите Вас ќе ја дефинираме целосно најдобрата програма за развој на општина Пробиштип. Јас, се обврзувам на максимално исполнување на предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички да ја вратиме светлоста на општината, а ние да бидеме горди граѓани на општина Пробиштип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milenkovski-so-dosegashnata-lokalna-samouprava-vo-probishtip-ima-samo-pustosh-ni-20-od-vetenata-programa-ne-ja-ispolnija/feed/ 0
Доктор Миленковски: Македонија според светски реномирани институции со најмногу заболени и починати од корона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-milenkovski-makedonija-spored-svetski-renomirani-institucii-so-najmnogu-zaboleni-i-pochinati-od-korona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-milenkovski-makedonija-spored-svetski-renomirani-institucii-so-najmnogu-zaboleni-i-pochinati-od-korona/#respond Tue, 16 Jun 2020 10:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=358553

Вашето прогласување на победа над пандемијата помина во пораз на нашиот здравствен систем и на нас како држава! Реномирани светски институции ја ставаат Македонија прва на ранг листите по лошо справување со корона вирусот, односно по најголем број на заболени и на починати, истакнува доктор Маријан Миленковски, кандидат за пратеник во Изборна единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочува дека Македонија според реномираниот универзитет Џон Хопкинс има катастрофален индекс на смртност во однос на сите свои соседи, но и во однос на најголем број држави во светот. -Македонија е прва во Европа и по број новозаразени лица на милион жители со корона. Ова е податок од статистичката веб страница Ворлдометар. Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои им е дадена таа одговорност, односно Комисијата за заразни болести, вклучувајќи го и оној кој треба да менаџира со здравствениот систем - министерот за здравство, кога локалните кризни штабови од самиот почеток на пандемијата работат како партиски штабови, резултатот е дно на листите. Со тоа нормално и очекувано е да бидеме единствена изолирана земја во регионот. Но, што и да очекуваме од Влада која од сите активности во борбата против пандемијата најдобро ги одработи само прес конференциите, со целиот пи-ар насочен единствено кон ресорниот министер за здравство. Целата останата работа беше оставена на способноста и професионалноста на медицинскиот персонал кој се справува како што знае и умее со оваа пандемија. Се обидовте преку пандемијата да собирате политички поени и што побрзи избори, но ни тоа не ви успеа. И сега поразени, вината ја префрлате на народот. Почитувани господа од власта, време е за стратегија без политиканство, за да можеме самите себе да си помогнеме во овие моменти кога бројот на заразени и починати вртоглаво расте, вели доктор Миленковски. Потребна беше здравствена едукација за граѓаните, но тоа не подразбира делење флаери за вашата политичка опција или хуманитарни пакети. -Очигледно не ја сфативте сериозноста на оваа состојба од која само заеднички можевме да излеземе како победници.И така наместо интересот на граѓаните и на државата, СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. Недозволиво е кариерата на некои политичари да биде побитна од животот на макар еден човек, нагласува Миленковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-milenkovski-makedonija-spored-svetski-renomirani-institucii-so-najmnogu-zaboleni-i-pochinati-od-korona/feed/ 0
Миленковски: Анастасов наместо напредок на општина Пробиштип ја врати со децении наназад https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-anastasov-namesto-napredok-na-opshtina-probishtip-ja-vrati-so-decenii-nanazad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-anastasov-namesto-napredok-na-opshtina-probishtip-ja-vrati-so-decenii-nanazad/#respond Mon, 21 Oct 2019 16:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=254464

На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип истакна дека градоначалникот наместо да ја модернизира општината тој ја врати со децении наназад. -Изминуваат две години од кога СДСМ ја презема локалната власт. Две години во кои наместо напредок ние се вративме со години наназад, истакна на прес конференцијата Маријан Миленковски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип. Миленковски го потсети градоначалникот дека во текот на кампањата ветуваше се само за да победи, а од тоа ветено ништо не исполни. И тој е како неговиот ментор Зоран Заев. Половина мандат градоначалникот на Пропиштип го помина во барање на оправдувања само за да не го исполни тоа што го ветуваше пред изборите. Неговата неспособност, и немање капацитет за изнаоѓање на решенија за подобрување на општината излегоа на виделина. Ја имавте шансата да бидете градоначалник на сите граѓани на општина Пробиштип, и да дадете оставка од претседателската функција на општинската организација на СДСМ Пробиштип, но не. Вие се изборивте за уште еден мандат само за да ја искористите позицијата градоначалник и претседател и со самото тоа да ги вдомите своите партиски активисти во сите државни и локални институции, додаде Миленковски. Миленковски посочи дека овие две години граѓаните не видоа ниту еден капитален проект, освен предаптација на 300м2 на училишната кујна во детска градинка. Останатите проекти беа веќе започнати од претходната власт. Можеби градоначалникот има намера и да изврши предаптација на здравствената установа во старечки дом, а не во гедијатерски центар како што ветуваше. Каде ви се тротоарите што ги ветивте во Програмата за улицата „Илинденска“, „3-ти Април“, „28-ми Август“, „Партизанска“ и населба Камењар? Каде ви е реновирањето на улицата „Тодор Александров“ до училиштето? Санација на улица „Христијан Тодоровски Карпош“, асфалтирање на патот меѓу двете чешми во населба Калниште. Две години го стопиравте проектот за реконструкција на патот Пробиштип – Крупиште, за на крај го изгребете горниот асфалтен слој со смешно оправдување, а не водејќи сметка за штетата што ја трпат граѓаните на Пробиштип, потсети Миленковски. Миленковски заклучи дека штетата на Општина Пробиштип веќе е направена, оваа локална власт нема визија, а ниту идеа за тоа како треба да се развива општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-anastasov-namesto-napredok-na-opshtina-probishtip-ja-vrati-so-decenii-nanazad/feed/ 0