марин ле пен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 13:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марин ле пен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството во Париз бара повторно судење за Марин Ле Пен за злоупотреба на фондовите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-vo-pariz-bara-povtorno-sudene-za-marin-le-pen-za-zloupotreba-na-fondovite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-vo-pariz-bara-povtorno-sudene-za-marin-le-pen-za-zloupotreba-na-fondovite-na-eu/#respond Fri, 22 Sep 2023 13:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=880787

Обвинителството во Париз побара судење за екстремно десничарската партија „Национален собир“ и 27 лица поврзани со неа, меѓу кои Марин Ле Пен и нејзиниот татко, основачот на партијата Жан-Мари, кои се осомничени за учество во системот за проневера на европските јавни фондови меѓу 2004 и 2016 година. Истрагата почна во март 2015 година, кога Европскиот парламент соопшти дека можните неправилности направени од тогашната партија „Национален фронт“ ги упатил до канцеларијата на ЕУ за борба против измами во врска со платите исплатени на асистентите на пратениците. Обвинителството отвори истрага во декември 2016 година, со цел да се утврди дали тогашниот „Национален фронт“ користел пари наменети за помошниците на Парламентот на ЕУ за плаќање персонал кој работел за партијата, пренесува весникот „Фигаро“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-vo-pariz-bara-povtorno-sudene-za-marin-le-pen-za-zloupotreba-na-fondovite-na-eu/feed/ 0
Дарманен: Марин Ле Пен би можела да победи на претседателските избори во Франција во 2027 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-marin-le-pen-bi-mozhela-da-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-frantsija-vo-2027-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-marin-le-pen-bi-mozhela-da-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-frantsija-vo-2027-godina/#respond Fri, 25 Aug 2023 19:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=871040

Пратеничката во францускиот Парламент и претседателка на десничарската партија Национална алијанса, Марин Ле Пен, би можела да победи на следните претседателски избори во 2027 година, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. „Ако дозволиме голем дел од работничката и средната класа да одат на страната на Марин Ле Пен, повисоките класи нема да не поддржат во вториот круг. Клучните прашања се социјалните - платите, работниот век, трошоците за живот и поддршката на семејството. Тоа е она што може да доведе до изборот на Марин Ле Пен во 2027 година, а не прашањето за миграцијата“, рече Дарманен, кој многумина го сметаат за потенцијален кандидат на десниот центар на претседателските избори, пишува Гардијан. Тој посочи дека луѓето од работничката класа сакаат „враќање на власта во училиштата и на улиците, повеќе цврстина во судскиот систем и полицијата и да можат да живеат од плодовите на својот труд“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-marin-le-pen-bi-mozhela-da-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-frantsija-vo-2027-godina/feed/ 0
Ле Пен: Санкциите од ЕУ не успеаја да влијаат на Русија, тие го казнуваат францускиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-pen-sankciite-od-eu-ne-uspeaja-da-vlijaat-na-rusija-tie-go-kaznuvaat-francuskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-pen-sankciite-od-eu-ne-uspeaja-da-vlijaat-na-rusija-tie-go-kaznuvaat-francuskiot-narod/#respond Tue, 04 Oct 2022 15:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=740994

Санкциите од Европската Унија не успеаја да влијаат на Русија, но, затоа го казнуваат францускиот народ, изјави денеска за БФМ ТВ шефицата на парламентарната група на Националното собрание во Долниот дом на францускиот Парламент, Марин Ле Пен. – Санкциите не делуваат, дури, тие се контрапродуктивни. Реалноста е дека санкциите доведоа до зголемување на приходите на Русија од извозот на нафта за 40 милијарди евра, посочи Ле Пен, пренесе агенцијата Тасс. Таа истакна дека санкциите на ЕУ, всушност го казнуваат францукиот народ, кој годинава го чека, како што се тврди, тешка зима. Како што додаде таа, „одговорноста е на оние кои ги донесоа тие одлуки“. Русија на 24 февруари изврши инвазија во Украина, а како одговор на тоа, западните земји воведоа санкции против земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-pen-sankciite-od-eu-ne-uspeaja-da-vlijaat-na-rusija-tie-go-kaznuvaat-francuskiot-narod/feed/ 0
ВИДЕО: Марин Ле Пен погодена со јајце во главата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-marin-le-pen-pogodena-so-jajce-vo-glavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-marin-le-pen-pogodena-so-jajce-vo-glavata/#respond Fri, 03 Jun 2022 19:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=686412

Претседателската кандидатка на крајната десница на последните избори во Франција, Марин Ле Пен, денеска била погодена со јајце во лице во местото на Сен-Амон-Лез-О на северот на земјата. Медиумите пренеле дека пред гаѓањето слушнале вулгарни пцости на нејзина сметка. Како што се гледа на снимката објавена на "Twitter", Ле Пен е погодена со јајце во лице, по што ја наведнала главата и го прекрила лицето со коса, останувајќи во таа положба. Од партијата на Ле Пен соопштиле дека овој гест е "маргинален". Лидерката на француската крајна десница била гаѓана со јајца и во текот на претседателската кампања. Тогаш исто така била погодена во глава, но излгеда дека погодокот бил поблаг. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-marin-le-pen-pogodena-so-jajce-vo-glavata/feed/ 0
Марин ле Пен најави кандидатура за јунските парламентарни избори во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-le-pen-najavi-kandidatura-za-junskite-parlamentarni-izbori-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-le-pen-najavi-kandidatura-za-junskite-parlamentarni-izbori-vo-francija/#respond Sun, 08 May 2022 11:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=673563

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен ја објави својата кандидатура за парламентарните избори во јуни, по неколкунеделниот молк откако минатиот месец ги загуби претседателските избори од Емануел Макрон, пренесуваат британските медиуми. -Се надевам дека ќе имаме силно присуство во парламентот за повторно да се бориме против социјалната политика што сака да ја води Емануел Макрон, рече Ле Пен, додавајќи дека ќе се кандидира за реизбор во нејзината изборна единица во департманот Па-де-Кале. Ле Пен изјавата ја даде за време на посетата на градот Хенен-Бомон, на прославата на Денот на победата, годишнината од победата на сојузниците во 1945 година над нацистичка Германија во Втората светска војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-le-pen-najavi-kandidatura-za-junskite-parlamentarni-izbori-vo-francija/feed/ 0
„Ќе останам посветена на Франција и Французите“, уверува Марин Ле Пен и најави нова битка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-ostanam-posvetena-na-francija-i-francuzite-uveruva-marin-le-pen-i-najavi-nova-bitka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-ostanam-posvetena-na-francija-i-francuzite-uveruva-marin-le-pen-i-najavi-nova-bitka/#respond Sun, 24 Apr 2022 18:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=667463

Кандидататката на десницата на претседателските избори во Франција, Марин Ле Пен се обрати од нејзиниот штаб во 16-тиот арондисман на Париз. Марин Ле Пен притоа го поздрави „и покрај двонеделните нефер, насилни методи“, фактот што идеите „што ги претставува достигнуваат нови височини во изборната ноќ. Со повеќе од 43 отсто од гласовите, резултатот сам по себе претставува убедлива победа, јави дописникот на МИА. Таа понатаму додаде: „Милиони наши сонародници го избраа националниот камп и промените. Ја упатувам мојата најдлабока благодарност до оние кои ми веруваа во првиот круг и до оние кои со милиони ни се придружија во вториот круг“. – Се плашам дека петгодишниот мандат што се отвора нема да се скрши со бруталните методи на претходниот, за да се избегне монополизација на моќта од некои, повеќе од кога било ќе ја продолжам мојата посветеност на Франција и Французите со енергијата, истрајноста и наклонетоста што ме познавате, истакна Ла Пен. Кандидатката на РН најави и „голема изборна битка на законодавните избори. Ќе ја водам оваа битка заедно со Жордан Бардела“ рече таа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-ostanam-posvetena-na-francija-i-francuzite-uveruva-marin-le-pen-i-najavi-nova-bitka/feed/ 0
Франција одлучува меѓу Макрон и Марин Ле Пен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-odluchuva-megju-makron-i-marin-le-pen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-odluchuva-megju-makron-i-marin-le-pen/#respond Sun, 24 Apr 2022 07:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=667273

Во Франција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а гласачите ќе одлучат кој ќе ја предводи земјата во следните пет години – актуелниот претседател и лидер на Република во движење Емануел Макрон или кандидатката на десницата Марин Ле Пен. Гласачките места ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Право на глас имаат речиси 49 милиони избирачи, а се проценува дека излезноста ќе биде околу 72 отсто. Според последните одбјавени анкети, се очекува Макрон да победи со 57 отсто гласови во однос на Ле Пен, која би можела да добие околу десетина процентни поени помалку. Ова е трет обид на Ле Пен за влез во Елисејската палата, а нејзин пораз ќе значи и смена на раководството на нејзината партија Национален собир. Макрон оцени дека изборите претставуваат референдум за Европа, имајќи предвид дека двајцата кандидати предлагаат две многу различни иднини за Франција – и во внатрешната и во надворешната политика. Во француските прекуокеански територии гласањето почна вчера, за да може гласовите да се пребројат навреме, а Французите кои живеат во странство можат да гласаат и на одредени избирачки места ширум светот. Врз основа на примероците од специјално избраните избирачки места, прелиминарниот резултат ќе биде познат вечерва во 20 часот, како и по првиот круг. Ако резултатот е исклучително близок, постои опција да не се објавуваат раните резултати и да се чекаат комплетните. Пребројувањето продолжува во текот на ноќта, а Министерството за внатрешни работи утре наутро ќе ги објави конечните резултати, кои вообичаено се разликуваат за само еден до два отсто од прелиминарните резултати. Ако победи Макрон, тој ќе биде првиот француски претседател кој освоил втор последователен мандат на избори во последните 20 години, откако Жак Ширак го победи таткото на Марин Ле Пен, Жан-Мари, и го освои вториот претседателски мандат во 2002 година. Доколку победи Ле Пен, таа ќе влезе во историјата како првата жена избрана за шеф на државата. Инаугурацијата на новиот претседател мора да се одржи до 14 мај, кога завршува сегашниот мандат на Макрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-odluchuva-megju-makron-i-marin-le-pen/feed/ 0
Како ќе гласаат француските гласачи кои во првиот круг не гласаа за Макрон и Ле Пен? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-kje-glasaat-francuskite-glasachi-koi-vo-prviot-krug-ne-glasaa-za-makron-i-le-pen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-kje-glasaat-francuskite-glasachi-koi-vo-prviot-krug-ne-glasaa-za-makron-i-le-pen/#respond Sat, 23 Apr 2022 14:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=667190

Утре 47,8 милиони француски гласачи се повикани да излезат да гласаат за изборот на нов претседател на француската република, при што тие треба да одлучат меѓу Еманул Макрон и Марин Ле Пен. Сепак, во првиот круг многумина не гласаа ниту за Макрон, ниту за Ле Пен и утре треба да гласаат за кандидат кој или го отфрлаат или не го одобруваат, јави дописникот на МИА. Има и такви што ќе излезат на гласање „неволно“, оние кои сакаат „јако да го удрат мравјалникот“ или дури и оние кои нема да се мачат да се помрднат, но кои „држат среќа“ дека анкетите ја кажуваат вистината. А други, пак, кои „вртат очи кон небото“ се убедуваат дека „Овие претседателски избори нема ништо да сменат “. Повеќе француски медиуми се обидоа да опишат во која состојба се наоѓаат добар дел од француските гласачи, во пресрет на вториот круг, поточно меѓу 63 отсто Французи кои не гласаа пред две недели, ниту за Емануел Макрон, ниту за Марин Ле Пен. „Во мојата глава сето тоа е матно: има многу фрустрација, но и гнев“, вели еден од овие „сирачиња од првиот круг“ кои веруваат дека нивните избори се „украдени“. Според истражувањето на Елабе за БФМТВ и Л’Експресс, 43 отсто од Французите кои планираат да гласаат в недела ќе го направат тоа за да го блокираат другиот кандидат. „Ниту Макрон, ниту Ле Пен! Минатата недела токму овој собирен крик одекна на универзитетите. Повторувајќи ги зборовите на Жан-Лук Меланшон, третиот човек на овие претседателски избори, кој „не сака г-ѓата Ле Пен да ја преземе земјата“, ниту „г-дин Макрон да ја задржи власта“. „Уморни сме постојано да гласаме поради инает, во најмала рака! Не, што мисли, Макрон? Јас сум Непокорна и таква останувам- вели за „Фигаро“ Луси, 24-годишна студентка во Лион. Иако за нивните гласови имаше многу додворување во изминативе две недели, не е сигурно дека 22 отсто од гласачите на лидерот на Ла Франс инсуумис (Бунтовна Франција на Меланшон) сите ја играат играта на „републиканскиот фронт“. -Си велам дека треба да пробаме нешто друго, нема што повеќе да изгубиме! Ни е ветена граѓанска војна ако Марин Ле Пен помине, но имам впечаток дека со Макрон може да биде тотален хаос на улица. А потоа Марин, таа ги брани сиромашните…“вели Кристин, која живее со „многу мала пензија“ во Нормандија. „Корисниот глас“, Лора веќе го даде. Во 2017 година, па и оваа година од првиот круг. „Ќе гласав за зелените, но добро знаев дека Јаник Жадот нема да биде во вториот круг. Затоа го зедов билтенот на Меланшон. Сега, тоа е болно патување да се прегласува Макрон: не само што нема ништо сериозно во неговата програма за екологија, туку, за време на неговиот мандат, тој нè нарече „Амиши кои сакаат да живеат на маслена ламба! Кога тоа го примивме директно в лице, дури и да го „изгланца“ својот проект во зелено, со своите големитеналони, ние не забораваме, објаснува еден адвокатка од Бордо во изјава за Фигаро. Таа не е „воопшто чувствителна на безбедносниот или антимиграцискиот дискурс на Марин Ле Пен“, таа го отфрла овој избор. „За мојата генерација на триесет и неколку години, со мали деца, тоа е навистина ужасно! Ќе морам да гласам за оној кој лансираше 5G и не направи ништо за животната средина освен да го отстрани пластичниот прибор за јадење…“ додава оваа млада жена од Бордо. Сара член на движењето Европа, екологија Зелени, сакаше да ги почитува нејзините убедувања во првиот круг. Таа денес се чувствува „крајно уморна и тажна“, „многу разочарана од оваа кампања која беше бескорисна“. „Разбирам дека идеите на Марин Ле Пен мора да бидат присутни во вториот круг, бидејќи тие се поддржани од повеќе од една четвртина од Французите, но имам впечаток дека политичкиот говор функционира како скршена плоча, воздивнува таа, која работи во професионална интеграција во Брест. Во овој контекст на климатска вонредна состојба, неверојатно е што оваа тема отсуствуваше од кампањата. Но додека блокирачкото гласање против екстремната десница беше очигледно во 2017 година, таа вели дека повеќе не може да го убеди нејзиното опкружување дека не е доволно само да се гласа празно. „Постои желба да му се одржи лекција на претседателот кој излегува од ветувањата, во последен момент, само за да флертува со нас…“ Во 2017 година, Бертранд гласаше за Меланшон. Овој пат, бидејќи „навистина не го ценеше неговиот комунитаристички пресврт“, тој се одлучи за комунистот Фабиен Русел. „Прво си реков, ќе гласам празно: Макрон како Ле Пен отелотворуваат модели на општество што не сакам да ги видам развиени, вели овој 27-годишен правник. Старт-оп нација, неолиберализмот, за мене е многу малку. Што се однесува до Марин Ле Пен, дури и да не сум од оние кои плачат нацизам, се плашам дека таа ќе има штетно влијание врз градовите и имам загриженост за владеењето на правото. Дури и ако, од моја гледна точка, „дамата-мачка“ би предизвикала помала социјална штета од Макрон“. Конечно, „речиси сум сигурен дека уште еднаш ќе ја блокирам крајната десница“, продолжува тој. Ако, како мене, навистина не ви се допаѓаат и двајцата, треба да го изберете најмалку лошото…“ Од десната страна се исто толку многу фрустрирани, особено по „свртувањето на лево на кормилото“ на кандидатот Макрон, објаснува понатаму Фигаро. -Се стремев кон сè, освен репродукција на најавениот дуел, во кој шефот на државата направи сè за да не затвори. Не доаѓа предвид да гласам за него, поради неговото негативно искуство во повеќето области. Не можам да гласам ниту за Марин Ле Пен, иако можевме да и дадеме шанса да ја контролира имиграцијата и да ставиме крај на деликвенцијата. Ќе гласам празно затоа што сакам да покажам дека не се работи за граѓанско дезангажирање се доверува Симон (44 години), висок париски функционер, кој и го даде својот глас на Валери Пекрес. Со внесување на билтенот на Ерик Земур во гласачката кутија, Вирџини сакаше „да алармира за ситуацијата во предградијата“, каде што предава десет години. „И ми кажаа дека ова гласање е фашистичко! Таа огорчена. -Која е поентата да се одржат избори ако се гласа за Макрон? Можеме да се изразиме во првиот круг, но, во вториот, секогаш треба да се избере центристички кандидат, про-ЕУ! Имаме впечаток дека веќе нема можна алтернација. Фактот што Емануел Макрон ги спои десниот центар и левиот центар го засилува чувството на едноумие, една партија и единствена политика. 30-годишната девојка ќе гласа за Марин Ле Пен: „Во суштина, нема толку многу разлики, тврди таа. Но, со Земур имаше шанси за демократски почеток. Додека со Марин Ле Пен, тоа е премногу истата манихејска конфронтација што ја знаеме. Тоа е, исто така, глас за инает, бидејќи таа не е најдобриот кандидат да ги носи овие идеи и знаеме дека ќе изгуби…“ На возраст од 22 години – Флора, која завршува бизнис студии, нема „што да загуби со превртување на масата“, вели таа. „Гласав Земур затоа што ми изгледаше најискрено, се оправдува оваа парижанка. -Тој имаше храброст да го потенцира и ризикот од големата замена и дислокацијата на францускиот идентитет. Како млад човек, бев многу вознемирена од начинот на кој претседателот се справи со пандемијата, преку претерано ограничување на јавните слободи наместо зголемување на бројот на кревети во болниците. Ни ги уништи животите, а ова „колку и да чини“ ќе има феноменални последици! Дебатата во средата вечерта уште повеќе ми тежеше. За недела, сè уште не знам дали ќе ги следам упатствата на Земур, или едноставно ќе одам да се релаксирам со пријателите, вели таа. Ќерка на фармери, по потекло од Пикардија, Клеманс по втор пат го избра Жан Ласал. -Тоа е неговата социјална личност што ми зборува. Тој се издвојува во оваа многу цивилизирана средина. А неговата програма, не ми е воопшто глупава. Годинава повторно гласав за него затоа што тој беше единствениот што ми изгледаше автентичен. И сега се чувствувам големо сираче. Повеќе од пет години, згора на тоа, од распадот на УМП, партијата за која гласав претходно, објаснува 28-годишната млада жена, сега продавач на книги во Париз. Во 2017 година, нејзиното гласачко ливче беше празно. -Имам уште помала желба да го зајакнам Макрон денес! Ова би го потврдило управувањето со кризи во првиот петгодишен мандат, што не го одобрувам. А етичките прашања многу ме засегаат, а Емануел Макрон воопшто не е свесен за нив. Па се враќам на бело гласање. Бидејќи Жан Ласал се залага за броење на празните гласови, ова ќе биде мојот начин да му оддадам почит, завршува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-kje-glasaat-francuskite-glasachi-koi-vo-prviot-krug-ne-glasaa-za-makron-i-le-pen/feed/ 0
Макрон кон Ле Пен: Зависни сте од руската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-kon-le-pen-zavisni-ste-od-ruskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-kon-le-pen-zavisni-ste-od-ruskata-vlada/#respond Wed, 20 Apr 2022 21:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=666270

Кандидатката за француски претседател со поддршка на партијата „Национално обединување“, Марин Ле Пен изјави дека ембаргото за увоз на нафта и гас од Русија ќе биде харакири за Европа, како и дека нема да влијае на самата Руска Федерација. „Не треба да правиме харакири со надеж дека тоа ќе и наштети на Русија, додека таа ќе најде место за извоз на нафта и гас“, рече Ле Пен за време на телевизиската дебата со актуелниот претседател Емануел Макрон, кој се кандидира за втор мандат. Од своја страна, Макрон го обвини својот ривал дека зависи од руската влада и претседателот Владимир Путин. – Вие бевте првиот европски политичар кој ги призна резултатите од анексијата на Крим во 2014 година. Тоа е лоша вест за нашата земја. Зависите од руската влада, зависите од господинот Путин, рече тој. Тој ја обвини и Ле Пен дека нејзината партија земала заем од руска банка во 2017 година, на што таа одговорила дека го направила тоа, бидејќи „ниту една француска банка не сакала да го одобри заемот“. Во исто време, претседателската кандидатка напомена дека не се обидува да ја напушти Европската унија, туку дека сака да ја спроведе нејзината длабока реформа и повеќе да ги заштити националните интереси. – Сакам да останеме во Европската унија, но во исто време да спроведам длабоки реформи , додаде таа. Ле Пен заедно со Макрон ќе учествува во вториот круг од претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат на 24 април. Првиот круг се одржа на 10 април. Во предизборната трка учествуваа 12 кандидати. Според резултатите, Макрон освоил 27,84 отсто, Ле Пен 23,15 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-kon-le-pen-zavisni-ste-od-ruskata-vlada/feed/ 0
Во ЖИВО: ТВ Дуел помеѓу кандидатите за претседател на Франција, Маркон и Ле Пен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-tv-duel-pomegju-kandidatite-za-pretsedatel-na-francija-markon-i-le-pen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-tv-duel-pomegju-kandidatite-za-pretsedatel-na-francija-markon-i-le-pen/#respond Wed, 20 Apr 2022 20:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=666246

Во моментов на Француската телевизија се оддржува Тв Дуел помеѓу кандидатите за претседател на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Во првот круг на изборите во Франција овие два кандидати освоија највеќе гласови од граѓаните, со што силите ќе ги одмерат во вториот круг. Според анкетите актуелниот претседател Емануел Макрон има водство. Темите кои во моментов се разговараат се движат меѓу економијта, безбедноста и надворешната политика во ЕУ и сл. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-tv-duel-pomegju-kandidatite-za-pretsedatel-na-francija-markon-i-le-pen/feed/ 0