Марина Лазаревска Ивановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Jan 2019 19:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марина Лазаревска Ивановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласи сопругата на Саше Политико: Три часа синоќа поминав на КАРИЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-soprugata-na-sashe-politiko-tri-chasa-sinokja-pominav-na-karil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-soprugata-na-sashe-politiko-tri-chasa-sinokja-pominav-na-karil/#respond Fri, 18 Jan 2019 19:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=153948

Никогаш не би ми паднало на памет да започнам насилна расправија со мојот сопруг кој е со поголема физичка сила од мене и со импулсивен карактер, а не пак прва да посегнам по нож за да го нападнам, вели Марина Лазаревска Ивановска, сопругата на Саше Ивановски Политико. -Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар и бев задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот на 18.01. Тоа е се што ќе изјавам, не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Верувам во органите на правната држава, пишува Лазаревска Ивановска. Нејзиниот сопруг, сопственик на интернет портал Саше Ивановски Политико, во врска со синоќешниот настан што го потврди и МВР, за медиуми изјави дека не се случило такво нешто и дека нема друг коментар. МВР информира дека сопственик на интернет портал и неговата сопруга заработија пријави од полицијата откако ноќта од 16 кон 17 јануари, во полициска станица одделно пријавиле дека се жртви на семејно насилство. Според МВР, првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот кој кажал дека сопругата го нападнала со нож околу 23 часот, а три часа подоцна, околу 02 часот по полноќ се јавила неговата 25-годишна сопруга која го пријавила својот сопруг дека физички ја нападнал употребувајќи нож. -На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23.07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-soprugata-na-sashe-politiko-tri-chasa-sinokja-pominav-na-karil/feed/ 0