Марина Овсјаникова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 08:33:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марина Овсјаникова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската новинарка Овсјаникова осудена на 8,5 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-osudena-na-8-5-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-osudena-na-8-5-godini-zatvor/#respond Wed, 04 Oct 2023 08:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=884956

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која на државната телевизија се спротистави на офанзивата врз Украина на државната телевизија, денеска е осудена во отсуство на осум и пол години затвор поради критикување на армијата. Новинарката која побегна од Русија пред една година обвинета е за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осуден на парична казна во август 2022 година за слични дела. Според руската агенција Риа Новости, таа овој пат е осудена затоа што демонстрирала со плакат против руската офанзива во Украина. Овсијаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директен пренос на информативната програма Време, држејќи натпис зад водителката на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“. Таа, исто така, скандираше „Стоп за војната“. Во моментот на протестот таа беше продуцент на државната. Кон средината на јули минатата година, таа одржа протест во близина на Кремљ, каде го носеше транспарентот „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“, по што беше ставена во домашен притвор. Таа набрзо побегна од Русија со својата ќерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-osudena-na-8-5-godini-zatvor/feed/ 0
Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова, ѝ се заканува 10 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-sud-naredi-apsenje-na-novinarkata-ovsjanikova-se-zakanuva-10-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-sud-naredi-apsenje-na-novinarkata-ovsjanikova-se-zakanuva-10-godini-zatvor/#respond Fri, 21 Oct 2022 05:57:09 +0000 https://kurir.mk/?p=748714

Руски суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, јавија дел од руските медиуми. Овсјаникова е позната во јавноста по тоа што во март, откако започна војната во Украина, „влета“ во програма во живо на телевизија со натпис „Не за војна“. Кон средината на јули во близина на Кремљ, таа одржа протест, каде носеше транспарент „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“. По потегот, Овсјеникова беше во куќен притвор. Таа е обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили и може да биде осудена на затворска казна од 10 години. Нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов неделава изјави дека таа со ќерката побегнала од Русија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-sud-naredi-apsenje-na-novinarkata-ovsjanikova-se-zakanuva-10-godini-zatvor/feed/ 0
Руската новинарка Овсјаникова побегна од домашен притвор, се соочува со десет години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-pobegna-od-domashen-pritvor-se-soochuva-so-deset-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-pobegna-od-domashen-pritvor-se-soochuva-so-deset-godini-zatvor/#respond Wed, 05 Oct 2022 17:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=741495

Руската ТВ-новинарка Марина Овсјаникова, обвинета за ширење лажни вести по организирањето серија самостојни протести против војната во Украина, денеска изјави дека побегнала од домашен притвор. „Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува сопствените закони, одбивам да ја почитувам наредбата за ограничување што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа“, рече таа. Нејзиниот адвокат рече дека таа требало да се појави на рочиштето утрово, но дека истражителите не успеале да утврдат каде се наоѓа. Инспекторите побараа од судот да го смени нејзиниот првичен налог за домашен притвор во затвор доколку биде пронајдена, но судот тоа го одби, рече нејзиниот адвокат. Овсјаникова го привлече вниманието во март појавувајќи се пред студиските камери за време на вечерните вести на државната телевизија со плакат на кој пишуваше „Прекинете ја војната“ и „Ве лажат“. Кремљ потоа го осуди нејзиниот чин на протест како „хулиганство“. Оваа 44-годишната жена доби два месеца домашен притвор во август, откако, за време на протестите во јули, застана на насипот на реката спроти Кремљ и држеше плакат со кој Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти. Таа се соочува со 10 години затвор доколку биде прогласена за виновна за ширење лажни вести за руските вооружени сили. Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државната новинска агенција во саботата објави дека избегала со нејзината 11-годишна ќерка и не се знае каде се наоѓа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-pobegna-od-domashen-pritvor-se-soochuva-so-deset-godini-zatvor/feed/ 0
Руската новинарка Овсјаникова обвинета за ширење лажни информации за армијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-obvineta-za-shirenje-lazni-informacii-za-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-obvineta-za-shirenje-lazni-informacii-za-armijata/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=716637

Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка против поранешната уредничка на Канал еден (Channel One), Марина Овсјаникова, под обвинение за ширење лажни информации за руската армија, изјави нејзиниот адвокат Дмитри Захватов за руски медиуми. Како што тој додаде, претресен е нејзиниот стан. Во средината на март, Овсјаникова „влета“ во ТВ студио за време на програма во живо, држејќи транспарент како протест против тоа што Русија го нарекува „специјална воена операција во Украина“. За инцидентот беше покрената предистражна постапка, но, разултатите сè уште се непознати. Московскиот окружен суд Останкински ја прогласи Овсјаникова за виновна поради организирање или одржување јавен настан без да се достави известување. Таа беше осудена на парична казна од 30.000 рубљи или 496 долари. Според податоците, Овсјаникова беше казнета поради нејзиното претходно видео повикување на неовластени протести, но, не и за телевизискиот инцидент, пишуваат руски медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-ovsjanikova-obvineta-za-shirenje-lazni-informacii-za-armijata/feed/ 0
Руската новинарка Марина Овсјаникова не планира да побегне, се надева дека протестот не бил залуден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-marina-ovsjanikova-ne-planira-da-pobegne-se-nadeva-deka-protestot-ne-bil-zaluden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-marina-ovsjanikova-ne-planira-da-pobegne-se-nadeva-deka-protestot-ne-bil-zaluden/#respond Wed, 16 Mar 2022 13:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=648251

Марина Овсјаникова, руската новинарка која „влета“ во живо во информативна емисија на руската државна телевизија, држејќи транспарент против војната во Украина, е загрижена за својата безбедност, но, се надева дека нејзиниот протест не бил залуден, пренесе Скај њуз. Таа истакна дека не планира да побегне од Русија и се надева дека нема да биде поднесена кривична пријава против неа. На руските граѓани, новинарката им порача „да отворат очи во врска со пропагандата за војната во Украина“. Рускиот суд и изрече парична казна од 30.000 рубљи – 280 долари, бидејќи „го прекршила законот за протести“ во моментот кога ја прекинала информативната емисија на државната телевизија и ја осудила војната во Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-novinarka-marina-ovsjanikova-ne-planira-da-pobegne-se-nadeva-deka-protestot-ne-bil-zaluden/feed/ 0