марино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 13:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изготвена проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgotvena-proektna-dokumentatsija-za-izgradba-na-fekalna-kanalizatsija-na-del-od-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgotvena-proektna-dokumentatsija-za-izgradba-na-fekalna-kanalizatsija-na-del-od-ilinden/#respond Wed, 12 Apr 2023 13:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=823265

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација. За таа цел денес се изврши презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за дел од н. Илинден, поточно месноста викана Плац на влезот во општина Илинден. Презентацијата беше извршена од страна на овластени проектанти кои пред градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од општинската администрација и ЈКП ,,Водовод”- Илинден. Градоначалникот Георгиевски детално се запозна со должината на колекторскиот систем кој изнесува 4200 метри со кои ќе бидат опфатени повеќе од 400 домаќинства кои ќе бидат поврзани во колекторскиот систем за одведување на отпадни фекални води за населените места Илинден и Марино. Со изготвувањето на документацијата се создадени услови за распишување на набавка за избор на изведувач и надзорен орган на градежните работи на терен. Со овој проект целосно ќе бидат зафатени отпадните води кои се вливаат во главниот одводен канал кој минува центарлно низ населените места Илинден и Марино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgotvena-proektna-dokumentatsija-za-izgradba-na-fekalna-kanalizatsija-na-del-od-ilinden/feed/ 0
Општина Илинден почна со изградба на фекална канализација во н.м. Марино https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-pochna-so-izgradba-na-fekalna-kanalizacija-vo-n-m-marino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-pochna-so-izgradba-na-fekalna-kanalizacija-vo-n-m-marino/#respond Tue, 22 Nov 2022 13:24:00 +0000 https://kurir.mk/?p=764839

Посветени на решавање на потребите на граѓаните, Општина Илинден почна со изградба на фекална канализација во населба Марино на улица „409“ и „410“. Во должина од околу 500 метри почна изградбата на фекална канализација која опфаќа и ги решава проблемите на 30 домаќинства. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направи увид во градежните активности, изградбата на фекална канализација на овие две улици, е почеток на реализација на проект кој ќе ги опфати и останатите домаќинства во овој дел од н.м. Марино. -Со ова, ги решаваме проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во овој дел од општината, ги остваруваме ветувањата согласно нашата програма за работа. Општина Илинден посветено и интензивно работи на подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани, ја подобруваме инфраструктурата и ја чуваме животната средина, рече тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-pochna-so-izgradba-na-fekalna-kanalizacija-vo-n-m-marino/feed/ 0
Полицијата трага по 33-годишна жена од скопско Марино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-traga-po-33-godishna-zena-od-skopsko-marino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-traga-po-33-godishna-zena-od-skopsko-marino/#respond Tue, 20 Sep 2022 14:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=735262

На 19.09.2022 во 17.30 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во населба Маџари-Скопје била пронајдена Б.С.(15) за која на 18.09.2022 нејзината мајка Н.С.(33) од с.Марино, општина Илинден, пријавила дека се оддалечила од куќа во с.Кадино, општина Илинден, каде престојувала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-traga-po-33-godishna-zena-od-skopsko-marino/feed/ 0
Запален контејнер во Марино опожарил три возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapalen-kontejner-vo-marino-opozaril-tri-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapalen-kontejner-vo-marino-opozaril-tri-vozila/#respond Mon, 28 Mar 2022 15:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=654701

На 28.03.2022 во 04.40 часот во СВР Скопје на ул.„533“ во с.Марино, општина Илинден настанал пожар во пластичен контејнер за рециклирање на отпад, кој зафатил три возила: „фолксваген голф“, сопственост на И.П.(36) од Скопје, „хјундаи“,сопственост на К.П.(36) од с.Марино, двете со скопски регистарски ознаки, и „даеву матиз“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на И.Ј.(38) од с.Марино. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapalen-kontejner-vo-marino-opozaril-tri-vozila/feed/ 0
Направил сообраќајка, па го истепале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napravil-soobrakjajka-pa-go-istepale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napravil-soobrakjajka-pa-go-istepale/#respond Mon, 01 Nov 2021 14:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=589276

На 31.10.2021 во 16:15 часот во СВР Скопје, М.Т.(65) од с.Бујковци, скопско, пријавил дека околу 15:00 часот во с.Бујковци, по претходно случена сообраќајна несреќа, бил физички нападнат од М.С. од с.Марино, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napravil-soobrakjajka-pa-go-istepale/feed/ 0
Поднесено обвинение за тешка повреда пред дискотека во Марино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-teshka-povreda-pred-diskoteka-vo-marino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-teshka-povreda-pred-diskoteka-vo-marino/#respond Tue, 03 Dec 2019 10:26:48 +0000 https://kurir.mk/?p=272592

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едниот обвинет се гони за кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, додека неговиот брат за помагање при извршување на истото кривично дело. На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат од неговиот 20-годишен брат, со умисла нанел тешка телесна повреда на едно лице пред дискотека во скопското село Марино. Оштетениот пред тоалетот на дискотеката најпрвин физички бил нападнат од постариот брат, кој го удрил со бокс во пределот на лицето. Потоа пред дискотеката бил пресретнат од обвинетите, при што помладиот брат дошол од неговата лева страна и со нож го прободел во левиот долен дел на стомакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди и оштетување на бубрегот и на слезината. По настанот, двајцата обвинети со возило заедно го напуштиле местото. За двајцата обвинети на сила се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за преминување на државната граница со друг личен документ, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетениот и со сведоците на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-teshka-povreda-pred-diskoteka-vo-marino/feed/ 0
Го претепале 4 лица: Тешко е повреден маж од Марино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-pretepale-4-lica-teshko-e-povreden-maz-od-marino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-pretepale-4-lica-teshko-e-povreden-maz-od-marino/#respond Wed, 29 Aug 2018 13:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=93692

Четири непознати лица вчера околу 22:20 часот физички го нападнале А.Т.(33) од село Марино, пред угостителскиот објект на улица „500“ во скопското село Марино, по што со возило го напуштиле местото на настанот. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-pretepale-4-lica-teshko-e-povreden-maz-od-marino/feed/ 0