марио драги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Aug 2022 06:16:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марио драги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италијанската Влада ја одобри реформата на бавниот правосуден систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-ja-odobri-reformata-na-bavniot-pravosuden-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-ja-odobri-reformata-na-bavniot-pravosuden-sistem/#respond Fri, 05 Aug 2022 06:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=714327

Италијанската Влада во заминување синоќа ја одобри Уредбата за реформи на бавниот правосуден систем. Доцнењата во судските спорови се сметаат за причина за одвраќање од странски инвестиции во земјата, поткопување на правниот систем и голема пречка во растот на третата најголема економија на еврозоната. Европската комисија дел од доделените 200 милијарди евра за закрепнување од италијанската економија од пандемијата ги услови со намалување на должината на судењата, и тоа за 25 отсто во текот на пет години во кривичните и за 40 отсто во граѓанските случаи. Контроверзната реформа на премиерот Марио Драги дури предлага откажување судски процеси доколку истите го надминат предвиденото времетраење. Критичарите забележуваат дека тоа ќе им овозможи на илјадници криминалци да ја избегнат правдата, но министерката за правда Марта Картабија истакнува дека реформата предвидува ангажирање на 15 илјади службеници за да се олесни работата на судиите и да се поедностават некои процедури. Картабија изјави дека реформата предвидува и процедури што ќе поттикнат постигнување спогодба преку признавање вина, за да се избегне судска разврска на многу предмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-vlada-ja-odobri-reformata-na-bavniot-pravosuden-sistem/feed/ 0
Марио Драги поднесе оставка од функцијата премиер на Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mario-dragi-podnese-ostavka-od-funkcijata-premier-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mario-dragi-podnese-ostavka-od-funkcijata-premier-na-italija/#respond Thu, 21 Jul 2022 08:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=708276

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повторно му поднесе оставка на претседателот Серџо Матарела. – Претседателот на Италија утрово го прими во кабинетот на италијанскиот премиер, кој уште еднаш го информираше за неговите намери. Матарела ја забележа одлуката, а Владата останува на функцијата за решавање на тековните спорови - изјави генералниот секретар на Претседателството Уго Запети. На 14 јули, Матарела веќе ја отфрли оставката на Марио Драги, откако неговиот коалициски партнер се воздржаа за време на важно гласање. Сепак, претседателот го повика премиерот да им се обрати на партиите во Собранието и да се обиде да ја врати потребната поддршка. Иако при вчерашното гласање за доверба на италијанскиот премиер Марио Драги, италијанскиот Сенат гласаше со 95 гласа „за“ и 38 „против“, Ројтерс во својот извештај оценува дека италијанската влада практично „пропаднала“ бидејќи трите главни коалициски партнери на премиерот одбиле да учествуваат во гласањето за доверба на кое повика да се обиде да стави крај на поделбите и да го врати сојузот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mario-dragi-podnese-ostavka-od-funkcijata-premier-na-italija/feed/ 0
Италијански медиуми: Драги денеска објавува оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-mediumi-dragi-deneska-objavuva-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-mediumi-dragi-deneska-objavuva-ostavka/#respond Thu, 21 Jul 2022 05:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=708160

Премиерот на Италија, Марио Драги денеска во Парламентот ќе ја соопшти својата оставка, јавуваат италијански медиуми. Парламентарната седница е закажана за девет часот. Италијанскиот премиер се одлучи на ваков чекор, откако вчерашното гласање за доверба на неговата влада беше бојкотирано од сенаторите од три партии од неговата коалиција. Италијанскиот Сенат гласаше со 95 гласа „против“, 38 „за“ во гласањето за доверба на премиерот. Но, тројцата главни коалициски партнери на премиерот одбија да учествуваат во гласањето за доверба. Додека десетици сенатори го бојкотираа гласањето, коалицијата на Драги остана фрагментирана, без големото мнозинство што тој се обидуваше да го освои, како и со извесност за предвремени избори во септември или во октомври. По бојкотот на гласањето од страна на тројцата водечки коалициски партнери, како што пренесуваат медиуми, Драги денеска ќе објави дека се повлекува од премиерската функција. Драги поднесе оставка минатата недела, а претседателот Серџо Матарела ја отфрли и го упати во Парламентот за да види дали може да обезбеди широка коалиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-mediumi-dragi-deneska-objavuva-ostavka/feed/ 0
Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-pretsedatel-matarela-ne-ja-prifati-ostavkata-na-premierot-dragi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-pretsedatel-matarela-ne-ja-prifati-ostavkata-na-premierot-dragi/#respond Thu, 14 Jul 2022 18:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=705355

Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги. Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација. Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата. -Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“. Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-pretsedatel-matarela-ne-ja-prifati-ostavkata-na-premierot-dragi/feed/ 0
Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-premier-dragi-za-vecherva-najavi-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-premier-dragi-za-vecherva-najavi-ostavka/#respond Thu, 14 Jul 2022 17:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=705323

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Серџо Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата. -Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“. Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-premier-dragi-za-vecherva-najavi-ostavka/feed/ 0
Макрон, Шолц и Драги пристигнаа во Киев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makron-sholc-i-dragi-pristignaa-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makron-sholc-i-dragi-pristignaa-vo-kiev/#respond Thu, 16 Jun 2022 08:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=691523

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа денеска со воз во Киев, на заедничко патување кое треба да ја нагласи нивната поддршка за Украина во борбата против руската агресија. Француската телевизија БФМ ТВ прикажа во живо снимка од ноќниот воз кој пристигнува во главниот град на Украина со европските лидери. Лидерите на трите најголеми земји на Европската унија се очекува денеска да ја покажат својата поддршка за Украина за време на нивната посета на Киев, непосредно пред одлуката на Брисел за статусот на украинската кандидатура за членство во Европската унија. Нивната посета, која не беше официјално најавена од безбедносни причини, доаѓа еден ден пред Европската комисија да даде препорака за статусот на Украина како кандидат за членство во ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makron-sholc-i-dragi-pristignaa-vo-kiev/feed/ 0
Драги: На Украина и треба нов Маршалов план https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dragi-na-ukraina-i-treba-nov-marshalov-plan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dragi-na-ukraina-i-treba-nov-marshalov-plan/#respond Thu, 12 May 2022 08:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=675517

Италијанскиот премиер Марио Драги смета дека на Украина и е потребен „Маршалов план“ сличен на оној што ги зближи САД и Европа по Втората светска војна. Драги овој свој став го искажа за време на доделувањето на наградата во Атлантскиот совет во Вашингтон, соопшти прес-службата на италијанската Влада. -Мораме да бидеме подготвени уште долго време да и помагаме на Украина. Неговите уништени градови, фабрики, опустошените полиња со земјоделски култури ќе бараат огромни финансиски инјекции. На Украина и треба сопствен Маршалов план, сличен на оној што некогаш ги спои Европа и САД. Мораме да обезбедиме зачувување и зајакнување на демократските институции во земјата, рече Драги. Според него, руската инвазија на Украина ги зајакнала врските ЕУ-САД, доведе до изолација на Москва и покрена голем број прашања за Кина. -Овие предизвици ќе останат уште долго време. Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина, да и ја испорачаме сметката на Русија, прифаќајќи го последниот пакет санкции, но мора да постигнеме и прекин на огнот, рече италијанскиот премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dragi-na-ukraina-i-treba-nov-marshalov-plan/feed/ 0
Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и С. Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragi-vednash-pregovori-za-vlez-vo-eu-so-albanija-i-s-makedonija-zabrzuvanje-so-srbija-i-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragi-vednash-pregovori-za-vlez-vo-eu-so-albanija-i-s-makedonija-zabrzuvanje-so-srbija-i-crna-gora/#respond Tue, 03 May 2022 15:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=671237

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора, пренесе Бета. Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“, рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“. – Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово, рече уште Драги. Италијанскиот премиер истакна дека го поддржува влезот на сите тие земји во ЕУ и сака прием и на Украина. – Треба да го следиме процесот на пристапување што го воспоставивме, но и во тоа треба да дејствуваме што е можно поскоро, рече Драги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dragi-vednash-pregovori-za-vlez-vo-eu-so-albanija-i-s-makedonija-zabrzuvanje-so-srbija-i-crna-gora/feed/ 0
Драги: Можно Италија да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dragi-mozno-italija-da-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dragi-mozno-italija-da-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid-19/#respond Fri, 03 Sep 2021 06:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=558615

Италија во некој момент може да воведе и задолжителна вакцинација против Ковид за сите од одредена возраст, изјави синоќа италијанскиот премиер Марио Драги. – Покрај тоа, засилувачките дози на вакцини против ковид за ранливите луѓе треба да почнат да се администрираат во Италија подоцна овој месец, рече Драги. Италијанската влада веќе воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници, но Драги е на мислење дека секој треба да биде обврзан да биде вакциниран откако европските здравствени власти ќе дадат целосно одобрување за вакцините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dragi-mozno-italija-da-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-protiv-kovid-19/feed/ 0
Путин и Драги: Да се спречи хуманитарна катастрофа во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-dragi-da-se-sprechi-humanitarna-katastrofa-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-dragi-da-se-sprechi-humanitarna-katastrofa-vo-avganistan/#respond Thu, 19 Aug 2021 18:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=552785

Рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Марио Драги денеска се согласија дека најважно е да се спречи хуманитарна катастрофа во Авганистан и да се заштитат неговите жители. – Фокус на денешниот телефонски разговор меѓу претседателот Путин и италијанскиот премиер Драги беше ставен на ситуацијата во Авганистан. Страните ја истакнаа важноста од спречување на хуманитарна катастрофа и потребата од продолжување на борбата против ширењето терористички идеи и закани од трговијата со дрога, кои доаѓаат од Авганистан, се наведува во соопштението од Кремљ. Путин и Драги, исто така, повикаа на зајакнување на меѓународните напори, особено во рамки на Г20, со која претседава Италија, за да се помогне во воспоставување мир и стабилност во Авганистан. Двајцата лидери изразија интерес за натамошно развивање на заемно корисни односи меѓу двете земји во различни области. Талибанските бунтовници ја презедоа власта во Авганистан, на 15 август го освоија Кабул во рок од неколку часа, а претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата, додека повеќето држави моментно ги евакуираат своите граѓани, дипломати и соработници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-i-dragi-da-se-sprechi-humanitarna-katastrofa-vo-avganistan/feed/ 0