мариово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Jun 2022 19:13:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мариово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасени две семејства од странство кои се изгубиле и заглавиле со возилата во Мариово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/#respond Sat, 11 Jun 2022 19:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=689684

Во заедничка акција на Центарот за управување со кризи и Министерството за вантрешни работи вечерва се пронајдени и спасени две изгубени семејства од странство со четири деца кои со два автомобила поради лошите временски услови залутале и заглавиле во планински предел во Мариово. ЦУК информира дека семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон. Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион. – Околу 16:00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзале со лицата кои биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде постојано се комуницира со изгубените на кои им е наложено да чекаат помошта да дојде по нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информациите семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата имало пет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго. Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи е веднаш стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово. Дежурните оперативци од РЦУК Велес беа во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, а и со колегите од МВР. По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и по објавувањето на оваа информација се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба, се наведува во соопштението од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/feed/ 0
Десет дена нема трага во Мариово од 10-годишното дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deset-dena-nema-traga-vo-mariovo-od-10-godishnoto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deset-dena-nema-traga-vo-mariovo-od-10-godishnoto-dete/#respond Mon, 07 Mar 2022 13:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=642663

Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа. Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно. Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река. – Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги, вели Неданоски. Од СВР Битола велат дека потрагата продолжува по малиот Петар, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар. Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот,  Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага. Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deset-dena-nema-traga-vo-mariovo-od-10-godishnoto-dete/feed/ 0
Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/s-ushte-ne-e-najdeno-ischeznatoto-dete-vo-mariovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/s-ushte-ne-e-najdeno-ischeznatoto-dete-vo-mariovo/#respond Sun, 27 Feb 2022 10:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=637435

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово, пренесе МИА. Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата. Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР. На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/s-ushte-ne-e-najdeno-ischeznatoto-dete-vo-mariovo/feed/ 0
Исчезнатo е 10-годишно дете во Мариово, семејството апелира за помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ischeznato-e-10-godishno-dete-vo-mariovo-semejstvoto-apelira-za-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ischeznato-e-10-godishno-dete-vo-mariovo-semejstvoto-apelira-za-pomosh/#respond Sat, 26 Feb 2022 10:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=637075

Во тек е потрага по исчезнато 10-годишно дете во Мариово, а на социјалните мрежи се повикува секој кој може да помогне во потрагата. На терен се членови на спасителната служба заедно со група на прилепски ловџии, стои во објавата на фејсбук. Вчера попладне околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек. Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за „Инфо Компас“ истакнува дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби. „Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна“, вели Чакрески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ischeznato-e-10-godishno-dete-vo-mariovo-semejstvoto-apelira-za-pomosh/feed/ 0
Манастирот „Свети Никола“ во Мариово бележи 750 години постоење и раритетна историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manastirot-sveti-nikola-vo-mariovo-belezi-750-godini-postoenje-i-raritetna-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manastirot-sveti-nikola-vo-mariovo-belezi-750-godini-postoenje-i-raritetna-istorija/#respond Tue, 14 Dec 2021 06:43:56 +0000 https://kurir.mk/?p=608103

За да се стигне до манастирот „Свети Никола“ во Манастир, Мариово, треба да се биде во срцето на најголемата, но и најраселена област во земјава. На 45 километри од Прилеп, по патот за Мариово, преку Штавица, македонското село насловено „Мал Холивуд“ каде снимаше Милчо Манчески, преку превојот „Слива“, преку Расимбегов мост на Црна Река, што е во средиштето на прилепско Мариово, па, по патот кај Трлата, ќе ве одведе до селото Манастир. Таму е манастирот „Свети Никола“. Покрај селото може да продолжите до Чебрен, каде се заговара (одамна) градењето на хидроцентралата на Црна Река. Селото Манастир во Мариово, главно, ги зачувало камените куќи. Повеќето се од педесеттите години на минатиот век кога ниту мариовци не знаеле дека ќе почне големиот бран на иселувањето во 60-тите и во 70-тите години од 20-тиот век. Манастирот е на крајот од селото. Селото го носи името на манастирот. Влезната порта и камбанаријата се оддамнина. Лево е стариот конак, полуразрушен, а пред вас глетката ја запира манастирската црква „Свети Никола“. До неа е новиот конак. Се гледа дека црквата е во фаза на препокривање. Гостите ги пречекува отец Никола, архимандрит, старешина на манастирот. За добредојде – чај и…. повеќевековна приказна, за манастирот кој годинава одбележува 750 години постоење. За приказната да биде поавтентична се упатуваме среде црквата Свети Никола. Отец Никола (случајно или не, го носи името на светецот кому е посветен манастирот)  во почетокот на замонашувањето ниту знаел каде ќе  дојде. – Ми го споменаа манастирот. Си реков, каде сум? Уште при првиот поглед занемев и се „заљубив“. Во глетката, во духовниот мир и спокојството што ги нудат и манастирот и црквата и околината. Не толку далеку од општественото живеење, ама доволно да имате духовен мир. Дури тогаш сфатив зошто, токму тука, „зачнало“ монаштвото уште пред седум и пол века. Замислете како било мирно и продуховено тогаш, вели отец Никола. Приказната за манастирот фасцинира. Освен што постои 750 години и чува раритети на духовното христијанство, на археологијата, на историјата, првото прашање упатува на потеклото. По што проценуваат дека манастирот бележи 750 години постоење? Иако црквата е најстара, целосно зачувана, во Пелагонискиот регион од 11 век. Отец Никола знае да го „зароби“ вниманието. – Оваа 2021 година, почнувајќи наназад од 1271 година, одбројуваме 750 години од најзначајната обнова на манастирската црква „Свети Никола“ во Мариово која е направена во времето на проигуменот Акаки, значајна монашка личност, историска личност за средновековната Охридска архиепископија. Човек кој потекнувал од византиското благородништво и решил да го напушти светот, доаѓа да живее во овој Манастир како монах, а бидејќи го затекнал во една разрушена состојба, го обновил, толку-колку што возмогнал. Неговата ктиторска фрескоживописна слика е зачувана во црквата.  Донел сликарски имиња од тоа време за да го обноват фрескоживописот од разурнатата црква. Тоа се случува од 1266 и завршува во 1271 година. Всушност, работеле повеќе групи зографи, но само еден човек осмислил што ќе биде насликано и сето тоа било крунисано во таа 1271 година. И од тој период останат е целиот ентериер кој денеска има огромно значење за македонското средновековно сликарство. Манастирот во средновековно Мариово претставувал културно, духовно и општествено средиште на Регионот. Тоа го потврдуваат и поновите археолошки истражувања од 50-тите години на минатиот век, раскажува отец Никола. Црквата е најстарата во Пелагонискиот регион. Од 11 век е, поточно од 1095 година. – Кон крајот на 11 век, поточно во 1095 година, протостраторот Алексеј, кој бил подалечен роднина на византискиот цар Алексеј Комнен, така пишува во пронајдениот натпис,бидејќи бил „стратиот“ и висок воен началник во областа, веројатно во одбранта на овие византиски граници од нападите на Крстоносните војски во текот на втората половина на 11 век, посакал на ова место да изгради манастир и да биде завештание за него, место каде ќе бидат погребани тој и неговото најблиско семејство. На тој начин, ја гради црквата, ја посветува на светиот отец Николај Миликијски, Чудотворец. Од тој период се останати значајни археолошки остатоци кои ни сведочат дека, освен тоа што во црквата биле закопани членовите од потесното семејство на протостраторот Алексеј, во самиот почеток, Манастирот имал традиција на монашко живеење, вели отец Никола. Фрескоживописот е од константинополската школа. Тоа значи дека има свои карактеристики, евидентирани само на неколку цркви во Македонија. Го одредува и монашкиот живот во Манастирот. – Посебноста е во типичноста што се јавува, внатрешното уредување, бидејќи е базиликална црква, одредува малку поинаква програма на фрескоживописот тука. Овој тип на градби се граделе во 8 и 9 век. Непознато е во литературата, нема многу такви цркви градени во 11 век како трикорагни базилики. Базиликата има централен и два странични кораби кои завршуваат со праскомидија и џаконикон. Доминираат монашките теми, тоа за нас е најзначајна потврдува дека уште од самиот почеток, особено во тој 13 и 14 век, Манастирот функционирал како значаен монашки центар. Да ја споменеме фреската на Свети Јован Лествичник, кресницата на Свети Јован Синајски, која е најстара во Македонија од аспект на тоа монашко живеење. Сведочи дека монаштвото во Македонија било запознато и во тек со најзначајната духовна и подвижна литература, типична за монашката читателска публика и е дадено почесно место на оваа фреско – претстава. Треба да се истакне техничкиот израз на фреските во централниот кораб кој е многу редок за наши услови во Македонија од она сликарство што било негувано и создавано во Охридската архиепископија, а тоа се моментите кои потсетуваат на константинополската иконографија со високи, натприродни претстави на светители во целиот раст. За нас е многу значајно постоењето на овој лик на Свети Климент Охридски, како патрон на Охридската архиепископија, на едно значајно почесно место помеѓу олтарот и проскомедијата.Насликан е со византијско-грчки натпис. Тоа е невообичаена фреска на Свети Климент Охридски која била инспирирана на постари прототипови на неговиот лик, познати во регионот. Многу е тешко да се говори заиконографските решенија во 9,10 и во 11 век, зашто ерминиите биле пишувани на краток, концизен текстуален начин за описот на фрескосликањето.Многу е значајно што е во самиот олтарен дел, заедно со Свети Ахил Преспански кој ни е познат од Самоиловата епоха.Посебно е што светителите се со надприроден раст, повеќе од 3 метри, типично за константинополската иконографска средновековна школа, појаснува архимандрит Никола. Фасцинираат посебностите на фрескоживописот на кому му е неопходна заштитата. А Манастирот се смета за едно од заукружените археолошки истражувања. Посебно е што имало осликување и на надворешната страна, а уште пофасцинантни се откриените гробови, вечни почивалишта на монасите. Во кругот на Манастирот има гробови и од световните војни. Монашките нудат посебна раритетност. – Од јужната страна се пронајдени околу 40 гробови, различни од останатите средновековни погребувања во некрополата околу црквата Свети Никола. Тие се до самиот влез од јужната страна на црквата, со специфично погребување. Дури се пронајдени археолошки артефакти на копчиња со впишан крст. Ќе биде објавено во една ретка монографија. Тоа ќе биде ретко сведоштво за монашкото живеење во Македонија, зашто има ретко сведоштво од книжевни и други споменици. Единствен споменик е Монашкиот типик од Вељуса од 1080-тата година.Тоа е многу посебно, бидејќи ретко каде во манастирите во Македонија се направени толку опсежни археолошки истражувања кои би го доловиле повеќе монашкиот живот во периодот. Тука се пронајдени и монашките конаци, разни работилници. Можно е да се претпоставува дека функционирал како книжевен препишувачки центар.Може да секаже дека Манастирот „Свети Никола“ можеби е еден и единствен, а сигурно дека е еден од ретките од македонската средновековна епоха кои се археолошки потполно истражени, вели отец Никола. Со самото оживување на Манастирот се покренати повеќе иницијативи. Најголем приоритет е даден на обновата на овој храм. Преку надлежните институции, како споменик на културата од прва категорија мораше да се проследи со соодветни проекти. Најважно беше да се стабилизирата подовите на Црквата, бидејќи се откри дека дел од црквата се одделува од средиштето поради подземни води. Поставени се нови темели на црквата. – Сега сме во обновата на покривната конструкција на црквата, изградба на тремови од надорешната страна, бидејќи е една од ретките цркви кои имала фрескоживопис и од надворешната страна, а сочувани се мали делови на фрескоживописот на јужната и на западната страна.Црквата ќе се фугира, ќе се менуваат процорците и вратите. Тоа треба да заврши наредните два-три месеца. Од архитектурата треба да се направи новото електрично осветлување, па подот и иконостасот, кои, како проект, се одобрени во надлежните институции, но треба да влезат во програмата на Министерството за култура за наредната 2022 година, информира отец Никола,  старешина на манастирот „Свети Никола“ во Манастир, Мариово кој годинава бележи 750 години постоење. Од прилепскиот Завод и музеј потврдуваат дека треба да завршат проектите. Приоритет било заштитата на црквата. – Прво, моравме да ја препокриеме за да заврши заштитата на фрескоживописот. Иако забавено, сепак ќе се завршат работите, уверува Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот Завод и музеј. Посетата на манастирот „Свети Никола“ во Манастир, Мариово, ја завршуваме со чувството на допир во историјата низ вековите.  Мариовското опркружување останува недопрено, а со тоа го засилува чувството на духовното спокојство и на изолираноста. Тоа што го барале монасите пред седум и пол века. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manastirot-sveti-nikola-vo-mariovo-belezi-750-godini-postoenje-i-raritetna-istorija/feed/ 0
Кањонинг во Мариово – неповторлива адреналинска авантура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanjoning-vo-mariovo-nepovtorliva-adrenalinska-avantura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanjoning-vo-mariovo-nepovtorliva-adrenalinska-avantura/#respond Sat, 31 Jul 2021 07:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=544245

Петок. Пет часот наутро. Кафе за расонување и уште една проверка на ранецот пред поаѓање. Село Зович. Кањонинг. Ептен интересно звучи, а и одлично изгледа на фотографиите. Првото поради недопрената природа и филмовите на Милчо Манчевски, а второто – хммм, „пешачење“ низ речна клисура. Примамливо. Ок. По околу два и пол часа возење, некоја крава и желка на патот, ете ја Црна. Преубава. Надојдена. Околу неа зеленило. Небото сино, со бели облачиња. Почнуваат кривините. Се отвораат пејсажите, оние мариовските, како од документарците на Би-Би-Си. И поубави. Стигнавме. Не пречека Петар Нолев, спасувач на планина и непристапен терен, планинарски водич, инструктор и „главен“ во Mountain Solution – Tours Macedonia. Со него екипа, уште двајца водичи, пријатели од Битола, неколку планинарки и домашни туристи кои сакаат вишок адреналин. -Дечки, тука се „оделата“, шлемовите, појасите. Да најдеме само соодветни бројчиња за секого и спремајте се, рече Нолев и почна да не „мери“. Се „стокмивме“ за кратко па добивме наредба да се полеваме со вода. Од црево. Ама буквално. – Многу е топло, мора да бидеме свежи зашто не чека 15 минути одење до реката Градешка, а „пука“ сонце, објасни Петар. Потоа, не провери сите, еден по еден. Ако требаше кај некој, ги достегна каишите и тргнавме. По пат, кога го прашавме што всушност не чека, се насмеа и ни одговори: „Штом можеа Холанѓаните, можете и вие“. Мислеше на првата група холандски туристи кои сезонава пристигнаа на Охридскиот аеродром. Тие веќе знаеле што е кањонинг и си закажале една тура. Стигнавме до Градешка, лесно се симнавме до „стартниот“ вир, го прецапавме и веќе тука се соочивме со првото изненадување. Висока карпа што моравме да ја искачиме, а потоа и од неа да „рипнеме“ во реката. -Нема назад. Секој мора да скокне. Не се секирајте, не е страшно, не бодреа Петар и другите двајца водичи кои постојано беа со нас – едниот напред, другиот во средина, третиот на крајот на групата. Вешто ги врзуваа јажињата, ни помагаа, ни покажуваа како треба. Петар дури и ја вклучуваше камерата фиксирана на неговиот шлем, за да го овековечи моментот. По првиот скок од карпата, од пет метри височина, останатите се чинеа полесни. Да, на моменти имаше колебање кај речиси секој од нас – „да рипнам, да не рипнам“, „можам, не можам“, „да не се удрам од каменов ако летнам подесно“, зашто навистина беше „страшно“. Но, и тоа го надминавме. Продолживме да се „пентариме“, да се протнување низ тесни процепи, да се спуштаме, па да цапаме и да пропаѓаме во реката, да пливаме за одново да се качуваме по карпите и повторно да скокаме. Повеќето со обични патики. Но, ништо не ни сметаше. Напротив. Сакавме уште. Така околу четири часа. Смеење, зезање, викање, сликање, разговарање. На крај, кога излеговме од Градешка, требаше да направиме уште една „егзибиција“. Моравме да совладаме уште еден карпест дел, овојпат „на суво“, за да дојдеме до патот кој води назад во селото. Полека, еден по еден, држејќи се за јажињата, со презакачување на карабињерите, и тоа го направивме. Турата помина беспрекорно, благодарение на Нолев и останатите двајца водичи од Mountain Solution. Не не испуштаа од око, ни подаваа раце, не бодреа и охрабруваа. Вистински професионалци. -Сега видовте што значи кањонинг. Почувствувавте. Тоа е пешачење низ речна клисура (кањон) и совладување на сите попатни природни препреки – водопади, каскади, природни базени (вирови). Притоа, може да се користат различни вештини на движење и техники на качување и спуштање. Се нуди во оранизирани групи, со водич, по сите меѓународни стандарди и прописи за безбедност и сигурност. Сезоната трае од мај до октомври. Погоден е за поединци, парови, поголеми групи и семејства. Дозволен е и за деца со навршени 12 – 13 години, но строго ако знаат да пливаат и во присуство на родител, рече Петар кога конечно седнавме да одмориме. Разговорот го продолживме во етно куќата „Кај мостот“ каде што најчесто и се заокружува кањонинг-турата. Таму не чекаше богата софра – свежа македонска салата, печени пиперчиња со лукче, овчо сирење, тавче-гравче, печено месо со компири, ајвар, пинџур, ракија и што уште не. Како што потенцира Нолев, домашните туристи не мора да одат до Албанија или Црна Гора ако сакаат вишок адреналин. Тоа се нуди и кај нас. Конкретно, кањонингот, за разлика од другите спортови како рафтинг или кајак, не бара кану или гумен чамец. Туку само желба. Но, мора да знаете и да пливате. – Кањонингот по дефиниција е рекреација на отворено, водена активност за која не е потребно искуство. Единствено што мора е да знаете да пливате и да имате афинитет кон адреналинска авантура. Ние обезбедуваме се останато: неопренски водоотпорни одела, појаси за тело, заштитни шлемови, јажиња, карабинери и друга техничка опрема. Видовте и сами, нудиме неповторливо искуство. Турите се различни, зависно од желбата на гостите, а така се движат и цените. Засега, генерално работиме со холандски и наши туристи, но отворени сме за секого, рече Петар и додаде дека за понудите на Mountain Solution повеќе информации може да се прочитаат на нивната интернет и фејсбук страница, а достапни се и видеа на јутјуб. Трасата долга околу половина километар што треба да се помине низ кањонот, воопшто не била лесна за подготовка. Имало многу критични ситуации кога Нолев и неговиот тим ги поставувале клиновите и металните држачи. Многу често ги изненадувала длабочината на вировите, а и нивото на реката е променливо зависно од врнежите. -Подготовката е и релативно скап процес. За да приспособите 100 метра од патеката потребни се околу 10.000 евра. Да не зборувам за опасностите кои демнат и кои мора претходно да ги предвидите и да ги испитате, за да биде безбедна турата. Сигурноста на туристите за нас е приоритет број еден, напомнена Петар. Според него, околу 80 отсто од земјава е планинска, па шансите за авантуристички туризам, каков што тој работи, се огромни. -Имаме производи, но делумно развиени. Имаме и потенцијал. Арно ама, многу е тешко да се дојде до краен производ. На пример, за кањонинг на Градешка река Општина Новаци го асфалтираше патот кој претходно не беше достапен. Значи, имаме реки, и тука има уште една, но пристапот до неа и од неа е практично невозможен, фали инфраструктура, нагласи Нолев. Тој во оваа прилика упати благодарност до Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (И.М.Е.) преку која е обезбедена опремата за кањонинг со цел што поголема безбедност и сигурност на турите. Мирјана Чакарова (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanjoning-vo-mariovo-nepovtorliva-adrenalinska-avantura/feed/ 0
„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за наградата Најдобра филмска локација во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=441913

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепско е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа. Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN), а областа на Прилепско, каде што се снимаше „Врба“, влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји. – Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката – македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски – и локациите – како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално, вели продуцент на „Врба“, Јане Ќортошев во преставувањето на финалистот „Врба“. На официјалната страница на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти кое ќе трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да се гласа на линкот: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU – „Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради пандемијата, соопшти продукцијата. Останатите финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“. Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/feed/ 0
Свадбени обичаи од Мариово https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svadbeni-obichai-od-mariovo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svadbeni-obichai-od-mariovo/#respond Wed, 29 Apr 2020 05:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=339072

Благословување на свекорот Рубата ја растоварале од коњот и зетот ја оставал на рогозина.. До рубата стоеле зетот и невестата. Свекорот со леб на глава и филџан вино се вртел околуи младите. Со левата рака го држел лебот, со десната се крстел и благословувал: „Ајде да сте вековоти, да ви даде Господ среќа, годинава венчавање, до в година крштевање, да ви е за век страмот, дома и да се тепате, надвор да се милувате.“ Во постаро време вака благословувале сите законити луѓе: нункото, старосватот и деверите. Невестата и зетот им гувееле на свекорот, свекрвата, нункото, нунката, старосбватот, старосватицата и другите законити луѓе. Свекорот го дарувала со чорапи или крпа, свекрвата со фута. Невестата му гувеела и на коњот што ја носел рубата, го бакнувала и го дарувала. Потоа ги дарувала сите родители, девери, јатрви, золви. За време на дарувањето девојките и пееле: Девојко мори, вајстелска ќерко Девојко мори, вајстелска ќерко, Бог да го бие твој стари татко, до кај одеше се се валеше: – Имам си ќерка, умна разумна, умна разумна многу работна, кај шчо ќе појде, три блазе си му ќе му одене со кола руба со кола руба, кола дарови. – Девојко, мори вајстелска ќерко, шчо си правила божиќни пости, Божикни пости, големи ноќи, ноќе би прела, дење би ткала, да си исткаеш танки дарови, да си даруваш свекор, свекрва свекор, свекрвам девери јатрви, девери, јатрви, золви золвеник золви, золвеник, стрини, стричеви, стрини, стричеви, вујни. вујчеви крши јарми дарувај девери земај метли дарувај јатрви, земај трески дарувај стричеви, корни стреи дарувај стрини, крши јарми дарувај девери крши вурки дарувај вујни крши стомни дарувај золви, лови врапчиња, дарувај внучиња. Свекрвата запалувала две боринки. застанувала пред невестата и зетот и ги префрлувала преку нив, да не ги фаќале маѓии. Рубата во земникот ја внесувале машко и женско дете на кои им се живи родителите. Во Гуѓаково и Врпско си ја внесувал зетот. По внесувањето на рубата, зетот и невестата влегувале во земникот. Нункото седнувал на чело на трпезата. Тој давал благослов и се крстел: „Да ни се здрави и среќни младите. Годинава со венец на главата, в година со дете во рацете, да им даде Господ колку клинови во ѕидот, толку синови, колку желки во полето, толку ќерки“. Удирање на невестата од оџакот Вечерта во куќата кај зетот повторно се собирале свадбарите што биле канети. На тланикот од двете страни се поставале трпези. На машкиот тланик седеле мажите, на женскиот жените. Во пондилата младите играле. на трпезата имало пиење, јадење: сирење, варена царевка одозгора посолена со шеќер, а некаде и со сол, во зависност од економската моќ на сватот. Пред вечера, деверите и девојките, ја воделе невестата од земникот во тланикот, а гајдаџијата им свирел. На крајната врата, пред да влезел свекорот, на невестата и давал торба со леб. Во торбата бил жеголот со киската со којшто го замесувале тестото. Невестата торбата си ја наметнувала на рамо. Свекрвата на невестата и давала сало (свинска мест) со кое невестата ги мачкала черевчињата од вратата. Мачкањето со сало било со заштитна цел за да не им влегувале дома Турци. На влегување девојките ја пееле песната: Влези, влези тенка Тоде Влези, влези тенка Тоде не ти е татко, атер ќе сториш, татко ќе му речиш. Не ти е мајка, етер ќе сториш, мајко ќе и речиш. Не ти е брате, атер ќе сториш, брате ќе му речиш. Не ти е сестра, атер ќе сториш, сестро ќе и речиш. Да си даруваш мажова рода, мажова рода свекор и свекрва. На невестата откако ќе го пречекорела прагот, на земјата и ставале суровици дрва. Таа ги собирала една по една на рака. Девојките и пееле: Кроце води, мал девере, невестата Кроце води, мал девере, невестата на место е, мал девере, не учена, чевли и се, мал девере, нековани. Со дрвата невестата го палела огнот. По наредувањето на дрвата, три пати му гувеела на огништето. Потоа свекрвата ја чукнувала три пати од тланикот – оџакот. (Чукнивањето на невесатата од оџакот било забележано многу попрано и во Прилеп). Чукнувањето од тланикот го правеле – за да се врти невестата околу оџакот, да биде домаќинка. Свекрвата ја удирала невестата три пати со пиралка (копан) и и велела: „Дома да седиш, околу тланикот да се вртиш. Еве ти ги ноќвите леб да си месиш, еве ти ги црепните, леб да си печеш, еве ти го букарот – вода да си лееш.“ Така свекрвата и ги покажувала на невестата сите насобрани предмети со кои таа требало да се служи како домаќинка. Зетот и невестата пред вечера гувееле по трпезата. Прво му гувееле на свекорот потоа на нункото, старосватот и на крај на сводникот. Кога младите гувееле, до нив стоеле од една страна девојки, а од друга страна деверот, кои им ги крепеле венците. На зетот му ја пееле песната: Страмно оди, зете, страмно пули Страмно оди, зете, страмно пули, да си одиш на чесна трпеза, побарај си твојот мили татко, побарај си твојот чесен нунко, што ми те крсти, што ми те венча. поклони се до сурова земја, да му целуваш пола, ем рака. Во Гостиражни и пееле на невестата: Евла паѓа на бор се навала Евла паѓа на бор се навала: -Дерјди, боре, ихиии шчо ме глава боли. – Ќути евло, ихииии уста ти капнала, ќути евло, ихиии ушче не си влегла, ушче не си влагла, ихииинаши дворје, ушче не си влегла ихиии наша куќа. Кога му гувееле на сводникот, му ја пееле песната: Море стројник ќе те прата коњу Море стројник ќе те прата коњу, мошне надалеку, коњу, во село Јанино, ајлан дајлан, коњу, во село Јанино, кај попот Јована, кај ѓакот Стојана,. Море таму имало до три бре моми, ајлан, дајлан, коњу, до три бре моми, ако ти ја дадат постарата мома, ајлан-дајлан,коњу, постарата мома, скоро да си дојдеш, абер да донесиш, ајлан-дајлан коњу, абер да донесиш, кулата да руша, куќа да направа, ако ти ја дадат постредната мома, седи ем поседи, вино да попиеш, ајлан дајлан коњу, скоро да си дојдиш, скоро да си дојдиш, абер да донесиш, ајлан-дајлан коњу, абер да донесиш, куќата да руша, кула да направа, ако ти да дадат најмалата мома, ајлан-дајлан нкоњу, најмалата мома, седи, ем поседи ручек да му ручаш, ручек да му ручаш, вино да му пиеш, ајлан-дајлан коњу, вино да му пиеш скоро да си додеш абер да ми донесиш, куќа да разруша, сарај да направа, ајлан-дајлан, коњу, сарај да направа. По гувеењето на зетот и невестата продолжувале по трпезата да им бакнуваат рака на сите присутни, при што секој ги дарувал со пара. Нункото го најавувал времето за вечера. Гајдаџијата престанувал да свири. Деверот ја носел картата со вино и му ја подавал на свекорот. Свекорот се прекрстувал и давал благослов, а потоа каратата му ја подавал на нункото кој, исто така, се прекрстувал и благословувал. Картата со вино се предавала од еден на друг по целата трпеза. Невестата и зетот не седнувале на трпезата, ами цело време стоеле во аголот на тланикот. На невестата и пееле песна: Задремала младата невеста Задремала младата невеста ја догледа нунко од трпеза, – Ој невесто, моја кршченице, што те тебе дремка навалило, дал’е на арно, дал’ е на лошо? – Ејди нунче, море чесен нунче, арното ме нунче заминало, лошото ме, нунче престасало, кога не се првите стројници бог да бие мојот стари татко јас го сакав Илија војвода, он ме даде за дете Секула не ми е жал оти е малечко, тук’ ми е жал што е грдомасно, грдомасно, дури и несмасно, уста му е колку мала врата гради му се како стари даб раце му се церови корупки. – Ој невесто, моја кршченице ако е Секула грдомасен тоа има големо богатство тоа има куќа покуќнина, тоа има овци силно стадо, тоа има коње ергеле, тоа има говеда сурија. -Ејди нунче, море чесен нунче, пуста му била куќа покуќнина, шапот му ватил овци силно стадо, бутур му удрил ергеле коњи, волкот му јадел сурија говеда. Невестата вечерта ги дарувала свекорот и свекрвата со кошула. Прво му гувеела три пати на свекорот и му ја подавала кошулата. деверот за кошулата барал од свекорот да и таксал нешто на невестата. Тој и таксувал овца, коза или крава, а потоа ја дарувал со пара. (Во Гостиражни и околните села, наместо да и таксува овца, коза или крава, свекорот и давал франга.) Свекрвата за дарување седнувала на женскиот тланик, на столчето што го дупел зетот. Навестата и гувеела три пати, а од страна на насобраните жени, едни и турале вода под столот, други клавале под неа главица кромид. Деверот ја земал кошулата и и ја виткал на свекрвата околу гуша и ги тегнел двата краја како да ја дави, барајќи од неа да и такса нешто на невестата. Свекрвата се бранела и не сакала да и такса ништо на невестата, велејќи: „Што да и дада? Се што има се и даду, зар малце и е, и ја даду кацијата, а најважно и даду бикче.“ По настанатата смеа, таа и таксувала спротивно од она што и таксал свекорот. Во Гостиражни и околните села кога седнувала свекрвата да ја даруваат, во скутот и ставале тарун, а на тарунот леб. Девојките и пееле: БЛАЗЕ ТЕБЕ ЈУНАКОВА МАЈКО Блазе тебе, ихии, јунакова мајко, што доведе, ихии, од врата куќница, шчо доведе од врата куќница, в часом дојде, ихии, трпеза ти стави. в часом дојде, трпеза ти стави. Свекрвата исто како и свекорот на кошулата на невестата и давала франга. Деверот ја земал кошулата и ја тресел над огништето, а другите од страна турале сол во огнот. Солта пукала од огнот (како да паѓале вошки од кошулата) и сите се смееле на свекрвата – дека имала вошки. Во Гостирашни и околните села од тој крај вечерта пред вечера ги кревале најблиските роднини и законитите луѓе и еден по еден го носел на оган, небарем да ги ставаат да горат. Носачите барале носениот да и плати на невестата – зашто во спротивно ќе го изгореле. Невестата се обидувала да ги брани, но попусто. По плаќањето носачите го враќале назад на истото место од кое што го зеле. На свекорот му ја гореле капата, а на свекрвата шамијата. По овие адети почнувале со вечера. Јадењето било секогаш и секаде едноставно: манџа од варено месо со бонгур или зелка, грав и др. За сркање давале дрвени лажици. По завршување на вечерата, зетот и невестата повторно бакнувале рака, прво зетот, а потоа и невестата. Од книгата: „Македонски обреди и обредни песни“ од Милан Ристески, Скопје 1985. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/svadbeni-obichai-od-mariovo/feed/ 0