Мариупол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Jan 2023 21:50:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мариупол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русите урнаа цела населба во Мариупол во Украина и градат елитни станови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-urnaa-tsela-naselba-vo-mariupol-vo-ukraina-i-gradat-elitni-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-urnaa-tsela-naselba-vo-mariupol-vo-ukraina-i-gradat-elitni-stanovi/#respond Sat, 28 Jan 2023 21:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=793289

Руски градежни работници почнаа со целосно демонтирање на населбата Азовија во градот Мариупол, окупирана од Русија, вклучително и неоштетени куќи, за да изградат „елитни“ станови, изјави советникот на градоначалникот Петар Андришченко. „Напролет московските градежници блиски до руската федерална влада ќе започнат со изградба на „елитни станови од економска класа“ како дел од програмата за недвижнини во Мариупол“, рече Андришенко. Тој не прецизираше од каде ја добил оваа информација. Двомесечната опсада на Мариупол од страна на Русија ги остави во урнатини повеќето од 450.000 жители на градот во Доњецката област. Во изминатите неколку месеци, Русија почна да користи булдожери за уривање на уништените станбени згради, што беше критикувано од бројни организации за човекови права, кои сметаат дека овој потег е обид да се прикријат воените злосторства. Се верува дека некои од нив сè уште содржат останки на убиени луѓе. Во декември, Русија демонтираше дел од Драмскиот театар кој служеше како засолниште за жителите на градот кога Русија го гранатираше на 16 март, при што загинаа до 600 луѓе кои се криеја таму. Андришенко рече дека новите руски уривања ќе остават многу жители без домови. Фондацијата за борба против корупцијата, управувана од затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, во декември 2022 година објави дека рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов може да профитира од изградбата во Мариупол. Министерството ги ангажирало истите компании за изградба на куќи во уништениот Мариупол, под контрола на Русија и ги плаќало сметките на Иванов за градежни материјали за неговата приватна вила, пренесе Индекс.хр.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-urnaa-tsela-naselba-vo-mariupol-vo-ukraina-i-gradat-elitni-stanovi/feed/ 0
Андриушченко: Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да прикријат воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/andriushchenko-rusite-go-obnovuvaat-teatarot-vo-mariupol-sakaat-da-prikrijat-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/andriushchenko-rusite-go-obnovuvaat-teatarot-vo-mariupol-sakaat-da-prikrijat-voeno-zlostorstvo/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=725288

Руските сили го реновираат театарот во Мариупол за да ги прикријат воените злосторства, изјави советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко. Тој рече дека Русите го обновуваат театарот под маската на реконструкција поради неговата историска вредност, пренесува „Гардијан“. „Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Тие брзаат да ги избришат сите траги и докази со ‘реконструкција’. И сето тоа под превезот на ‘историска вредност’“, рече Андриушченко. Тој додаде дека „единствената историска вредност што ја создадоа беше тоа што фрлија две бомби“. „И токму оваа историска вредност сега се обидуваат да ја сокријат окупаторите“, рече Андриушченко. Руските сили го нападнаа театарот во март, при што загинаа околу 300 луѓе кои се криеле таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/andriushchenko-rusite-go-obnovuvaat-teatarot-vo-mariupol-sakaat-da-prikrijat-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
АИ: Рускиот воздушен напад врз театарот во Мариупол е воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-ruskiot-vozdushen-napad-vrz-teatarot-vo-mariupol-e-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-ruskiot-vozdushen-napad-vrz-teatarot-vo-mariupol-e-voeno-zlostorstvo/#respond Thu, 30 Jun 2022 06:12:36 +0000 https://kurir.mk/?p=697581

Амнести интернешенал (АИ) заклучи дека рускиот воздушен напад во март, врз театарот во украинскиот град Мариупол, е воено злосторство. Организацијата за човекови права три месеца собираше докази за злосторството и своите наводи ги претстави во извештајот што денеска е објавен. Доказите вклучуваат 52 изјави на сведоци, од кои 28 биле дадени од луѓе кои биле во или во близина на театарот во моментот на нападот. -По неколку месеци ригорозна истрага, анализа на сателитски снимки и интервјуа со десетици сведоци, заклучивме дека нападот е јасно воено злосторство извршено од руските сили, кажа Агнес Каламар, генерална секретарка на Амнести интернешенал. Организацијата заклучи дека е речиси сигурно дека руските воени авиони на 16 март фрлиле две бомби од 500 килограми врз зградата на театарот, што во тој момент бил преполн со цивили. АИ откри дека во воздушниот напад загинале најмалку 12 лица, а многу се посериозно повредени. Бројот на загинати, цитиран од Амнести, е помал од претходните проценки, бидејќи, наводно, голем број луѓе го напуштиле театарот деновите пред нападот. Повеќето од оние што останале се засолниле во подрумот на театарот или во други делови од зградата каде што успеале да ја избегнат целосната сила на експлозијата, се наведува во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-ruskiot-vozdushen-napad-vrz-teatarot-vo-mariupol-e-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
Пушилин тврди дека е завршено деминирањето на Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pushilin-tvrdi-deka-e-zavrsheno-deminiranjeto-na-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pushilin-tvrdi-deka-e-zavrsheno-deminiranjeto-na-mariupol/#respond Sun, 12 Jun 2022 15:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=689927

Воени експерти го завршија деминирањето на пристаништето Мариупол, соопшти денеска претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин. – Пристаништето е целосно исчистено од мини. Ова се однесува и на територијата и на водите, изјави Пушилин. Тој информира дека се неутрализирани околу 12.000 експлозивни направи. Според Пушилин, пристаништето веќе работи и за извоз и за увоз. – Генерално, извозната компонента во рамките на пристаништето, како и досега, ќе биде металот, јагленот и житото. Што се однесува до увозот, основата е градежен материјал, кој ќе се доставува во големи количини во рамките на програмата за реконструкција на градовите на ДНР, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pushilin-tvrdi-deka-e-zavrsheno-deminiranjeto-na-mariupol/feed/ 0
Во Мариупол епидемија на колера и дизентерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mariupol-epidemija-na-kolera-i-dizenterija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mariupol-epidemija-na-kolera-i-dizenterija/#respond Sat, 11 Jun 2022 08:26:26 +0000 https://kurir.mk/?p=689433

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време. Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата. – Има епидемија на дизентерија и колера, рече Бојченко, додавајќи дека проценката на украинските лекари е дека со избивањето на инфекцијата ќе умрат уште илјадници граѓани на Мариупол. Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да формираат хуманитарен коридор кој ќе им помогне на граѓаните да го напуштат градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-mariupol-epidemija-na-kolera-i-dizenterija/feed/ 0
Британско разузнавање: На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-razuznavanje-na-mariupol-mu-se-zakanuva-golema-epidemija-na-kolera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-razuznavanje-na-mariupol-mu-se-zakanuva-golema-epidemija-na-kolera/#respond Fri, 10 Jun 2022 09:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=689184

Вториот човек на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, откри дека Украина моментално губи на првите линии и е целосно зависна од пристигнувањето на оружје од Запад. Тој вели дека ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и сега користат ракети на НАТО. Но, ситуацијата се влошува, додава тој, бидејќи на Европа и снемува оружје. -Иднината сега ќе се решава на фронтот, а ние губиме во контекст на артилерија. Сега се зависи од тоа што ќе добиеме од Запад. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 руски, рече тој. Британското разузнавање, пак, утринава објави дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за населението на териториите што ги зазема. Проблеми има и со водоснабдувањето како и со телефонските и интернет услугите. Во Керсон има критичен недостиг на лекови, додека на Мариупол му се заканува голема епидемија на колера. Првите случаи беа изолирани минатиот месец. „Медицинските служби во Мариупол веројатно веќе се блиску до колапс. Епидемијата на колера дополнително ќе влоши ситуација“, велат од британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си. Ризикот од колера во Мариупол го потврди и пребегнатиот заменик-градоначалник Серхи Орлов. Стотици илјади луѓе останаа во градот. „Апсолутно е можно епидемијата да се прошири во овие услови. Санитарниот систем е нефункционален, се е полно со трупови под урнатините, а медицинската нега практично не постои. Русија продолжува да ги блокира сите обиди за добивање хуманитарна помош“. „Тука нема хуманитарна организација, Црвен крст, ОН или СЗО. Значи, нашите граѓани добиваат мала хуманитарна помош од руските окупатори, но според нашите проценки таа е премалку, тоа е една десетина од потребната количина храна и вода“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-razuznavanje-na-mariupol-mu-se-zakanuva-golema-epidemija-na-kolera/feed/ 0
Тела на 210 украински борци од Мариупол вратени во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tela-na-210-ukrainski-borci-od-mariupol-vrateni-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tela-na-210-ukrainski-borci-od-mariupol-vrateni-vo-ukraina/#respond Wed, 08 Jun 2022 07:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=688118

Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека Русија досега вратила тела на 210 украински борци убиени во битката за Мариупол, наведувајќи дека повеќето од нив биле борци кои го држеле последното упориште во челичаната Азовстал. Воената разузнавачка агенција не соопшти уште колку тела останале во урнатините на фабриката за челик. Мариупол, разурнат пристаништен град, сега е под контрола на Русија, која минатата недела почна да ги враќа телата во Украина, потсетува Бета. Украина во саботата соопшти дека двете страни размениле 320 тела. Двете завојувани страни добиле по 160 тела на нивни борци. Украинските борци ја бранеа фабриката за челик Азовстал речиси три месеци пред да се предадат во мај под постојани напади на руските сили од копно, море и воздух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tela-na-210-ukrainski-borci-od-mariupol-vrateni-vo-ukraina/feed/ 0
На Мариупол му се заканува колера, тврди украински функционер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-mariupol-mu-se-zakanuva-kolera-tvrdi-ukrainski-funkcioner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-mariupol-mu-se-zakanuva-kolera-tvrdi-ukrainski-funkcioner/#respond Mon, 06 Jun 2022 13:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=687324

Русите го ставаат Мариупол во карантин поради можна појава на колера, изјави советникот на градоначалникот за украинската телевизија United News TV. – Гледаме како градот се затвора, рече Петро Андриушченко, додавајќи дека „за колера се зборува внатре во градот, меѓу окупаторите и нивните сојузници“. Би-би-си нагласува дека не може да ги потврди неговите зборови. Локалните и светските медиуми со недели пишуваа дека во градот може да се случи хуманитарна катастрофа поради недостиг на храна и вода за пиење. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-mariupol-mu-se-zakanuva-kolera-tvrdi-ukrainski-funkcioner/feed/ 0
Од Мариупол исплови брод натоварен со метал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-mariupol-isplovi-brod-natovaren-so-metal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-mariupol-isplovi-brod-natovaren-so-metal/#respond Tue, 31 May 2022 07:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=684016

Првиот брод, откако руските сили го зазедоа украинскиот Мариупол денеска исплови од пристаништето. Бродот е натоварен со метал. Портпаролот на пристаништето во Мариупол минатата недела изјави дека бродот ќе натовари 2.700 тони метал пред да отпатува на исток во рускиот град Ростов. Според украинските власти Русија го украла металот од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-mariupol-isplovi-brod-natovaren-so-metal/feed/ 0
Првиот брод влезе во пристаништето Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prviot-brod-vleze-vo-pristanishteto-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prviot-brod-vleze-vo-pristanishteto-mariupol/#respond Sat, 28 May 2022 09:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=682829

Првиот брод влезе во пристаништето Мариупол, изјави денеска за руските медиуми претставник на пристаништната администрација. – Бродот МР-3 од типот „Славутич“ влезе во пристаништето и ќе натовари 2,7 илјади тони метал, истакна службеното лице. Според него, бродот утре ќе заврши со утовар, а в понеделник ќе замине кон Ростов на Дон. Како што претходно беше соопштено, во пристаништето е извршено деминирање, а бродовите потонати од Украина се отстранети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prviot-brod-vleze-vo-pristanishteto-mariupol/feed/ 0