марјан димитров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Apr 2018 11:26:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марјан димитров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Владата на Заев на најдрзок начин се обидува да ги уништи земјоделците во тиквешкиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kavadarci-vladata-na-zaev-na-najdrzok-nachin-se-obiduva-da-gi-unishti-zemjodelcite-vo-tikveshkiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kavadarci-vladata-na-zaev-na-najdrzok-nachin-se-obiduva-da-gi-unishti-zemjodelcite-vo-tikveshkiot-region/#respond Tue, 17 Apr 2018 10:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=41761

Владата на Заев преку своите партиски полтрони кои се поставени на клучни позиции во државата на најдрзок начин се обидува да ги уништи земјоделците во тиквешкиот регион, ова на прес конференција го потенцираше Васко Керов од ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. -Се наоѓаме на почетокот на новата поливна сезона, а каналите со кои стопанисува „Водостопанство Тиквеш“ се во катастрофална состојба, тие ниту се исчистени, а полни се и со земја и нанос, а вегетацијата од капини не е ниту искастрена, а сифоните и цевководите се целосно хаварисани. Пумпните станици се во таква состојба што оваа година земјоделците од така наречените горни зони речиси и да не очекуваат вода за наводнување. Уште пред два дена согласно законот за водостопанство, а и по барање на жителите на селата требаше официјално да почне поливната сезона, меѓутоа прашање и дали после еден месец ова неспособно раководство на „Водостопанство Тиквеш“ ќе овозможи да протече вода низ каналите, потенцира Керов. Тој додава дека и доколку би протекло вода после еден месец истата ќе биде неквалитетна бидејќи талогот речиси е невозможно да се исчисти во овој период. -Повеќе од сигурно е дека жителите на пет општини во овој регион, Кавадарци, Росоман, Градско, Неготино и Демир Капија навреме нема да добијат вода за наводнување. Со овие чекори им се нанесува штета на производителите на градинарски култури како и житариците, сето ова отвора сомнеж дека станува збор за незаконско делување кое би требало да биде санкционирано. Имено за чистење на каналите „АД Водостопанство Тиквеш“ има распишано тендер и истиот го има добиено тендер од Ново село Струмица и покрај тоа што фирмата која го добила тендерот за чистење на каналите чистат работници од „Водостопанство Тиквеш“. Тоа значи дека некоја фирма на крајот ќе се офајди, а работниците од водостопанство чистат, истакна Керов. Тој ги повикува надлежните институции да поведат соодветни постапки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kavadarci-vladata-na-zaev-na-najdrzok-nachin-se-obiduva-da-gi-unishti-zemjodelcite-vo-tikveshkiot-region/feed/ 0