марјан јосифоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Jun 2023 15:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марјан јосифоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинет https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-kampana-jas-vnimavam-i-bezbedno-vozam-edutsirashe-velosipedisti-mototsiklisti-i-vozachi-na-elektrichni-trotinet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-kampana-jas-vnimavam-i-bezbedno-vozam-edutsirashe-velosipedisti-mototsiklisti-i-vozachi-na-elektrichni-trotinet/#respond Sat, 03 Jun 2023 15:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=841754

„Јас внимавам и безбедно возам“ е мотото на денешните превентивно-едукативни активности на подрачјето на СВР Тетово кои беa спроведени од заедничките носители МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје. На неколку пунктови во Тетово и Гостивар, на велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети, полициски службеници им делеа пригодни летоци изработени на македонски и албански јазик, како и маички со едукативни информации и совети за нивно безбедно учество во сообраќајот. -Во рамките на денешните активности иницирани и координирани од Отсекот за превенција под мотото „Јас внимавам и безбедно возам", оваа категорија учесници во сообраќајот поблиску беа запознати со потребата од внимателно и безбедно возење, за користење заштитна кацига и за доследно почитување на сите правила и прописи. На мотоциклистите посебно им беше укажано да ја прилагодуваат брзината, да не консумираат алкохол и секогаш да им даваат предност на пешаците, но и навреме да ги регистрираат мотоциклите, да не седнуваат зад управувачот без положен возачки испит и валидна возачка дозвола, меѓутоа и да обрнат внимание на бучавоста, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Според портпаролот овие активности се очекува да придонесат за поголема безбедност на патиштата и во Полошкиот регион, каде деновиве значително е зголемен бројот на велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-kampana-jas-vnimavam-i-bezbedno-vozam-edutsirashe-velosipedisti-mototsiklisti-i-vozachi-na-elektrichni-trotinet/feed/ 0
СВР Тетово со активности во рамки на кампањата „Лето без пожари 2022“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-aktivnosti-vo-ramki-na-kampanjata-leto-bez-pozari-2022/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-aktivnosti-vo-ramki-na-kampanjata-leto-bez-pozari-2022/#respond Wed, 13 Jul 2022 10:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=704426

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција заедно со претставници од Јавното претпријатие „Национални шуми“ -Подружница Лешница Тетово, денеска на наплатната станица Желино им поделија на речиси 200 возачи флаери. Како што истакнува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски ова е дел од планираната активност во рамките на кампањата за заштита од пожари „Лето без пожари 2022“, која неодамна беше промовирана во Скопје. -Во дистрибуираните флаери, изработени на македонски и албански јазик, граѓаните поблиску се информираат и се предупредуваат на опасностите од настанување на пожари, на најчестите причини за нивно избувнување, а во нив се наведени и законските импликации, но и последиците од огнените стихии и особено од оние од поголеми размери. Цел на кампањата во која се вклучени и неколку високообразовни институции од нашата земја, Противпожарниот сојуз, Шумска полиција, професори и студенти е навреме да се превенираат пожарите на отворен простор во летниот период и пред се шумските, кои неретко завршуваат со тешки последици по шумите и имотот и животот на луѓето, вели Јосифоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-aktivnosti-vo-ramki-na-kampanjata-leto-bez-pozari-2022/feed/ 0
Сопруг и син приведени поради семејно насилство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/soprug-i-sin-privedeni-poradi-semejno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/soprug-i-sin-privedeni-poradi-semejno-nasilstvo/#respond Fri, 05 Feb 2021 11:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=464652

Тетовската полиција ноќеска приведе две лица кои биле пријавени за два случаи за семејно насилство. Во првиот 50-годишник физички ја нападнал сопругата, а во вториот 26- годишник му се заканил на татко си дека ќе го убие. -Во 20 часот, на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово лишен од слобода е 50-годишниот тетовец Т.С., кој околу 18 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал 44-годишната сопруга. Во 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, приведен е 26-годишниот тетовец Џ.И., кој околу 20 часот го малтретирал и му се заканил по животот на неговиот 56-годишен татко.Џ.И, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок. -Во текот на јануари во СВР Тетово се евидентирани шест кривични дела поврзани со семејно насилство од кои четири со нанесување телесна повреда две со загрозување сигурноста. СВР Тетово има поднесено кривични пријави за 5 сторители за тетовскиот регион, информира Јосифоски. Во јануари има поднесено вкупно 23 поплаки за семејно насилство во кои жртвите не побарале кривичен прогон за сторителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/soprug-i-sin-privedeni-poradi-semejno-nasilstvo/feed/ 0
Една третина од сообраќајните несреќи во тетовско поради брзо возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edna-tretina-od-soobrakjajnite-nesrekji-vo-tetovsko-poradi-brzo-vozenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edna-tretina-od-soobrakjajnite-nesrekji-vo-tetovsko-poradi-brzo-vozenje/#respond Wed, 11 Nov 2020 11:48:49 +0000 https://kurir.mk/?p=427945

Пребрзото возење е најчеста причина за сообраќајните несреќи во тетовскиот регион за деветте месеци од годинава. Анализата на податоците собрани од сообраќајките при Секторот за внатрешни работи Тетово покажала дека една третина од 144-те несреќи се случиле поради неприлагодена брзина според условите на патот. Брзото возење, полицијата најчесто го констатира кај возачите на автопатот кон Гостивар. -Секторот за внатрешни работи Тетово секојдневно врши контроли за брзина, пред се на автопатот, каде и најбрзо се вози и ги санкционира сите пречекорувања на максимално дозволената брзина. Паричните глоби за пречекорување на брзината во и надвор од населено место се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност, а за „најбрзите“ предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Со оглед на тоа што претстојат врнежливи, магловити и постудени денови што ги отежнуваат условите во сообраќајот, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да внимаваат на брзината со која се движат, посебно навечер и наутро, кога коловозите се лизгави. Ова особено се однесува на патиштата по планините каде е можна и голомразица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edna-tretina-od-soobrakjajnite-nesrekji-vo-tetovsko-poradi-brzo-vozenje/feed/ 0
Починат тетовец по пад од кран во Порој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinat-tetovec-po-pad-od-kran-vo-poroj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinat-tetovec-po-pad-od-kran-vo-poroj/#respond Wed, 04 Jul 2018 10:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=72886

Тетовецот Р.Б.(67) починал вчера нешто по 16 часот откако претходно околу 14 часот и 30 минути паднал од лопата на кран додека заварувал во круг на приватна фирма во Порој,  информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски. Според неговите податоци, сега починатиот бил влезен во лопатата на кранот и заварувал цевки од бетонска пумпа по што од извесна висина паднал на земја. Со тешки телесни повреди тој пред 16 часот бил донесен во тетовската Клиничка болница и по укажаната лекарска помош со медицинско возило бил испратен кон скопските клиники, но на пат за Скопје набрзо им подлегнал на повредите, рече Јосифоски. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото од инцидентот и работат на расветлување на сите поединости поврзани со случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinat-tetovec-po-pad-od-kran-vo-poroj/feed/ 0
Татко и ќерка тешко повредени во сообраќајка во полошко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-i-kjerka-teshko-povredeni-vo-soobrakjajka-vo-poloshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-i-kjerka-teshko-povredeni-vo-soobrakjajka-vo-poloshko/#respond Mon, 05 Feb 2018 20:04:36 +0000 http://kurir.mk/?p=18545

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајка што се случи доцна попладнево во близина на мостот во селото Милетино на локалниот пат Брвеница-Радиовце. Несреќата се случила околу 18:30 часот, а повредените првично се однесени во Тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите се препратени на скопските клиники. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски изјави дека до несреќата дошло кога автомобил „Голф 5“ со хрватски таблички што го управувал М.Д.(24) од Радиовце удрил во запрежната кола во која биле 71-годишниот татко и неговата 18-годишна ќерка. - Увид на местото од несреќата изврши екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката, изјави Јосифоски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-i-kjerka-teshko-povredeni-vo-soobrakjajka-vo-poloshko/feed/ 0
Зголемен бројот на сообраќајки во декември во тетовско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-soobrakjajki-vo-dekemvri-vo-tetovsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-soobrakjajki-vo-dekemvri-vo-tetovsko/#respond Wed, 03 Jan 2018 11:32:35 +0000 http://kurir.mk/?p=5840

Вкупно 93 сообраќајни несреќи се случиле во текот на декември на поширокото тетовско подрачје што е 31 несреќа повеќе во споредба со истиот период лани. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека една од декемвриските несреќи била со едно загинато лице за разлика од лани кога во сообраќајките во декември загинале две лица. Осум лица се здобиле со тешки и 74 со лесни телесни повреди, а во 54 сообраќајки била причинета материјална штета која се проценува на четири милиони и 350 илјади денари. Најголемиот број од несреќите, односно 41, се случиле на тетовските улици, пред се на булеварите „Илинденска“, Видое Смилевски-Бато“ и „Маршал Тито“, како и на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и регионалните патишта кон Пирок и Волковија. - Полициската статистика покажува дека најчеста причина за несреќите, особено за оние со најтешки последици, е неприлагодената брзина односно 27 случаи се со пребрзо возење, потоа непочитување првенство, неправилно вршење дејствие и.т.н. Во овој месец се случиле 18 излетувања од коловозот, во 10 случаи непосредни учесници биле пешаци, а 11 биле предизвикани од животни, главно кучиња-скитници, најчесто како последица на необезбеден коловоз и нивно неконтролирано движење по автопатот особено во доцните вечерни и раните утрински часови, изјави Јосифоски. Во текот на декмври биле контролирани вкупно 4.135 возила од кои 1.505 биле неисправни. Од сообраќај биле исклучени 101 возило како и 124 возачи кои возеле без возачка, 105 возачи-почетници и девет возачи со важечка забрана за управување. За откриените сообраќајни прекршоци полицијата поднела 719 мандатни и 381 прекршочен платен налог, а поради непрописно паркирање подигнати се 197 возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-soobrakjajki-vo-dekemvri-vo-tetovsko/feed/ 0