Марјан Начевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Apr 2022 16:56:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марјан Начевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Марјан Начевски го доби случајот со РФМ на Арбитражниот суд на ЕХФ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marjan-nachevski-se-vrakja-vo-rakometot-ja-dobi-bitkata-protiv-rfm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marjan-nachevski-se-vrakja-vo-rakometot-ja-dobi-bitkata-protiv-rfm/#respond Tue, 26 Apr 2022 14:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=668156

Познатиот македонски ракометен работник Марјан Начевски се враќа во ракометот, откако ја доби правната битка против Ракометната федерација на Македонија што се водеше пред Арбитражниот Суд на ЕХФ. Со едногласна одлука Арбитражниот Суд на ЕХФ ја укина и прогласи за ништовна пресудата на Дисциплинската комисија на РФМ со која Марјан Начевски беше доживотно исклучен од РФМ. Исто така РФМ ќе треба да плати и парична сума бидејќи го загуби процесот што се водеше. Одлуките на Арбитражниот суд се конечни и на нив нема право на жалба. Тоа значи дека Марјан Начевски повторно ќе може да биде дел од РФМ и да биде номиниран како делегат на натпревари, а исто така и да продолжи да биде делегат на меѓународни натпревари во организација на ЕХФ и ИХФ. РФМ ќе мора да ја почитува одлуката на Арбитражниот Суд на ЕХФ бидејќи се членки на европската куќа на ракометот. Правниот процес пред Арбитражниот Суд на ЕХФ се водеше последните неколку месеци, а Начевски докажа дека бил осуден без доволно докази и дека наместо РФМ да докаже дека тој направил престап, тој морал самиот да се брани и да докажува дека не го направил делото. Арбитражниот суд на ЕХФ утврдил дека процедурата што се водела пред првостепената комисија била со недостатоци и дека поради тоа истата не може да се смета за валидна. Арбитражниот суд утврдил и дека има ингеренции да решава за случајот бидејќи се исполнети сите услови за тоа. Начевски во мај лани беше исклучен од РФМ по пријава на Мирјета Бајрамоска, член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка. „Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап,  на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација“, пишуваше во соопштението на РФМ испратено до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marjan-nachevski-se-vrakja-vo-rakometot-ja-dobi-bitkata-protiv-rfm/feed/ 0
Марјан Начевски: Жртва сум ,ќе поднесам тужба и ќе се жалам до секој суд https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marjan-nachevski-zrtva-sum-kje-podnesam-tuzba-i-kje-se-zalam-do-sekoj-sud/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marjan-nachevski-zrtva-sum-kje-podnesam-tuzba-i-kje-se-zalam-do-sekoj-sud/#respond Sun, 09 May 2021 17:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=508134

Македонската спортска јавност е изненадена од исфрлањето на Марјан Начевски од ракометот, по пријавата на членот на Управниот одбор на Ракометната федерација , Мирјета Бајрамовска. Начевски, е силно изненаден и повреден од пријaвата и обвинувањата и смета дека е жртва на Бајрамовска и нејзиниот став. „Зачуден сум од целиот развој на оваа ситуација. Поради еден разговор во интерес на ракометот јас сум виновникот и треба да ме исфрлат од спортот за кој го дадов цел мој живот. Вчудоневиден сум од хајката која се води против мене.  Јас ли сум навредувал федерација, држава и ракометари? Јас кој со децении се борам за овој спорт, како за моето семејство. Јас само упатив критика дека сме уште далеку од големите првенства и дадов предлог што треба да се преземе за да ја подобриме женската репрезентацијата. Ако за тоа сум виновен, нека ме казнат. Никој не бил доживотно казнет за вербален дуел“, раскажува Начевски. Поранешниот судија, а сега ракометен делегат и голем авторитет во светски рамки, го објасни и начинот на кој ја примил пријавата во федерацијата. „На седницата не беше присутен генералниот секретар на Ракометната федерација или неговиот заменик. Тоа е против статутот. Не се соочив ни со Мирјета. Само ми побараа изјава, а не ми го доставија предметот, да видам за што сум виновен, па да дадам изјава. Во статутот никаде не е предвидено дека поради вербален дуел може некој да се казни со доживотна суспензија. Ова е наместен слулај, затоа што отворено водам кампања дека актуелниот генерален секретар не смее да врши таа функција, бидејќи тоа се коси со законот за спорт. Ќе се жалам до второстепената комисија и случајот ќе го однесам и на граѓански суд. Ќе поднесам тужба против Мирјета Бајрамовска, а ќе го контактирам и судовите на ЕХФ и на ИХФ“, заврши Начевски. .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/marjan-nachevski-zrtva-sum-kje-podnesam-tuzba-i-kje-se-zalam-do-sekoj-sud/feed/ 0
РФМ ги исклучи Марјан Начевски и Агрон Хајредини https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-gi-iskluchi-marjan-nachevski-i-agron-hajredini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-gi-iskluchi-marjan-nachevski-i-agron-hajredini/#respond Sun, 09 May 2021 11:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=507970

Делегат и контролор во РФМ Марјан Начевски и Агрон Хајредин кој е овластено лице на РК Работнички, од страна на Првостепената дисциплинска комисија добија доживотна забрана за вршење на дејност во ракометот. Она официјалната страница на нашата „куќа на ракометот“ се објаснети причините за ваквите казни, двете лица ќе имаат право на жалба во рок од седум дена. Врз основа на Дисциплинскиот правилник на РФМ, според член 77, член 79, член 81 и член 85, како и Статутот на РФМ, Првостепената дисциплинска комисија на Ракометната Федерација на Македонија на ден 7 мај 2021 донесе две одлуки како следи:
  1. На Агрон Хајредин, овластено лице на РК Работнички му е изречена дисциплинска санкција: исклучување од Ракометната Федерација на Македонија врз основ на дисциплински престап пријавен од страна на комесарот за натпревари при РФМ, Славе Николов. Како причина за поднесената пријава наведено е некореспондирање на содржината на барањата од ракометните клубови за промена на системот на натпревари презентирани на Изборното собрание на РФМ одржано на 31 јануари 2021 г., во однос на фактичките дописи од клубовите испратени по истиот основ.
  2. На Марјан Начевски, делегат/контролор во РФМ изречена му е дисциплинска санкција:  исклучување од Ракометната федерација на Македонија врз основ на доставена пријава од член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска. Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап,  на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација. При давањето исказ пред Дисциплинската комисија на РФМ, пријавениот продолжил со истата недолична реторика обраќајќи се кон претседателот на комисијата агресивно, со висок тон, навредувачки и недолично употребувајќи вокабулар од типот: “ќе те колам”.
Македонската куќа на ракометот има својство на правно лице од јавен интерес, со права, обврски и одговорности утврдени со Уставот, важечките закони во земјата, Статутот на РФМ како и со Статутот и актите на ЕХФ и ИХФ. Согласно статутарните и програмски определби на РФМ, Дисциплинската комисија во рамки на своите ингеренции ги донесе претходно спомнатите одлуки согласно важечки правилници и Статут на РФМ, како независно тело кое согласно Статутот на РФМ е надлежно за овие престапи. Македонската ракометна федерација е легитимно призната од високите ракометни авторитети, ЕХФ и ИХФ, а целта на оваа раководна гарнитура е примена на највисоките стандарди во работењето со квалитетен, компетентен и високо професионален кадар. Ова раководство на РФМ од 2013 година, исклучиво работи врз основа на важечките акти на РФМ, ЕХФ и ИХФ, а почитувањето на сите позитивни правни прописи е основен императив во целокупното функционирање. Угледот на Ракометната Федерација на Македонија како во државата така и во странство, во сите меѓународни ракометни институции и чинители во ракометниот спорт воопшто, е обврска на сите членови на Ракометната Федерација на Македонија. Против двете горе наведени одлуки на Првостепената дициплинска комисија може да се достави жалба до второстепениот орган во рок од 8 дена од донесувањето на одлуката“, се вели во известувањето на РФМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-gi-iskluchi-marjan-nachevski-i-agron-hajredini/feed/ 0